1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Rozevata

    Rozevata Активен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2024
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    487
    Пол:
    Женски
    Девојко глава горе имаш за што да се бориш и спротиставиш. :)
    Сега си ги градиме тие некој граници во животот. Немој да дозволиш да пропаѓаш ради таа баба.
     
    На ImagineDragons, Feminka22, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.094
    Допаѓања:
    7.605
    Пол:
    Женски
    Сега видов дека нов член си, се надевам дека приказнава ти е вистинска и не тролаш. Зошто извини ама не ми е сфатливо ова да се случува во 2024 , и некоја толку млада како тебе да го трпи ова.
     
  3. Rozevata

    Rozevata Активен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2024
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    487
    Пол:
    Женски
    Зошто некој да раскаже лажна приказна за посесивна свекрва?
    Малце ли се такви?
     
    На *Amethyst*, Anyshka и anuska_dzuli им се допаѓа ова.
  4. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.493
    Допаѓања:
    38.978
    Пол:
    Женски
    Не дозволувај таква проста жена да управува со тебе. Стегни заби и спротивстави се најпрвин на мулето од маж, а потоа на неа. Немој да дозволеш да биде по нејзино, а ти да си во втор ред во фамилијата што сте ја создале со маж ти. Чим твоите те поддржуваат во се, пола работа ти е завршена. Сега треба ти да ги превземеш работите во твоите раце. Ако сакаш нели. Ама според ова што го пишуваш ти си се помирила со ситуацијата
     
    На MeowMeow, Mumoftwo30 и anuska_dzuli им се допаѓа ова.
  5. anuska_dzuli

    anuska_dzuli Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2024
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Женски
    Девојко,само си го споделувам искуството и гледам ваши мислења. А што има врска дали сме 2024 или 2050?
    тоа си е до карактерот на човекот,каков си таков и ке си бидеш. Јас сум воспитана така ,затоа добрите снаи страдаат а тие шо не се замараат за ништо буквално се "најдобрите снаи" . Јас пак ке кажам, јас сета таа грижа за домот ми е за мене и мојата фамилија а не за неа. Јас само сакам да си го сочувам бракот и керка ми да расте во среќно семејство покрај мајка и татко.
     
    На *Amethyst*, Anyshka и Rozevata им се допаѓа ова.
  6. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.375
    Допаѓања:
    33.023
    Пол:
    Женски
    И нека се полни болести снаата, а тие нека живеат 100 години.
     
    На Anneliese, Feminka22, Rozevata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.375
    Допаѓања:
    33.023
    Пол:
    Женски
    Ништо не е чудно и не мора да значи дека трола, вујна ми сега беше на одмор со братучед ми и снаата, а вујна ми има 50+, не е многу стара, немаат деца, брзо се земаа, па ај да се вади дека деца ќе им чува.
    И нека ме одминат паметните дека за сите знам, па и кажала на мајка ми, како нема да знам, се слушаат со мајка ми почесто и си одат на гости, а и јас се слушам со братучед ми и снаата, значи блиски сме.
    Инаку од кај ќе знам ако не ми кажат, живеат во друг град.
     
    На *Amethyst*, Anneliese и anuska_dzuli им се допаѓа ова.
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.706
    Допаѓања:
    48.142
    Пол:
    Женски
    :D :l:
     
    На Erika.greeneyes и eliesaab им се допаѓа ова.
  9. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    2.901
    Допаѓања:
    6.492
    Пол:
    Женски
    Не треба да трпиш ништо, посебно не на тие години.
    Детето треба да расте со среќна и здрава мајка, а ако продолжиш вака нема да си ниту среќна, ниту здрава, да ќутиш и трпиш е болест, со тек на време сето тоа ќе се одрази врз тебе и врз твоето здравје, прикривање на нерворзи и ставање на проблеми под тепих не води никаде, верувај.

    Кажи си свое мислење, напрај си како што треба, и да се случи да дојде некогаш до развод имаш поддршка од твоите, не може цел живот да трпиш будала, и уште па детето мое да се викало по неа, аха да, нека си мисли дека така ќе се вика!

    Не попуштај и ако треба скарај се, бори се за себе и своето право, не ќути!

    Со ќутење само болести си накалемуваш, ништо добро не правиш.
     
    Последна измена: 26 јули 2024
    На LiquidLuna, *Amethyst*, ImagineDragons и 8 други им се допаѓа ова.
  10. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    20.232
    Пол:
    Женски
    Реалност е, и тоа како.... многу честа појва. Имам во блиска фамилија неколку случаи (дури и кај нас имаше обиди).
    Имам вујко на синовите негови децата тој одеше со имиња 'семејни' ги пријавуваше, без да праша никој.
     
    На *Amethyst*, Feminka22, Anyshka и 4 други им се допаѓа ова.
  11. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.388
    Допаѓања:
    59.812
    Пол:
    Женски
    Детето секако ќе расте покрај мајка и татко. Ама за да расте среќно, треба и мајката да е среќна. А за мајката да е среќна треба тие што се околу мајката да не и го јадат џигерот.

    Не само да е среќна, мајката треба да е здрава пред се. Чувај си здравје девојче, многу убави совети ти дадоа членките, не дозволувај да се разболиш од секирации.

    Утре нема никој фала да ти каже оти си проголтала толку многу работи.
     
    На VDT2906, flower30, LiquidLuna и 15 други им се допаѓа ова.
  12. anuska_dzuli

    anuska_dzuli Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2024
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Женски
    Мислам ги слушам советите на мајка ми...фала ви на сите за искрените совети а јас од денес па натаму глава горе и нема да дозволам никој да ме погазува! :l:
     
    На ImagineDragons, Трагедијаупмм, Lisandra и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Anneliese

    Anneliese Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2024
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    660
    Пол:
    Женски
    Ах не ,снаата е отпорна не се разболува и не реди болести,неа работа и е да ќути и трпи секакви глупости од свекорот,свекрвата,золвата,зетот деверот,јатрвата оти ти се знаат и се најпаметни,снаата не е.
    А стариве можат да се разболат без синчето ,и ќе плачат ако не го гледаат 24/7 .
    Неможам да сфатам, јас да дочекам пензија, да израснам и осамостојам деца па да се оженат или омажат,ќе се посветам на себе шетање,одење на море,скијање,излети,шопинг итн ,цел живот сум работела,сум се мачела и сум гледала деца ,за на старост на снаата и синот да им се мешам,да одам секаде со нив,мир да немаат ни за празник од мене итн .Еден и вреден е животот ќе си го живеам наместо да вршам надзор на снаата.Нека се здрави,живи,среќни тоа ќе ме засега најмногу,за другото ич,ќе си се посветам на себе.
     
    На M.B., *Amethyst*, ImagineDragons и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.918
    Допаѓања:
    20.085
    Пол:
    Женски
    Нели? :D
    Едвај чекам да пораснат, за да лудувам пак :D. Втор пубертет ќе ме фати.
    И плус, јас неможам да помислам да живеам со некој друг под ист кров. Гужви дома не сакам. Снаи и зетовци не. Кога ќе пораснат пилците, нека си одлетаат во нивно гнездо.
     
    На *Amethyst*, Feminka22, Трагедијаупмм и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.375
    Допаѓања:
    33.023
    Пол:
    Женски
    Не бе научиле да кажат "млада си ти", и што ако сум млада, затоа сега има се помлади со разни дијагнози.
    Ако сме млади не значи дека сме отпорни на болести, баш дека сме млади треба да живееме, животот е пред нас, а не да одам по одмори со свекрва, и пред да ме нападнат дека ок е на одмор и со свекрва и со мајка, дека утре ќе ги нема, сите различно си мислиме, и нас денес не има, утре не нема.
    Зошто да одам сега со свекрва или со мајка на одмор?

    Сум одела со моите помала кога сум била, мм одел со неговите помал кога бил, малку ни се мешаат, па уште на одмор да ги трпам, нема шанси, тоа ќе ми биде замор, не одмор.
    Тоа не значи дека не си ги сакаме родителите ако не одиме на одмор со нив.

    Ова е мое мислење, а кој сака може да оди на одмор и со цела фамилија, ете јас таква сум, не сакам ни со големо друштво, може со еден пар само, и тоа тешко, кога сме оделе со пријатели тоа не било одмор, туку замор.

    Па еден сака ваму, еден таму, децата вриштат, тие не се замараат, може јас сакам на одмор поефтино да поминам, може некој сака да готви дома, може некој сака по ресторани да јаде, секој различно.

    Јас сум отишла на одмор ќе готвам, нема да умреме за јадење.
     
    На ImagineDragons, Anneliese, Mumoftwo30 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. anuska_dzuli

    anuska_dzuli Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2024
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Женски
    Исто. Под ист покрив само со мм !!! Ни со золва ни со снаа ни јатрва,ма јоккк
     
    На ImagineDragons, Rozevata, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.094
    Допаѓања:
    7.605
    Пол:
    Женски
    Јас не реков дека не постојат такви свекрви боже мили. Мене ми е чудно некој на 24 години сега во ова време да го трпи ова. Плус поддршка од дома има.
    И примерите што ги кажавте тие сигурно немаат 24 години има разлика и 5,6 години да сте разлика со години. И дали се случило пред 10год или сега. Од година во година се менува времето.
    Еве пријателки колршки што имам сите пример што се до 89,90 родени повеќето ги имаат тие размислувања и свеки мамо да ја викаат. Ние што спаѓаме од 91-93 има и што трпат ама поголем дел не трпат. А тие пак од 94 нагоре се веќе друга приказна. Кога растевме у маало ние оример кога имавме 15 години тие имале 10. Ама ние на тие години кога игравме со кукли и песок, тие на истите години кога дојдоа веќе дечковци вртеа.
    24 години има родена е во 2000 и сакаш да ми кажеш трпи ова маж и уште меѓу нив да ја земе мајка му. Мене затоа ми беше чуден цел случај ама ок ако не трола и се извинувам на членката @anuska_dzuli .
    Како си воспитана да трпиш маж ти секаде со мајка му да оди и место со тебе во младоста да ужива него да му е поважна таа од тебе и детето. И плус слугинка да бидеш? Не знам еве околу мене твоите врснички знаат дека нема машка женска работа зошто ти дома се да работиш? И што ќе ти е маж само на папир ако е секаде со мајка му?
    И мисли си дека ќерка ти ќе расте во среќно семејство, многу убав пример и даваш утре и неа вака да и прави мажот а таа да трпи.
    Од некој што има 35+,40+ години вскво мислење да прочитав ќе речев ок самото окружување си го прави своето. Ама од 24години.
    Значи ова се трпело во времето на баба ми кога се немало избор, ама сега?
    Не е само неверство причина да оставиш некого. Или физичко насилство. Па овие тебе ти вршат психичко насилство, и ти мислиш со игнорирање ќе се среди нели.
    Што ќе ви ја таа на одмор со вас? Прв пат слушам ова.
    Би ти рекла да седнеш и да разговараш со него ама имаш пишано дека секогаш наоѓа изговори и неа ја брани. Така да твое е да си одлучиш што понатаму.
    Ама ова воопшто не е здрава средина за растење дете. Ова е токсична средина.
    Утре неа којзнае што ќе и текне и овој и тоа ќе го направи. Може да го натера и да те тепа, пошто очигледно за се ја слуша.
     
  18. Anneliese

    Anneliese Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2024
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    660
    Пол:
    Женски
    Секој треба да си посвети време на себе и да не биде егоист и алчен за внимание, па поради такви најчесто патат снаата и децата т.е внуците оти нели синот мора само на мајка му и татко му да мисли и прави што ќе му речат и секако без нив никаде нема одење.Секој втор развод е поради самобендисани,алчни и без осет родители на машкото кои останале во 5 век.Нека видат синот и снаата или зетот и ќерката како е да си родител,да се грижиш за семејство,да имаш обврски ама и време за да се посветат еден на друг,да имаат разбирање,љубов и страст еден кон друг.Јас тогаш ќе имам направено кариера,ќе се докажам како родител и сопруга па и тие нека го видат и доживеат тоа,оти да им го скратам тоа бидејќи мора да се врти светот околу мене,па која сум јас за да си земам толку за право,обичен човек како снаата не сум ништо повеќе од неа.Вториот пубертет е поубав од првиот така викаат барем колешки и жени со модерни и поинакви гледишта на животот и бракот со кои сум разговарала.Таков е животниот процес растеш и си создаваш семејство,јас еве сама живеам во стан,со моите имам екстра комуникација ,секој во својот дом си гледа како му е им викам да си шетат да се посветат на себеси,па заслужиле ,ме израснале,ме школувале редно е да уживаат сега.Затоа сум рекла кога ќе се омажам и во 30 квадрати ќе седам само да не сум во заедница,и палата нека ми нудат ама не фала,сами си сакам.
     
    Последна измена: 26 јули 2024
    На ImagineDragons, Anyshka, Adidas888 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. anuska_dzuli

    anuska_dzuli Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2024
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Женски
    Многу е лесно од страна да паметуваш и советуваш. И да, моето дете и те како расте во среќно семејство и е најсреќното дете затоа што не сум и дозволила да осети ништо освен љубов и топлина. А мм не ни покушал да викне на мене а камоли да дигне рака ! Ние се сложуваме се поддржуваме само јас реков дека мајка му ги прави сите работи,и тој така е растен ..плус мајка му е опсесивна..го оддимала на 45 години (посвоен е ) и понекогаш си велам можеби затоа е таква кога се работи за син и . Како и да е , не трпам никој и ништо. Ние се земавме со голема љубов и нема да дозволам таа љубов да пропадне заради свекрва. Ќе се борам и здравје боже во план ни е да заминеме од Мк. На сите девојки и жени ви посакувам да имате убав и спокоен живот и ДА НЕ ТРПИТЕ НИШТО!
     
    На ImagineDragons и Anyshka им се допаѓа ова.
  20. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.375
    Допаѓања:
    33.023
    Пол:
    Женски
    Епа еве ова со вујна ми, братучед ми и снаата се случи минатата недела, земени се пред неколку месеци, братучед ми има 27 години, снаава има 25, и вујна ми не е толку стара, има 50+, и не била некоја заостаната, затоа чудно ми падна.
    Нема врска годините со трпењето и пред колку години се случувало, некои повеќе трпеле, некои не.

    Некои не трпеле ни пред 30-40 години, еве тоа време никој што го познавам не живееле во заедница, ни мои тетки, вујни, стрини, ни на мм, вклучувајќи ги и неговите, си живееле одделно.

    Едит: јас не познавам некои од 80-та година па нагоре свекрвата мамо да ја викаат, па и тие не се престари.
    89-90 демек стари се? :wasntme:
    Јас сум "бабичка" и свеки не ја викам мамо. :D
    Ни мајка ми ни свеки не ги викале нивните свекрви така, се е до карактер, има и над 90- та година ги викаат мамо.
     
    Последна измена: 26 јули 2024
    На Anneliese и anuska_dzuli им се допаѓа ова.