1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.100
    Допаѓања:
    7.615
    Пол:
    Женски
    Ајде џабе пишувате. Во тоа време поголемиот дел да не речам сите трпеле. И да не живееле во заедница пак имало мешање. И било срамота да вратиш на постар. Не може тоа време да се споредува со ова сега.
    Да имам 24 години да одам на работа и дома да изигравам слугинка, а некој да гледа цел ден турски серии. Кажав може било некада давно тоа. Пошто така ги учеле женско си трпи. Ама сега да трпиш тоа? И да кажуваш многу се сакаме со маж ми а сама горе во постовите си напиша дека таа му е побитна од неа и детето. Каква љубов е тоа, тој да не смее да и писне на мајка му, ај таа што не работи не работи а тој цел ден на компјутер или у двор. Жена му нека се распадне. Не знам ама некој што те сака нема да гледа ти да се растргнуваш на сите страни и тој од љубов ќе земе ќе ја подели работата со тебе.

    Па зошто он дозволува да пропадне? Каде е таа голема љубов во случајов што го раскажа?
     
    На *Amethyst*, Mnik и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  2. anuska_dzuli

    anuska_dzuli Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2024
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Женски
    Значи ти сеа наместо да ми дадеш поддршка како жена на жена ,ти ме напаѓаш како јас да сакам така да биде и ми е многу убаво.А и не се трудам да ме разбереш затоа што гледам какво ти е сфаќањето . Ти ги мешаш годините дали било 1999', 1950' или 2030 година.КАРАКТЕР СИ Е КАРАКТЕР. Каков си таков и ќе бидеш. Не е до годините дали јас имам 24 или сум 40 .
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.375
    Допаѓања:
    33.029
    Пол:
    Женски
    А бе тоа да, ама и сега има мешање.
    Па ако им возвратиме ќе се налутат, ќе плачат, а снаата ако се нервира.
    Море и тоа време некои не дозволувале да им се мешаат, еве на свекор ми неговите им направиле куќа, а тие живееле во село, никогаш не им отишле таму да им се мешаат, баш кажуваше стрина му на мм дека кога се земале и свекор ми и брат му му кажале на татко му "ние сакаме да се одделиме и од утре сами ќе си јадеме", еее тоа време, ама сега сакаат да се мешаат, изгледа заборавиле како е.
     
    На *Amethyst* и anuska_dzuli им се допаѓа ова.
  4. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.100
    Допаѓања:
    7.615
    Пол:
    Женски
    Девојко сфати дека ти имаш пробелм со мажот не со свекрвати. Таа се гледа дека е проста и злобна. Ама маж ти и го дозволува тоа. Пипуваш на претходната страна дека многу се сакате сте среќни и се поддржувате. Јас овде никаде не гледам поддршка.
    Колку порано го сфатиш ова подобро за тебе ќе биде.
    Напаѓај ме слободно мене ако така ти биде полесно. Јас само ти укажувам на тоа што ти или не го гледаш или свесно затвараш очи на тоа.
    Секое добро и како мислиш најдобро дека е така прави си.
     
    На Oneo, *Amethyst*, Feminka22 и 7 други им се допаѓа ова.
  5. anuska_dzuli

    anuska_dzuli Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2024
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Женски
    Тука сме да си дадеме поддршка една на друга,а не да се напаѓаме и да си вадиме очи.Како и да е , секое добро на сите :l:
     
    На Rozevata и Anyshka им се допаѓа ова.
  6. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.375
    Допаѓања:
    33.029
    Пол:
    Женски
    Нели научи дека жена на жена е најголем непријател.
    Тебе те прашуваат каде е маж ти во приказната, тој и го дозволил тоа, тој бил виновен, а на другата членка што мажот и не застанал на нејзина страна, повторно жената била виновна што мажот спиел во дневна, па и жртва испадна.
    Секогаш жената е виновна.
    Ти зошто си молчела и трпела, другата зошто урлала, нзс не им се наоѓа.
    Урлањето го направија како кој знае колку да се дерела па го слушнале до Македонија, штом знаат како урлала.
    Двојни аршини фрчат.
     
    На ImagineDragons, AneSk, Antebellum и 2 други им се допаѓа ова.
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.690
    Допаѓања:
    322.972
    Пол:
    Женски
    Не добиваш ништо од тапшање по рамо.Живееш во токсична средина,со псхичко нарушено здравје,со лекови на само 24 години.Живееш во средина каде свекрва ти го има главниот збор.Лошо…ако не на себе, мисли на децата твои.Од твојот пример ке учат…ќути има и полошо.
     
    На Oneo, MeowMeow, *Amethyst* и 11 други им се допаѓа ова.
  8. anuska_dzuli

    anuska_dzuli Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2024
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Женски
    Баш така е ...за жал
    Затоа и се тргам настрана мила <3
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Anneliese

    Anneliese Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2024
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    660
    Пол:
    Женски
    Како не им е страм јас незнам,може ќе сакаат да се допираат,бакнуваат или имаат однос ,и свекрвата што ќе прави ќе им се придружи и таа или ќе им аплаудира.Или пак свекоров нема да му е страм да ја гледа гола снаата.Без осет луѓе,се натпреваруваат со снаата,кога требало сами тогаш да си оделе или ене ги агенции куп нека си уплатат и нека одат.
    Си мислаат за себе само се саможивни,си гледаат нив да им е арно, затоа и до 100ка ќе тераат.Оти да се оболат тие нека се оболи снаата.
     
    На ImagineDragons, Anyshka и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  10. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    2.901
    Допаѓања:
    6.493
    Пол:
    Женски
    Тапшање по рамо не е поддршка, треба да се укаже на грешката и да се помогне, премн си млада и наивна, затоа вака ти прават, ама чудно ми е како сето ова го трпиш, и детето сега не разбира ама утре кога ќе разбира и сфаќа, нема да е тоа здрава средина за живеење верувај..
     
    На *Amethyst*, Feminka22, Трагедијаупмм и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.145
    Допаѓања:
    17.556
    Извини на дирекност , но јас тука не гледам голема љубов. Еве ќе ти кажам како јас ја толкувам љубовта во брак.
    Љубов е кога партнерот ти е на прво место. Кога не можеш да поднесеш да е несреќен и неисполнети и да пие антидепресиви. Љубов е кога сите би ги ставила на местото за тој да биде среќен. Љубов е кога сакаш време насамо со партнерот и тоа себично го браниш од другите.
    Ова твоево не е нормален брак. И немаш проблем со свекрвата , имаш огромен проблем со мажот.
    Ако вие двајцата сте созреани за брак нема да дозволите никој да го пика носот кај што ме му е местото. Очигледно маж ти е несозреан....
    И не се лути на другите, тоа е реалноста.
    Детето не ти расте во нормална средина. Сега не разбира, но утре кој авторитет ќе го имаш ти пред детето кога сама себе не знаеш да се браниш?
    Здравјето сочувај го . На тоа дете му треба среќна и здрава мајка. Ти мислиш дека го заштитуваш и детето е среќно. Но верувај децата се чуствуваат. Особено тажна мајка.
     
    Последна измена: 26 јули 2024
    На *Amethyst*, LiquidLuna, Feminka22 и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.492
    Допаѓања:
    172.456
    Пол:
    Женски
    @Erika.greeneyes плус потребата да си проектираат прикаски врз база на нешто што не било кажано, големи се, ваљда си знаат од кај тоа им влече корени. Она што го знаеме е дека и пукнал филмот и се развикала еднаш. Ниту деца расте во хистерии за да раздолжуваме дали тоа не е добро за децата |( апсолутно не е сите сме сложни. Еднаш пукнала и готово и предвидоа каква е и каков и е животот. :D Типично женска работа. А кога сме кај зрелоста, манипулацијата е далеку од зрелост. Ама од каде иначе изузетно плитки аргументи освен ако не си доизмислиме своја прикаска. :wasntme:
     
    На *Amethyst*, LiquidLuna, Lizi и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.763
    Допаѓања:
    13.296
    Ова ти што го трпиш е исто како маж ти да те тепа. Па уште имало љубов меѓу нас. Не, маж ти не те сака штом дозволува да станеш психички растроена личност.
     
    На Oneo, *Amethyst*, Erika.greeneyes и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.375
    Допаѓања:
    33.029
    Пол:
    Женски
    Тука тешко да добиеш совет, веднаш научиле развод.
    А другата членка зошто им покажала каде им е местото, била дрска и арогантна.
    И сите ако живеат во "бајки", си мислат сите дека живеат така, не постојат лоши родители, ниту лоши свекрви според нив, има само лоши снаи.
    Ејјј млади какво размислување имаат, да им бидеме покорни на свекрвите, ама ти зошто си ќутела и трпела, пак си виновна, ако им возвратиме не сме културни, арогантни сме, па тие му се родители на мажот, не смееш да им викаш, треба да ги почитуваш.
    Не знаат веќе што да пишат, само контра да бидат, и да омаловажуваат, штом некој омаловажува и навредува, се гледа колке е нивната култура.

    Па членката штом тука била арогантна и дома била, како ја трпеле, секој знае во туѓ двор како е, а во нивниот не знаат, 100 стапа по туѓ грб не болат.

    Не смееш да се пожалиш од таквите, не смееш ниту пример од блиски да дадеш, ме нападнаа како знам јас за другите што тие мене ми кажале и на мм, па сум запишувал во тетратка, а тие како знаат па за рандом личности од форум какви се, да се чудиш, детална анализа ни направија.

    Ако немаат што да пишат па сигурно досадно ни било, епа некој да се занимава со јавни личности па на нив животот им е уште подосаден и не знаат што со својот.
     
    На ImagineDragons и anuska_dzuli им се допаѓа ова.
  15. Anneliese

    Anneliese Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2024
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    660
    Пол:
    Женски
    Што ќе прави со нив жити се?Не мисли,сфаќа или гледа дека Е вишок вујна ти.Ама сепак јас кривицата ја гледам во братучед ти а не во вујнава,искрено.
     
    На ImagineDragons, Orchidea, Трагедијаупмм и 2 други им се допаѓа ова.
  16. anuska_dzuli

    anuska_dzuli Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2024
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Женски
    Tака е научена младината сега затоа и бракови не остануваат, една кавга и си одат кај мајките и се разведуваат ,после децата трпеле...а не е трпење за децата да ги макнеш од таму до таму...и да , мажот ми мн ме сака затоа што за мене има истрпено многу,многу посериозни работи од ова. Чисто сакав да си споделам овде со вас да си помуабетиме а не да ме напаѓате па уште и да ми викате дека не ме сака маж ми.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.375
    Допаѓања:
    33.029
    Пол:
    Женски
    Ама и снаата сака, не ја разбирам навистина, пред месец дена беа кај нас, и баш снаава и велеше на вујна ми "буце ние не одиме без тебе", и снаата си ја вика, одат и по ресторани, секаде заедно.
    Инаку буце си ја вика вујна ми (свекрва и).
    А да, најмногу си е виновен братучед ми, многу е поврзан со мајка му (вујна ми), за разлика од брат му кој што живее сам во друга држава 10 години, уште пред да се ожени си живееше сам.
    Ете двајца браќа, иста мајка ги воспитувала, а многу се различни карактерно.

    Брат му постар е од него, сам си готвеше уште од мал, сам си переше, си чистеше по дома, а овој за тие работи ми вели дека биле женски, размислува како 90 годишен дедо, па дедо ми на 70-80 се сам си правеше, не очекуваше од никого, а овој 27 години со такви размислување, му велам не знам x како те трпи, јас не би.

    Ама за такви работи не го воспитала така мајка му, баш му кажува дека тие работи не се само женски, снаава плус и работи, ама на неа изгледа и одговара зошто вујна ми им готви, јас така не сакам, сама си готвам, ама не сме сите исти.

    Имаат куќа на два спрата и поткровје, горниот спрат се им е среден за нив, и доле си седат, горе само за спиење, имаат и кујна со дневна, куатило, спална.
     
    На Mumoftwo30 и Anneliese им се допаѓа ова.
  18. Anneliese

    Anneliese Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2024
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    660
    Пол:
    Женски
    Не ги оставаат да станат самостојни мора секаде мама и тато да се носат.Фактички сама ти и братучед ти немаат никаква приватност од викнала дури и смешно е на одмор бевме јас,маж ми и свекрва ми кога ќе кажат.Во право си за ова што пиша ,Ете двајца браќа, иста мајка ги воспитувала, а многу се различни карактерно.
    Сепак се е до карактерот на родителот и детето, сепак ќе речам јас еве не сум мажена ама кај мајка ми е обратна ситуацијата, вујковците ми уште коските што не им ги изведоа на баба ми и дедо ми покоен,таму снаата се сака нели синот е машко а мајка ми и тетка ми се женско тие се башка куќа затоа со такви се става крај со време како што направи мајка ми.
     
    На Feminka22, ♡ Cinderella ♡, ImagineDragons и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.799
    Допаѓања:
    2.834
    Пол:
    Женски
    Тебе ти треба поддршка срцка од најблиските, не само да ти даваат совети него да му кажеш дека вака не бива, тешко е да врвиш сама низ ова, треба некој салам да застане со тебе заедно да ги средите работите, млада си, и сите бевме не знаевме за подобро, затоа така правевме.
    Кажи му на мајка ти, и заедно со сопругот појдете да ви укажи некои работи, дека жена е жена, мајка е мајка, ако можете и привремено преселете се кај неа или под кирија одете, здравје па и во странство.
    Или барем викнете ја на гости и малце од малце ред да се направи дека, свекрвата треба да си најди луѓе на нејзина возраст за да си се дружи, да си најде занимација, ни на одмор не заедно оти ти така нема да уживаш него ќе си оптеретена со неа.
    Шо се залепила за вас јас не разбирам, но мора и сопругот да свати.
    Кажи му дека не сакаш болеста да ти се врати, сакаш да се излечиш но некои работи ти сметаат повеќе него шо ти помагаат(мајка му).
    Ако ја носи секаде повторно, ти кажи му дека мајка ти ќе ја земеш со тебе. Мора граници да се постават, ако треба и со инает, да знае, еве дека пример ако ти имаш родител и јас имам. И дека животот ќе ви помине со родителите, се надевам ќе те разбере.
     
    На *Amethyst*, Feminka22, ImagineDragons и 7 други им се допаѓа ова.
  20. anuska_dzuli

    anuska_dzuli Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2024
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Женски
    Скроз си во право душичке, ке одиме кај мајка ми ке разговараме заедно со моите и со сопругот...со убаво со муабет,ќе биде подобро ..само трпение
     
    На Anyshka и Lisandra им се допаѓа ова.