1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Adidas888

    Adidas888 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.473
    Допаѓања:
    18.013
    Пол:
    Женски
    Па не е материјалното побитно ама глеаш дека родителите така ги учат децата, од нив сите проблеми излегуваат. Со тоа шо се оставаат на синот, докажуваат дека ќерката за нив е помалку вредна. И децата утре ќе се мразат заради оваа причина.

    Каква благодарност, каков брат, какви родители, ако ме двојат така, ни чаша вода нема да им дадам бре.
     
    На Ena05, MeowMeow, jacqueline.s и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    2.609
    Пол:
    Женски
    Е многу убаво :( Јас се растажувам вака кога ве читам. Дали дека моите премногу љубов ми дале.
     
    На Amore123 и Anyshka им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.659
    Допаѓања:
    265.818
    Брат за брат, сирење за пари. Кога сме деца на мама и тато е едно, кога имаме свој партнер, деца, е друго.

    Не е проблем материјалното, еве да речеме едното дете е болно, цел имот ќе отиде аш за лекување. Не само идеалната половина.

    Него кога е некој паразит и очекува, а тебе те шутнат оти не си паразит, боли. Затоа ги разбирам жениве сосема.

    Во даден момент лично јас имав потреба од поголема помош, дури и сестра ми учествуваше во тоа. Се осеќав како најголема пропалица дур не го решив моментот. А не беше по моја вина, туѓи постапки мене ме доведоа во лоша ситуација. Сеедно.

    Не можев да спијам мирно знаејќи дека ми дала, не некоја огромна сума. Па се прашувам како би живеела со себе моите се' да ми дадат.

    Нема да се случи тоа сигурно, ама да пробаат, не знам како би продолжил мојот однос со нив или како би ја погледнала во очи неа.

    БАШ затоа што ја сакам.
     
    На winnie02, Skorpija25, MeowMeow и 18 други им се допаѓа ова.
  4. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.678
    Допаѓања:
    11.019
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller ама ти си свесна за ова, многу не се. Кога би биле свесни нема ни пола од ова да го има, конкретно од проблемите низ темава.
     
    На Anyshka, Dennings, Erika.greeneyes и 9 други им се допаѓа ова.
  5. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    4.329
    Пол:
    Женски
    Ќе ги научиш на материјално, ако ги поделиш. Кога нема да ги делиш, нема никогаш едното да се чувствува запоставено. Не е толку до материјалното, колку несфаќањето зошто мора поради тоа што си женско, да не добиеш ништо.

    Зошто мора сестрата да му остави се на братот? Што не се понуди па тој пола да и даде? Не ти го сфаќам јас концептот на тебе.

    Ако јас треба да ги прифатам родителите со такви сфаќања, тогаш нека ме прифатат и они со моите сфаќања дека се себични и лоши родители кои не го заслужуваат понатака моето внимание. Или јас морам се да прифатам, и сфаќањата на родителите и братот што се шири во куќа, додека јас морам да се мачам во свое и не дај боже ако треба да немам каде да се вратам.

    Ај земи се себе за пример. Оставаат се на брат ти, маж ти те тепа, брат ти ти вика, ова е мое нема што ти да бараш тука, уште ќе ти биде сеедно и ќе ги почитуваш?
     
    На MeowMeow, jacqueline.s, Puffy2019 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    2.609
    Пол:
    Женски
    Жалам. Не сме на иста фрекфренција какви ви се тие размислувања маж да те тепа, родители да те маваат.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.159
    Допаѓања:
    39.522
    Не си на иста фрекфенција оти немаш животно искуство, а се дрзнуваш да продаваш магла. Али чекај, има време... Сите сме биле наивни коа сме биле неизживеани.
     
    На Ena05, Mnik, MeowMeow и 12 други им се допаѓа ова.
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.139
    Допаѓања:
    40.320
    Пол:
    Женски
    Па секако дека не е нормално ова, жената не рече дека е нормално, ама замисли ситуација да си во таква состојба и брат ти има се од родителите, брат ти има куќа, твоите ти велат ова е на брат ти, ти нема каде да се вратиш, не очекувај помош од нас, женско си, снајди се. А брат ти при тоа добил се а се понаша ко вол, не како брат, оти карактер е јбг не сите луѓе знаат да бидат фер и морални и да сакаат. Буквално вака изгледа ситуацијата
    И да тоа што ти си ја имала среќата да имаш родители кои се праведни кон двајцата, ве сакаат исто, не значи дека сите ја имале таа среќа. Родител не секогаш ти мисли добро, жално ама и вистинито, оти на крај лош човек е и лош родител во реалноста.

    Нема децата да ги учиш дека материјалното е најбитно ако не ги делиш материјално. Ако покажеш дека и тебе не ти е битно материјалното, а како ќе го покажеш тоа? Со тоа што ќе дадеш и на двете деца колку се може, еднакво нема они ни да се размислат зошто едниот вреди повеќе од другиот.
    Мајка ми живее со снаата и брат ми, купува многу работи за нив, никогаш не сум замерила оти може мене не ми ги купила истите работи ама па на друг начин ми помага, за кого што треба таму се наоѓа, исто и свекрвата.
    Брат ми сега да му речам дај ми 500 евра нема ниту да праша за што, ќе дојде и ќе ми даде. Исто и јас, исто и на золва ми да ми рече, и снаа ми и сите што ми се битни, колку можам и што можам ќе дадам и ќе помогнам.
     
    На Mnik, MeowMeow, jacqueline.s и 17 други им се допаѓа ова.
  9. mama11

    mama11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2024
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Од една крајност во друга дојдовте. И јас се согласувам потполно да се поддели се на пола меѓу сестра и брат ама ако имаат само куќа никакво друго наследство куќа на еден спрат а притоа живеат сите у заедница како ќе поделиш??
    или откога ќе умрат тогаш ќе се утепаат братот и сестрата зошто немало дел за сестрата, нормално треба да попушти сестрата и да се откаже од делот па на крај краева он живеел со родителите секој ден се нервирал немал приватност ги чувал им помагал за се и на крај да ме му остави?
     
    На Anyshka, dushiche, Malesia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Adidas888

    Adidas888 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.473
    Допаѓања:
    18.013
    Пол:
    Женски
    Врло едноставно е, родителите праат тестамент дека пола куќа оди на ќерката и пола на синот, ова после смртта ќе биде нивно. А до тогаш, на кој му се живее со родители нека живее, на кој не му се живее, нека се отсели.
     
    На senza.parole, Elliana, Mnik и 13 други им се допаѓа ова.
  11. mama11

    mama11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2024
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Еве тука кај мене маж ми рмба секој ден не е седнат за куќава се им помага значи по цена на тоа да не поминува ни со неговите деца време па пак ништо не му даваат на сестра му се. Е за ова што правиме? Еднаш нешто купија за кај нас и го префрлаше тоа сестра му со месеци а на неа секој ден нешто и е купено па никогаш не сме рекле нешто
     
    На Elliana и Anyshka им се допаѓа ова.
  12. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.678
    Допаѓања:
    11.019
    Пол:
    Женски
    @mama11 па добро де, братот може да се понуди преку нематеријално правење добро да ѝ помогне на сестрата. Да ѝ помогне околу децата, да ги пренесе до некаде, да ја викаат кај нив некогаш на ручек. Ај нека ја шутне, бог да чува.
     
  13. ♡ Cinderella ♡

    ♡ Cinderella ♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2023
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    2.941
    Пол:
    Женски
    Во ситуацијата е крив маж ти,што им трча за се што ќе му речат наместо да ве гледа тебе и децата.Маж ти требало да и рече епа ете ни купија ќути и ние кога дојдовме на ред да добиеме нешто, оти од тебе и твоите желби и потреби неможеме на ред да дојдеме и да почнел да и набројува ова она ете ти купија нас пак само едно и одма го прекара ама затоа пак кога ќе ти треба нешто или за
    за некоја работа да ти заврши бате тогаш супер е бате,е така да и рекол маж ти.И после тоа ако побарала нешто од маж ти требало да и рече а па неможам да изигравам таксист или слуга ќе одам ваму таму со женава и децата или немам време треба да се посветам на децата,си имаш маж видете договорете се и средете со маж ти(се мисли на мажот на золва ти).А на свекрва ти и свекор ти да им каже речете и на сестра ми,видете средете некако јас треба да се посветам на децава,уморен сум од работа,ќе излегуваме со женава и децата,ете јас ви трчав и правев услуги сега не сум во можност сестрава нека ви помогне.Маж ти е крив,тие си начекале си го користат.
     
    Последна измена: 6 јули 2024
    На Mnik, Anyshka, Трагедијаупмм и 3 други им се допаѓа ова.
  14. mama11

    mama11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2024
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Крив е и свесен е ама му е жал. Тоа е друга приказна маж и ништо не фаќа овој и кај него во куќа мора да работи, трудна ја носеше сестра му секоја недела во болница. За се го користат а овој не знае да им рече не попрво на мене и на децата би ни рекол не.
     
    На Anyshka и Feminka22 им се допаѓа ова.
  15. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    3.106
    Допаѓања:
    5.221
    Пол:
    Женски
    Татко ми и чичко ми скарани починаа заради имот… зашто? Зашто дедо ми и баба ми не ги поделиле на време, зашто делот што е на баба ми и дедо ми треба да припадне на татко ми зашто на времето повеќе му се дало на чичко ми. И така и куќата е на пола, е сеа коа умреа стариве чичко ми се полакоми и стигна до дережје да се заканува на сопствен брат дека ќе го пријавува што работел приватно… а немал фирма… да му се заканува дека ако не потпише парите што ги оставиле баба ми и дедо ми за него немал да ги види… и за на крај татко ми да се скрши дека вакво нешто од брат ќе дочека… за што за имот… за каде за 2метра под земја и двајцата се сега… па каква сака нека е куќава утре ако сакаат некаа ми ја препишат цела па макар не зборела со сестра ми јас уште утрето идам и и препишувам пола на сестра ми, зашто? Зашто колку што сум дете на мајка ми и татко ми јас, толку е и сестра ми. За куќа да не зборам со сестра ми, боже сачувај, одма нека ја земе цела. Јас сум и кажала и на мајка ми, немој никад да ти текне да ме замарате овде за поделби на куќи земјишта да се расправам ја со сестра ми, ич не ми ни треба. Гледам како завршија татко ми и чичко ми… скарани умреа за што.. за имот…
     
    На dea.18, Milobebence, DoubleK и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    2.609
    Пол:
    Женски
    Ма марш од такви родители ако не ве воспитале да бидете брат и сестра, ако не ве воспитале сами да си стварате. Свекрва и свекор па и од маж ми да треба да земам и да ми даваат не земам бре со тие чувања, со тие ќотеци. За мене жена што ќе си дозволи вака да прави да зима ваму таму дел, за да има каде да се засолни или одкако ќе се разведе да има кај да се врати ми е фујјј. (Исто и машко дете да се разбереме)
    Ајде бе еве ги по 30 и кусур дома ги чуваат како деца од 5 години и ќе учат после ќерки снаи како треба кој дел од собата чив е. А они па еве стварале многу. Еве околу мене зградиве гарсоњери кој каде да живее кој во кујна кој во дневна. Ама од Југославија купени по двеиљадарки. ( Еве моја свекрва исто дели и на двајцата по пола, ама џабее кога децата немаат мир од неа, и шо дека на пола кога злоба си е злоба)
    Среќа па улицата ги воспитала па се брат и сестра во права смисла на зборот.
    Јас и сестра исто чувани, се ни дадено и на сестра ми секогаш и е малку (карактер, не е лоша ама сака матријално па макар и моето да го земе :D. Нека и препишат се куќа на два спрата, стан во Скопје, стан во странство баш ме заболе ако немам чиста совест и моја мир. И на некој од улица би дала само јас да сум во мир.) Денеска мирот ми е најскапа работа затоа, настрана оод сите.
     
    На Anyshka, Mother of 2boys и anggell им се допаѓа ова.
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.139
    Допаѓања:
    40.320
    Пол:
    Женски
    Не му давај идеи на ѓаволот. Идеално е сите да си створат свое и да си живеат во свое и да не чекаат од родителите, макар јас како родител кој цел живот ќе работи би сакала да им помогнам на моите деца, би сакала и да им овозможам се, пак нека работат тие, ако, ама зошто да не им дадам нели. Ама не е се идеално и некогаш жената не по своја вина ќе заврши во ваква ситуација, и што испаѓа на крај дека жената оти е жена и сестра и ако недај боже дојде до вакво нешто заслужува на улица да е…ете не знам мене па вакво размислување ми е фуј.
     
    На Milobebence, MeowMeow, jacqueline.s и 10 други им се допаѓа ова.
  18. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.159
    Допаѓања:
    39.522
    Многу интересно како само овие што веќе имаат кров над глава не им е гајле ако ништо не им се препише...
     
    На Milobebence, Mnik, MeowMeow и 12 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.659
    Допаѓања:
    265.818
    Убаво Лејди Гага пее "Додека не ти се случи на тебе".

    Жените жртви на семејно насилство не се виновни што се жртви, не барале сами да се жртви, не се виновни што се во таа ситуација.

    И не дај Боже ти или која било да биде во таква ситуација, за себе лично, нешто минорно во споредба со семејно насилство ме натера да отворам очи и првиот момент беше страв, што и каде понатаму?

    Тоа што јас сум привилегирана да имам родители што ми го чуваат грбот, не значи дека се сите.

    Малце осет, не е до фрекфенцијата, туку не знаеш животот каков шамар знае да ти залепи.
     
    На Milobebence, sparklie, Skorpija25 и 19 други им се допаѓа ова.
  20. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    3.106
    Допаѓања:
    5.221
    Пол:
    Женски
    И двете имаме кров над глава, јас никад не би ја оставила сестра ми без дел од нешто што ни следува и на двете. Заедно растевме таа куќа, баш заради тоа што никад не се знае што не чека никад не би ја оставила сестра ми без кров над глава. Поготово гледајќи го примерот татко ми и чичко ми.
     
    На Anyshka, Dennings и Malesia им се допаѓа ова.