Истово се случува во моја околина и на мене. Внуците од ќерката и самата ќерка си ги фаворизираат повеќе. Внуците од синот и синот мало сутра не се замараат за нив нека си се снаоѓаат
Значи во денешно време јас не познавам ниту едни родители што оставиле само на едното дете. Тој син што останал во татковата куќа го откупил делот од сестрата или братот, и си го направил спратот од неговите за него. Вас можеби не ви оставиле, па затоа вака реагирате. Па ова ретко е и во руралните средини што оставаат само на синот, таму па повеќето млади се иселени и ги боли дали ќе му остават спрат што треба да го реновира, па и да им го направи и спратот на родителите. Со тие пари ќе си плати учество за стан, и ќе си го има мирот.
Охоо, многу ги има такви во руралните средини, шо мислиш зошто секој ден слушаме за жени шо немаат кај да одат кога партнерот ги малтретира. Има и такви шо се раснети со менталитет да се откажат од својот дел за да му го даат на брат им, оти он е машко а овие женски. Па после идат и ти солат памет како ние не чиниме а они чинат, дека греота било од брат им да земат, еден брат имале, бла бла... а тие истите дома се млатени од мажот.
Па и јас пишав прееска, тоа само може да е во руралните средини, ама во денешно време и таму е реткост. Ама тука се збореше како купиле сами станови уште пред да се омажат. Епа ако имаат станови имаат каде да седат, не мора да трпат насилство.
Многу ретки се тие шо сами си купуваат станови, ако не е спратот од родителите, голи кучки ќе останат.
Уште едно потсетување при дискусија да се држете до темата. Мислењата надвор од тема се избришани, следен чекор доколку се продолжи во истиот правец би биле санкции
И кај мене истото .Внуците Од ќерката ги чуваа 10 год. и многу беа немирни,се му беше дозволено да прават ама збор не и рекоа.Два дена ги чуваат моите девојчиња (внуки од синот)па за едно цвеќе шо го скинале од двор свекрвата му се развикала : Глупи,.
Сум за тоа да се воспитува детето и од страна на бабата и дедото (ако веќе поминува време со нив) ама да ми го вреѓа ќе ја засадам место цвеќето. И за мајка ми исто важи. Сум слушала како баби и дедовци си вреѓаат внуци и поодвратно нешто нема.
Има, има. Дури три примери имам во најблиска околина. Едниот пример, од две деца само на едното се оставија две куќи од имот, на другото апсолутно ништо. Другите два примери, од повеќе деца, само на едно не се даде исто апсолутно ништо. Е сега, луѓево се премирни, вредни, способни и сами да си создадат, па не се бунеа воопшто. И што ќе се буниш, одма погрешно ќе те разберат... "еве, само пари/имот сакаат". Така да, има свашта на светов, верувајте.
Овие што ги оставиле без ништо, а давале на друг брат, сестра, се надевам ги имаат избришано нивните од постоење. Ме заболе мене дали сум јас способна да си створам, ме двоиш намерно и ме множиш ко дете од иста фамилија со една голема нула. Очи нема да ми видат више, а камоли изговори да им барам. Јас сум преселена, пред тоа денар им немав потрошено откога почнав со работа. Гледам брат ми, помал, галеничето, абер нема од факс да доврши, или работа да бара. Си мисли ваљда куќа, имот, се нему ќе му остане. Јас хардкор им имам кажано што ќе се деси ако пробат да ме зезнат така. Уво нема да ме боли, прекратувам контакт. Нема ни крива да се осетам, зашто тие сами решиле дека јас сум небитна во таа фамилија, ми мавнале огромен непочит. Јас ако сакам од мојот дел да се откажам, тоа ќе биде на моја добра волја. Ко што брат ми ме третира и неговиот одвратен однос кон сите, денар нема да добие од мене зашто ми бил крв. Па ако се глупи или неспособни, неспремни за работа, мрзи и себични, не значи дека јас од мое треба да двојам, мрш тамо, почни прави жртви ко и јас што правам цел живот да се извадам на прав пат и да не зависам од тој имот.
А да седнеш со братчето да го научиш нешто од ова што го пиша, а не тука мрш да ги маваш сите од животот твој. Една ти е фамилијата. Верувај кога ќе добиеш свекрва ќе знаеш што е да не си ценета.
А шо има она да го учи братЧЕТО од 20 и кусур години? Нема он мајка и татко? Со блага ретардација е? Неа кој ја научил? Ако тебе твојата фамилија не те есапела, свекрвта коа нема да те врти два посто, уште полесно ќе ти биде, патка нема да ти чуе, ќе си навртиш капата и ќе си свиркаш. Една и била фамилијата, ја мајката. А да одиш ти ова да ги научиш родителите шо си ги двојат децата, или шо не си ги есапат ќерките за луѓе? 21 век, женски форум Фемина, мислење од жена... И после никој не не есапел... И ако.
Па мислам време е да го скрати ланецот на таквите родители, не мора и она исто ко нив да се понаша. Нека шири љубов
Како се понаша исто ко нив? Што прави она лошо? News flash, али дозволуваш да ти се серат на глава, не шириш љубов, колку и да сака некој така да си се утеши.
Па доста е неблагодарно да чекаш наследство или да отпишеш родители затоа што дале само на синот (и снаата). Луѓе треба да разберете дека нашите родители, така живееле ментално и такви постапки вадат од себе. Уствари така ве воспитуваат на тој начин, и тоа они не го измислиле него нашето поднјебе си е такво а уствари и низ светот го има... Дај ви се молам заборавила прв училишен ден, јадењето што го готвела мама, својата нега ја оставила да биде нејзина, свој живот оставила за да имате ваш. И сега трчајте по матријалното дали кај мајка фали кај свекрва. Наместо да ствараат сами а не како некои паразити па чекаат од мајка ајде марш со такви сваќања.
Не е проблемот материјалното, проблемот е што те множат со 0. Баш спротивно од родителите се понаша, ќе си ги научи утреден децата што е карактер. А не, постели се и сите нека бришат кондури од тебе. Ако живееле така, треба малку да седнат и да ги акнат тие црпките, нека не не' гледаат нас, ете нека видат како живеат и други од нивната генерација. Мајка ми се' ќе дели на 3 дела, иако третото дете е женско (јас), а свеки на золва ми ни едно нивче нејќе да и остави. Генерација се двете. Не ќе да е до годините очигледно.
Убаво ја напиша последната реченица. Децата треба да ствараат сами, но не само ќерките, туку и синовите. Некако двојни стандарди вриштат во неа. А не ќерката да ја учат да оди по потрнливиот пат, а синот се на готово да начека. Па што љубов е таа? Жена, треба да чистиш, раѓаш, грижиш за дете, одиш на работа, да создадеш сама, а мажот што? Сам не знае гаќи да си испере, награди го со куќа. Не ми се верува дека го браниш концептот на фаворизирање на деца, а притоа самата си женско. Ти би ги делела своите деца?
Лелее не и не. Јас не реков дека женското треба да е робинка. Него секој треба на свои нозе да стои. Моите ако прават така, во ред е за нив. Таков живот живеат ( не мора јас да плачам со нивните сваќања. Родители се сакаат и се почитуваат како и сестра, брат. И што дека ќе остави од нејните на братот и? (Сите деца не сме исти. Бидете благодарни деца.) А јас со моите поделби нема така да правам. А и нема да ги учам дека моето матријално е побитно од самите себе, и нивен брат/сестра.