Како бе основни работи за хигиена да не се знаат? Па од мало дете се учи, што е за во ѓубре, што е за во корпа за алишта, се креваат алиштани пижами, чорапи... син ми е 3 ипол години и знае дека некои работи треба да ги среди на свое место, а не па маж од 40+ години. Ужасни се некои мажи.
Знае за знаење,ама при жена маминото галениче да си земе облека,да испере облека,да си направи јадење ,па што ќе рече народот,жена му го направила папучар, кај се видело маж да работи.Секоја чест на исклучоците ,мајки што си ги воспитале синовите дека жената не е слугинка и мажи кои ги делаат обврските со жените,свесни се дека да си направаат јадење,да го исчистат нередот кој го прават е нивна обврска не на жената, не ја гледаат жената како слугинка и не ми е гајле што ќе рече народот.Мило ми е што го читам ова што си пишувала за син ти,искрено.
Пари да ми даваш нема да живеам ни со брат ми ни со сестра ми, со девер ми уште помалце.. Еден живот имам и сакам слободно и раат да го изживеам со маж ми и децата.
Да, се прави скоро, дури сам оди во тоалет, освен за бришење што ме вика. Ми помага да поставиме маса, да вратиме чинии на место, да си собере играчки, и мн други работи кои ги дозволуваат неговите години, од мало се ствара навика за понатаму во животот, не се учи на 40+ години за основни работи, култура и хигиена па најмалце.
Здраво на сите,еве вака во брак сум 12 години,живееме во заедница.Јас,мажми,двете деца,свекор,свекрва и золва.Значи уште од првиот ден се зафати со мене свекрвата на ратна нога.Многу млада се омажив.Од првиот ден психички ме матретира со разни муабети.Свекорот мие гајле гледа да се најаде напие,слуги да му служат околу него.И со него немам никаков контакт,пробав со "тато" тој ко намќор ќутеше,ајде реков батали го ,очигледно е слуша женаму.Золвата е бог да чува ,исфолирана,мрза невидена,све и смета.Машми цело време од нивна страна е ,по нив е тргнат како ке му речат така прави.Од родителите мои немав поддршка никаква за да го оставам,срамота било.Се нервирав секој ден,и се разболев млада.Еден ден решив да не се нервирам повеќе,и да се спротиставам ако ме нападне некој,зошто тие мене сакаат да ме умрат.Бог нека им суди.И јас имам ќерка не би ја оставила на милост и немилост како моите мене.Демек сега им било мака,сакале да се искупат ама сега е касно.Девојки,жени не дозволувајте да ви го земат внатрешниот мир.Никој животот не ви го дал па за да ви го одземе,само Бог.
За лесно не е лесно. Секој си сака на свое без рзлика во колку добри односи да си со фамилијата. Ако мислиш дека некој од кеиф седат повеќе генерации во една куќа, се лажеш многу. На никој не му го знаеш есапот дома.
Извинете што влетав во муабетов,да не можеш да знаеш дали може да си овозможи да работи за да ги издржува жената или децата дополнително за да се одделат од родителите и да се преселат во друг дом, можеби има здравствен проблем или друг,ама има и такви мажи што немаат 'муда' да допринесат дополнителен приход за да се одселат,ако дознаат мама и тато ке се лутат,како раб на брод или во странство.За таков маж здрав прав нема никакво оправдание.Некогаш ние жените сме поголеми"мажи".
Туку од што седат повеќе генерации дома? Не знам еве, на 40 и 50 годининти со мама и тато во иста куќа да седиш, ебате мажот таков! Тоа не е маж бре! Иди спечали и напрај свое, секој може ако сака и има желба, а ако не сака секогаш ќе бара изговор дека не може нешто да се промени. И ете нека си седи со мама и тато доживотно у иста куќа, и со 2 деца плус, у 50м2- 6 луѓе!
Оф топик е може. Еве и претходно ама од кога е ќерка родена јас со сите обврски околу неа, а и мене нормално маж ми на последно место го ставам и се повеќе обврски околу домот добива. На работа ми се чудат кога низ муабет по телефон знам да му речам пред да излегуваш за на работа (различни смени сме често) собери ги алиштата од балкон. Избриши прашина од на работа ќе дојдеме со Х. Кога ќе речам сам си пегла алишта. Демек се знаело жената за што е. Да викам се знае, јас да одам на работа, да средувам куќа, да чувам дете, готвам, перам, пеглам, и се папатно. Важи не е проблем.
Јас не би сакала мм да е отсутен од дома со години. А за две години од брод да заработи дом да направи не знам баш.
Нека оди на брод нека заработи, и ние сме со мк плата па не седиме и милион други што ги знам. Раатот нема цена, и нема никој да ме натера ни со мои да живеам ни со негови, никад веќе.
Епа ако не сакаш да е отсутен, живеј во заедница, секогаш треба нешто да се жртвува. Ништо не е така лесно.
Сега скоро дознав дека девер ми раскинал со девојка, само поради тоа што на свеки не и се допаднала таа. Односно фамилијата на девојката. Не ми се верува дека постојат вакви нешта свеки многу влијателна да ти била
Поранешна колешка, на синот му ги бираше девојките. Не била секоја за него. А син и ….мрсул не би фрлил никој на него , ама ај.
Не знам како си земаат за право. Ќе речам синовите се криви, ама... до некаде ги кривам и мајките. Значи тие со своето воспитување и мајчинство ги направиле такви децата, како зависни од нив и не ги оставаат да се осамостојат. И мислат дека така е правилно.
Еве на мм братучед во комшии ни е. 40 години има, девојка никогаш немал. И тоа ми е ок. Може ете така требало, штознам. Мамичка негова ги криви жените дека сите по пари се лепеле, ситњ од корист биле. Она знае се до детаљ за тоа што он прави. Еве сега имал некоја девојка, првпат, ептен ми е мило, ама со мами негова до кај ќе тераат незнам.
Аа значи тебе те одобрила, и се допаѓаш ти, биди среќна, хахахаахах. Какви глупости, у старт да дознаам такво нешто, немало ни да бидам со мм, не морало он да ми раскине.
Аха ме одобрила, никој не ја ни прашал за мислење .. Маж ми не е девер ми. Она од старт не ме поднесува(и се гледа во очите), иако не ме ни познаваше. Изгледа неа никој не и е ок. И посесивна е за синовите, сега и го украдов синот. Таа еднаш така проба да се направи дека и кај мм била влијателна. Со зборовите дека да зборувала она и останатите нешто за мене бракот немало да се случи. Мм така и се изнасмеа во фаца и и кажа дека он мене ме сака и дека никој не би му го сменил мислењето. Одма го дигна носот.