Па така де, ете и ние во странство си работевме и си плаќавме се сами, дури едно време и на неговите кредитот за куќа го плаќавме заедно со сестра му, ама ете непосакувана здравствена ситуација, со новороденче не натера да се вратиме пак под кровот на нашите, уште сме таму, иако иаме спрат кој сами го спремавме пак сме во нивна куќа. Фала богу што има каде, што се разбрани и сестра му што не рекла аа брат не може таму јас го сакам тој спрат нека ми стои…да секако ќе биде нејзин тој спрат и ако некогаш и треба да се врати таму ради било што вратат ќе и е отворена, ќе се теснеме ама на улица никој нема да е. Рака подадена ако не од фамилија од кој да очекува човек ете не знам.
Баш ми е мило за вас, само шо има везе ова со муабетов да ми е да знам? Јес да ова и збориме, али нема везе.
Ситен пример од околина на којшто сеуште се восхитувам. Две ќерки ,едната мажена живее несреќна во заедница другата тогаш се мажи и сака да иде во странство со сопругот па им требаат пари за почеток . Родителите имаат само голем стан во центар не се сеќавам на квадратура не е ни важно. Го продаваат ,купуваат гарсоњера. Ги делат остатокот од парите на двете ќерки едната за учество за стан другата за старт на животот во странство.
Моето братче од скоро 27 години, имаше моја помош за школо дури учеше, сите документи сестра му му ги среди кога дојде време за факс, го проверував што учел што јадел, му кажував што знам од совети за било што. Сето тоа престана кога апла веќе не се трпеше неговото понашање, викање, се други му беа криви кога он потфрлил, де не можел он тоа, не можел она, никаква почит, туку и непочит. Ти да помагаш некому, тој некој да ти се сили, па и да те брка ко куче. Моите го дозволија сето ова, буквално го гледаат ко солза, јадење спремање, сите по кејф му одат, он освен теретана, ни учење, ни работа, со ништо не се замара. Чашата се прели кога фати еднаш да ми ја стега раката и кога почна да ме врега со апла грди зборови, а татко ми го дозволи тоа да помине неказнето. Јас да сум родител, да гледам едното тоа да го направи на другото мое дете, ќе го срамнам до земја. Мојата комуникација со нив си е сосема ок, освен кога иде прашање во врска со него. Не прашувам за него кога се јавувам, не ме интересира што прави. Тие си создадоа мал тиранин низ дома, тие нека му го берат гајлето. Јас сум одговорна за мој живот и мое ментално здравје. Не мислам трауми да пренесувам на мои идни деца, зашто една била фамилија и морало да ја трпиме. Се сметам за многу свесна особа што не е себична, дури сум и бааги фина, ама фина не значи глупава и наивна. И пошто се направи многу паметна да знаеш каква сум и што имам, и свекрва имам, не секирај. Ја ценам до мерата која таа мене ме цени, досега не сме имале некој голем конфликт, напротив, таа да го растеше брат ми, ваљда ќе излезеше дете ко маж ми, а не паразит. Така да, бар за тоа знам дека направила ок работа.
Не мора да значи дека ако свекрвати го растела ќе бил подруг. Еве и тебе те растеле истите родители па нели не си ко него. Јас мислам дека е до човекот, секој човек како расте си формира свој карактер. И јас за многу работи сум различна од моите дома. Случајов кај мм пример фамилијата. Баба му и дедо му вредни луѓе, неговите паразити, а брат му па тотална спротивност од мм. И еве мм не личи на нив а со брат му па се различни ко небо и земја. Брат му каде што јаде не си крева маса а не па друго.
Еве тука ќе ти кажат дека џабе ти е имот, потпора, пари итн. При прв шамар ископај си гроб јер ако сака да те убие, ќе те убие, не се мачи за џабе. Или шо би се рекло - ама грозјето е кисело. Битно тука ќе продаваат причи за огромната безусловна мајчинска љубов ама баш ги боли утре нивна ќерка да е тепана.
Не е до имотот за кој не те ставаат во рачуница за дел туку до чувството дека за нив твојата вредност е еднаква на една голема нула, само поради тоа што си женско. Во најголем дел тие такви галени синчиња, и покрајшто ќе наследат се', ги оставаат родителите сами на себе и не ги погледнуваат кога ќе имаат потреба од некаква помош.
Лесно е да се осудуваат родители кои имаат многу па не поделиле праведно. Тешко на тие што имаат само куќа, во која со нив живее и синот, ја одржава 20+ години , ги чува старите родители, дада си ја лади цел живот и на крај му зема пола куќа оти нели од татко и зема, не од брат и. И на крај он е крив , зошто живеел со родителите, можел да се снајде. Гарсоњера се купува со пари коои се вложуваат во стара куќа. Во куќа да не вложиш ништо 10 год ќе почне да се распаѓа, ама битно кај нас е да се земе само, дали си дала нешто не е важно.
Не можам да ве сфатам… како можете воопшто да си мислите дека родителите треба да ги делат децата.. зарем вие би ги оделиле своите? Би оставиле се на синот а керката кој ја врти??? Не сфаќам стварно… се надевам дека не сте вакви родители…
Зошто тогаш не си купи бате гарсоњера, ако реновирање на куќа е во иста вредност? Така ќе си бидат раат двајцата нели?
Па тогаш требало и ќерката да си го земе мажот кај неа дома и да се туткаат сите. Така мислам дека најправилно би било според тебе, за на крај да се подели еднакво. Ама има еден проблем, снаата ќе се буни.
Ако брат/сестра, земе се без ваше знаење, тој не ви е брат, не ве сака и не ве почитува, а исто и вашите родители. Кај нас се знаело и се знае, секогаш и засекогаш, колку и да имаат моите се ќе биде на пола, општо за се сме научени да делиме со брат ми. Скекогаш треба да мислите на другите, не е убаво се за себеси да си земете, алчно и себично! Не е до материјалното, до тоа колку те вреднуваат и како те гледаат, и родителите и братот/сестрата. Мене мојата свест не ми дозволува да замислам воошто, утре на брат ми себично да му земам се, без тој да знае, како бе, како??? Како има некој што прави лошо на најблисиот свој????
Е ова. Имам ваков случај во фамилија. Се оставено на синот, кој патем не ни живее во МК. Цел терет за старите оставен на ќерката. Како поминуваат годините, обврските околу нив се зголемуваат, до тој степен да им треба секојдневна помош. Синов абер нема, ни да доаѓа Мк почесто за да ги гледа ( си тера одмори по други земји ), ни да ангажира платена помош, ни да вложи нешто во куќата, па глувци ќе ги изедат, влага има на секој ќош, катастрофа. Ќерката растргната, дали да гледа за нејзина фамилија, дали за старите. А нема срце да ги остави така, иако тие своеволно цел имот му го оставија нему. Нему не му ни текнува да се понуди сам, да и даде пола од имотот. Се прави на тошо. Ќе си го продаде имотот кога ќе дојде време, во меѓувреме си живее живот, гајлето друг му го собира.
Е ова, искрено нема ни јас да продолжам да ги гледам така, додека не се согласат пола имот да го добијам, каква е оваа глупост? Па тие сега гледаат ли во чиви раце паднале за гледање?
Лесно е да се каже вака, друго е кога стварно ќе се најдеш во таа ситуација. И неа и е криво, вика јас зар помалце вредам? Ама женско дете, не те остава.