Знам. Пострашно во ситуацијава е шо нему никако да му текне колку е саатот. А познавам многу вакви случаи за жал.
Зошто женава не де јави на брат и да дојде, да помогне, или да прати некаква помош? Зошто ќути? Зошто и нејзините ќутат на целава ситуација сега?
Како да не ќутат, па он е машко, мора да шета, да трчка моми, да си го живее животот...... ќерката е за дома, она не смее живот да има.
Ау, фала му на Господ што немам вакви родители! Нешто што многу го мразам, е не фер игра, некој будала да те прави буквално, ако дома не те почитуваат твоите, тогаш што да се очекува од други луѓе...
Некои работи се по договор. Јас да имам брат се би му оставила( имаме скромно) амаа се останато нема да ме интересира, ни дали ќе им треба финансиска помош ни било што. Можам да припомогнам ама целата одговорност ќе му ја оставам. Јас не би му делела куќа, во која решил да живее со семејството, плус тука таа снаа се грижи за старите(и ручек еден и перење мн значи) И да, можеби најдобро би било БАТЕ да си купи гарсоњера , ќе се гура пола живот во неа, а куќата ќе се распаѓа, бидејќи нели ни ДАДА нема да сака да вложува во ништо туѓо. И една куќа што вредела можеби и 80 000е кога ќе се распадне од неодржување ќе наследат нешто што можеби и едвај ќе се продаде. А што родителите сами ќе се мачат не е проблем, не е ничија дилжност да ги чува. Во нормално семејство и со нормални луѓе лесно е. ДОГОВОР се наоѓа.
Јас имам, ама не гледам потреба утре зошто браќата мои да земат од куќата на моите по 50000 еур, а јас ни евро. Кај мене тие приказни не поминуваат. Јас сум дете исто ко другиот или третиот. Крај краева од детево мое ќе одземам ако размислиме подлабоко. Утреден децата на браќата мои ќе имаат пари од родителите за што да е, а моето не,зошто нели дада се откажа од делот за мир во куќа. Ма марш таму. Вака сите тројца по околу 35000 еур пример и чиста сметка, долга љубов.
Да пробаш да разговараш со него,да се промени,да го натераш да поминува повеќе време со тебе и децата,да му дадеш до знаење дека им недостига на децата па така некако да пробаш да го оттргнеш.Вие сте му примарно семејство а сестра му треба да му е во трети-четврти план,неубаво од негова страна.Ама се за среќата на дада се прави,а семејството нека трпи.А што ако се деси не дај Боже да се разболат ваше дете и дете на сестра му,што тогаш ќе трча по детето на сестра му ,оти зетко се излежава и си има слуга а дада си има брат па тој ќе среди,на вашето дете ти да му се думаш .Си ја наредиле убаво зетот и золвата за се маж ти да им трча за се што им треба.Тука пак ќе пишам цела кривица е во маж ти,гледа дека го прекарува за едно нешто што ви купиле и ќе незнае не да и рече,ќе и изиграва слуга.
Ептен интересни сте ми. Ве следам што сте пишувале за поделба на имот со брат/сестра? Дали навистина мислите дека со вашиот брат и маж треба да делите ист кров? Дали не мислите дека маженцето малце треба да се стегне и сам да заработи за семејството кое вие како жена ќе му го оформите ? Од вашиот маж лембет сакате да правите ? ..како само би му дошло Охохо. Мислете малку со мозокот подлабоко. Не сум против за сама една соба во куќа на родителите да имам достапна во секое време или при развод ..Али навистина 50-50не. Братчето и снаата се повеќе околу старите така било и нека остане. Ако е обратно во ред заслужен ви е имотот.
Сосема нормално е ако еве имам куќа на два спрата наследство од моите на едниот спрат брат ми и снаа ми на другиот јас и маж ми,ниту е забрането со закон ниту е срамота,можеби било пред 6 века ама сега не е и не гледам зошто да е.Тие ќе бидат посебно семејство,а ние посебно.Или пак обратно маж ми и сестра му да се на различни спратови во една куќа,битно ми е да не ми се мешаат во бракот друго не ме интересира.За мене е најубаво сами на сосем некоја десетта локација ни со свекрва,свекор,девер,золва,браќа,снаи и итн. Во бракот се двајца и двајцата треба да придонесуват во домот и заеднички да го создадат тој дом.Заедно ќе го оформиме тоа семејство бидејќи можеби жената раѓа ама и мажот е потребен за да се создаде детето.Во скоро сите бракови од роднини,познаници и околинава што ги знам и мажот и жената работат,значи и жената придонесува во домот. Имот од наследство неможе да се дели и мажот нема никакво право на него ни во брак ниту при развод може да бара дел. Значи сите мажи на кои жена им зела дел од имотот на родителите се лембети, па ги збогатила и им донела на готово имот жена им со делот оти нели од мажот ќе биде тој дел,законски тоа е имот кој го добила жената и како сака може да управува со имот во нејзина сопственост,вакви муабети му донела,му спечалила на мажот имот жена му се од пред 6 века. Ако најдлабоко размислиме со мозокот братот ќе биде уште поголем т.е невиден лембет ако добие куќа на готово,нека се стегне малце и братот нека спечали,нека не седи во куќа од прадедовци наследена и од солидарни дади што не земаат дел за да не го направаат мажот лембет. Не гледам зошто да не се дели 50/50 колку што вреди машкото толку вреди женското.Или на двете под исто или на ниедно.Башка тоа на детето мое ќе му скратам,децата на брат ми ќе си имаат куќа,стан,спрат моето соба ќе има и солидарна мајка што и е жал да дели 50/50 со батенце.Ќе нема бате за греота ќе му се скрати дел од имотот. Снаата нема никаква обврска околу родителите на мажот,имаат синот и ќерката.Си има снаата родители па нека му ја мисли за нив не за родителите од мажот. Зависи од родителите ако јас имав брат(имам сестра) и моите се му дадоа нему за мене не постојат ,како што не сум постоела за нив јас за време на делењето имот.Ако е 50/50 ќе си се договорев со братот и по пола обврските јас и тој,не снаата.
Кога читам вакви постови ко оној погоре, барем се надевам дека ќерка немаат или нема да имаат, да не трпи утре ради нив кутрата
Ами па братчето нека си заработи де, ако е маж, а не лембет. Ако е маж нека заработи да не чека од мама и тато наследство.
А зошто братот да не се отсели од кај старите? Уште живееме во она време во кое братот се ќе добие, затоа што ќе ги чува старите. Како така синчето да се мачи. Ок.. Нека добие. Ама после старите не треба да се чудат ако ќерката и зетот ги шутнат на клоци.
Па и братот е лембет,нека се стегне нека спечали.Ако некој е неработник и се расфрла со пари и без да добие жена му дел од кај родителите ќе е таков,тоа е до човекот не е до земањето имот.Ама најчесто лембети ги праваат родителите кои се му оставаат на братот и сестрите кои од преголема љубов кон бате не земаат дел од имотот на родителите. Нема да добие ништо ќерката оти мажот е должен да се стегне малку и да заработи за семејството како знак на благодарност што му оформила семејство.Се молам на Бога само синови да имаат тие вака што мислат,оти ако имаат ќерка тешко на ќерка им со вакво размислување.
Проблемот лежи во родителите. Ги раѓаат, ги растат да се држат заедно накрајот ги двојат ради имотни поделби. Убаво е да се печали додека си млад и да си купиш свое, не е убаво дур имаш свое да се лакомиш и да бараш дел додека другиот немал таква можност.