1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.124
    Допаѓања:
    8.302
    Пол:
    Женски
    Се ми е јасно.
    Бев во таква ситуација знам како е.

    Татко ми многу ретко го чуваше син ми на 2 -3 саати, после градинка кај нас дома дур се вратиме од работа. Мал беше синот, можеби 4-5 години. По некое време син ми ни кажа дека еднаш дедо заспал и тој крадешкум ја отклучил врата и излегол , истрчал три круга околу зградата и се вратил дома. Дедо му не приметил, не се разбудил од вратата. Никој сме немале поим.
    Се ежам од помислата што се можело да се случи.
    Татко ми никогаш не се сложи да го чува цел ден, 8+ саати кога не е во градинка, ама беше реален и искрен дека колку и да сака едноставно дека не може. Кога го прашував викаше ако треба на 60+ години да чува деца човек, ќе ги раѓа на 50, а не на 20.
    Според случката очигледно во право бил. Никогаш не го оставав после тоа за чување со него.
    Брат ми живееше со него, тој беше дома по цел ден, па сепак за детето плаќаше бебиситерка.
    Значи треба реални да бидете и да стоите зад своите одлуки. Како родители сами одлучуваме кој ќе ни чува дете и мислам дека треба да намалиме очекувања кога се работи за чување од постари лица.
    Не знам што очекувате од стариве,не ми иде да им се лути човек...
    Со нив се може да се случи, не се дваесгодишњаци инивните години носат други ризици. И треба да сме свесни како родители за тоа кога се оставаат со нив децата. Нека се живи и здрави, ама на стар човек може да му се случи здраствен проблем додека чува дете, па да се истрауматизира и тоа. Имам такви примери во семејството. Стариот навидум здрав и прав, паѓа пред очи на внуката. Возрасна е се сега, ама траумата и оставила последици за цел живот, страв, чувство на вина, беспомошност.

    Инаку баш ми е мило што по муабетот со маж ти се се свестил дека треба да постави граници. Едноставно морате така за ваше арно. Ќе си најде начин тој како да им кажува, зошто зборот од тебе и од него може различно и да го примат старите...
     
    Последна измена: 25 јули 2024
    На allaround, LiquidLuna, *Amethyst* и 13 други им се допаѓа ова.
  2. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.375
    Допаѓања:
    33.022
    Пол:
    Женски
    А на млад човек не може да му се случи да има сериозен здравствен проблем?
    Значи треба ние да припазиме старите да не се разболат, а на нас кој треба да припази?
    Затоа сме со дијагнози и анксиозност, сигурно не од убаво, од што сме трпеле.
    Па знаеш колку млади имаат здраствени проблеми?
    Старите се поотпорни од болести, ништо не им е.
     
    На mama11, ImagineDragons, Anneliese и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Почит се заслужува. Ако мене некој ко личност не ме почитува, што има јас да го почитувам? Било кого? Баш зошто е родител на мм, ако се подјебава со мене, епа извини, ама од сите на светов со мене најде, нели ко најблиска фамилија?
    Кога нема да дозволиш да те газат, да, баш ова го викаат, дека "немаш почит". Имам, ама кон себеси.
     
    На *Amethyst*, mama11, ImagineDragons и 9 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.674
    Допаѓања:
    265.959
    Косми, јас бившиот не сум го избркала од спална поради родители, ама поради него.
    И тоа знаеш кога? Кога после 250 пати мирно, со кафе, на маса, во 4 очи зборување не вроди со никаков плод. Кога за тебе нешто е преважно, и е објективно важно, а тој се однесува "лако чемо".

    Во ситуацијава нивна е посериозен проблемот него мојот, макар и мојот не беше несериозен, ама не мислам дека бившиот бил жртва и "казнет". Бил "избркан" затоа што не сум сакала повеќе да дишам во ист простор со него во тој момент и зошто било попаметно да се разделиме физички во тој момент за да се смири топката.
    Не е "казна" што разговарав и разговарав и пена фатив, и тоа што на крајот веќе не можев да поднесам одредено однесување и јас губев контрола, казната му е што ќе умре без мене. Се надевам членкава нема да стигне до таму. Не може партнерот да е пасивен кога станува збор за мојот живот, не па за животот на сопствените деца.

    За останатото во однос на пасивно агресивното однесување веќе напишав, не е начин, отровно е за сите.
     
    На LiquidLuna, *Amethyst*, ImagineDragons и 15 други им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.989
    Допаѓања:
    86.587
    Пол:
    Женски
    Да и кај вас , а и тука во овој случај повторно доаѓаме до тоа дека има голем проблем во комуникацијата меѓу партнерите.

    Само , едно е да нема реакција друго реакцијата да биде по терк на другата страна, зошто секој се справува како што е”научен”.
    Друго е ова твоево.
    Секој има одбранбен механизам.
    Ама ајде со иста логика дека почитта се заслужува ете читаме како членкава го потценува мажот , го потценува неговиот труд , со тоа јас па јас, а не ние, а реално заеднички се труделе, зошто тогаш тој да ја почитува?
    зошто воопшто да комуницира со неа ?
    Да работиш ти две работи и маж ти да ти рече се јас сум направил ти не си 1% од мене, во превод не те бива, се дере, те казнува..
    Ќе комуницираш со него?
    Нема?!
    Затоа тука има сериозен проблем со комуникација.
    Плус ја гледаш како реагира ако некој не и го подржи ставот, парфем сме мочале(facepalm)
     
    На Elliana, eliesaab и Annath им се допаѓа ова.
  6. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    601
    Ее тооаа драгаа моја, си имала корист ,си трпела, а сегаа нели си у Веелика Германија си премногу силна.
    Океј за децата , направил грешка амаа женоо ги вреѓаш не се бањале , фрлаш постелнина како шугави да се. А не се гадеше кога јадеше на иста маса, готвеше во иста кујна, користеше исто купатило?

    Ти не се разбираш амаа дај боже да те снајде слична ситуација со твоите , маж ти да се освести па да ја пробаш гарнитурата во дневна, а тој по нив да вика служба за дезинфекција. Па тогаш ќе сватиш зошто би било ок да ги истрпиш во година еднаш неговите.
     
    На Elliana му/ѝ се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.674
    Допаѓања:
    265.959
    Не им ја знаеме целата приказна и од малкуто што знаеме носиме големи заклучоци. За себе си кажувам, до некаде и ја разбирам, се омажила за човек кој нема самоиницијатива, а ако тоа те фрустрира на крај ќе го презираш, што е и вистина овде, таа личи како да го презира маж и'. Само "младоста не е мудра" баш тоа значеше, не размислувала исто кога се омажила и денес, да се врати времето веројатно не би го одбрала него.

    И таа сама работела ако добро сфатив 3 години прво, па го повлекла нели, и таа 6м работела за тој да не работи што било, итн. Ама добро знам што значи кога само еден "влече напред" а другиот или тапка во место или назадува или просто чека ти да го гураш цел живот.

    На другарка ми маж и', после 5+ години во странство, не го зборува јазикот и работи глупи работи баш поради тоа. Ама не е тоа најголемата фрустрација (работата), туку што не знае како да купи лек за детето, како да зборува во болница, како да оди на родителска итн. пошто ти треба јазик за такви работи. Он си е комфорен, она секоја комуникација за цело семејство ја врши.

    Пак ќе кажам, и' ја разбирам фрустрацијата, кај него и ден денес го оправа по институции ако тој не е снаодлив баш или не зборува јазик доволно, уште да не ја цени и брани кога стварно треба, Е проблем. Не станува збор за колку пари кошта нештото, туку за незаинтересираноста, за неодговорноста, а највеќе за тоа што не гледаат исто на животот очигледно.

    Нормално дека ова нејзиново не е начин на справување со проблемот, само е последица на многу години бидување "влечачот". Или ќе се оправат со терапевт и ќе научат да комуницираат и да решаваат конфликти мирно, или ќе живеат вака, или ќе се разделат на крај.
     
    На *Amethyst*, butterfly6223, ImagineDragons и 14 други им се допаѓа ова.
  8. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.094
    Допаѓања:
    7.605
    Пол:
    Женски
    Многу активна станала темава деновиве. :D
    Немав време да прочитам се, едвај сега стасав.
    Уште кога го пиша членката постот и одма и се сипавте со коментарите. Си реков двојни аршини фрчат на темава.
    Секоја членка кога овде ќе го напишеше својот проблем дека старите се мешаат прават проблеми, ама го бранеше дека мажот е ок.
    Секогаш следуваа коментари еее кај е маж ти во цела ситуација, уште цица од мајка му, се крие под сукњата на мајка му и сл.
    Конечно дојде некоја и отворено си кажа дека мажот и е крив што им ќути на своите родители и неа ја нападнавте, таа била лошата а тие биле стари.
    Обожавате да правите драма од секој случај овде.
    Или може и љубоморите на храброста што ја има?
    Не знам дали читавте ама проблемите почнале уште во заедница кога биле. Се мешале и паметувале околу децата и околу куќата. Ги трпела зошто планирала да се тргне од таму и да створи свое, таму се осеќала дека не е нејзино и не може да кажува што и како. Иако имала право зошто живееле заедно сигурно завршувала домашни обврски и финансиски помагала. Ама сепак ете пак како гостин се осеќала гледала една лажица да не оштети. Трпела зошто сигурно мислела ајде кога ќе бидеме во свое маж и нема да им ќути за се и нема да дозволи да го третираат како бебе уште. И конечно во свој дом мажот и пак ќутел за се па и коментарот дека татко му ќе плачел. Возрасен маж бе. А жена му што со години се нервира не му е гајле? Татко му побитен иако крив. И како да не пукне. Секој човек би пукнал. Па и таа има емоции, не е робот.
    Маж и треба да постави граници, не она.

    После се подбивавте и дека не била образована,немала школо била од село. Сакала да се омажи во град.
    Демек тие од село мислиш во пештера растат.
    И тоа за вас говори како личности.
    Што ве засега тоа вас воопшто?
    Кога сама решила со куфер во рака да замине во странство за подобро утре на своето семејство. Не би ја потценила така.

    Во случајов со години се собирало и сега веќе ескалирала ситуацијата. Зошто излегува татко му побитен од децата.
    Ако некој упорно продолжува да прави глупости, му ксжуваш не разбира. Значи со таква личност не треба со лигавење како сопругот што измислил приказна за Белград. Директно ќе му кажеш и готово, ама не ќе плачел греота.
    Како може да не можам на своите да им кажам се што имам? Да се плашам да им речам нешто? Па што фамилија е тоа? Со нив и ќе викам и ќе се искарам и следната секунда ќе продолжиме нормално ко ништо да не било.
    Ама да се плашам да им речам нешто, и да собирам во себе?

    До членката, браво девојко мило ми е што читам ваква успешна приказна. Биди горда на постигнатото.
    Само еден добронамерен совет, при кавга со сопругот немој да користиш навреди.
    Ти го разбирам револтот, и после 10год брак маж ти нема храброст да им се спротивстави на родителите па дури ни во своја куќа. Знам дека е многу фрустрирачки. И јас би полудела.
    И јас сум со краток фитил, и директно ти кажувам се што имам без заобиколување ама никогаш не навредувам. Според мене не е убаво тоа, посебно не брачниот партнер.
     
    На *Amethyst*, mama11, butterfly6223 и 17 други им се допаѓа ова.
  9. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.375
    Допаѓања:
    33.022
    Пол:
    Женски
    Да, секогаш кога мажот немаше да застане на страната на жената веднаш велеа каде е мажот, требало да застане на страната на жена му, дека е мамин син, дека не се одвоил од сукњата на мама, а сега испаѓа мажот жртва дека е што уште татко му му купувал вода.
     
    На *Amethyst*, Anneliese, Zumbulche и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.094
    Допаѓања:
    7.605
    Пол:
    Женски
    Мора да се коментира спротивно секој случај, иначе нема драма да има :D
     
    На Didajo, Zumbulche, Gosh и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.413
    Допаѓања:
    175.395
    Ама мажите се тврди на уши и стварно тешко учат јазик(lalala) Биолошки разлики, не се родови разлики јбг:D Има милион различни ствари што треба да се напраат,ќе се најде и за него нешто, i'll do the talking part, не е проблем:talk:
     
    На CameliaMiller, Mumoftwo30, Adidas888 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. anuska_dzuli

    anuska_dzuli Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2024
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Женски
    Не се карам затоа што сто пати сум покушала да му кажам дека не чини така шо прави мајка му и се си наоѓа изговори. Не сакам караници,сакам мир. Последните две години ми беа пеколни место да уживам со ќеркичката јас лежев по психијатриски болници ...конечно се вратив во нормала и ако сака нека си оди со мајка му на одмор не планирам да си правам стрес повторно.
     
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.674
    Допаѓања:
    265.959
    Абе работи он од почеток, ама реално ствара фрустрација, инглишмен ин њујорк :D Само што е образован, ама без да знае да гукне не може да си најде работа соодветна, а и искрено 5+ години и 0 вложен труд... еве не знам. Зошто се селиш ако не можеш да се прилагодиш. Пример другаркава створи пријателства со "домашните" во конкретната земја, инаку ни таа 5 збора не знаеше, освен англиски, ама се запна да научи, да се дружи итн. И проблем е, мажов не сака да се дружи со луѓево со кои таа ете створи контакти, пошто цело време му преведува а овој ко 13то прасе дреме. А втора работа е што неминовно им се случи тоа "гетоизирање" бидејќи тој исклучиво комуницира со екс ју луѓе, што на неа не и' се допаѓа, а не би ни мене.

    Ама ајде не е тоа темата, само е пример како нечија пасивност може да фрустрира во огромна мера.
     
    На *Amethyst*, MeowMeow и SummerGirl им се допаѓа ова.
  14. Anneliese

    Anneliese Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2024
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    660
    Пол:
    Женски
    Човек возрасен ќе плачел како не,тоа е за да го жалат да не му речат ништо,а тој да урла.Оти кога ги правел штетите тогаш не плачел ,да рече да помисли на син ми што се мачи и печали му сторив штета ама овде така си го навикнале,кај ќерка му немало вака плачки ќе се искеширал и ќутел ,а овде плаче и прави штети за кои не се понудува да ги надомести.Сите станува се такви посебно жениве ,ако и рече нешто снаата почнува да плаче за да ја сожали синот,многу навредена е ама да се меша,да тропа глупости,да прави да се караат синот и снаата тогаш весела е,не плаче.Затоа и го нагласувам неколку пати во мислењата што ми се пишани тоа ќе плаче ,си начекал си тера свекорот по свое.Искрена и отворена личност сум,се плескам в лице,ако ми направи штета ќе си му речам а тој ако сака и до следната година нека плаче и ич нека не ми збори ќе ми направи услуга,никаде не правам штета,не се мешам,не векувам на гости со месеци ниту сакам мене некој да ми прави штета,да ми се меша,да ми векува со месеци на гости.За се треба да се има осет не одма доказите,свекорот не е за жалење, манипулатор е,баш таквите се опасни по грешка што им се дешава да направат нешто, ај еднаш ама ова не е еднаш туку 100 пати,значи не е по грешка,туку намерно и од инает,ако му речат ќе си поплаче, ќе си го манипулира синот,снаата нека ќути,трпи и печали.
     
    Последна измена: 26 јули 2024
    На *Amethyst*, ♡ Cinderella ♡, ImagineDragons и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Во ред, ставот за некои работи не и' чини, ама јас колку што сфатив ова со маж и', дерењево и неспиењето во заеднички кревет, е затоа што никако не изреагирал и ништо не му рекол на татко му зошто децата биле оставени сами. Тоа од 8 години ај некако, ама и 5 годишно дете ?
     
    На ♡ Cinderella ♡, ImagineDragons и Anneliese им се допаѓа ова.
  16. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    2.901
    Допаѓања:
    6.492
    Пол:
    Женски
    Баш ми е жал за се што си доживеала, и наместо на сето тоа маж ти да те поддржи и да не те нервира, тој упорно си ја брани мајка му. Навистина ми е жал за се што си поминала, ама мора да си јака и да се спротиставиш и на маж ти и на свекрва ти.
     
    На *Amethyst*, ImagineDragons, Anneliese и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.094
    Допаѓања:
    7.605
    Пол:
    Женски
    @anuska_dzuli извини колку години имате?

    Џабе ти е со ќутење ништо не решаваш. Разбирам сите не сме исти карактер има и такви што ќутат.
    Ама и сама гледаш дека психичкото здравје ти се нарушило. Затоа треба еднаш засекогаш да им се спротиставиш. Инаку скроз ќе се уништиш. Денес е тема грчка утре којзнае што ќе биде и така во недоглед.
    Имаш поддршка од твоите? Зошто извини ама ова што го читам не ми е нормално да се дешава сега у 2024.
    Ако му е поважна мајка му од тебе и ќерка ти, што ќе ти е? Тогаш тој не заслужува да има жена до него, ете му ја мајка му, требало да си остане неженет.
     
    На *Amethyst*, ImagineDragons, MeowMeow и 2 други им се допаѓа ова.
  18. anuska_dzuli

    anuska_dzuli Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2024
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Женски
    24 години сум..
    Моите ми се најголема поддршка во се ,ќе превземам нешто .Морам
     
    На ImagineDragons, Anyshka и Erika.greeneyes им се допаѓа ова.
  19. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.094
    Допаѓања:
    7.605
    Пол:
    Женски
    24години ,толку млада си и трпиш некоја бабетина да ти го уништува животот?
    Млада си, по пишувањево гледам имаш добра душа сигурно си и многу згодна и убава (млад човек) животот е пред тебе. Еден е, и не дозволувај некој да ти го уништи.
    Барем вие помладите сега не трпите вакви работи, види ја @Feminka22 и таа мислам е колку тебе години горе доле. Ама борбена е не би трпела ова.
    Зборот ми е дека порано трпеле жените многу и трпеле мамини синови. И уште ги трпат ама тие постарите генерации.
    Барем младите(да не се сфатиме погрешно и јас спаѓам тука иако не сум ти врсничка)сега знам дека не трпат а и не треба, ова со текот на времето вакви глупости скроз ќе се искоренат.
     
    На *Amethyst*, ImagineDragons, MeowMeow и 5 други им се допаѓа ова.
  20. anuska_dzuli

    anuska_dzuli Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2024
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Женски
    А да ти кажам дека коа останав бремена само што кажавме со маж ми дека сум бремена таа одма кажала на сите дека ке се вика како неа. На нас ни вика моето име ке го носи не ме интересира...абе шо да ти кажам ,после нема да сум се оболела. Наместо да сакаат младите да си живеат да им е убаво,да си се почитуваме ,после снаите биле вакви биле онакви. Ем ќе ги гледаш како бебиња ем не чиниш. Ај сиктер веќе,преку глава од се
     
    На *Amethyst*, Anyshka и Rozevata им се допаѓа ова.