1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    601
    Колку и да ве нервираат, ако мора да го чуваат бебето , ќе мора и близина да се направи.
    Е сега, кога тргнав на работа малата одеше во градинка, ама колкуу периоди имаше кога е болна па тоа беше страшно, плус викенди,втора смена, нон стоп имав потрееба од помош. За жал , не успеав долго и затоа и не работам сега(двете баби се вработени)

    Сакам да кажам дека и кога ќе тргнат децата во градинка ќе имате потреба од помош. Затоа ако постои простор за премижување на некои работи , затвори очи , и добиј помош.

    А со луѓе алхохоличари, само луда да оставиш дете, тоа може да е фатално.
    Јас за децата цело време се расправам , во смисла јадење , спиење, ама на некои тоа не се докажува, затоа и не се ни трудам. На пр , малава година ипол со две дремки е , ми ја пукна главата како трева да спие еднаш по 3 саати дневно. Кога и ја оставам знам дека ја мачи да е будна, ама не се замарам на неа и плаче .
    Дома се знае 2 дремки и дете весело, навечер наспиено. За благо јадење и бомбони ни на мајка ми не успеав да и објаснам дека не треба да им дава, затоа дигнав раце , кога се на гости се е дозволено, дома други правила, за тв истоо големава цеел ден гледа, дома нема.
    Ама ако се расправам треба прво и со моите, и пак јас ќе сум лошата.
     
    На Martka, *Amethyst*, Zumbulche и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.375
    Допаѓања:
    33.030
    Пол:
    Женски
    Во ходник спиел мажот, како да бил таму па знае. (facepalm)
     
    На ImagineDragons, Anneliese и anuska_dzuli им се допаѓа ова.
  3. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.356
    Допаѓања:
    15.147
    Пол:
    Машки
    Нормално нејзинините постапки не се битни, не мора осврнување на нив, битно е тоа што мажот поради лавабото не се испокарал со цела негова фамилија.
    Човекот најверојатно поради тоа што му било незгодно и срам сакал само да ја поправи грешката која ја направил, а читајќи ја тука што се ја вади од такт се сомневам во тоа дека смирено и културно му кажала.
    Во секој случај тука ја имаме едната страна од приказната, не ја знаеме другата и колку од се ова тука што го изнапишала е така, а нешто ми кажува дека и тоа како не е.
     
    На eliesaab и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  4. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.375
    Допаѓања:
    33.030
    Пол:
    Женски
    Не, важно е што свекорот ќе плачел ако му кажеле нешто, а снаата што се нервирала, и децата што ги оставил сами и што можело нешто да им се случи не е важно.

    И како се фативте само за лавабото, кога членката му кажала јасно дека ќе средела со средство, да не го гребе со нож, тој се правел паметен и не ја послушал.

    Тебе некој да ти каже да не го правиш тоа, ти инат ќе тераш?

    Тука не се работи само за лавабото, капак и било што децата ги оставил сами за да купи праски (трудна жена, не може да почека), можел и децата да ги земе со него.
     
    На *Amethyst*, ImagineDragons, Gosh и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Herbie

    Herbie Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2024
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Искрено знам што е проблемот во мојот случај но не знам како да го решам. Поточно јас немам проблем, ама ми ствара проблеми пошо мм не кажува мислење за проблемот шо го има мајка му, знам дека му смета и толку. А по повод детето јас само зборувам и кажувам дека нема шанси да го чува дури прај така.
    Ама џабе зборувам, додуша не се гледаме ние кажав, не го гледа и бебево мн мн. Ама се надева да го гледа тоа го знам. Мене мо е само премногу страв да не се случи нешто кога не сум тука, кога ќе тргнам на работа, не можам ни да објаснам како се осеќам по повод тоа.
     
  6. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.571
    Допаѓања:
    39.986
    Пол:
    Женски
    Твојата одбивност е резултат на нејзино досегашно однесување и потполно те разбирам.

    Ама една работа, мајка си е мајка, да може сеа повеќе ќе ја бара зошто 7-9 часа на ден со неа ќе биде, но кога ќе почне во градинка, ќе си дојде се на свое место, после пак постави си граници доколку ти е потребно.

    Само немој вака како погоре, да ти го чува ама да не можеш да ја помирисаш, биди со еден став, па и детето да не се буни
     
    На *Amethyst*, Rozevata, Mumoftwo30 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.356
    Допаѓања:
    15.147
    Пол:
    Машки
    Зависи од ситуација што и како се десило, можеби ќе оставам така или можеби ќе сакам да го поправам тоа што сум расипал, но дефинитивно нема да се трескам од земи за лавабо.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.375
    Допаѓања:
    33.030
    Пол:
    Женски
    Не се трескала за лавабото, туку за тоа што не ја послушал.
    И јас да оштетам некаде нешто, нормално дека ќе сакам да поправам, ама ако сопствениците ми кажат да не чепкам, ќе ги послушам, можам да им понудам да им ја платам штетата, не да изигравам шериф во туѓа куќа и да се правам паметна дека можам да ја поправам штетата.

    Едит: како и да е, членката кажа дека на мажот му завршила "казната" и дека спиел во спална, така да сега си се гушкаат, ние џабе збориме тука.

    Можеби го напишала тоа во нервоза, како што јас пишав кога се зачленив, па до ден денес душата ми ја вадат и трн во око сум им на многумина.
    Што и да напишам им бодам очи, ни да се пожалам не смеам, ни да пишам за мои блиски.
     
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.239
    Допаѓања:
    40.956
    Пол:
    Женски
    Како сфати дека нејзините постапки не се битни? Јас само реков дека тој дел од постот не го коментирав.
    Срам ми било, велиш? А не му е срам кога му рекла да не го гребе си нож, тој пак земал да го гребе, не му било срам да и каже после дека и по напоменатото од нејзе тој пак го направил баш тоа што му рекле да не го прави?
    Не го е срам да плаче како дедо од 60+год ако некој му укаже на грешката?

    Жената според мене од такт ја вадат сега овие работи оти изгубила живци после години трка и борба за подобар живот, после се што истрпува една жена по раѓање на деца, брак и справување со самотијата во странство нормално е живците да се истенчат и да нема живци за трпење срања и посерување на глава, осбено не во нејзин дом, за нејзини деца.

    Убаво му кажала на сопругот како стојат работите и убаво му рекла да разговара со нив и да им каже до каде можат да одат, а тој што направил? Не ја сфатил сериозно и не пушта глас оти тате ќе се расплаче.
    Можам да замислм само колку била изнервирана и испаничена од моментот што можело да се деси кога децата биле оставени сами(особено ако предходно никогаш не биле) од помислата дека може да им ги земе социјално, за што, оти возрасен маж е толку глуп да не помисли дека децата не се оставаат сами. Па дури се очекувало да ми се каже за да не го пеави тоа, како некој нормален да ќе помисли дека може на ова да му текне па треба да му се напомени.

    Жената дефинитивно е изреволтирана од товарот што со години го носела на нејзин грб, жената дефинитивно е разочарана од сопругот и дефинитивно им треба разговор и терапија, тука сте сите во право дека кон него не реагирала правилно, АМА дека не е во прави во ситуацијата со неговите, извинете ама во право е и тоа 100%.
     
    На *Amethyst*, LiquidLuna, Zumbulche и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.116
    Допаѓања:
    2.424
    Пол:
    Женски
    Море најлоши се овие што не живееле со свекор и свекрва, а сакаат во заедница со синови и снаи и лепенка да им бидат секаде.
     
    На Martka, *Amethyst*, Zumbulche и 6 други им се допаѓа ова.
  11. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    601
    Доколку проблемот е сериозен , ако жената не е стабилна и свесна јас би се борела да не е со неа, во тоа и мт треба да те подржи. На пр, едно е да и дава чоколадо а ти и браниш, а друго е ако е алергична а и дава.
    Едно е да ги гледа внуците во ваше присуство а друго се плус 8 ч. чување.
    А и ако не е способна и сама не треба да се нафаќа.
     
    На Herbie и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  12. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.356
    Допаѓања:
    15.147
    Пол:
    Машки
    За ова веќе кажав претходно зошто сметам дека го направил тоа, да не се повторувам.
    Женава ја вади од такт се што не е по нејзина воља, ја вади од такт како се однесувале родителите спрема мажот и бидејќи тие на село поинаку биле научени (ова таа го кажа), ја вади од такт што не се расправал со мајсторите, ја вади од такт што не се расправал со неговите, ја вади од такт тоа што барал работа по струка, ја вади од такт тоа што мајка му сакала да дојди да ги види пак му се закани дека во нејзина куќа (што не е само нејзина) таа немала да стапни а и него куферот ќе го чекал пред врата, ја вади од такт плотната, лавабото... не знам дали има нешто што не ја вади од такт освен можеби нејзините родители, за нив не прочитав да наведе дека погрешиле некаде, ваљда се некои безгрешни луѓе како и таа самата, храбри и со карактер :)

    Заминале и други да живеат во странство, носеле и тие големи товари ако не и поголеми но не се однесувале вака, ниту е нормално ова нејзино однесување, ниту е 100% во право, само жал ми е за луѓето што ја трпат тортурава.
     
    Последна измена: 27 јули 2024
    На An-na и Orchidea им се допаѓа ова.
  13. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    2.901
    Допаѓања:
    6.493
    Пол:
    Женски
    Ич не треба за ова да се замараш, бабите се дозволуваат затоа децата некогаш се повеќе накај нив насочени, ама да знаеш засекогаш дека МАЈКА е МАЈКА, и ниту иљада баби не можат да го променат присуството и љубовта на мајката!
    Моиве и ден денес знаат за бабите некогаш да се развлечат, е не мама сакал баба тоа са му го напраи, нема проблем еве повели, јас таман да си одморам :D
    Свекрва ми знаеше да каже така, аа кај мене како сака гледаш, викам да па сака, не те видел месец дена :rofl: и така ќе престане, ако спомне било што и ми смета јас одма враќам, не можам и не сакам са пеќутувам на никого.
    Имам релативно добар однос и со мајка ми и со свеки, ми помагаат ама не секогаш и ме слушаат, 90% се почитуваат моите правила, во поглед на спиење и храна.

    Не треба да дозволиш да си опсесивна спрема детето, и што ако оди кај баба му, мн разбира тоа, мало е, не си ставај се при срце. Олабави се малце, ќе си дојде се на свое место.
     
    На Rozevata, Erika.greeneyes и Anneliese им се допаѓа ова.
  14. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.539
    Допаѓања:
    3.079
    Цели анализи на членката направени, браво за вас.
    Па на некои им сметало што пишувала јас, јас, јас, агресивно нарцисоидно било. Па нејзини ставови, аргументи и приказна објаснува, не на комшијата, во прво лице ќе збори нормално.

    Стварно ви сметаат директни и жени со самодоверба, а? Јас искрено неам слушнато жена да оди прва странство, сама, па да го повлече мажот, се обратни се ситуациите. Тоа и те како заслужува почит, а не вреѓање и да го викате тоа самобендисаност.
    Научете се да се мотивирате од такви жени, а не да ги рушите со зборови надоле.

    Што се тиче мажот и, јас мрзам пасивни мажи ама ептен. Нејќам за се да правам одлуки, ако се на мене е оставено, ти ебам таквиот маж. Е сега тој отсекогаш бил таков ваљда, но ете со тек на време почнало да и смета, зашто како сме со обврски повеќе во животот, до нас ни треба партнер, а не турни ме да кинисам персона. Па и такво скиснато да му е страв да постави јасни граници дома со неговите, тоа пак уште толку неатрактивно е.
    Старите се друг проблем, но сите донекаде го имаме, се они се попаметни од нас, тераат инат за глупости. Ај еднаш, двапати, ама третпат на сите има да им кажам да не ми тераат инат само за да го тераат, туку да отворат мозок кога не се во право. Јас лично не би ми чекала од маж ми тоа, сама ќе ги дотерам у ред, мои и негови, ама многу е лошо кога немаш поддршка од маж за тоа, сигурно ќе се осеќаш ко задно дупче на свирало.
    Сега логиката пази, татко му бил плачко и емотивен, затоа нека прави што било, ама женава се нервира и е мизерна, она нека трпи, навикната е.
    Голем непочит, како сакате вртете го, и не е во ред.

    Јас само би се потсмирила ради децата, да не слушаат и гледаат расправии, ама во четири очи, па и со старите, и те како ќе гледам да ги дотерам у ред, ако веќе сакам да останам во брак со пасивна особа.
     
    На MeowMeow, Noemi, Lizi и 14 други им се допаѓа ова.
  15. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    835
    Допаѓања:
    4.775
    Пол:
    Женски
    Што е пасивен човек по дефиниција според неа, е всушност прашањето кое треба да се постави. Работата веројатно сам си ја нашол, работел и два работи. Најмалку можам да кажам дека е пасивен. Можеби очекува човек кој е конфликтен и ќе лупа на маса да покаже кој е маж. Ама тогаш нема да биде мажот со кој се омажила, туку друг. Мене ми изгледа дека таа се сменила многу од претходната верзија која била, не трпи, конфликтна е, можеби тој го дава балансот за да не се исколат по дома. Човек не може да смениш по желба за да го направиш совршен за тебе, туку го бараш тоа што ти одговара.

    Веројатно и самиот, бидејќи ништо не се случило лошо, не сакал да ја прави големата со родителите. Ама навистина не знам што е тешко било кој од нив да укаже дека деца сами не се оставаат. Тебе доколку ти се случило тоа, ќе ќутиш? Имаш уста, што има врска чив родител е, ќе кажеш проста реченица и се ќе си заврши добро. Какви плачки, какви бакрачи.

    Ти ако немаш чуено жена прва да оди, јас имам куп примери. Тоа не ги правело мажите пасивни. Туку било ствар договор. Обично така прават затоа што професијата која ја имаат тие жени захтева доста за вработување, јазик, конкуренција, недостапност. Мажите веројатно работат нешто што многу лесно би се рангирале на пазарот на трудот. И нормално не може двајцата наеднаш да се вработат затоа што имаат деца, не е наивно да смениш цел живот во туѓа земја. Земаш, враќаш, седиш со нив, чекаш место по градинки, учиш јазик, куп работи.

    И за крај, воопшто не ми изгледа на мотивациона приказна. Што е мотивацијата, приказната за лавабо од 2000 евра? Се изгубила себе си по патот кон Германија, ако читаш меѓу редови. Очигледно и не и ни годи штом фитиљот и е краток.
     
    Последна измена: 27 јули 2024
    На An-na, sonuvana, Bratot и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Anneliese

    Anneliese Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2024
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    660
    Пол:
    Женски
    Игнорирај ја неколку месеци дури да почне во градинка , после за викенди шетајте некаде,преку недела на работа па средбите да ги намалите на еднаш во три месеци.Една е мајка и мајка неможе секој да биде а баба е друго.Само бабиве премногу за право си земаат па лупат што ќе им текне ,јас да сум баба незгодно ќе ми е на мајката да и речам леле мене ме сака,само мене ме бара срам ќе ме фати,ама осет треба а свекрва ти очигледно нема. Намерно прави така да те нервира.Игнорирај ја ако ти рече, леле само мене ме сака,само мене ме бара смеј се гласно и кулирај.
     
    На *Amethyst*, Zumbulche, ♡ Cinderella ♡ и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.375
    Допаѓања:
    33.030
    Пол:
    Женски
    Да, ама бабите и не мора да одат против мајката, не мора еве да е свекрва, истото важи и за мајка, за да ги сакаат повеќе децата се им дозволуваат, па потоа мајката си има проблеми со детето/децата.

    Мене и двете баби не ми дозволувале се, ако требало да се руча, пред ручек не ми давале благо или смоки.

    Треба да се почитува зборот на мајката, а не ако чуваат внуче треба на глава да и се качат.
    Подобро нека не се нафаќаат, нека кажат дека не можат, отколку или ќе го чуваат како тие што сакаат (нели тие знаат се, изгледале тие деца), или не го чуваат, бабите не се должни да чуваат внуци, ама ете во ситуацијава додека да тргне во градинка зошто да не и помогне, ама тука скокнаа кога треба да се дочуваат родители на старост, демек снаата и синот биле должни, ако бабата не е должна да чува внуче (нејзина крв), што е должна па снаата да ги дочува на старост.

    Па и во други теми се бунеа како бабата не ги послушале, им го поврзувале зборот, оделе против нив, им давале благо, грицки пред ручек, ама тоа кога се работи за свои деца, кога се работи за туѓи "штом бабата ќе чува внуци, има да си ја трпиш свекрвата".
    Повторно двојни аршини како и секогаш.
     
    На Gosh и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  18. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    601
    Неможеш со пола фамилија да се скараш, имав ситуација кога детето ми беше 3 год, седиме на гости и тууп пред неа фанта, јас одма реагирам не пие газирано, жената ми направи таква фаца како јас да сум луда што не и давам да пие, уште и ме праша зошто не и давам? Можев да се скарам, ама што ќе добијам со тоа, кај бабите кога и да одиме на ручек на маса ја чекаат грицки или чоколадца, што значи тој ден ништо од ручек.
    Се нервирав порано многу, веќе не, знам неколку саата се , дома пак продолжуваме по старо.

    А инаку доколку неможеш да си дозволиш жена за чување, верувај ќе трпиш се. Ако работите во приватен сектор кај што не така лесно се зима боледување, ако работите во 2,3 смени, ако работиш за минималец а толку и жена ќе ти бара да ги чува, ќе трпиш.
    И не се многу надевајте на градинка, работат во една смена, викенди не работат , и на секое кивање се дома.
    Колку пати ми се имаат јавено дека ќе ја фаќа стомачен вирус , седи дома 2 дена нема ништо. А кој да ја чува тогаш? Пак мора некоја баба.
     
    На Erika.greeneyes, Anyshka, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    2.901
    Допаѓања:
    6.493
    Пол:
    Женски
    Не можам до толку да навлегувам искрено, децата ми ги чуваат и мајка ми и свекрва ми, добро ги чуваат и се грижат за нив, треба да сум благодарна да, ама ете некогаш прават исклучоци, одсекогаш кај баба се се добивало и се било дозволено, и ние кога сме биле мали.
    Се нервирам некогаш што нема да ме испочитуваат околу благото, ама крај краева ќе ми речат да си го чувам сама, а немам таков избор во моментов, јас за сега сум задоволна како се чувани, моите деца знааат која им е баба, која мајка, и се знае што можат со баба, и што можат со мама.
    На детето границите му ги поставуваме ние како родители, секогаш.
    Кога се болни, кога нешто не им е по ќеиф, кога им се спие, секогаш ја бараат мама, тогаш кога е најтешко децата одат кај тие каде што се најсигурни, а тоа е секако мама.
     
    На Rozevata, Erika.greeneyes, Anyshka и 2 други им се допаѓа ова.
  20. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.690
    Допаѓања:
    322.972
    Пол:
    Женски
    Мене средното девојче секогаш ми вели …мамо баба прави поубави јадења од твоите :D

    И секогаш и велам знам :D.

    И поубави фризури им прави свекрва ми реално :rofl: Де плетенки,кики,шнолки.Јас само со чешел им поминувам и спремни се :D

    Сакам да кажам не можам да замислам да ми живеат децата живот без баба и дедо.Сега на летен распуст секој ден ги носам по еден час кај неа.Во двор имаат малинки,капинки,јагоди.Па берат со неа.Имаат базент,трамболина,точаци…уживање им е.
     
    На Martka, mal.ecka, Angella7 и 18 други им се допаѓа ова.