Точно. Изговори им се тоа. И јас иам таков пример. Мајка ми. Коа се разведував, и кажав да ми помогне да си го зеам детето, да се спакувам и да одам кај неа. Не прифати, не сакала она да чува деца. Ок. Сега кога се средив, кога заминав странство, ми вика да дојдела тука, ќе ги чувала децата. Низ муабет и ми вика да и најдам работа на црно. Па нели ќе идеше децата да ги гледаш? Зошто да работиш? И од кога тебе ти текна оти сакаш да чуваш деца? Ја отерав у сто пичке материне, додека сум жива, нејзина нога нема да стапне кај мене.
Па она не се ни скарала за оштетеното, од такт ја извадило што земал да струга. И мене би ме извадило, независно кој е, мајка, сестра итн. Само што на мои јас ќе си им кажам, партнерот треба да се оправа со неговите, не јас (и не членката, во случајов).
Си игра со нив свекорот, јас така мислам, како не ќе плачел, или прашањето е од кај иди тоа, шо може некогаш се случило нешто погрешно да има направено и нормално за да не прифати дека згрешил и да го сожалуваат тој се има расплакано, и сега не можеш ништо да му речеш оти ќе плачел. Имам такви луѓе видено, ај нешто речи му шо направиле погрешно одма солзите му идат, а не сакаат да си кажат дека згрешиле, но за да ги жалиш одма ќе се расплачат.
Абе јас сум плачка, плачам и кога се карам, и кога сум крива, и кога сум права. Ете не' има такви плачковци. Тоа не значи дека треба да правам глупости (а ова не е мала глупост со децава) и да ми се простува оти ама ќе плачам. Повеќето сте овде родители, подобро од мене знаете колку малце треба за беља и кога највеќе пазиш, а вакво тотално куроболие е надвор од разум. Во мојот реален живот не познавам луѓе што толку мали деца оставаат сами, верувам не познавате ни вие ниту своите ги оставате, ниту ќе бидете баш смирени да доверите некому дете а тој ама да си иде по праски де.
Тоа што земал да струга, земал поради грижа на совест дека го оштетил, што пак значи дека намерно не го оштетил лавабото. Пробал да ја исправи штетата. Тоа е сосема човечка реакција, исто ко што земаш д а бришеш кога ќе истириш нешто и со минимум емоционална интелигенција членкава по тоа требала д асфати дека не било намерно. Настрана лавабото. Добро долови Emotional погоре. Проблемот е како се однесува со мажот и како се поставува. Тоа е клучниот проблем.
Па тогаш не чинело ќе си ја реметела плус и детето,ама сега кога си странство е супер сега си најдобра и најмногу те мисли.Си мислела ќе си дојде и ќе си седи,таа а вие на,да ја гледате како дете ама ете за жал не и успеало.Целта и била ни работа ни сабота да си дојде да си седи и неа да ја гледаш како децата.Тоа со децата е веќе научен изговор. И убаво си направила кога ти било најтешко не сакала да ти подаде рака и тогаш имала внуче,како воопшто можела и да те праша,како не и паднало страм оти не ви помогнала кога ви било најтешко.Убаво си и рекла и направила.
Ако ти кажам НЕМОЈ, така и мислам. Не мислам да поправиш. Буквално непочитување на граници е. Исто кај било кој дома, обратно да е ете, снаава да е на негово место и да се понаша така, не е ок. Со маж и' си има сериозни проблеми, само ескалираат кога се со неговите. Инаку дефинитивно немаат здрав однос, огорчена е на него, надвор од родителите негови. Од прикажаното и ја разбирам, не сакам ни јас пасивни мажи што треба јас да ги водам, ама младоста не е мудра, па биднало. Само се согласувам дека не треба да е пасивно агресивна (пример со фрлањето постелнина) туку на брачен советник да пробаат да најдат решенија за проблемите.
Значи не знам како не се разбираме. Ниту јас не го оправдувам тоа што тој пробал да ја исправи грешката а со тоа го доуништил лавабото или што и да е
И јас си плачам ако дојде да се искарам, но зборувам за нешто друго, кај стари луѓе го имам сетено ако згрешат нешто и ти само ги опомениш, плачат, но секако следниот ден повторно продолжуваат со нивното и тоа нема граница, па си велиш сега ако му речам може пак ќе се расплачат, има и такво лажни солзи, за да ги жалиш, тоа е манипулација.
Најлошо е кога бараш од мајка нешто и си отфрлен. Го имам сетено по мајка ми за еден проблем како не ми се најде кога побарав помош, а можеше да помогни. Не дека не ме сака, ме сака но на некој нејзин начин шо е тешко да се разбери.
Да, тешко е. Но поентата ми беше дека тоа шо ти е родител или брат или некој роднина, не значи оти треба да им се дозволува на глава да ти се качат и да се праат газди во твоја куќа. Во случајов на членката, потполно ја разбирам и потполно ја подржувам, ама чим маж и нема уста за да отвори и да им каже, она треба тоа да го направи, макар и да ги избрка и да се налутат доживотно.
Абе види и јас сум направила штета кај партнерот, ама жива се изедов после и се понудив да платам за штетата. И од тогаш внимавам максимално. За паралела ќе споделам што и се случи на другарка. Живее исто со родителите на сопругот. Свекор и купил диња и ја остаил во кујна на плочки. Ама ја зел некоја подрасипана изгледа, останала цел ден да стои и цела се исцедила на земја. Му рекла да не чепка, да заврши нешто и ќе ја фрли. Овој, од едното уво влегува од другото излегува. Ја турил во кеса од кам (оние платнените) и како што ја влечел капки по цел под, по цел тепих, по скали, буквално секаде. Другаркава ко виде полуде начисто. Му вика на мажот да го прекори, стар бил. Ај нека си исчисти, не можел, кај на 40 степени ќе чисти, срце ќе го фатело. Во превод исчисти де ти, млада си. Ја фати инает, му рече ако не може он да чисти, да си викне некој да исчисти и да си плати. Јас разбирам да ти пукне филм, ама не е решение да урлаш, да пцуеш и да го бркаш некој. Другаркава не попушти, на крај тие си исчистија. Ама во ниеден момент не урлаше, пцуеше и бркаше некого од кревет.
Ako tolku go zalis maz mi poveli mesto ima na kaucot do nego. Btw porzaj posto naskoro moze da mu istece "kaznata " Da kukava ne e samo moja i na maz mi e no ne e i samo negova pa da ide majka mu koga ke i tekne. Jas se obidev da zboram so maz mi no otkako toj iskulira i ne me svati deka ova ne e sala i deka e seriozno a so toa i ne naidov na razbiranje pocnav da mu vikam. I ne se kaam ZA BEZBEDNOST NA DECA SE RABOTI ne za LABAVO. Kakov roditel e ako mu e seedno dali tatko mu gi ostavil decata sami doma ili gi cuval ??? Sto ako se desese nedaj Boze nesto ke go zalevte li togas maz mi i svekor mi deka se zrtvi a ?? Ili pak ke bese majkata kriva po difolt ? Btw jas na svekorov samo go prasav zosto gi ostavil i pocekav da se vrati maz mi od rabota mislejki deka ke sedneme i ke razgovarame ama tipot ne bese zainteresiran. I ne nisto nema da mu bide ako spie sam taman ke ima vreme da se podgotvi za toa go ceka dokolku ne si ja brani "losata zena " Mnogu me obvinija deka jas sum narcosoidna se gledam mene da mi e dobro i i da toa e tocno i stvarno ne gledam kaj e problemot. Se sakam , si se pocituvam i cenam i ne ne sakam za nikoj da se zrtvuvam ni za maz ni za deca a posle da im punam griza na sovest. Ne baram ni zrtva nikoj da pravi za mene. Ama ako te pocituvam ocekuvam isto za vozvrat . Ednakov tretman za site i kon site . Dali maz mi dokolku moite roditeli se ponasaja vaka ke gi trpese ili ke gi oterase u pm oddamna a ? Ili ostanalo u navika sve zenive samo da trpat sve i svasta Iako 100 pati povtoriv deka iako ni osteti raboti doma ja zbor ne mu kazav na stariot .Ste se fatile za toa labavo kako slep za stap. ( Iako 90 % od site vas so demek nema da vi smeta nekoj da vi pravi lom po doma bi se pobunile zestoko ama ajde prajte se fini ako vi e polesno ) Sve tolerirav se dodeka ne gi ostavi decata sami. E za ova ke urlam kako lavica ako treba pa slusnete me do Mk. Za vas mozebi ne e nisto oti ne se vasite deca vo prasanje, ama mene decata mi se najvazni na svet i tuka ne dozvoluvam da se premine crvena linija. A na maz mi ako mu e pobiten tatko mu "da ne place " otkolku bezbednosta na decata ondak srekno neka gradi zivot so nego i neka si spijat zaedno. Da jas go sakam maz mi ( ama se sakam i pocituvam samata poveke od nego ) i nikogas vo ovie 10 godini ne dozvoliv nikoj od moja familija da kaze los zbor za nego a kamoli da ne go pocituva.
Најпаметно кој го направил нередот нека го исчисти.Прскале со масло пржеле мекици имаше пишано членкава што има проблем со свекор и.Ќе му речам на маж ми, а ова испрскано е со масло ,и ако маж ми ми рече ќе плачат не им викам ќе му речам бујрум средства исчисти или викни чистачка.Не чистам дури не си среди тој,а како ќе среди негов проблем,оти татко му го направил нередот.
Немаше да ги трпи,а и ти немаше да им дозволиш.Туку има поинтересно прашање,дали ако вака праваат кај золва ти зет им ќе ги трпи,оти золва ти неможе да им рече за да не плачат,а зетот ќути и трпи штети а пред се нема мир.И да им рече зетот немој вака немој така да не вреди зборот негов.Не оти зетот како кмет го гледаат.А кај синот како дома си се,што и да направаат тоа си се како нивна куќа, снаата нека ќути и нека печали. За било што да е било штетите,било децата ти од нив мир немаш а мажот им ќути.Ако е маж нека се однесува машки,за се да мислиш ти и маж и жена да си во семејството.
Зошто ако не ги поднесуваш старите и не сакаш да ти се шуткаат низ куќа ги остави децата на чување на стариот? И да, намали го тонот, маж ти е стварно за жалење со тебе. Урлањето е немоќ па ти како сакаш. Не дека ми треба твојот маж, си имам свој.
Ma kaj zolva mi nesmeat da pisnat. Ne smeat koga sakat da im se tupnat na gosti. Samo ja praka zetot po pari ( citaj se kocka ) kaj majka i tatko i 2x godisno standard leto-zima. A zetot ne ni odi na gosti da gi ispocituva sa ispie edno kaffe so niv. Decava ne smeat da gi vidat dokolku ne im dadat pari. Btw imat 3 deca : 2 maski i 1 devojce. Devojcevo ja ostavija vo Mk koga imase 2 godini se dur ne napolni 5 da ja cuva svekrva mi posto zensko e neli so ke im e i skapo bilo u stranstvo da se rastat deca. Plus denar nemaa dadeno na starive okolu obleka,hrana i papmersi za devojcevo . Ama nasle pa zasle kaj mene izgleda
Ама да на сите некогаш ни се има случено да направеме нешто ненамерно и точно дека не е решение да урламе и да казнуваме друг. Се може да се реши на цивилизиран начин. Е сега ако мажот е толку мамино синче и не смее да се спротивстави на мама и тате е друга приказна и тука они не ни се криви. Инаку старите луѓе не знам дали не знаете колку можат да бидат гадни во некој момент, дури да ти се згади од гадостите на кои може да им текне. Да не пишувам тука дедо ми што правеше дома кај него ќе поврнете. Ама кај него дома само. Апсолутно не е во ред да одиш било каде и да правиш лом како мало дете оти никој не е должен да чисти по тебе. Друго што не можам да разберам а е пишувано во темата е како некои свекрви или мајки одат со месеци да гледат внуци а при тоа снаите или ќерките кинат живци со нив. Поготово па ако они им плаќат карти.