Маж ми вака да се испонаша на моите родители значи има причина.Нешто направиле. Наша куќа наши правила. Ниту јас сакам нешто да трпам ниту пак би дозволила тој да се најде во таква ситуација.
А зошто барем за одмор не му кажеш дека сакаш да сте сами? Толку ли нема да разбере дека младите сами си одат и на одмори и за излегување.Зошто не реагираш?
Ти имаш извртена перцепција за тоа што е нормално однесување на мајка. Да дојдам дома мислејќи дека се згрижени и да ги начекам сами и притоа да имам ладен фидбек и нула реакција од маж ми и ја ќе реагирам така. Ти оставаш така сами деца на таа возраст? И пак ќе прашам зошто на некој ако му оставам деца на чување кај што сам се понудил, треба да му нагласам дека зборот чување, вклучува постојан надзор. Ама за него имаш разбирање он гледал деца пред 40 год.во некоја вукојебина во МК, не во 2024 во Запана Европа. Е затоа си токсична, оти осудуваш рекација на мајка, реакција која е последица на повеќе небулози....
Оти маж и е заглавен во 19ти век и поправо ќе си наоѓа занимација по двор, ќе копа трава и ќе седе на компјутеро отколку да излезе со жена му и детето.
Konecno nekoj razumen da me razbere deka ne ne e normalno da gi tresnes decata sami sto sum ti gi doverila na cuvanje.
Да тој нека биде каков сака, но она треба да реагира. Или сами да одиме или не идам, па ни детето не го пуштам. Како не ќе сум ја носела на одмор, ако пишат па детето ќе го гледа ова она, напротив со дете мене најлесно ми е на одмор оти има многу активности и се заигруват со се и сешто. Мојата изваде пасош ете не знам шо мисли
Jas neznam kako go zamisluvate vie urlanjevo : Maz mi kutriot sedi vo kos zad resetki ,bez hrana, voda a jas mu se deram na cel gas i bokserskite rakavici mi se spremni na race. Boze sacuvaj Ako sum mu rekla 2-3 recenici na Visok ton vo afektna sostojba odma me napravivte pacient za na Psihijatrija Aman be zeni , pa svatete deka Nebo i Zemja mi se spoija koga vlegov doma, decata sami doma, malata na spratot otvoren prozorec mece imase ostaveno na nadvoresnata strana. Mi se stemni i slosi od Nervoza , pritisokot 200 i normalno deka ke se iskaram so maz mi koga za nego ne e toa nisto i nesaka da razgovara so tatko mu I neznam zasto spienjeto u dnevna e Strasna kazna spored Vas ? Pa kako nema da ti e odbiven covek koj im e i tatko na tie deca da izreagira ladno. Eve ti objasni mi posto jas sum Luda kako binti licno izreagirala ? Pretpostavuvam deka prethosno ke mu uplatis obuka na svekorot " Cuvanje na deca " taka ?
Епа она пишува дека не се кара со маж и и дека ништо не му пререкува. Не чини така. Треба да го седне и да му укаже на некои работи, а не само да трпе и изиграва слугинка на сите дома. Јас да сум како неа ќе резервирам за двајца, нормално детето со нив ќе спие и нема ни на памет да ми падне да ја рачунам свекрвата во нашиот одмор. Ние пред 3 години резервиравме во Струга 3 дена во хотел и на никој не кажавме. Се испостави дека и свекрвата и свекоро закажале во Струга и тоа многу блиско до нашиот хотел истиот период, два дена пред да отидат дознавме. Мм се зафркава вели и да сакаш да избегаш од нив не можеш. Нормално дека ниеден ден не отидовме на плажа кај што беа они.
Не знам што ти е тебе извртено . Со реакцијава ко нејзината , а и твојата веројатно ништо не решава како што и не решила. Нема комунакција со маж и. А зошто нема она си знае. И Деца не оставаш на никој посебно ако немаш доверба во неговото чување или хигиена. Па и мајка да ти е или татко. Ти си одговорен за тие деца. Јас сум оставала деца само на тие кои знам дека ќе ги чуваат. Реакцијата треба кон себе да си ја сврти. Ги смета луѓето за шугави и неспособни, а остава деца со нив. Зошто треба да нагласиш? Зошто се твои чеда и треба да нагласиш што и како. А не д аочекуваш некој пред 40 год што гледал да ги гледа ко ти сега што мислиш. Пред 40 год ги оставале сами на 8 год. И денес се оставаат. И во маало играат сами, а познавам некои и во училиште одат.
Мора да разговара, се сложувам оти ќе пукне некој ден и ќе избега од таму. Трпиш дури е до некаде нормално, ама се воспостави дека ти се мажиш за мајка му, не за него, веќе има проблем. Нормален однос се бара, тие си го преживеале животот, сега младите да живеат. Кога требало да одат на одмор не оделе, сега ние да ги носиме? Сосема ја разбирам оти имаме слична ситуација дома. Ко требало да шетаат тие не шетале сега сакаат со нас секаде, па не може така.
Можеби. А не можеш секогаш да ја контролираш ситуацијата, луѓе прават работи импулсивно, неочекувано, свесно и несвесно. Ако ти е прифатлив тој начин на однесување тогаш ок. Мене ми е инфантилен, сметам дека со разговор прво се почнува. @anuska_dzuli сеа извини на директноста ама со мекушање нема да смениш ситуација. Па не сакам карањеее, па мииир ња ња ња... Гледаш не пали ќутење, биди решителна и кажи му на маж ти што имаш да кажеш, постави граници и кажи му ги последиците на кои си подготвена доколку продолжи лудилото. Со ваков став и однесување како што имаш моментално, ништо нема да постигнеш.
Дали тоа ти нема ништо да кажеш ако таа сака со вас на одмор? Па легнете ја меѓу вас на спална, аууу страшно ејјјј! Мажот под рака и еден добар разговор дека сакаш сами на одмор, не допуштај.
Lele neznaejki so da kaz Sporedbava ti e kako jasbolki i krusi denes i pres 40 god. Da mnogu raboti se izmeneti vo rastenje na decata kako: ishrana, peleni , nacin na vospituvanje itn no osnovnoto pazenje ne e mnogu promeneto. Tocno porano bilo poslobodno , decata se ostavale doma od doma vozrast ama ne zaboravaj deka porano imase komsiki,tetki i rodnini za nadzor na kratko da gi vidat decata a denes go nemame toa. I da prvpat mu se slucuva ova na stariot da gi ostavi sami a gi pricuvuval i prethodno ponekogas i zatoa sum smetala deka e bezbedno da gi ostavam. I ne mi pravi on mene usluga " cuvajki mi gi decata " jas mu pravam so i pokraj site bezobrzlaci mu dozvoluvam da pomine vreme so vnucite. A ako treba da naglasuvam na vozrasen covek kako se cuvat deca - znaci toj covek ne e sposoben za toa .
Аплауз за твојата самосвест и зен ситуација. Ако не ги оставила со него ќе беше "па тоа се внучиња, па дошол од МК за нив, како да не ги види"...може и не сакала да ги остави, ама од почит и човечност ете се сложила, нели пиша дека имало каде...ама сеа е пак крива. Сфаќаш дека имаш неоправдан пркос за овој случај? Што и да каже за тебе е крива...маж и ако е мртво пувало и дозволува да ја газат - крива е не го поднесува, она си го бирала, ако свекор и остаил децата сами - крива е не му кажала не ги оставај сами....требало после сите тие дешавки да ги седне со кафе и локум и да им каже "вака не бива" и сигурна сум дека со тој пристап нема ама ич никој да ја сфати сериозно. Била немоќна да се справи, и ти ќе си немоќна да повторуваш едни те исти работи и никој да не те слуша. Ама да она е крива, има фрустрации...прашај се од што
Зошто е страшна казна? Зошто ти немаш право да казнуваш никого . Немаш , исто ко што маж ти нема право да те казнува тебе. Нема да му уплатам обука , нема да ги оставам децата. запрашај се зошто маж ти не реагира на твоите казнувања. Оној момент кога ќе престанеш да го потценуваш со тоа Јас па јас , па одбивен, да го казнуваш и бркаш,може ќе сака да те слушне што имаш да кажеш. Оној момент кога ќе престанеш да ги третираш неговите ко прљави шугавци(постелината) може ќе почнете да разговарате. Си се прашала како маж ти го доживува тоа? Добро. Тоа поминало, не ги оставај повеќе. Ама тебе проблемот ти останува, зошто не гледаш дека проблемот не ти е во стариот туку имаш проблем со маж ти.
А како да третира човек шо не се бања цела недела, а притоа му поти и газ и мишка и коса и нога....?? Ти ако си милуваш дома да си држиш смрдливи бездомници, држи си. Гушкајте се заедно на ист кревет, уопште нема потреба да ја менувате постелнината. Ете ти еден аплауз, и едно браво, од мене за тоа шо си многу грижлива за смрдливи луѓе.
Па возрасни луѓе треба да седнат и да разговараат па макар и со локум и кафе. Ти си сигурна дека така нема да ја сфатат сериозно зошто веројатно и ти урлаш. Да, проблеми се решаваат со мирна глава и разговор. Ама со возрасни луѓе кои не си го понижуваат партнерот и не го сметаат за идиот. И на крај да, таа го избрала за партнер не сме ја омажиле ние. Ако мисли да тера брак со казни и урлање нека тера. Нејзин живот ама дека е тоа во ред, не е. Колку мизерен одговор. Збориме за почит кон родител на сопруг. Ама со кого, ти немаш почит за никого, веќе си напиша.
Епа неам и баш заради тоа поубаво ми е. А не, треба да бидам како порано, да се рендам чистејќи и пак да ми ја засмрдуваат куќата на лук. Фуј.
Уште еднаш браво за зен мајндсет....очигледно не си имала ти стресна ситуација и секогаш си кул. Браво!!! Блазе си ти што и на животозагрозувачки ситуации ти си шприцер ладна. Ти кажав и прееска да и јас да дојдам дома и да најдам деца сами со отворен прозор ќе реагирам исто. Прекини веќе со наметнување гилт трип на членката и повторување "ти имаш проблем, ти имаш проблем"....