Епа што тука паметуваат дека снаата се тупнала кај свекрвата ако материјалното не е важно? Сигурно и куќата нема да ја однесе никој на оној свет, сите сме гости тука. Многу сте дволични, снаата да спечали, да си има свое, еве отишла илјадници километри далеку, и пак и се мешале. Нели ако живее во свое никој нема да и се меша?
Чекај малку. Ти од маж ти не очекуваш да ти помага, ама од свекрвата очекуваш? И зошто им го чистиш нивниот спрат? Маж ти толку нема 1 час слободно време за да прошета со вас или направи некое јадење набрзина? Каква е таа работа 24/7 не ми е јасно. Туку си нашле и тој и мајка му слугинка па си кротат и двајцата, што убаво им е како гости да се
Све све, ама ова со марките, па и слики...пошто ако ете она утре оштети лавабо на гости купено од продавница од Чаир, изгледа не мора да плаќа и да се замара.
Да таков е животот полн со амплитуди а многу помалку со рамна линија и ке тропаат глупости и мајка, татковци, пријатели животот е предизвикувачки и треба да се научиме да се носиме со секој нов предизвик некогаш повеке некогаш помалку успешно. Посебно во ова време невреме и кога си родител мирна глава многу поретко е возможно да се има.
Затоа што ваљда очекувале дека е привремена ситуација а не трајна. Затоа што и јас се омажив кога се омажив со планирани 28 квадрати, ама не мислев дека се трајна туку стартна состојба. Инаку никој не треба да се мажи/жени до пред пензија Мислам, никој освен милионерите.
Преоптеретени сте кој каде е,а и домазет ако е вашиот сопруг можеби истите работи и теми на разговор ке ги има мора некои работи да се надминат да се прават компромиси, а не само бескрајни огорчувања. Во животот неможе се да се стави на вага луге и да се мери ако го правите тоа никогаш нема да бидете задоволни од ништо.
Убаво ми кажа,тој си наоѓа само работа ако не е на компјутер тогаш е низ двор си копа се занимава со нешто...а мојата свекрва цело време ја болат половини,рака,нога,глава, ама битно за да оди кај пријателки на кафе не ја боли ништо ... не ми е тешко да си работам по дома ,јас тоа си го правам за мојата фамилија затоа што и така сум воспитана од дома ...не сакам да има кавги , сакам мир и ќерка ми да ми расте во мирна и позитивна средина затоа и замолчувам на се...
Што знам, она самата си пиша дека да не преземела иницијатива за странство уште ќе си живееле со нивните. Нормално, едната страна ја читаме тука, ама се чини дека таа ситуација имало големи шанси да е трајна.
Да, да, затоа ние ќе фаќаме разни болести од некои си таму што својот живот си го иживеале, наместо да уживаат во староста, тие ќе им се мешаат на младите, и ќе ја нервираат снаата, а со тоа си го нервираат и синот, ама толку разбираат. Родителите важно биле емотивни на мажот, а децата негови и жената што се важни, епа не боли исто за родител и за дете.
Ама уште не сфативте која е разликата. Ако нашите се мешаат нема да ни биде страв да им кажеме на родителите наши, за разлика од мажите, емотивни биле, леле, леле, а снаата нека фаќа 300 болести од нервоза. Можеби еден ден нема да се замара за вакви работи, ама ќе биде доцна, џабе е се потоа.
Дур нѐ учат да ќутиме и нашите се криви да речам. И мене, ќути, јазикот. А другите? Како папуча да им е?
Епа преземала иницијатива, стегнала заби, состојбата била привремена. Тој бил пасивен, у реду, секогаш едниот води, другиот следи. Би и било полесно да бил малку поактивен, ама не е. Ама односите со родителите и повлекувањето црта секој со своите треба да го направи. Јас можам да претпоставам дека маж кој после 10 години брак е сеуште неспремен да комуницира како возрасен со своите родители е too much. Мислам, некогаш им требаат и по 20 години и фазла, ама еднаш на сите ќе им текне. Тоа сепак не можеш да го знаеш пред да влезеш во брак, колку време ќе му треба на мажот да сфати колку е саатот .
Да се разбереме, јас лично никаде не ги оправдав старите во ситуацијава... и реков, и мене би ме фрустрирале 100%. Се што пиша за нив, би ме напнало и мене... НО, мислам дека премногу се нафрли на сопругот. Секој човек има мани, и според членката што кажа, освен што е повлечен и иницијативен но не толку колку таа што сака, други мани нема, горе долу. Јас не би си го расипувала бракот со кавги, бркања и закани заради толку. Особено со човек кој не сака конфликти, одличен начин да се комуницира без кавги, да се решат смирено работите. Ако бил од дете до возрасен третиран бебешки од неговите, тој има ментална блокада да се спротистави, сметајте го како груминг на некој начин. Но, не значи дека тоа не може постепено да се реши, со разговор, поддршка кон него.... бркање и закани - само би ја влошило ситуацијата. Не знам... јас добар човек, грижлив татко, сопруг кој работи/придонесува/се грижи за домот и сите останати добри работи, не би го пцуела заради една мана, туку би пробала заедно да ја надминиме. Тоа е уствари поентата на партнерството.
Убаво си пиша членката, таа трпела порано кога живеела дома кај нив во една детска соба, со бебе мало, додека имало можности да имаат нешто повеќе тие собата од сестрата како шо разбрав ја заклучувале. Срамота.Себични. Ништо не му обезбедиле. Тие му плаќаат и летот и подмирување секакви трошоци, даваат подароци. И оние не умеат да ценат, се шо тие постигнале самите на себе. Немаат никаква почит за трудот вложен. При шо мислам дека не му е ни до чување деца дојдено туку да си излезат и да си прошетаат. Па да ги земеше до продавница, да му купеше по некој сладолед на децата, да ги прошеташе. Не не му е до децата туку за нив да си се изнашетаат, да си се понашаат ко шерифи во туѓа куќа а вие по нив да одите, од готвење, чистење и да не се капат, немогуче.
И јас на почетокот многу се замарав и нервирав, не дека и сега некогаш не ме вадат од такт, ама си велам "еее колку сум била будала што сум се нервирале и замарала", ама џабе ми е се кога се наполнив со нервози. Сега ако нешто ми преречат, и јас им возвраќам, нека се нервираат и тие, доста се нервирав јас. И не, ќутењето не е злато, ќутењето е чир на желудник, инфаркт, и што уште не. Затоа стариве си тераат 100 години, ние ќе се полниме со болести.
Не знам веке како да постапам, не сакам стресови пред ќерка ми затоа секогаш се воздржувам . Не сум таква јас да се расправам ,премногу сум емотивна и одма плачам и се ми се собира .... и само да нема кавги . Инаку се омажив на 21 година еве веќе три години сум таму и се е како што ќе каже свекрва ми.
Ако треба да одиме да се прошетаме до некаде мм и мајка му ја зима со нас без да ме праша..никогаш немаме излезено сами како фамилија 3цата. Каде ние таму и мајка му .