1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    835
    Допаѓања:
    4.775
    Пол:
    Женски
    Демек овие од 89/90 заостанати се, ама 91+ напредни се:D
    Јас пак немам ни постари познаници што практикуваат мамо и тато да кажуваат на свекрвата и свекорот.
    Нема врска тоа со генерацијата, туку средината во која растеш и се наоѓаш. Као една година после 90та кога ќе се родиш махинално ти никнува чакра ,,мразам свекрви". Ма какви се овие малограѓански муабети.
     
    На Feminka22, Rozevata, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Овде се трудат да ти ги отворат очите, а не те напаѓаат. Каква е таа голема љубов кон тебе, а не му текнува еднаш сами негде да излезете без мама? Ти кажав и поназад, може детето сега ти расте среќно, ама што ја учиш ти таа ќерка? Јас здравје да имам ќерка, баш заради неа ќе покажувам заби, за да не трпи глупости ко јас што треба да трпам.
    Слично затуцани свекрви имаме, исто и мојата директно ми рече "земете ме на одмор, моите деца одеа на плажа со мм и свекрва ми, јас не одев", ама знаеш што ми рече мм кога му го кажав ова? Нека си ја носи маж и', ми рече.
    Погледни ја разликата меѓу мојата ситуација и твојата, и можда ќе сфатиш што зборам. Не ти се пувам демек еве мм каков е, зошто не беше и не е стално ваков, ама јас многу работа имав и уште имам за да сфати мајка му што прави и што сака да постигне. И тој мислеше дека мама нема лоши намери зошто пола живот го има манипулирано, ама кога ја виде и слушна на дело за некои работи, многу сфати. Затоа колку помалку ќутиш, тоа подобро и за тебе и за детето. Мислам дека ниедна мајка не сака утреден ќерката да и' живее ко тебе, па затоа не и' давај таков пример на твојата. Ова кај тебе дома е замачкана хармонија.
     
    На *Amethyst*, LiquidLuna, Feminka22 и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Сега го прочитав ова. Што ќе ви се мајки, шајки да мешате? Седнете сами ко луѓе. Ти мајка ти, тој мајка му и вака им давате дозвола на сите да ви се мешаат во брак. Мајка ми, а ни Фала Богу неговава, ни 10% од работиве не ги знаат. Нема ни потреба.
     
    На Oneo, *Amethyst*, LiquidLuna и 14 други им се допаѓа ова.
  4. anuska_dzuli

    anuska_dzuli Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2024
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Женски
    Па и ти си во право, во бракот не смее никој да се меша .
     
    На Martka, ImagineDragons, Mnik и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Stars⭐

    Stars⭐ Нов член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2024
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Здраво.Можеби не е некој голем проблем ова но чисто да си се пожалам :)

    Имам 8 месечно бебе,треба за некој месец да почнам со работа.Свекрвата ќе го гледа бебето бидејќи мајка ќе го гледа бебето на сестра ми.
    Жената од сие овие месеци два,трипати гомима видено,но сега скоро секој ден доаѓа.Избегнувам колку толки бидејќи не можам да ја поднесам.Е сега бебе почна да оди во неа,некогаш плаче по неа зс шетање о таа само ме нервира,гледаш во мене сака.
    Не можам да го поднесам тоа што бебе сака во неа,кажете ми некој совет како да го игнорирам тоа,страшно ме нервира.
    Немаме шанси за градинка бидејќи ги немаме сите вакцини примено.
    Ќе полудам до дека да ја пуштам во градинка.Женава само ме споредува со некого и кога се роди малото сакаше да ми се меша но ја тргнав настрана ама сега немам каде да одам.мора некој да го чува.
     
    На Трагедијаупмм и Herbie им се допаѓа ова.
  6. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.763
    Допаѓања:
    13.296
    Леле и јас се чудам еј. Тие од 89 и 90 генерација ги викале свекрвите мамо. 8-| Нема никаква врска тоа. Смајли што се крсти.
     
    На Anyshka и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  7. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.413
    Допаѓања:
    6.280
    Пол:
    Женски
    Ај олади малку. Баба му е на детето, биди среќна што оди кај неа, ќе ја чува, треба да си имаат близина. Неможе она тебе да те замени, нема потреба од стрес.
    И моето оди кај бабите, јас се чудам оти, и како ама ете, она сака. Ама кога е болна или е гладна или каква и да потреба има, бара само кај мене. Во спротивно ако е татко и дома или баби, ја ич не и требам.
    Намали малку, жената ете ќе ти се најде. Пробај да ја разбереш и разговар со неа, дека сите сте посебни и нема потреба од споредби. Потрудете се да најдете заеднички јазик, на крај краишта се нафатила дете да ти чува.
    Како растат се така се понапорни за чување. Моето сама го чувам, веќе не можам да ја допазам. Годинка е.
    Се радувам кога некој на 15 мин ќе сврати да и одземе внимание.

    За некој месец ќе ги прими вакцините и ќе тргне во градинка. Подобро и за детето така да се дружи со други деца.

    Малку лицемерно од тебе, не ја поднесуваш ама ај оти немаш избор. Извини вака, ама неубаво звучи. Само од корист инаку не.

    Мојата прими ммр на 11 месеци. Не одложував вакцини и сум среќна што ќе тргне во градинка, па и јас малку да сменам секојдневие.
     
    На LiquidLuna, Rozevata, Gosh и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.100
    Допаѓања:
    7.615
    Пол:
    Женски
    @ArabellaStarfall ако вие сте форумски идоли секогаш ние другите сме будали и глупави. Одминете ги постовите ако си немате друга работа, ако имате да кажете нешто на членката за нејзиниот случај ок.
    Од секој пост правите драма. Од секое мислење ќе се фатите за нешто што врска нема со суштината на муабетот. Вратете се назад и читајте ги убаво мислењата. Пишав од мои колешки познанички небитно ПОГОЛЕМИОТ ДЕЛ значи тоа со мамо го кажав само како пример.
    Ама секој чита него како му одговара. Поентата ми беше друга. Дека како поминува времето младите генерации не трпат никого и не треба.
    Не се исти овие што имаат 20+ и овие веќе што имаат 40+. Децата наши пак нема никого да фермаат не пак свекрвата да го има главниот збор.
    Млада е има 24 години плус поддршка од дома кажа дека има.
    Мене ова ми изгледа ко измислена приказна и некој дупли член дека го пишува ова ама ајде.
     
    На Zumbulche, eliesaab и forumce им се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.336
    Допаѓања:
    200.648
    Пол:
    Женски
    Море море ама ви се трн во око форумските идоли.... Ако некој пише мислење спротивно од вашето, одма било навреда, омаловажување и требало да се банира членот, ама не го банирале оти бил форумски идол (facepalm)

    Ај сеа и јас да речам да те банираат оти ги вреѓаш тие што се 40+ дека се затуцани и во друго време живеат, оти навреда е.
     
    На bittersweet, Feminka22, Didajo и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.375
    Допаѓања:
    33.029
    Пол:
    Женски
    Точно е дека од секој пост се прави драма, ама не знам зошто си мислиш дека е измислена приказна, па што ако има 24 години, има и млади што трпат, а демек тие од 40+ се многу стари па мораат да трпат свекрви, имам комшики што се 40+, па и на мајка ми пријателките од 50+ не трпат свекрви и живеат одделно.
    Се е до карактер, ама до 89/90-та родени ги направи бабички и ги викале свекрвите мамо, јас не познавам такви, и сега да ти кажам на тебе дека измислуваш.

    Само родените над 90-та година не трпеле демек.
    Кај тебе среќа што мажот ти е на твоја страна, кај членката не е, и тоа е проблемот.
    Има 24 години, млада е, заљубена, и не размислува можеби, за некоја година ќе се освести како и сите ние.
    И јас не размислувам исто сега и пред 5-6 години.
    Тој што си е таков ќе си биде таков па и после 20 години, свекрвите нема да се сменат, можеме ние да го смениме однесувањето кон нив како што си заслужиле.
     
    На Трагедијаупмм, anuska_dzuli и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  11. Stars⭐

    Stars⭐ Нов член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2024
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Е не можам тоа е проблемот.Не знам како да го победам тоа,одвнатре ми доаѓа.Сака секогаш таа да е центар внимание,сите внуци да ја сакаат.
    Имав многу почит 10 год сум и снаа не сум од вчера,ја познавам многу убаво.Досега се немаме но скарано ама ете не се поднесуваме.Не сум лицемерна личност затоа не можам да правам филмови.
    Маж ми гледа дека ми "смета" на некој начин и ни ги избегнува средбите :))
    Да, и ти си во право ама ете не знам кало да се контролирам.Дали дека 24/7 сама си го пораснав бебето ја немаше никаде,сега се прави баба.
    Ќе издржам некој месец додека да ппчне со градинка.
     
  12. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.100
    Допаѓања:
    7.615
    Пол:
    Женски
    Јас пишав за МОИ колешки и познанички не знам веќе на кој начин да објаснам. Ама за разлика од вас и пишував на членката за нејзиниот случај.
    А другите значи не и пишаа ништо на членката туку коментираат на дел од мислење. Изгледа не дошле во темата да и дадат совет за конкретниот муабет туку како и секогаш се надврзуваат на нешто што нема врска со суштината на мислењето. И од сите постови прават драми.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.763
    Допаѓања:
    13.296
    Убаво го прочитав тој пост. Не се вади дека не си пишала така. Еве јас познавам мажени што имаат 20-24 години и ги викаат свекрвите мамо, чекаат да им ги бањаат бебињата оти тоа било почит и ред други назадни размислувања.
    И?
     
    На Mumoftwo30 и Anyshka им се допаѓа ова.
  14. pravnicka_2604

    pravnicka_2604 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2016
    Пораки:
    403
    Допаѓања:
    1.207
    Пол:
    Женски
     
    На joy1 и forumce им се допаѓа ова.
  15. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    835
    Допаѓања:
    4.775
    Пол:
    Женски
    Како е млад човек и не трпи 91во годиште, а 90то е стар и трпи. Тебе ти немаше врска споредбата, не дека сакам драма да направам. Сама си ја создаваш. Фактички ти ги правиш, не велам постари, пошо и тие се уште млади генерации, уназадени.
     
  16. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.885
    Допаѓања:
    7.621
    Пол:
    Женски
    @anuska_dzuli не мораш баш за одморот да си направиш нервози (кога веќе 3 години) сте постојано заедно, туку почни со поситни работи пример одете да испазарите сами, излезете навечер на пијачка, кај твоите...или уште подобро најди "активности" за родители и деца. Кај што нема да може да дојде и свекрва ти.
    Воедно прво суптилно а потоа директно ќе му кажеш дека не ти пречи жената ама сакаш и да поминуваш насамо време со него и детето.
    Ова се за да се "сочува хармонијата" која веруваш дека ја имате.
    Инаку можеш слободно да си дојдеш од работа и да кажеш дека не ти е добро и сакаш да одмориш. Во превод нема ручек денес. Можеш да работиш многу побавно и едноставно обврските да се трупаат па другиве како сакаат.
    Трета варијанта да си дојдеш од работа, да се истушираш, да земеш дете и да го прашаш маж ти дали доаѓа со вас. Прошетка, ручек, игротека што и да е. Ако прифати супер, ако не почнуваш да го практикуваш тоа сама, јасно кажуваш зошто и тоа е тоа.
    Не е работата да станеш во моментов и да изнакажеш се на куп ама од ден на ден секој нека си го најде местото.

    Инаку одморот сам по себе не го гледам како којзнае колку страшен.

    Ете членка горе кажа за вујна и, ситуација каде и на мажот и на снаата им одговара друштвото на свекрвата и решен проблем. Сигурно таа не им стои 24/7 над глава ама им одговара нејзината помош и друштво.

    И јас не сум блиска со свекрва ми па кога одиме кај нив ја викам со нас низ град кога шетаме, кога одиме кај золвите, на ручек и сл. (Ама скоро никогаш не доаѓа :D).

    Од друга страна повеќе пати сме патувале со мајка ми, службено, здравствено и на шетање, па и на одмор неколку пати но секој си го имал раатот. Зависно од потребата и бројот на луѓе сме оделе и со една и со две коли но колку што ме држи памтењето секогаш сме биле сместени во посебни соби во хотел или поголем апартман со доволно соби за секого.
     
    На Martka, ImagineDragons, anuska_dzuli и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Herbie

    Herbie Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2024
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Леле не знајш колку те сфаќам. Мене ми е рано да се вратам на работа ама самата помисла да го чува свекрва ми ми ствара анксиозност и нервоза доплафон. И јас не можам и не знам како да го контролирам тоа, а и плус не можам да правам лице ич. И мм знае дека не ја можам воопшто и на минимум ни е сведено видувањето. Ама и во тој саат ќе најди начин да ме изнервира, се меша, љубоморна е.
    Мојов е пасивен чоек неќи расправии и си ќути јас трпам ама се сеќавам дека сум на граница да пукнам.
    Додуша кај мене треба мм да го чува кога сум јас на работа различни смени да одиме, мада ќе треба некој да покрива. Јас сум за градинка од старт си кажав, искрено мислење не е без причина и кај тебе и кај мене. Мајчин инстинкт слушај го.

    Додуша јас последно време одам ај пошо него му е жал да го видат бебево а не ми се пушта само со нив, си имаат проблеми со алкохол. Имаче ич не ја трпам, пред две недели бевме кај нив седевме не беа тие дома им ја чувавме куќата, од што ми смета се и ме вреѓала ослабев некое кило во една недела.
     
    Последна измена: 26 јули 2024
    На Stars⭐ му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.356
    Допаѓања:
    15.147
    Пол:
    Машки
    Извини а прочита ти некаде дека неа некој ја брка од кревет под казна да спие во ходник само поради тоа што не исполнувала желби, ја притискале ли неа по секоја цена да се кара со нејзината фамилија, прочита некаде дека ја малтретирале додека живеела кај нив дури и за банални глупости како изгребано лавабо (сигурно во толкав период и таа правела грешки), ја исмејувале ли неа за хигиена, несреденост и сл., не немало ништо од ова, луѓето биле свесни а најверојатно и виделе со кого си имаат работа пак ќутеле и кога имало причина да ја искритикуваат за нешто, како што ќути и мажот и, така да им се качува и тоа како на глава.
    Ма немој мажот и работи две работи, кредитите кои ги начукале за куќа ( за кои гордо потенцира како сама да ја спечалила, а што се вели доколку се деси нешто да не можи да ги враќа преку ноќ може да го снема се тоа, бидејќи додека не го исплатиш не е твое) заедно ги враќаат, кажа дека бил и посветен татко, така да полека со драмата малку.
    Па нема за што да се срамам кога со нејзините мислења и после моето се докажа дека тоа е така.

    А ако веќе е за срам би требало прво таа да се срами што го нуди мажот на членките тука, само поради тоа што не ја поддржуваат во тоа што го прави, се надевам барем за ова ти е срам и тебе :)
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.375
    Допаѓања:
    33.029
    Пол:
    Женски
    Ти да не си свекорот? :rofl:
     
    На *Amethyst*, Feminka22, Zumbulche и 6 други им се допаѓа ова.
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.239
    Допаѓања:
    40.956
    Пол:
    Женски
    А ти прочита некаде дека ова де дешавало кога живеела таму или како?
    Јас нејзината постапка кон сопругот не ја оправдав, не се ни осврнав на неа, сметам дека возрасни луѓе разговараат кога ина проблем не се понашаат така, ама сметам дека маж што не знае да застане од кај жената кога се бара од него, кој не знае да постави граници со својата фамилија и те како е маж без муда.
    Друго гребењето на лабавото се десило, на секој може да се деси, постапката после гребањето покажува уствари колку не го почитуваат нејзиниот збор. Оти му рекла немој да чепкаш ќе пробам јас да исчистам, смирено и културно, а тој што направил, пак чепкал оти он знае подобро и е попаметен од жена и при таа негова постапка тоа резултирало со гребење кое нејзе ја извадило од такт.
    И да во дом која таа инцирала да го создадат настрана и при тоа и двајцата работеле на тоа да им биде удобно, имаат право да поставуваат правила и било кој гостин треба да ги почитува.
    Членката каква е во тоа не навлегувам, ама непочитување од гости ми е неприфатливо понашање кој сака нека е.
    Исто така недиректен пристап при решавање ма проблеми, и вртење од околу исто така ми е неприфатливо, а маж и баш тоа го направил со неговите.
     
    На *Amethyst*, CameliaMiller, Gosh и 5 други им се допаѓа ова.