1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.603
    Допаѓања:
    43.018
    Пол:
    Женски
    Лесно се надоместува материјална "штета", родителите се уште краток период со нас, посебно во друга држава кога се гледате еднаш годишно можи да се почитувате взаемно. Да згрешеле којзнај шо, ќе сфатев.

    Ете, дошол човекот на старост да помогни, немал лоша намера, растен е во такво време, доволно било да му објасните зошто е погрешно тоа што го направил.
    Ова не е логично, напротив е едно големо црвено знаме и замисли тој така да се однесувал со тебе и твоите.
    Да ми пцуе некој родител без причина, па уште да ми прекарва дека без него ќе сум била ништо, дека без него ни работа во странство ни куќа ќе сум имала, развод можи не, ама чувства дефинитивно ќе немам кон него.

    Така да, да претеруваш.
     
    На Elliana, Cosmi, An-na и 10 други им се допаѓа ова.
  2. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.215
    Допаѓања:
    2.680
    Пол:
    Женски
    Па тоа ти кажувам :D
    А и почит имаш....толку неважни проблеми раскажуваш, не очекуваш сигурно со ордени да те редат...
     
  3. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.568
    Допаѓања:
    39.983
    Пол:
    Женски
    Претеруваш.
    И се вика "лаВаБо"
     
    На Elliana, jacqueline.s, Feniksgirl и 4 други им се допаѓа ова.
  4. SanMichel

    SanMichel Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    484
    Не треба бе душо моја.
    Во Германија социјалното ти има стаено камера дома па снима. |(
    Драмиш навистина, од што си несреќна.
    Ај мимо то, мислиш дека само ТИ имаш успеено ние другите ништожнички.
     
  5. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    4.329
    Пол:
    Женски
    За тоа е во право, нема потреба да и сугерираш нешто што не знаеш. Малку фали да се активираат социјални служби. И кај мене до одредена возраст не смееш детето само да го оставиш. Тоа во МК што правеле нашите е крајно неодговорно и непресметливо. Дете не е возрасен па да знае за опасностите.
    Единствено ја прашав, а не одговори, дали свекорот бил свесен за тоа. Ако не, тогаш нема право да се лути.
     
    На MeowMeow, CameliaMiller, *Amethyst* и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.813
    Допаѓања:
    39.395
    И јас мислам дека претеруваш, но само во врска со штетите во куќата
    Ѕид во кујна логично е да има плочки или стакло кои се чистат.
    Мермер толку лесно од филџан да се оштети, не ми е јасно како.
    За лавабото ( лабаво значи нешто друго) си можела да им побараш да ти го платат. ( и требало сами тоа да го понудат). Но ако земеш предвид дека деца ти чувале ( како-така), веројатно си заштедила на жена за чување или градинка. Но не им давајте пак таква обврска.
    Камо да е проблемот во лавабото.
    Ти маж ти го презираш. Така делува од прочитаново.
    Твое право си е тоа. Емоциите се некогаш посилни од рациото.
    Но со дерење, псуење и кавги, и молчење, им правите трауми на децата.
    Возрасен човек не можеш да го смениш. Она што се менува е твојот став и очигледно емоциите кон него.
    Се разбира дека слободата е бесценета.
    Не е лоша идејата за хотелски престој во мк.
    Исто и тие кога доаѓаат, не планирајте престои долги. Не сте преку океан па со месеци да седеле.
     
    На Elliana, CameliaMiller, Watermelon96 и 13 други им се допаѓа ова.
  7. SanMichel

    SanMichel Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    484
    Немој да мислиш дека НЕ ЗНАМ!!!
    Значи сепак си потврдуваш дека твоите родители биле неодговорни и непресметливи мхммм океј.
    Сега на овие години седни и кажи им.
    Немој сега да ми дојдеш со “ама ти не знаеш вака така…”
    Драга, па 99% од Германците го праат истото па им е гајле,само на фемина форум сезнајќите дробат лук. Think of it. 8)
     
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.877
    Допаѓања:
    85.506
    Пол:
    Женски
    Леле членкава или трола или си нема работа па си измислува проблеми.
    Глупости.
    За греота мажот нејзин.
     
    На Elliana, An-na, jacqueline.s и 4 други им се допаѓа ова.
  9. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    4.329
    Пол:
    Женски
    Како знаеш што прават 99% од Германците?
    Јас потврдувам дека кога се однесува на деца, има строги закони кои функционираат. Нормално, никој не знае во домот што правиш, но децата зборуваат надвор од него или пак имаат видливи траги.
    Ако си дошла на темава да се караш со некој, прескокни ме.
     
    На MeowMeow, CameliaMiller, *Amethyst* и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.159
    Допаѓања:
    39.524
    Ја па ја разбирам сасвим жената, замисли си од трошно село си се спакувала, си отишла, сама жена си се снашла, ,, муж,, ти на готово си го донела, дремел 6 месеци дома оти нејќел да работи надвор од струка, не знае сам газот да си го избрише, знае само хало и чуз да каже, го заболе ташак јазик да учи оти маж му, ова пардон жена му сите работи му ги врши, а сигурно не може децата ни на лекар да ги однесе, али треба да го хвалоспеваме оти две работи работел, а она демек си ја ладела..Бу, ху...

    И ко за инфо, у Германија сите скоро две работи работат. А и овој не дека на бауштела работел.

    А и тие стари, чим не е проблем еден месец да ги истрпи, сигурно не е проблем и еден месец да не и ја усерат куќата ко за две години, и да не и ги оставаат децата дома сами да и дремат. Па уште и дали знаеле дека не смееле дома сами да ги оставаат...

    Абе тоа е мое дете, ја ако не ти дадам дозвола, нема ни од дома да излезеш со него, а не па само да го оставаш. Ако не си способен да го чуваш, кажи така и чао пријатно Не сакам ни да замислам што би било да ја пријават у социјално и децата да и ги одземат...

    Али битно маж и лигушот не може ни за децата свои да се избори, а не па за едно мочано лавабо.
    Ма да нејзина кривица, сама знаела со кого земала краставици да сади.
    Само нека види дали ќе и одговара и понатака така да живее.
    Оти очигледно тоа е најголемиот проблем тука.

    @Bratot ај сјаши, иди таму Бака Прасе раскинал со женската, не се замарај со ствари за возрасни.
     
    На Joanna28, moonlight-girl.55, CameliaMiller и 14 други им се допаѓа ова.
  11. Adidas888

    Adidas888 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.473
    Допаѓања:
    18.014
    Пол:
    Женски
    Баш така, ќе се снајдеш, од трошка ќе направиш нешто и после да дозволиш некој да ти го искака тоа- не бива. Ма кој сака нека е, и мајка и татко, и свекор и свекрва - не бива.
    И плус, они не се дојдени во свое тамо, туку на гости, и така треба да се понашаат, како гости.
     
    На CameliaMiller, crimson, *Amethyst* и 6 други им се допаѓа ова.
  12. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    4.329
    Пол:
    Женски
    Така ако гледаме, она 3 месеци додека се снаоѓала во Германија, тие деца некој ги чувал. Дали маж, дали неговите, ама тогаш не и пречело. Тој сега ако ги оставил, којзнае колку пати во МК ги оставал, ама тогаш не смеела да зуцне, пошо знае дека сама со деца мало морген ќе постигне.

    Друго, не е лошо да чекаш да се вработиш по струка. Очигледно можеле да си дозволат. Ваљда и тој голтар не дошол таму. Уште поголем факт е дека човекот е на место, што отишол таму ради жена му што и дошло преку глава од малограѓанштини. Да бидеме реални со ИТ и во Македонија се живее комотно финансиски. Исто така, пожелно е некој да седи дома додека не се запознаат со околината. Треба школи за децата да се упишат, треба куп работи да прави едниот, додека другиот веќе се снашол за работа.

    Мене ми изгледа како веќе ни љубов да нема меѓу нив, со оглед дека го услови како господинот. Не звучи навредливо, но многу кажува тој збор. Како она се сама да прави, а тој ништо. А потоа пишува како работел, па јазик учел:drunk: Згора на се ги влече родителите, за да не плаќаат бебиситерки и слично, ама лавабото беше најбитно. Епа паре и јаре нема.
     
    На jacqueline.s, Angie1432, Orchidea и 2 други им се допаѓа ова.
  13. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.284
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Си има проблем жената со мажот и. Не дека толку многу свекрвите грешеле.
    Неа ја нервира веќе што он не застанува на нејзина страна и нема очи да им противречи на неговите.
    Да беше задоволна од неговиот однос, сите глупостарии од свекрвите ќе беа небитни.
    Што знам. Веројатно нема никакво признание од него за се што направила. А направила многу. Не дека он ништо не прави, инаку не би бил на позицијата каде што е сега. Вака барем стварно нашол по струка и веројатно подобро платено, отколку да тргнеш веднаш за минималец и да му избега добра шанса.
    Проблемот е што целата иницијатива за се ја превзема жената, а никаква валидација не добива од него, а чувајбоже па свекрвите да ја пофалат.

    Дека претеруваш малку, да. Ама дека имаш поента имаш. Разговор со маж ти и по цена да не си отидете за мк. Ја не би одела во хотел, туку воопшто не тргнувам за мк. Ќе си седам и ќе си одмарам дома, штом те тригеруваат толку и ти носат дополнителни немири.
    Ама проблемот е во тебе и твоето незадоволство од маж ти. Може треба да подразмислите што како, или брачно советување. Некој неутрален да ве сослуша.
     
    На winnie02, MeowMeow, CameliaMiller и 9 други им се допаѓа ова.
  14. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.217
    Допаѓања:
    6.630
    @ImagineDragons
    И јас го делам мислењето со @Bratot i @Orchidea.
    Малку ставање прст на чело не е на одмет. Според ова што го пиша ти основно поштовање спрема родителите од маж ти немаш. Тие што го створиле за ти да имаш сопатник во животот.Па кога си знаела какви луѓе се тие, кога не ти одговарале, кога тој бил неспособен што си го земала за маж? Или некој со појак карактер немаше да ти ги трпи срањата што ќе му ги приредуваш?
    Тој кредитот што си го зела за станот сигурно сама не го отплаќаш туку и маж ти помага ,па не можеш да се однесуваш ко само ти да си газдарица на станот.
    Значи не велам дека се идеални,сите имаат маани. Ама знај дека неможеш да смениш некој од 60 и кусур години. Тоа што ги пцуеш нема да ти помогни.
    Ми се згади од односов твој,искрено, без размислување. Зборот назад не се враќа затоа размисли.
     
    На Elliana, Misskirova, Orchidea и 4 други им се допаѓа ова.
  15. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.678
    Допаѓања:
    11.020
    Пол:
    Женски
    @ImagineDragons извини вака, ама ти мажот си го знаела од почеток. Тоа што он е мирен и повлечен не го прави неработник, а и имаш напишано дека е во ИТ сектор. Според мене не е само твоја заслугата.

    Тебе највеќе те повредува делот што си работела ноќна смена, си чистела, си се вложила (со јазик итн.). Во ред. Дали мажот те терал на тоа, да работиш ноќна, да се жртвуваш толку многу? Ова е многу битен дел, дали имате дадено до знаење дека едниот ќе се потруди повеќе? Тоа што е неснаодлив не те прави ни тебе нешто подобра, прво зашто ти е маж и го омаловажуваш и ставаш буквално под тебе. И дај не зафркавај си го пуштила во дневна да спие, така се решава проблемот (што реално и не е проблем, него ти имаш некои подлабоки неразрешени проблеми со твојот избор на маж)? Не знам што очекуваш, ама ако си огорчена од него има друг начин да го искомуницираш ова. Ако си свесна дека си презела поголема улога на маж, тогаш издржи машки до крај. Ама не ти е во ред да го плукаш тука и да очекуваш дека ако е женски форум ти си скроз во право.
     
    На LiquidLuna, Bratot, Трагедијаупмм и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Adidas888

    Adidas888 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.473
    Допаѓања:
    18.014
    Пол:
    Женски
    Арабела, тие сигурно тамо не се отишле оти членката ги барала. Туку тое сакале да одат а мажот им дозволил.
    И кажав претходно, некои луѓе стварно не се за дома. Лом прават. Неможат да се навикнат на новата средина. Ете примерот за мојот бивши свекор. Каде и да се фатеше, ќе скршеше нешто или ќе извалкаше. Оти така беше навикнат, на нечистотија и се искршано по дома.
    И плус, они не се наоѓаат дома, они се на гости. А кога си на гости, ќе ги почитуваш правилата на домаќинот.
    Лошо е во овој случај шо мажот не им ги поставува правилата туку им дозволува како сакаат така да се понашат.
    И јас сум ќутела за такви ствари и сум се расправала со бившиот. Он беше мамино синче, ништо не им преговараше. И погоди шо? И ден денеска кај нив е полно со трошки во кујната и дневната, и мувла во висечите, а јас фала бого се средив и се ми е чисто дома.
    Значи не е до членката, туку е до мажот и шо не знае да писне. Не знае да постави граници. Побогу, јас мајка ми кога ја викав еднаш кај мене, и реков, еве ти јадење во фрижидерот, еве ти пари ако сакаш да шеташ, само немој да си се осудила да ми се мешаш во животот. И она продолжи пак по старо и и реков ајде сега пакувај си куферите, те носам на автобуска и да те нема.
    Ама за жал, повеќето балкански мажиња тоа незнаат да го напраат. Од која причина незнам.
     
    На CameliaMiller, *Amethyst*, Mumoftwo30 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.748
    Допаѓања:
    2.772
    Пол:
    Женски
    Од 5години не оставаа дома сами, остај шо се беше на нас оставено самите да си водиме сметка, многу бев тажна тој период додека тргнав на училиште бев сама и секој ден на телефон му јавував на работа и ги барав. Тоа баш и го памтам ко вчера да беше и немаше тогаш цртани ко сега пушти Јутуб и нека тера, то шо има некој канал нешто да се гледа, па ни играчки сме имале ни ништо, сум редела лектири и прередувала алишта за занимација.
    Може се и сешто да се случи со мало дете, замисли земјотрес да имало уплав ќе имавме..
     
    На *Amethyst*, ArabellaStarfall и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  18. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    601
    Членката по мене сака сега сите на раце да ја носат бидејќи нешто успеала.
    Првично бараше совет а всушност бара подршка.
    А со тоа преселување и глумење како е таму се така вака , и нели сите тука глупи сме, во странство се ружи цветаат е едно глупирање на наш народ.

    И пак ќе кажам, таа мажот ни за кисела слива не го смета, се извлекла и гајле и е, ама ако се недај боже разведе дали и тогаш ќе е толку лесно да е сама??
    Правилно ли ќе е да се скара со старите и веќе да не ги види? Ради некој наместај на снаата? Која до вчера им седела во куќата и истите внуци во Мк знаеле да ги чуваат?
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Adidas888

    Adidas888 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.473
    Допаѓања:
    18.014
    Пол:
    Женски
    Каде е мажот во твојава приказна? Од кај знаеш дека свекорот и свекрвата и ги чувале децата? Или автоматски го сметаш мажот за неспособен за чување деца?
     
    На CameliaMiller, crimson, Mumoftwo30 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.678
    Допаѓања:
    11.020
    Пол:
    Женски
    @dushiche ама сама си прави проблем кај што нема. Старите отишле и ги виделе, скроз нормално зашто се во странство. Не ни седат во заедница ниту пак се гледаат секојдневно, она ко да сака ич да нема контакт. Е не оди тоа така. Да беше обратно, немаше да се лути како мажот не ги сака нејзините? Од ништо се прави нешто некогаш, па и тогаш можела пример развод да му даде (кога веќе седела и гледала како е), па сама да се бори во странство. Имала опции и тогаш, еве не гледам да немала - ако нешто значи ова.