Не се решавале проблемите со казнување, па и вашите деца ги казнувате ако направат нешто, со тоа што не ги пуштате надвор да си играат, не им дозволувате да гледаат тв, па закани ако не се мирни нема да им ја купите омилената играчка. Значи деца смеете да казнувате, ама мажот никако не треба да се казнува, може да се расплаче.
Со мажот како возраен треба да се разговара , ама ете во овој случај не помага. Јас еве почнав последниве 10 мин да размилсувам јас ако се најдам во ваква ситуација што би било. Вајда ни на маса нема да јадам со него и ќе размислам дали ќе останеме заедно ако се работи за долг период ваков. Сите би реагирале исто ама не се признава тоа. Повеќето што ги читаме го имаат истиот проблем ама сега делат друг совет.
Во туѓа куќа снаата мора да ги трпи правилата на свекорот и свекрвата, во своја куќа пак треба да ги трпи, и снаата цел живот ќе си трпи...
Да да, тоа е клучно за здрава врска, да си ги казнуваме партнерите. Види, јас сосема те разбирам зошто те нервира некој кога не сака да се позамара за нешто кое што сте го створиле. Треба и на свекорот ќеф да му е за вашиот успех, не да му е гајле дали ќе ви уништи нешто или не. Ама не е решение викање, пцуење, казнување. Веќе кога спомна психолог добро е и тој да посети, посебно за да може да се ослободи од таа вина дека ќе ги повреди родителите, дека ќе плачат, емотивни биле и слично. Е сеа ако и после тоа човекот не знае да пресече и да ги седне и да им објасни со убаво за да се смират страстите малку не знам што да ти кажам. Пак ќе се вратам на моето, сама треба да си одлучиш што ќе правиш. Што и да правиш, пак ќе ти повторам, кавгите си се меѓу вас и меѓу вас само.
Трпела жената и му викала речи им овај не ќе плачат,ама овие не се трпат повеќе.Па нема да спие за што и е само за да спие до него и да трпи глупости, кога не може да ја заштити како маж,за се таа да му трча.Гален од неговите и сега сака жена му како мајка да го гледа.Ако е маж машки нека се однесува.Секој така би сторил па веќе основен ќе ти стане и маж и се,оти секогаш мора да попушти и направи жртва жената. Баш ме интересира дали вака и кај ќерката уништуваат и гребат,ги оставаат сами децата дома,па прават да пружат мекици и да се однесуваат како газди во туѓа куќа,зетот дали ќе ја моли ќерка им да им рече да се приберат,а таа пак му вика неможам да им речам ќе плачат.А и ќерката дали би им ќутела.
Јас потполно ја разбирам бидејки и јас имам еден мамин син дома....многу се сакаме и се грижи за мене за ќерка ми ама секогаш мајка му е во право за се . Мајка му по цел ден си гледа тв турски серии,мене тоа не ми пречи но јас одам на работа 8 саати ,се враќам од работа правам ручек, раздигнувам по дома , чистам и на двата спрата ,ја спремам ќерка ми ,излегуваме да шетаме обавезно секој ден (само јас ја шетам бидејки мм работи од дома од компјутер и мора да е нонстоп активен ) се враќаме,ја туширам ќерка ми ,вечера спремам, перам ,пеглам,двор средувам, и никако не сака да ми помогне барем кога ке си дојдеме од работа ручек да има ...мене не ми е тешко ,ама мака ми е што не го ценат мојот труд и грижа за фамилијата...А маж ми не ни очекувам да се смени бидејки тој си е син на мајка и јас ништо ама баш ништо не коментирам на таа тема со него бидејки кога и да му кажам нешто секогаш јас крива. Одлучив да не си ставам ништо на душа.
Ако жена казнувала маж... здраво било... така и со деца се правело... Ама да речеше маж ја избркав од спална жената, и и реков дека ќе и ги спакувам куфеите и од дома ќе лета оти знаете - добра мајка е, добар карактер, грижлива, посветена на семејството се ОК.... ама ќе ја избркам оти не е превземителна јас колку што сакам, и око не ми трепнува. 100% сигурна сум немаше да речете, ако ја казнува, и децата така си ги казнуваме, мора ум да и дојде. Ама двојни аршини. Брак е заедница меѓу двајца возрасни... и ко шо го третираат неговите ко дете, така и женава го 'казнува' ко ќе не е умен, оти децата така исто се казнувале... и после чудете се оти бил повлечен и непревземителен, не бил маж силен, јак, цврст.
Добар совет мислам дека и дадов, а тоа дека членката е многу толерантна, си собира, а се работи за нејзин дом и нејзини деца. Јас не дадов совет како многу други дека разводот е решение и тој дека треба да спие во дневна, јас велам дека треба да се соочи со проблемот односно со нив, кога ништо друго не се презема, кога со убаво не се решава таа има право да искаже револт пред неговите и нормално да се налути, а тоа и да значи дека нема да седат кај нив ако сакаат да ги посетат, но ни тие кога идат во мк пак мораат во нивна куќа. Со шо ќе се запази времето поминато со нив и за повеќе мир во домот.
Материјалните работи се купуваат и имаат цена лугето не, за жал некогаш ке ги нема па ке ни биде криво за секој лош збор наглас кажан. Какви и да се лугето родители се и не секој е ист еден е посмасен друг не затоа е светот каков што е шаренолик.
Aa ne ne sum budala on da se stedi a jas da se raspravam ne ne i jas ke si svirkam i ke se pravam luda kako maz mi deka nema problem. Zasto pak jas da trpam stresovi razgovarajki a i na kraj sigurno ke se skarame ? Vaka neka se objasnuva on na negovite zasto ne idam jas i decata, nemu [ na maz mi ] ne mu branam da ide so saka neka pravi.
Оваа работа може самп маж ти да ја среди,џабе ќе викаш ти.Само на игнор стави ги,кога ќе дојдеш Мк шетај си гледај што помалку време да врвиш со нив. Јака ти душа како ги трпиш и да им речеш нешто ти ќе си крива уште кај трпиш разни глупости.Искрено се прашувам дали се однесуваат како шерифи и вака праваат и кај золва ти.
Остај го он нека си оди кај нив. Ти нема потреба. А и зошто да одиш кај нив? На одмор ли одите? Па каков ќе ти биде тој одмор кај нив кога се ќе мора сама да чистиш а они ќе праат гомна? Седи си тамо кај шо си, поарно оди плати хотел со базен во некој друг град отколку кај нив да одиш.
@ImagineDragons Верувам дека имаш многу добри страни, како што си се опишала. Нема ништо лошо да се пофалиш со успехот и да си амбициозна (да си борбена како што викаш). Во ред е и да си горда на материјалното што си го обезбедила. Се чуствуваш дека не може да трпиш срања, затоа што си остварила зацртани цели во животот и тоа ти ја подигнала самодовербата. Си докажала на себе дека си самодоволна. Твојот однос сега е реакција на твојот однос од порано. Балансираш. Ќе балансираш повторно и понатаму. Би ти препорачала само да внимаваш да не ја претераш. Внимавај на патот да не ги заборавиш тие околу тебе што ти помагале (колку и да било тоа). Моментално си таму каде што си емотивно и можеби не можеш од моменталната перспектива баш сега да видиш, но верувај ќе дојде моментот кога ќе сфатиш дека најсилните и најспособните се тие кои не секогаш одат во борба, туку некогаш прават компромис. Дека некогаш е подобро да не реагираш никако, отколку да реагираш одма. И тоа не значи дека си дозволила да те гази некој, туку дека ти си била доволно паметна да ги решиш проблемите тактички. Тоа што некогаш нешто ќе се преќути, особено за материјални работи кои се купуваат со пари, (па макар и во вредност од две плати да биле) значи дека твоите вредности се на вистинското место и знаеш дека луѓето се побитни и односот со нив е побитен од предметите. Сето тоа не се купува со пари и не се стекнува преку ноќ. Пр. за татко му на сопругот - постарите луѓе во принцип се перцепираат себе како посупериорни од своите деца и од помладите воопшто, зошто имаат повеќе искуство од нив. Иако тоа не значи дека занаат најдобро, зошто некои нешта не зависат од искуството, тие тоа нема никогаш да го признаат. Сите си имаат свое его и своја гордост. Додај ја на тоа и желбата на постарите да бидат корисни и да се осетат потребни (пред се на вас). Имаш некои негативни емоции кон маж ти сама си кажа дека си приметила дека ти пречат некои негови особини, но како се однесуваш ти кон него заради тоа, не е во ред. Конечно ти си го одбрала за сопруг и си го сакала каков што е. Мислам дека си заборавила на неговите добри страни и си ги потценила работите кои тој ги постигнал. Си заборавила да чуствуваш емпатија кон него, да му дадеш признание за тоа што го направил. Ти можеби си го мотивирала да се ангажира, ама сепак ТОЈ ја сработел работата. Тоа што тој го постигнал е исто толку вредно колку тоа што ти си го постигнала (иако подоцна можеби). Во брак успехот на едниот е заеднички успех. на пр. начинот на кој гледаш на неговото чекање за работа во струката.. тоа било заедничка жртва, за заедничка корист понатаму и веројатно на долги стази е попаметно тоа што не прифатил било каква работа во која можел да заглави. Не можеш да смениш некого. Или ќе го сакаш каков што е или ќе го оставиш ако тоа толку ти пречи. Не можеш ни да го критикуваш за тоа како тој се однесува кон неговите, тоа е негова проценка, нивни однос. Ти може да разговараш со него за тоа, ама со присила нема да смениш ништо. Пак ќе речам фали малку емпатија. Стави се пак ќе речам ти на негово место да беше обратна ситуацијата, дали ќе сакаше тој да те брка од соба, зошто ти не се однесуваш со твоите родители како што тој сака. На страна она за децата, но за другите нешта можеби не сметал дека треба да прави голема бука. И тоа за децата - фино ќе сте си го седнеле двајцата татко му, без многу кавга да му објасните дека овде законите се построги и кои се последиците ако х, у. Сигурно пред да му се остават децата на негова грижа, да му се претставела на тој начин опасноста, поинаку би се однесувал. А ако и покрај тоа не ги чува како што треба, тогаш нема да му ги оставаш на чување и тоа е тоа.
Ама на крај пак вие ќе се расправате и таа негативна енергија, се таложи и испливува на површина меѓу вас двајцата. Тој ако си ги пази родителите биле емотивни па ништо не сака да му речи, не значи дека мораш и ти. Тебе кој те прашува како се чувствуваш? Се грижат за твоите чувства и стресови? Се прашуваат дали ти ќе се навредиш или не? Дали имаат и мала одговорност да речат извини не знаев. Зборувај со психолог, ќе ти даде до знаење дека треба да си ги искажиш емоциите пред нив, да го решиш конфликтот со нив и да поставиш граници. Тука треба да се вклучи и мажот дека треба да е маж и да работи повеќе на себе, да се цени повеќе, да те цени тебе и домот кој шо сте го изградиле. Не само ти да одиш туку одете заедно.
Eпа зошто снаата не смее да зуцне во куќата на свекрвата, и не смее ништо да направи како што сака, М? Што е снаата помалку вредна, од небо паднала па ќе ја малтретираат? Да, материјалното се купува, точно, ама тешко и се печали, а снаата што ќе се разболе од нервози, или што е важно тоа, важно родителите на мажот да бидат среќни, кој ја врти снаата, туѓа е таа. Ништо не им е на старите, поотпорни се од болести, млади умираат од 30+, колку мајки оставиле мали дечиња, ама што е важно тоа, важно старите да не се нервираат
Според напишаното делуваш арогантно бидејќи напишаното Е арогантно...тука луѓето коментираат објективно на тоа што го читаат, никој не те знае приватно за да го оценува твојот комплексен карактер, ама од сѐ што напиша тука се добива впечаток дека имаш потреба да се истакнеш додека го омаловажуваш маж ти. Бидејќи ја читаме само едната страна, невозможно е да се каже дали маж ти е стварно толку пасивен или не, ама може да се каже дека ја бараш секоја можна прилика да се истакнеш колку повеќе си направила од него. Уствари твојот проблем е што го презираш маж ти, свекорот е секундарен. Малку си престара за да го обвинуваш хороскопот за твоите испади. Па не е, се согласувам. Ама ти си се омажила за тој маж и веројатно кога си се омажила си замижала пред тие негови карактеристики за сега да очекуваш магично да добиеш нов човек покрај тебе. Зошто се омажи за него млада(според годиниве, претпоставувам пред 25) ако знаеше дека ќе живееш во детска соба од 10кв и ќе треба неколку години да ги трпиш неговите? Навистина не можам да разберам зошто луѓето влегуваат во брак во услови кои ги мразат и после очекуваат дека нештата ќе бидат поинакви. Ваљда некои прашања треба на време да се разговара а не да се туркаат под тепих и после години вака да излезат фрустрациите. Ти си ја гледала нивната семејна динамика уште кога сте биле во врска и си знаела во што влегуваш. Апсолутно се согласувам. И не е во ред тоа што се очекува да е така. Ама не заборавај, дека вистинските жртви ти се децата. Со урлање, со дерење, со одмаздување и бркање од соби ги трауматизираш, вистински. Размисли која тежина ја оставате врз нив и што ти е приоритет. Здраво решавање конфликти или натпревар.
Многу сте огорчени смирение, трпение и спасение. Верувам дека за сопствените родители вака жолчно нема да реагираме и да се изразуваме, а факт е дека и дома неможеме со нашите родители некогаш да се разбереме и на крај да испаднеме не пак со некој со кој што допрва се запознаваме. Во животот некој ке спечали на полесен начин некој на потежок начин ама сепак голи сме дошле на овој свет голи ке си одиме.
Ама тоа никад не се десило. Жена кога ќе се омажи инстантно станува свесна за тоа кое и е семејство, па и ќе го заборави она од кое произлегла ако треба, маж не може. Луѓе сме и како такви растеме цел живот. Се менуваат односите, за мирна глава. Чекорот мора секој да го направи со своите родители, јас ништо не можам да направам околу тоа како мажот ми комуницира и ги доживува неговите, колку нивните глупости го допираат или нервираат и како се справува со тоа. Имав ситуација да мм го болеше глава ради нивни глупости, ама ништо не можев јас да направам дури тој не го смени начинот на кој ги процесира нивните муабети. Точно, со присила нема да се смени ништо, треба него да му текне.
Да, да, голи сме дошле и голи ќе си одиме, битно е додека сме живи да дозволиме некои калаштури да ни се качуваат на глава. Јас и мајка ми ја имам избркано од дома заради тоа шо цело време ми тропаше глупости а не па некој друг. На овие сегашниве свекори не им ни дигам на тел. И фала бого, мирна ми е главата, немаш појма колку ми е мирна.