1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. trudnicka

    trudnicka Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    70
    Со тоа што некој ке ме поддржи или не ништо не се менува само си ги кажувам маките за да ми олесни на некој начин. Секако дека ке имаш почит во туга кука ама ако јас сум тугинецот кој влегол незначи дека треба на секој збор д аме плука со навреди мене или мсемејството мое.Тоа што таа неска да готви или пере пегла чисти меси леб не ми е мене проблем сепак јас и мм веке 3 месеци живееме на др спрат и не им се мешаме но тАА се меши зошто доле немало ручек леб не и било исчистено ако јас не сум смеела свекор ми смеел таа сакала да се одмара а не да прави нешто што никогаш не го правела и незнаела. Еве сега додека ви пишував свекор ми се врака од работа и за 5 мин слушам расправија свекор ми побарал ручек а таа му се развикала му рекла „ оди кај снаа ти таа нека ти даде штом ја подржуваш , јас незнам да направам ти реков и не ме замарај за јадење„. Еве го кај иде свекор ми горе со солзи во очи и ми кажува што се расправале и јас му понудив да јаде вели ако јас јадам з авас ке нема му велам најади се за нас полека полека ке направам некако нешто. (иако несмеам сепак не го оставам мм без ручек и вечера може не му правам кујзнае што но секогаш има ручек). Греота за човекот на 57 години да си прави уште сам са свекрва ми да и биде угодено. Стварно греота.
    тессие Бременоста не ја гледам како пречка или заштита од нешто и покрај сите забрани јас работев не се жалев но сега кога ми вели докторот дека ако продолжам вака ке се породам предвреме што треба да правам и покрај се да и угодам на свекрва ми. ЗАЕДНИЦА не не сме секој за себе си води сметка јас и мм сами плакаме струја вода трошоци др сами купуваме јадење од нив небараме ништо исто и тие се сами купуваат и плакаат само разлика имаме што и покрај се свекрва ми бара од мм пари.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    А јас мислев дека јас брзо куцам :o
    А бе, ај оставете ја темата за тие што имаат реални проблеми и им требаат совети за полесно да ги надминат, не патете од внимание тука!
     
    На imelda и tessie им се допаѓа ова.
  3. trudnicka

    trudnicka Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    70
    Сакаш да кажеш дека јас немам проблеми така си пишувам ? Јас напоменав и пак ке кажам јас овде само маката си ја кажувам за да ми олесни не очекувам некој да ме разбере или да ме поддржи.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    Мојата свекрва работи во управа со јавноста!
    И ми се обрака вака хев си била во:
    -10 ч во продавница
    -во 12 си била на фризер си се фарбала си се потшишала
    -пред 3 дена си била кај комшиката на кафе
    -минатата недела си била со мајкати на пазар (а јас не го знам тоа)
    -се шеташ секоја вечер некогаш со детете некогаш сама
    -ако немаш во што да одиш на свадба маж ти сам нека оди и шо сии правила фризура шо си купувала тај фустан (имам вишок од бременоста и морав да купам мислам си се дотерав зашто да не)
    -маж ти ти чува детето а ти одеш по памперс (прати го маж ти и да не сака ке се распукаш,а ако се распукаш ти си крива и одма те маваат од тамѕ кај што си)
    -правиш јадење секој ден различно
    -иако сме поделени јас ке седам и додека спиеш во соба моја е куќата
    -не смееш да се бањаш и переш за време на скапа струја
    -да плакате струја и вода и и дрвата да си платете за симото (иако ние ладни дадовме пари и плакавме се оваа година нив и редот така е договорот)
    -немаш шраво да доагаат другарки кои мене не ми одговараат (п.ц.ке кажам не си дома ако ги видам пред тебе)
    -детето нема право да има мајка можеш да си одеш ја ке си го чувам
    -не давам пари за ништо а ке си се фалам дека се сум купила
    -ке го вртам мажот ти против тебе иако од дома не излегуваш без потреба ке кажувам дека си курва
    -твоите не смеат да доагаат кај нас и не треба да контактираш со нив
    -само трошкови правете не ми требате ке си плакам жена да ме чува мавнете ми се
    (еве каква е мојата свекрва и кажете ми дали можам да најдам решение иако сме поделени таа сака да ми го растури бракот и да ми го земе детето.спремна сум на вашите критики маж ми сака да си одиме имавме пари но се случија некој несакани работи со моето здравје и моравме да ги преполовиме и сеа немаме доволно да си купиме стан или куќа,али здравје во план сме само како да го издржам сето ова пробав со добро не се разбира јас сум и крива.)ПОзз
     
  5. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    Decki,chitam,chitam i pak ne mozam da svatam zoshto tolku ja napagate trudnichka :?: ????
    Po pishuvanjeto svativ deka ima pataloshka bemenost,shto znachi mora da miruva inaku kako bi se odrzala pataloshka bremenost??? Druga rabota ,pa ni jas ne bi ostanala imuna na zborovite na svekrva i(dokolku bea izlezeni od ustata na svekrva mi)...bogami i teshko koj moze na civiliziran nachin da se razbere so takva svekrva,da vrega so pogrdni zborovi,da ja vrega familijata na nevestata,i na kraj da ja obvinuva i kleveti(nasekade)nevestata,deka nevestata samata napravila da go izgubi bebeto vo rana bremenost...mislam daj ve molam koj bi go trpel ovoj teror so denovi,so meseci,godini,kolku i da saka chovek da ignorira ,nevozmozno e,ke popushtish emocionalno.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. trudnicka

    trudnicka Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    70
    Баш ова што ти го напиша им го кажувам цело време. Велам дека бременоста од самиот почеток ми е критична а тие не сум сакала да работам. Сум требала почит да покажам и покрај се. Па кој и да е на мое место кога некој ке те врега понижува секој ден или ке го врега твоето семејство не би издржал нормално дека ке се одговори. Исто и за првото бебе како би се осетила некоја од вас недајбоже да го загуби бебето во 2 месец и свекрва и да и рече ти го отру ти го уби не го сакаше а згора не се не само на тебе да го збори тоа туку да го кажува на кој ке стигне? Би сакала и јас да можам да и попуштам да ја игнорирам ама неможам секој ден да плачам заради нејзините наврди. Мојата мајка има ваква слична свекрва која цел живот ја понижува ја колни секој ден а мајка ми кутрата молчела молчела на 25 години се разболе срцев болесник е .Ако и таа на врем ето се одговарала и побарала од татко ми порано да се преселат а не откако се разболеле сега и таа ке беше здрава и права.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sekernata123

    sekernata123 Нов член

    Се зачлени на:
    19 јули 2013
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    4
    Гласна и јас од пред некој ден ги читам постовите на трудничка и другите како ја напагаат и несакав да се умешам да речам ова што ти го рече бидејки пред некое време кога трудничка пак ги раскажа макие кога јас реков зошто ја напагате феминките ми рекоа дека мојот профил бил лажен всушност самата трудничка си коментирала. Јас сум и сосетка на трудничка и секако и јас добро ја познавам свекрва и но тие ме нарекоа лажливка (овој профил бил на трудничка самата себе с ебранела преку лажни профили)
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. trudnicka

    trudnicka Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    70
    HEV мн добро те разбирам и јас сличново го доживувам. Исто и јас размислувам за да се преселиме но во моментов неможеме заради работата на мм . Сепак барем не ми оди секој залак во пети си јадеми и живееме сами на спратот иако таа стално ни е непоканет гостин. Порано ми велеше многу јадеш помалку јади . Ако мм не успее да ја добие новата работа решивме да ги затвориме скалите што водат з аншиот спрат и да отвориме скали од позади на куката за да излеваме надвор се надевам барем малку ке ни с е смират тогаш проблемите. Ако не повеке барем нема да ми влева без да знам во спалната каде со мм и голи спиеме.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.533
    Допаѓања:
    37.803
    Пол:
    Женски
    HEV, обавезно да одите под кирија. Инаку, црно ти се пишува. Таа вештерка ништо нема да ја спречи да ти го уништи бракот. :devil:
     
  10. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Поминав низ ова но тогаш се нервирав,кутев итн,на крај ми пукна филмот и ја седнав со убаво пробав ама џабе....
    на крај и објаснив дека не треба да има толку кошмарни сонови за мене и што сакам ќе си правам
    иако сме делени таа пак знае да ме извади од петни жили,ама и кажувам дека нема право на глас....
    HEV дали ке се отселите или не,таа секогаш ке прави сцени единствено решение е мажотти тој да стави крај и тоа дали ке успее е прашање?
    Само гледај да не се нервираш и не и давај значење....
     
  11. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Читам и се чудам... Значи еве, јас сум 6-ти месец бремена, со комплицирана бременост уште од самиот почеток, со комплицирано забременување и се по ред. Арно ама, свекрва ми не пипнала крпче мое да испере затоа што немало потреба. Машина пере, а и тоа што имам на рака, си го викам мм да ми помогне ако ми е тешко. Кога чистам со џогер рецимо, нема сигурно да ги исчистам нашите 2 соби, а нивните да ги оставам да скапат. Не беа тука извесен период, си го чистевме со мм станот цел, како што си е ред! Па побогу, јас ќе ја дишам смрдеата и прашината! Е со алиштата сме поделени, јас ги перам моите и на мм, она нивните. Може да се случи да немам доволно и да ја прашам дали може и нејзините да ги ставам. Исто и обратно. Со готвење кубуриме, ама не е важно, ако не ми се допаѓа што направила, станувам и друго правам. Моето јадење неа секако не и чини, и ако воопшто јаде јаде ко ај да не кажам што да сум и дала, ама баш ми е гајле, јас и мм сме задоволни со таквата исхрана, и одлично изгледаме. Башка вкусно ни е. За пецкање, на глава ми се качува секој ден. Безобразна е колку може и неможе, ама јас нешто не се припотресувам. Порано се си ставав на срце, ама сега детето не си го ризикувам. Некни кога кажавме дома дека е девојче една фаца правење, демек разочарана е женската, првото МОРАЛО машко да биде. После ја слушам со некоја плитка ко неа по телефон збори како не сум способна ни едно машко да родам, а се знае кој го предодредува полот, јас не сум! :rofl: И не се изнервирав ама ич! Си го погалив стомакот, и крај. Се спремаме за селење, додека да се породам ќе си бидеме сами, раат. Без разлика на се, колку и да сакам на моменти да ја задавам со два прста, пак вложувам напори да бидам барем коректна, кога веќе не сум фина. Комуникација минимум. Тоа е мајка му, и од кал да е, мајка му е! Многу ми згреши, многу ме навреди барем 50 пати откако сум мажена, 500 пред свадбата, ама од мене се нека и е простено. Не собирам лутина и гревови, премногу работа ми е тоа. Имам дете за растење, маж за љубење и себе за почитување. Ова не важи ко ќе ме чепне кај што претерано ме боли, ама жив човек сум, имам слаби точки. Не се срамам од тоа. Од друга страна пак, јас сум таа што носи пари дома, а не како дотичната погоре што ем чека се да се донесе, туку и некој да го направи?! Е тоа неможам да го разберам. Финансиите се само за преживување и кеифови, а не за карање и колење по дома. Чуден народ, чуден! :^)
     
    На Sweetheart87, kate21, Bozica1980 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. trudnicka

    trudnicka Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    70
    Незнам во кој дел од моите постови не ви су јасна ама сепак на секој мој пост добивам критики.
    Зарем и покрај мојата паталошка бременост треба на некому да му угодам? И покрај тоа што ми е строго забрането да работам било каква работа јас за да и угодам од инает да сум работела како што велат некој феминки? Зарем да го оставам во некој кош тоа што лекарот вели ако работам ако не одмарам ке се породам во 7 ми месец (а дете во 7 месец ретко преживува како што вели лекарот) ? И покрај се ме извадивте виновник што и покрај забраните од лекарот не сум одела на работа да допринесувам дома. За да допринесам дома треба да го ризикувам животот на бебето? Или пак сум немала почит кон неа што и да правела требало да ја почитувам , ајде да ги изнакажам секојдневните понижувања и навреди кон мене и моето семејство па да видите дали некој би го издржал тоа и би правел почит.
    - каква прталка си ми донел дома бре синко?
    -од сиромашно семејство дојде овде лебот да ни го јаде (а додека не беа тие јас 18 години живеев на воздух)
    -од неписмено семејство дојде и овде го сврте син ми против мене
    -ороспијо
    -дебил жена (и покрај тоа што бев болна со 40 теммпература ме мрзело да одам на работа)
    -бел ден да не видиш
    - какви сватови имам неписмени ојловци дојловци , јас ако немам корист од некого и не го сакам, нема да го видат внучето (секако како таа ке нареди нека биди срекна ако покрај се успее да го види таа)
    Несакам да се насетувам на многу потешките навреди зошто срцето ме боли како 2 години го траам ова нејзино навредување што и е како добро утро.
    Сепак едвај чекам да се породам па барем да не се нервира и бебето со се мене сега додека е во утробата, па да се преселиме дај боже оти ова вака само ке ме поболи од нервоза.
    Сепак здравјето ми е поважно од неа па да се поболам заради неа тоа само ке го сонува уште на 20 години да пијам лекови за смирување како што една феминка ми напиша во порака дека пиела на 22 години никако.
    :^)
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528

    Женска, јас при комплицирана што требаше да биде патолошка бременост одам од 12 па на даље саати на работа, за да донесам пари дома, а имам факултет и постдипломски, значи јас сум магистер. Работам пола време како магистер а пола скоро како работник, за повеќе пари, сами да му обезбедиме на бебето што му треба Маж ми ме сака помалку од маж ти па што морам да работам и малку физичка работа? Епа како да ти кажам, ама не, тоа си е до мене. И кога ќе дојдам дома, продолжувам да работам. Го прекинав боледувањето приморана, со закани дека ќе летнам ако не се вратам. Мислиш дека ти повеќе го сакаш твоето бебе од јас моето? Се лажеш, нема тука повеќе-помалку. Ти имаш шанса да изводиш, јас немам. Блазе тебе, така си ги наредила работите. И како жити мајка по цел ден работиш викаш шината си од месење, перење, пеглање, готвење, а реплицираш 24/7 на секој кој не се согласува дека треба ко икона дома да те чуваат? Јас немам време од дома да ѕирнам тукашто се случува, а од работа имам на паузи, се релаксирам. Толку. Сите сме бре тука снаи, сите имаме свекрви, не си само ти!
     
  14. trudnicka

    trudnicka Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    70
    Велиш магистер работиш, дај подврати с епогоре каде што кажувам во нашиот крај каква работа можеш само да најдеш. Мотика , градежно, или 12 саати конфекција на нога. И покрак што морам строго да лежам да работам е подобро според тебе? Работи ти ако мислиш дека работата е поважна од животот на нероденото бебе. Сигурно никоја мајка не би го ставила животот на детето на коцка дали ке преживее или не ако се роди на 7 месеци.Прочитај исто така во погорните постови каде што раскажувам дека и покрај се изминатиот период јас работев не се жалев но откако ми забранија строго да работам строго да се одмарам или лежам зошто да одам и да и спремам на „госпоѓата„ што и треба . За мене и мм ручек и покрај се правам (бидејки живееме на 2 спрат а тие на 1) леб купуваме за да не се напинкам ако месам. Колку толку полека полека мене ми е исчистено а за нејзе ме боли ...
    Реков и пак ке речам овде разбирање не очекувам од никого критиките се на прво место , но ако и тоа е за луге. Овде ако сакаш некој да те разбере ке те разбере само кој има исти проблеми .
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.821
    Јас искрено повеќе би сакала Трудничка да е некој трол што не знае што да прави со себе, зашто веројатноста некој да е навистина со вакви размислувања ми е :o . Премногу, премногу незрело, за почеток, а потоа и (извинете на израз, не ми текнува посоодветен) примитивно.
    И Трудничка, извини вака, ама мислам дека со свекрвате не се согласувате затоа што двете сте исти. И двете би сакале да лежите, да не работите и да бидете газдарици, а секој кој не ви го овозможува тоа и не се согласува со вас ви е непријател. Однесувањето на двете ви е на најпримитивно ниво, едноставно запрепастувачки.
    Од друга страна, не знам зошто си запнала тука да докажеш колку свекрва ти не чини? Што ќе ти смени тоа во животот? Или ќе се чувствуваш подобро? Ќе ти се наполни душата од пакост? :^) Не би смеела тоа да си го дозволиш, пакоста да ти стане душевна храна. Душата ќе ти изгние така.
    Трето, зарем мислиш дека никој друг не работел и здрав и болен и бремена и небремена?! Па не си белким толку зелена? Еве јас со факултет (ако значи тоа нешто воопшто) кога ја најдов првата работа после дипломирањето, после 1 месец имав ужасна гнојна ангина со многу висока температура и си одев на работа како попче затоа што си мислев дека ќе ме прекорат ако земам боледување толку брзо (а работата беше таква што немаше кој да ме заменува ако не одам). Си примав инекции и си одев на работа, а после за викенд од кревет едвај станував, ама тоа е животот-борба. Со првото дете дента пред да се породам си бев на работа, со второто (зашто друго работев) работев до породување! И после 3 дена откако се вратив од болница, со ДВЕ деца дома, едно бебе од само 5 дена, си седнав на компјутер да работам. И знаеш што? Не правев ни сцени ни драми, туку заработував. И уште бев среќна што работата ми е таква што можев да седнам да работам кога сите други ќе заспијат, за да не им кратам од времето со мене на децата, и тоа меѓу две доења или меѓу две плачења на бебето... И мене лекарката ми викаше да лежам, подотворена бев уште од 6-ти месец, ама не лежев затоа што МОРАВ да функционирам. И никогаш никого не обвинив за тоа-мојот избор е мој проблем и моја работа.
    Затоа престани бе дете да кукаш и да бараш поддршка и одобрување, гледај како можеш да придонесеш да ти функционира семејството. И не прави јуначко дело од правење ручек, еве јас дента пред да одам на породување ДВА ручека правев одеднаш и не побарав орден. Па утре ќе треба да те тинтраат како царица ако станеш затоа што ти плаче бебето или ако не спиеш затоа што тоа има грчеви?
    Иако јас лично мислам дека ти не си спремна да бидеш сопруга и мајка, кога веќе си се втурнала во тоа, барем прави го како што треба. Да, свекрва ти е тешка жена, мрзелива и примитивна, ама и ти си изгледа иста како неа, само во помлада варијатна...
     
    На Sweetheart87, mimiiiii, Bozica1980 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Гледам само напаѓате некој. Од кај ви е таа потреба? Смирете се. Не сме тука да се докажуваме како сме подобри од другите. Тука сме да советуваме, а не да се фалиме колку спретни жени сме.
    Ако некои од вас се во можност да работат ете гледаме некои не се. Некои имаат сериозни здравствени проблеми. За тоа самите тие не се криви.
    Еве еден случај, а јас сум сигурна дека вие знаете повеќе случаи како овој, бидејќи нели бремените жени збираат искуства и се подготвуваат за се (недај Боже).
    Една моја роднина имаше болна бременост и не смееше да стане од кревет. Значи таа чинам после 4_тиот месец не смееше да оди никаде освен до тоалет. И таа требаше да оди на работа но не смееше дека и се закануваше опасност да го изгуби бебчето. Е и што би било најпаметно според вас таа да направи за да не биде етикетирана од околината како мрзелива жена која ни ручек не сакала да прави?

    И зашто упорно кажувате дека кога личноста оди да живее во куќата на свекорот и свекрвата не смее многу да претерува и прибира т.е. не смее да си ги кажува сопствените ставови само затоа што отишла во туѓ дом. Не заборавајте дека таа е жива личност со свои принципи и верувања, најважно и начини на живеење.
    Па нели тој дом од тогаш станува и нејзин. Заедно со маж и се согласиле на соживот кадешто ќе се почитуваат секој со секој. Ќе се почитуваат.
    Неможе некој вас постојано да ве навредува а вие да му ќутите само за да постои мир. Верувајте, во моментот кога некој се дрзнува да ве навредува, е во истиот тој момент мирот го снемува. Секоја жена (нели како што е правилно) се мажи од љубов. Таа најчесто и неможе многу да направи ако и таа и маж и се просечно ситуирани и немаат пари за посебна куќа и дом, а ете работат, може и некогаш ќе направат многу пари и ќе си го имаат и домот.
    Сега некои девојки не се решаваат да се мажат се до моментот кога ќе можат да си направат со заеднички пари сопствен дом со нивниот дечко. Некои пак не сакаат да чекаат. Ни едното ни другото не е погрешно. Погрешното доаѓа кога некои не сакаат да најдат компромис и секогаш сакаат да се во право.

    П.с. А за ова дека личноста е трол и јас си помислив уште одамна. Едноставно не ми се верува дека некој може волкав период да троши од својот живот жалејќи се за се.
     
    На Anyshka и andromedae им се допаѓа ова.
  17. trudnicka

    trudnicka Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    70
    Човек да е на мое место одамна нервите ке му попуштеа . Како на почеток додека ме навредуваше додека ме колнеше не и вракав бев добра сега кога ке и се одговорам сум лошата снаа. Кога ке те обвини дека си го отрула или убила нероденото бебе ти би ја почитувала?Реков и пак ке кажам на сајтов не очекувам бре некој да ме разбере само си ги кажувам маките.Како не сум била мрзлива пред да се омажам кога ги работев домашните раб наместо мајка ми или како не бев мрзлива од 2 години брак кога се јас работев не се пожалив никогаш а сега кога ми забранува лекарот мрзлива сум била . ЦЦЦ
    Срека си имала што си на компјутерска работа ајде дојди со комплицирана бременост работи физичка работа копај или градежништво ке се согласиш. Може за тебе ваквите размислувања се долни но незнам како поинаку да ти вратам ..
    каренин Истото го велам и јас значи освен до тоалет одење ми е забранета била каква работа а јас и покрај с ене се жалам да му направам ручек на мм или да го исперам да го испеглам ајде лебот е најмал проблем го купуваме сега. Сепак сум виновна зошто сум и се одговарала на свекрва ми па жив човек сум а не предмет. Виновна е една мајка што сака да го заштити бебето (кажено ми е ако не одмарам дека ке се породам предвреме може да не преживее или ако преживее недајбоже ке има проблеми цел живот)
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Trudnickа млада си и имаш уште многу за учење.

    Прво викаш дека сте поделени, си имате секоја посебен спрат, ова ти е најголемата придобивка и олеснителна околност. Едноставно седи си горе, работи си ги своите домашни работи колку можеш и не се замарај бре дете со свекрвата. :!:
    Седи си горе и не се ни симнувај кај неа, на секој нејзин преречен збор опцуј ја во себе ако толку те нервира и не се карај. :!: На тој начин, со карање, ем се нервираш, ем и ја утвораш устата и на неа да збори. Бркај си работа и ИГНОРИРАЈ.
    Викаш дека имаш подршка и од маж ти кој ете почнал и платата да ти ја дава, се залага за тебе, имаш и подршка од свекорот и тој застанува на твоја страна...не ти треба ништо повеќе.
    Имаш шанска и прилика воопшто да не доаѓаш во контакт со неа, зошто уште и` се замараш и притресуваш толку. :^)
    Ако е мрзлива доле нека и биде хаос, ти кај тебе т.е. кај вас горе гледај колку можеш да средиш, онолку колку ти дозволува бременоста и уживај си.
    Домашните обврски ако добро се организираат и не се толку тешки, знам јас еве веќе скоро 2 год. сум дома, имам 13 месечно дете, друго дете кое сега ќе биде 2 одд. и трето дете т.е. маж ми :lol: кој работи по 12-14ч.
    Иако и свекор ми и свекрва ми се со мене, понекогаш исто како да ги немам, повеќе ми одмагаат него што помагаат, со совети и секакви коментари, ама се научив и отрпнав....ќе научиш и ти.
    Научи се да не се замарш и повторувам -ИГНОРИРАЈ, речи да, климни со глава и не приговарај.
    Разбирам, жив човек си, трпиш, трпиш, собираш и на крај пукаш....ама и да пукаш пукај во себе, не покажувај слабост. Слабоста е храна за некои како свекрва ти.

    Сега треба да бидеш најсмирена, собирај енергија и спремај се за непреспани ноќи....тешките денови да не те плашам ама тек топрва ќе дојдат.
    Добри 2-3 год. додека детето ти потпорасне ќе биде целосно зависно од тебе, него ќе му треба смирена мајка, полна со љубов и разбирање, а не со попуштени нерви.
    Вака ако продолжиш, со оваа лутина и нервоза нема да можеш детето да си го гледаш. Најсериозно.
    И престани да да и` се лутиш и да ја мразиш, разбирам после толку тешки навреди тешко е, ама мораш, едноставно мораш, за доброто на твоето дете, малку да се олабавиш.
    Имаш уште 2 месеци додека да го прегрнеш бепчето, посвети се на тоа, а не на свекрва ти и на месениот леб.

    И уште нешто-7 месечни бебиња преживуваат. Мојата најдобра другарка е седмомесече, како биволица е јака :lol: ова во позитивна конотација го кажувам, да не бидам погрешно сфатена. :!:
     
    На tessie, midnight.flower и vinozito1 им се допаѓа ова.
  19. trudnicka

    trudnicka Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    70
    Да ние сме поделени едните на едниот спрат другите на другиот подршка од мм и свекор ми имам колку и да ја избегнувам за жал скалите за на нашиот спрат не се затворени непоканета се лупнува горе и ако нешто е несредено право „што не си средила ма мрзливке цел ден лежиш„ Или кога се поделивме недела наутро со мм во нашата соба си спиеме голи и еве ја кај иде без да тропне во 5 наутро се лупнува со мм пропаднавме од срам сепак голи бевме. Додека ја трпев и плачев кога таа ме навредубаше уште толку повеке и давав сила на мм му велеше „Оваа твојана прталка уста нема да кажи нешто (подоцна па ке каже ме навредуа ме пцуе ) за да го сврти против мене ама мм знае дека јас никогаш не сум опцула некој а не пак неја. Знам дека 7 месечните преживуваат но ете мене лекарот ми кажа дека детето може да има здравствени проблеми ако се роди на 7 месеци.Игнорирам колку што се игнорира но понекогаш кога претерува нормалнио ке се одговорам да си ја затни муцката. Кога ме нарече неписмена само с енасмеав и и велам „СЕ ЈАВИ ПИСМЕНАТА ПА НА НЕПИСМЕНАТА И СЕ СМЕЕ„ оваа вели „Јас сум шетена жена цела југославија ја прошетав нормално дека сум учена„ тогаш искрено с еизнасмеав и и велам „ Џабе ти е шетаноста кога умот не работи„ поцрвене и ништо не и одговори.

    Пред неполн час мм ми се јави и ме прашува дали ке сум можела џигерче да му спремам за ручек му велам секако мили тоа барем не е тешко. Одам купувам џигер и се качувам дирек горе доле несакам ни да погледнам и го ставам џигерот во вода з ада попушти. За тоа време излупив кромид морков и патлиџан и ги ставам во блендерот на сецкање за побрзо да се исецкат на ситни парчиња. Вклучувам шпоретот и го ставам зеленчукот да се испржи вратата ми беше затворена и не ја осетив кога се качила горе свекрва ми и еве ја без да тропне кај се лупнува ми вели „Пак си ја постелила новата постелнина во спална луѓе :@ експлодирав што има да ми влева во интимните соби да види што има а што нема. И велам „Кој праша за да влезиш таму може гаките ми беа на земја оставени како така влегуваш во брачна соба јас доагам во вашата?„ Ми вели „Е добро де ти средувај си ја јас кога и да дојдам да не видам растурено„ Луѓе толку с еизнервирав и и велам „ШТО ТЕБЕ ТИ Е ГАЈЛЕ ДАЛИ МИ Е СРЕДЕНО ИЛИ НЕ МИ Е ТОА НЕ Е ТВОЈ ПРОБЛЕМ А УШТЕ ПОМАЛКУ ИМАШ ПРАВО ДА МИ ВЛЕГУВАШ ПО СОБИТЕ„ оваа ништо не одговори и ми се лупна на фотелја и седи ме гледа што работам и ај да не рече ме мрази снаата пак испаднав фер и велам „Нешто за пиење јадење сакаш„ Побара вода и дадов не пререков ништо. Поседе 10 минути и ми вели „од каде го читаш рецептот за јадењето„ и велам „Од мојата мајка го научив не го читам од никаде„ Ја смршти фацата не рече ништо и си замина. Значи нешто што ептем ме нервира е тоа кога некој ке влезе во брачната соба без прашање или да ми влезе без да тропне. Па боже мили може во тој момент сум се пресоблекувала. Ако таа сега ми влегува во собите додека сум дома можам д азамислам кога нема никој дома од мене и мм што прави горе еднаш ја приметив ми буричкала во гардеробата што оставила таму па ШТО барала. Мораме со мм под итно да ги заградиме скалите и да го клучиме спратот ова така не оди.Ајде велам срамота да ги клучам собите ама не бива од денес се под клуч ке ставам.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Savana93

    Savana93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    159
    А во сите овие приказни кај ви се мажите? Зарем не ве заштитуваат посебно сега кога сте бремени? Сигурно не сте се запознале на улица и what happens in vegas stays in vegas . Зарем не бевте свесни во каква куќа влегувате? Прочитав пост погоре дека девојката чека прво да живее во друг стан па да забремени. разбирам колку сакате деца, но како ќе бидат одгледани во такви адамс семејства? Трудничка јас те разбирам и сите други со ваквите проблеми не дека сум имала сличен ама размислувам како мене ќе ми биде понатаму. И мислам дека единствено можиш со МАЖОТ да направиш муабет или дури си трудна да одиш да престојуваш кај твоите родителите ако тој не сака да ти помогне, оти се што ни се случува сами сме го створиле и сами треба да го поправиме...