Третманот со незборење е пасивна агресија. Третманот со бркање во дневна и бркање со куферот пред врата е агресија. Пцуење мајки,шајки до 13 колено е агресија. Третманот ЈАС да не бев, ЈАС сум многу храбра, борбена, а тој не е 1% од тоа е нарцисоодно,бидејќи и тој постигнал,работел две работи и се вработил по струка, за да купи лавабо кралицава, не е нејзина куќава за да го брка ! Не го почитува, не го цени, нема никаква емпатија ниту чувство за него ,а тој што го сакаш не му вршиш психичко насилство. Тој е жртвата не таа.
Да, сите се жртви, дури и татко му. Да им се случело не дај Боже нешто на тие деца дур не бил тука тој дедото, да ве видам што ќе зборевте. Може и она да почне да плаче ако не, место да урла. Ама и за тоа овде ќе ја најдете крива. Значи врти го како сакаш, жена си, ќе ќутиш, ќе трпиш, секако за се си крива, помири се.
Епа ај ако не уште 15 години нека седеле у собче од 10м2, зашо маж и не му текнувало од мама и тато да се оддели на 40 год. Абе што ви е жени? Како може да се оправда вакво понашање од старите, и од мажот и? Јас немам лавабо од 500€, чини 50€ и да дојде некој туку така да ми го скрши или изгребе, ќе се испокарам, и со моите се карам ако ми смета нешто, што треба да ќутам на сите небаре они ми поклониле се па треба да ми кршат и уништуваат. Јас и маж ми за тие 50€ работиме цел ден по 12 часа, и ај ве молам не ми солете памет како е добро да доаѓа било кој и да ми паметува во лично моја куќа, па уште и да ми уништува работи кои сум си ги спечалила со пот! Не ни треба да ми чува дете, како што ги нема 11 месеци во годината, за тој 1 месец ич не ни требаат да се присутни!
Aбе добро една работа да се уништи, ама не 10, и притоа да нема извинување, па барем извини се. А и маж и можел да им каже да вмимаваат, негови родители се де, јас не знам што е тука страшно навистина, јас кога одам кај моите или на мм неговите, внимавам на се, така треба и тие да внимаваат кај мене, ок човечки е да се погреши, ама не сто пати, и не без да се извини тој што ја прави штетата.
Членката беше до право до некаде што свекорот и го уништил лавабото, ај што и го уништил туку и пробал да ја поправи штетата и уште толку го доуништил. Не е во ред точно. Ама вие тука што рипате дека ќе се испокарате со вашите ако нешто ви уништат ненамерно не сте ми јасни право да ти кажам. Еве мене девер ми нова плотна ми ја уништи со врело тенџере. Криво ми падна оти само што се вселивме се случи ова, ама не ми падна на памет да се карам со него со мајки и шајки. Светица сум нели. И знаеш што е најинтересно? Што маж ми кога ја изработуваше нивната кујна исто ја оштети вратата. Ни девер ми не изреагира. По ваша логика требаше браќата да се скарат за нешто што се случило ненамерно и несакајќи.
Не не треба да се скара, ама може да се извини, членката ги трпи 1 месец дома, и тераат инат, и триста пати кажала на маж и да разговара со нив, ама тој одбегнува, како мало детенод 4 години. За мене е ова недозреано, да не можам да им кажам на моите родители што ми смета, боже господе ми е. Секогаш сме кажувале што ни смета, и сме се карале и сме се смееле. А зошто да ќутам и да се правам дека ми е ок што ми ја скршиле плотната, а при тоа да се нервирам поради тоа? Ќе си кажам што ми сметало и пречело, па ако сака нека се преврти светот. Се случуло и јас да погрешам, и се избинувам ако ништо друго.
Да се случи еднаш, два пати, три пати, на несакајќи, ајде ќе премижеш и ќе проголташ. Ама нонстоп тоа да се случува, верувај ќе ти дојде преку глава и ќе сакаш да ги задавиш. Ќе истрпиш неколку пати, ќе разговараш, и пак ако продолжуваат со исто, и ти ќе одлепиш. Не верувам дека ова им е прв пат да расипуваат нешто кај членката. На неа и е насоберено од сите глупости и пукнала веќе.
Не се караме ама пак и не ми е сеедно. Пред 2 години внучето на сопругот од сестра во една недела на поседок преку 100 евра штета направи, во расипани и скршени работи. Не реков ништо затоа што и онака доаѓаат преретко. Во различни држави сме. Ама јас си знаев за тие 100+ евра колку труд вложувам.
А зошто ви е толку тешко да сфатите дека стварно има луѓе што се аљкави и не се замараат? Јас се соочив со таков пресврт во семејството на мм,не сум навикната бидејќи кај мене било поинаку,внимателно и чисто,татко ми ако работеше нешто дури не го средеше цел неред позади него доома не седнуваше,кај мм не е така,се остава работа сред ден,алати расфрлани и сл. да не навлегувам сега,абе луѓе мене анксиозност ми ствара тоа кај што го гледам работите оставени со денови,се помирив,на посебни спратови сме ама скроз ја разбирам членката,доста ја осудувате,овој anger не и е само од оваа дешавка,тоа се собирало низ годините. Сигурно пробала секако да разговара со маж и претходно,едноставно пука филм а и не сме сите исти карактери па исто да реагираме во ситуации.
Ако се нелуѓе апсолутно. Токсичен човек е токсичен без разлика во какво сродство сте, а менталното здравје е многу битно за да страда поради такви луѓе. Не збориме за некој што нешто ненамерно оштетил и осеќа совест и се извинил како човек што на сите може да ни се случи. Аман со наметнување гилти трипови. Трпела срања и непочит од старите уште повеќе од мажот. Има право да се чувствува фрустрирано и да не му збори и да не спие со него ако сака. Знам дека некои уживаат да прават да се осеќаш мизерно, ве молам не дозволувајте да ви влијаат други несреќни луѓе. Сте работеле вредно и сте постигнале нешто во животот треба да сте горди на тоа без разлика што многу луѓе ќе прават да се чувствувате виновно за истото, за да си ја нахранат својата лична несреќа и незадоволство. Се скарале двајца брачни партнери, не спиеле во иста соба и не збореле. Жити големата работа со “длабоки поенти”. Не ми се случило и пак имам разбирање дека се случува во брак. Ќе си разговараат и ќе си средат ако се има воља. Ако се нема, секој по свој пат.
Ако е нон стоп ќе реагираш де. Ама ние во случајот не знаеме дали е нон стоп оти се гледат ретко. @Mumoftwo30 мажот е најкрив. Он треба да реагира во врска со неговите. И во тоа е клучот како они ќе се понашат понатаму. @Yowannty зборувам за ако се има нормален однос и се случи вакво нешто. Во друг случај искрено не знам дали би живееле цел месец под ист покрив со некој со кој не можам да се поднесам
Не е проблем оштетеното, ама кога ЈАСНО И ГЛАСНО кажала не чепкај, ќе купам средство, а била помножена со нула, и земал дедото оти "знае он" да струга, просто покажал колку нема осет. А исто и маж и', што "не е голема работа" да ја газат жена му во нивниот дом.
Овие не помагаат туку одмагаат,и ете ако отишле да помогнат помогнале за една работа 100 оштетиле нешта.Иако ни за таа една работа неможе да се рече дека помогнале.Башка децата си ги остава сами свекорот,си купувал праски.Ама се родители на мажот тоа е најбитно другото не.
Да, снаата го "молела" свекорот да дојде да ги чува децата, туку сам се понудил, свекрвата си отишла. 11 месеци кој и ги чувал? Па за месец дена било проблем. Има училиште/градинки, жени што чуваат деца, дневен престој, сигурно на снаата и дошло за тој месец свекорот да и чува деца. Ама веќе кога знае дека се со него, не требало да ги остава сами. Па демек сигурно не знаел дека во Германија не смее да остава сами деца, а во Македонија демек може. И аман со тоа дека порано нас не оставале сами, тоа време и ова не е исто, нели читате дека возрасни луѓе исчезнуваат, не па деца. Тогаш зошто децата и во Македонија на возраст од 9-10 години ги носат и ги земаат со кола од училиште? Кога се случува некое дете да исчезне, читав во други теми мајките пишуваа да не се чудат тогаш зошто ги носат и земаат децата од училиште, дека такво време дошло. А сега па што има врска ако децата останале сами, пред нос дете ќе направи некоја глупост, имам видено деца со нож што си играле, а родителите биле тука, а не па сами оставени, или ќе исчезне пред очите на родителите, а не така сами што ги оставил дедото, а што ако им текнало да излезат? Туку секој родител за своите деца ги боли и не ги оставаат сами децата, а за други паметуваат ништо немало да им се случи за 15 минути што ги оставил сами. Праски му се јадело, како да не можел да почека, бетер од трудна жена.
На итар начин,ако свекрвата нема осет ти останува тоа да играш тактички, маж ти е мамин син и да му речеш крива ќе си.Ќути си и терај си во твоја корист се,ако не и текнува да ве остави на раат малце и да врши надзор за се,вака полека да ја тргнеш,раат да си. Немаш приватност оти нема осет свекрва ти.Те читам од почеток кога пиша од секое мислење што ќе го пишеш само се препотувам читајќи,не ни сакам да помислам како ти е.
Некогаш, што повеќе имаш, тоа си поплиток. Да се разбереме, муж и го избркала од кревет оти не сакал "нормално" и он да му тера мајки и шајки на татко му, а она тука средила работа со тоа, прави ниски работи како тоа со постелнина (жив циркус). Да, со децата згрешил, ред муабет, му ги објаснуваш последиците. Доколку не сфаќа- тоа е тоа, наоѓаш друго чаре, си имаат тие своја куќа, нека си одат дома. Јас да сум на нејзино место никогаш не би ги викнала, а после ова би имала и адут плус, отварам џеб и плаќам дадилка во иднина. Не е проблемот во тоа што реагирала, нејзина куќа, нејзини деца се тоа и има право и причина да реагира, проблемот е во начинот на реагирање. Маж ми вака да им се испонаша на моите родители, после и на мене, да ме брка од себе и да ми вади на нос леб што јадеме, да ги навредува нив и мене по форуми, тоа би било сериозен удар во бракот. Постигнала многу? Прекрасно, you go girl, уште 3 пати толку да постигнеш, но се тоа не вреди кога партнерот со кого тоа го делиш, реално не можеш да го поднесеш
Децата во најголем број вакви ситуации се изговор за старите да отидат и да се мешаат да векуваат таму.Пријателка од мајка ми по шест месеци оти таму изговор да ги чувам децата а што е уште поинтересно децата одат на школо баш периодот кога оди таа таму.Ама затоа на големо се меша.Со штетата што и ја направиле на членкава можела да им плати не еден месец туку три бебиситерка,ај штетата ама нема мир од нив жената.И ете да било така да бил за децата дојден свекорот што ги остават сами,отишол да ги чува ама му се јаделе праски. Децата се изговор т.е чувањето,ама затоа свекорот како бег си се однесува во туѓа куќа и не не оштетува,прска,не му е гајле што ќе рече снаата туку децата ги чува и кога ќе му се јаде праски ги остава сами тогаш Господ ќе ги чува.Ако му речат нешто ќе плаче тогаш.Како ќе му свирне и си зацртал тој,нели е татко на мажот. Детето е одговорност јас кога би имала дете само јас и маж ми ќе го носиме,земаме и во случај бебиситерка ама ќе си сноси одговорност ако му се случи нешто црно на бело потпишано.Ај да му ги оставам на дедо или баба ако му избега,си тера муабети со комшии или по улица да се деси нешто,после како да не им речам ништо оти ќе плачеле а и тие да имаат малце треба на ум дека Е одговорност голема,како ќе ме гледаат в лице ако му се случи нешто на детето,или јас да се правам како ништо да не било,тоа мало сутра.