Не си размислила дека можеби премногу лекарства пак даваат во МК? Докторе, ме боли влакното на левиот мал прст, на ти антибиотик. Битно, ти пројде ли? Ние сме учени и за прднување, се да ни препишуваат. Јас исто така размислував, но можеби и овој систем не така лош. Ако навистина имаш проблем што не проаѓа со блага терапија, те испраќаат во болница на други тестирања. Не е така баш како што пишуваш.
Сум размислила и не ,не даваат кај нас туку така лекарства . И да,факт е дека имаме добро здравство и добри доктори за разлика од многу Европски земји . Бев. Видов Со мало бебе дехидрирано од повраќање не ме примаа ,ме лечеа по телефон.
Точно е, имаш право. Пошо они веруваат дека се можи да се лечи природно, само посериозни случаеви ги земаат у обѕир. Ако збориш за Германија.
Како не даваат? Оди во аптека во Чаир, од антидепресиви до антибиотици се може да земеш. Колку пати ќе се слушнам со другарка ми, секоја втора недела детето антибиотик прима. Ајде бе. Као само бактерии да има, а вируси не виреат на македонското тло. Јас сум против земање на се и сешто, може затоа ми одговара. Но, кога сум била сериозно болна, сериозно пристапиле. Воедно тоа што те лечеле по телефон е затоа што системот е преоптоварен. Секојдневно доаѓаат иселеници, а кадарот е тој. Нормално дека следат приоритети, ако била сериозна ситуацијата верувам дека ќе те упателе во болница.
Епа ете за пример е ова, џабе и да живееш посебно, и во друг град, и во друга држава, некои пак ќе ти се мешаат и ќе ти реметат мир. А не само научиле "иселете се, создадете си свое, никој нема да ви се меша", аха сигурно, и преку океан да си некои ако се такви ќе се мешаат.
Сепак според тебе, бебе дехидрирано од повраќање не е толку сериозно? Збориме за бебе така рече членката
А како ќе знаат дека не е сериозна ситуацијата ако не го прегледале детето? Кај нас малата кога дехидрира, одма ја вклучија на инфузија и крв и земаа. Ако не е сериозно дехидрирано бебе не знам што е според тебе со оглед дека малите бебиња најлесно дехидрираат бргу
Јас не знам што се случило. Мене секогаш кога ќе се јавам, ме прашуваат дали пие течности. Ако кажеш дека не, веднаш те превземаат. Дехидрирањето го сфаќаат многу сериозно. Така да, штом детето е сега добро, а не била потребна медицинска нега, не било дехидрирано.
Не е темава за тоа. Верувам ке ни избришат мислења ама во живо сум сведок на задоцнето почнување со цврста храна кај бебиња и воспоставување на ред за јадење и за све живо и диво зашто таму немаат секој месец преглед на педијатар за здраво дете. Другарка ми се врати од странство па дојде овде на педијатарски преглед. Така да знам како е не ми кажувајте.
Арабела, збориме за бебе. Ти се молам и да пие вода,чај ќе поврати. Значи не му прима организмот течности. Случајот е сериозен. Е сега факт е дека они си имаат друг систем на лечење.
Океј, ти имаш друго искуство,секој различно. Ако ти кажам дека роднина со грип ја пратија дома да седи. Со температура 39, се исцеди женава максимално и мораше да си бара чаре. Повозрасна особа, што па за бебе.
Така де, ти знаеш, ние што живееме надвор од МК, појма си немаме ни кај сме, ни како сме се нашле, ни како лечат, децана ќор доктор не ни виделе....Испадна Македонија рај на овој континент. Сите таму најпаметни, овие најглупи. Затоа им живеат по 100 години, поради глупоќа на доктори.
Битно е од кај иди проблемот и кој реално е одговорен за пропаст на бракот. Не дека ако не си мажена нема да имаш проблеми со луѓе и се ќе ти цвета во животот. Ќе се најди некоја пречка која треба да се надмине во брак или не, ќе се испречи нешто, но сигурно тоа нема да се постигне со ќутење, дозволиш некој да те турка, и ќе те турне на крај ти ќе бидеш доле.
Тоа само ако и нејзините кога ќе дојдат ги смести во апартман. Зошто да не ги прими дома? Ради нејзини каприци? Не даваат за се и сешто. Писмени се нашите доктори. А тоа што можеш да земеш се од аптека во Чаир , па мора така поради вас дијаспорците, кога се враќате назад со куфер лекарства во залиха, од апчиња за алергија до антибиотци, кафетини и дијазепами. Ајде ко да не знаеме за кого даваат под рака лекови.
Членката сакала силен маж, не ,,папучар според нејзиниот опис, таа е револтирана бидејќи нема таков маж. Никој не ја натерал да се омажи со нејзиниот сопруг. Кога живеела со родителите на сопругот убаво и било мали деца кога кршеле околу и пакост правеле сега ја штити нејзината палата кога се стари свекорот и свекрвата. Банални работи направиле може да се поправат, не го зема фактот што човек во години можеби сакал праски за него и си отишол да купи. Од каде знаел дека ќе има таков проблем ? Сега е на висока нога и нема почит кон постарите. За вакви работи не спие со мажот...
Точно. Работам во аптека и точно вака е како што кажуваш. Антибиотици таблети и сирупи по неколку носат нагоре оти таму не давале