Не седиш еден месец за да видиш некого, штом свекорот останал, со намена било. Човекот ми изгледа како да е несмасен, не лош. Ама ваљда знаеш каков е од претходно. Епа зошто тогаш го викаш да чува деца? Или идејава е, нека чуваат деца, ама нека не мрдаат, не дишат, не пипаат, нека спијат пред врата. Следен пат бебиситерка и мирна глава. Ваљда. Ама нема да биде, пошо тука има друг поголем проблем, ако се чита меѓу редови.
Не е ова мало дете да му објасниш што е погрешно, ова е инат кој ми е многу добро познат. Растен е во такво време да он знае најдобро, абе ај. Ти во туѓа куќа би се осмелила да префаќаш, поправаш, да се праиш газда? Разбирам јас сакале да помогнат, ама граница ако се нема, треба некој да им ја постави. Јас на моите, тој на неговите. Ако не е спремен да се објасни со неговите, шо да праам јас со нив? Не зачитав многу детали, ама го разбирам револтот.
Некој кого не го поднесуваш, не го викаш да ти чува деца. Значи идејата била од мажот и. Не нејзина. Од ниејзиниот пост можам да заклучам дека да е до неа, ич не би сакала да ги види во животот. И со право. Некој да ми остави само дете тука во странство кај шо знаеш какви се законите, па има на улица да го измарширам. Малку е тоа шо се дерела на маж и, иако заслужил.
Види женска никој овде не е прост ниту пак Германија не е некое скривено тајно место па да не знаеме што се случува. Децавс биле 10мин сами дома, не пола ден ко што превртувате сите. Немој да ми кажеш дека дете од 8 години не знае да исклучи шпорет на пример. Тогаш ќе треба да збориме за нешто друго. Дебатирам срцка, секако тебе не ти се допаѓа мојот начин ниту мене не ми се допаѓа твојот начин па не те набедувам.
Стариот згрешил, она му укажала и тука е крај. Што има двајцата да му се дерат на човекот? Еден му кажал. Да е татко и и да го оштетил лавабото да видиме дали ќе и беше океј маж и да му се дере. Уствари, лудо е за материјални работи со луѓе да се караш... Ама се и било марка дома. А она со однесувањето ич не е марка. Кога се прави се од 0 и двајцата партнери страдаат. Она може работела, ама он чувал деца и учел. Да не било така, децата ќе и беа цело време по градинки болни и ќе седеше и она дома да ги чува а мажи ќе беше амал. Човекот ем деца чувал, ем учел јазик за да се вработи на салам место кај што ќе напредува и ќе носи повеќе пари, па сеа немаж бил. А нејзе и е тим лидер, па може и тука е проблемот.
Членкава е его трипер. Не може да поднесе што мажот и на крај испаднал поуспешен од неа. Не знам што се филма што успеала,ни работа ни школо завршила, куќа на кредит , што тоа успеала и тој работел две работи додека таа чистела, нашол работа по струка. Типична гастрбајтерска приказна. Е таа останала во место после 7 год. Тој успеал, нормално образован ќе бара во струка, не ќе разнесува карго или ќе дига пакети во магацин. Безобразна е без почит кон сопругот си тера некакви инаети. Не му дозволувала неговите да дојдат и нему ке му го спакувала куферот. Искрено, јас неа би ја спакувала и би ја пратела во селото од кај што дошла. Драма. Стариот згрешил, таа се јаде жива што маж и не го решил како што треба. А еден месец ги посетиле во год. Па сега театрално драматизира, не го пуштила детето , ќе спиела во хотел не знам што. Си има проблем сама со себе.
Знајте кој е проблемот, шо оставаме мажите да ни ги решаваат проблемите те со мајка му, те со татко му. Не треба ќутење. Го имам истото поминато, но маж ни гледа, ни слуша , ни сваќа... Треба остро ко со секој друг да му се напомени за грешките кои ги прават, па и дури да се налути човек и да не му појди, посебно да се работи за мое дете. Отвараш расправија, му возвраќаш како шо си заслужуваат, трескаш врата и не чекаш на мажот. Си собираме многу. И тек после некој ден на врата тропа расправија со мажот за неправдата шо се случила и они те испровоцирале за шо заклучно се само тие криви. Ми се случило многу пати да се карам со мм заради нив, само си викаш ај од почит ај тој нека среди, тој нека речи нешто и оп ти идат бурни емоции и мислиш па до него е, нормално тој е крив. Но оние да не дошле немало тоа да се случи. Ако доаѓаат ќе му најдете апартман таму да си седат. Кога одите нема шо кај нив да седите ако ги знаеш дека секој ден ќе има кавги. Има станови ќе си изнајмите, некое кафе може да се испие со нив, за ручек има ресторани ете да речам ќе се видите и децата да се видат. Но толку да те вадат од кожа, сега вие појдени таму животот ви тргнал, и они да ви прават проблеми. На проблемот залепи му шлаканица не на бракот, не дозволувај ни за со деца не му давај таква одговорност да ги вардат пошто не можат, не се способни, барем да ги земел децата со него ако толку му е до шетање дојдено или да ве праша.
Значи ја браните само вие идеалните. Трагедии биднуваат и пред очите на родителите. Во мк и таткото и мајката да ги чувале , пак тоа било во станот на дедото. А замисли деца колку се внимателни, душички сигурно како мајката ништо не помериле. Ако толку била силна што не седела под кирија во мк? Дедото сигурно со 2 деца можел на се да пази. Ако не чувам нечие дете можам да седам со скрстени раце, ама чувајќи деца некогаш мора и у плакар да отвориш ако мајката не ти оставила се. Членката драми, плус од љубов ни Љ нема меѓу нив. Да спие на гарнитура треба ептееен причина а не татко му што нешто оштетил.
Истото го сватив , не е само кај нив, сите успешни со кредити до гуша и метла во рака. Не е за потценување ниедна работа амаа големите госпоѓи што сега во странство чистат во мк ни во маркет не би работеле од што тоа им е испод чест.
Таму работат во маркет оти „никој не ги знае“, ама тука плукаат по касиерките. А ко демек па Германија една голема што е и ко ништо да не се знае.
Ае збориш за странција ама никако да сфатиш дека зборот сфати се пишува со Ф а не со В. Понижувачко малку нели?! Јест, знам ја како је то. Е сега не моеш да споредуваш плата вамо и таму, секој сака убаво да живее. Али една Германија,ладно,дождои као ви се живи само… големата Германија пола од нив од социјала живеат, мини џоб и да не набројувам. Многу бенефити има такви нема ни да се оформат у Мкд, факт!
Знаеш зошто е така? Затоа што постои стигма во МК дека си необразован, неамбициозен, неснајден ако работиш во маркет или чистиш. Зошто кога ќе те видат каде работиш, госпоѓите од големото добро утро ќе те оговараат кај стигнат. Воедно и платите се ужасни. Додека пак не се така ужасни, а и нема Стојанки да мрчат, кога работиш таква работа во странство. Друга причина е што одредени струки не се признаени, па мораш да работиш нешто вон своја професија а и јазичната бариера си го прави своето. Така да, не дека им е испод чест, се срамат да го прават тоа во МК од горенаведените причини.
Абе доста веќе... Бев ,видов ,се вратив. Недај боже на доктор да треба да идеш, Парацетамол даваат и за температура и за чир на желудник. За плата ли се оди у странција само ?
Абе за грешки во пишување сите сте детектори, браво. За колку е убаво во странство исто. Но се тоа не е муабет тука. Работа, странство се е личен избор, образовани или помалку образовани исто така. Ние не се ни знаеме па до утре може да се препукуваме, пак секоја повеќе или помалку задоволна од животот ќе си легне мирно да спие. Жената дојде по совет, ништо не прифати, и тоа ти е. И тука да е , и како кралица да ја носи маж и, пак ќе е незадоволна.