Кај мене големата еднаш плачеше оти баба и и дедо и биле стари и ќе умреле. А не се стари. И двете сакат да спијат кај нив и сами си тражат. Многу ги сакат и се поврзани. Баба ми и дедо ми не се мирисаа со мајка ми ама нас нѐ исчуваа како што треба. И ден денес ги паметам спомените со нив
Зошто не се жалиш дека поубави јадења прави од тебе свекрва ти ? Се шалам, дојдов само затоа што ме насмеа со косата и јас така чешелот и репче, а мајка ми плетенки, репчиња, чуда
Дечки да не е некоја наша другарка од форумов да идеме да ја браниме? Мора да сме солидарни една кон друга. СТОП ЗА ЈАТРВИ И ЗОЛВИ!
Не ми е приоритет да се докажам како домаќинка во животот Нека сум јас среќна а она нека готви поубаво
Toa може доколку не е алергично детето, ама ако е и знаејќи му дава нешто што не треба, демек "е што има врска од едно ништо нема да му биде, како сте јаделе вие", е тогаш и мајка да ми е па ќе се скарам. Па тука прочитав како некоја баба му дала нешто на внучето, демек ете од едно ништо нема да му биде, детето почнало да се гуши, и завршило во болница. Ете од тоа ништо нема да му биде, од што бабите се знаат, они изгледале неколку деца. Братучетка моја баба и што се и буташе во уста мака мачеше со тежината со години, за кога порасна да држи диета и да заврши во болница, епа не е баш исто се да им даваат на децата. Јас сум чувала деца на мои пријателки, на братучетка на мм, ми носеле се спремено, само да дадам да јадат, за смоки сум се јавувала да прашам дали да им дадам, како тоа ќе одам против мајките на децата, ама бабите премногу си земаат за право да одат против мајките. Ми ги оставиле децата во доверба, и ако ми кажале да не им давам благо и грицки, јас да им дадам, епа не е баш така.
Така размислуваме ние, а за бабите е се нормално. А и реално има мајки на кои децата им раснат со паштети и тоа не е за нив ништо страшно, дури јас сум им чудна што немаат пробано моите деца. Но , доколку е алергија во прашање , не да се скарам , може и да не ги види веќе децата без мое присуство. А од што јас не давам, бидејќи и оброк слабо јадат, да се расправам немам намера, еден ден во недела,или две на децата како празник им е. Проблем е што неможеш да се докажеш никогаш.
Оф...колку да ја игнорирам ,доаѓа на неколку дена.Гледам да не сум дома или да спие малата.Добро ќе беше да се гледаме на толку време ама и мм ќе ја носи кај нив.Треба да се карам со него да не ја пуштам да оди.Добро е што не живееме заедно. Ќе побарам некој психијатар да ме смири малку )
Моите сега кога и двајцата работиме ги чува баба им.Свекрвата. Не не примија во градинка. По цел ден минуваат со неа. И многу ја сакаат. Да имаат некоја одбивност спрема неа тогаш би се запрашала што е проблемот. Дали добро ги чува?
I jas i soprugot sme na rabota, imame 2 godisna kerka i kaj majka mi e ...svekrvata ne moze da ja gleda ima zdravstveni problemi ...no kaj majka mi ne pravi nikakov problem...mnogu si gi saka babite i dedovcite i ubavo e da raste so niv kako sto nie porasnavme so baba i dedo
Бабите не биле за чување внуци, тоа било обврска на родителите, а сега испадна дека на сите бабите (свекрвите или мајките) ви чуваат внуци. Немам ништо против, ама на други членки им скокнаа кога пишаа дека свекрвата не сакала да чува внуци, тоа не било обврска на свекрвата, а сега обврска е? Имало градинки за тоа, така пишавте, не измислувам. Навистина не разбирам.
Па не е обврска, ако бабата се сложува да чува и може, зошто да не. Ако е наметнато и не може, не е во ред. Просто е. Никој со сила не треба да го тераш на нешто. После му дала благо, му дала цртани, му дала не знам што. Ќе си бараш чаре. Имаше едно видео од серија исечок, како синот кажува на мајка му како да му го чува детето. И она му кажа, ти најубавите денови ги поминуваше кај баба ти, ти даваше и благо, гледаше и цртани, сега порасна во прекрасна личност, што ништо не и фали. Сега е мој ред, јас да ги разгалувам внуците. Што и држи вода. Родителите се за воспитување, останатите за разгалување. Па не чуваме војници по дома.
Како да се караш за да не ја носи кај баба му? Нормално дека ќе ја носи. Зошто ваков одговор? Ја бараш за помош сега свекрва ти кога ти треба, а утре детето не би и го носела, не разбирам како може до толку опсесија спрема детето да имаш, детето е мало и нормално дека некогаш им стануваме здодевни, со нас се 24 часа, сакаат да сменат, баба секогаш попушта повеќе, не можеш ти да забрануваш да го гледа само зашо си опсесивна спрема детето, си праиш проблем каде што нема.
Да и јас така читав овде. А баш напротив многу тешко е со градинките. Ако немаш плус џокер за чување. Еве јас сум пример. Мене нема кој да ми ја носи и зема зошто сите работат. А де со разболувањата. Па сабота и недела не работат градинките, за празници државни и верски не. Сега за Велигден им се собра цела недела дома , пошто и изборите беа тогаш. Кој газда би го трпел тоа нон стоп да отсуствуваш. Мојата и со спиењето никако да ја заспијат па ми велат им пречи на другите деца да ја зимам у 12 и еве цела година дома останав. Здравје да помине летово и ќе почнам некаде на работа ама дека ќе биде лесно не верувам. Пак тука се разболувањата празници и сл. Ако немаш кој да ти го причува детето тешко е.
Кога ми текне со првата колку бев опсесивна ми иде да си мавнам една. Ќерка ми па уште од бебе многу сакаше да оди кај свекрвата, ептен ѝ се радуваше, а јас бев на тоа многу љубоморна, сакав само во мене да биде. Она па многу сакаше да ја чува, а јас не ѝ ја давав. Мртва уморна сум била, она сѐ ми викаше остави ја, јас ќе ја почувам одмори си ти, јас не. Не ја давав. До хормоните ли, до тоа што ми беше прво дете ли до што беше не знам. Со второто па ептен спротивно. Овој пат јас сакав да ја оставам кај бабите на чување, ама проблемот беше што малата не сакаше кај никој да седе, ако не сум јас до неа одма рикаше. Не можев никаде да ја оставам, и да сакав.
Ne ne se iskara , ne mi bese ni namerata toa , samo mu dade do znaenje deka negovoto odnesuvanje ni smeta i vodenjeto inaet ne vodi nikade. Demek svekorov mu rekol deka ke pripazi vo idnina ama ke vidime. Mu predloziv na maz mi sega koga ke ideme vo Mk da porazgovarame i so majka mu site zaedno no toj mi rece ke razgovaral toj denovive telefonski so niv da ne si go rasipuvame odmorot so eventualni kavgi , ke sredel sve sam toj nemalo potreba da se stresirsm jas "Kaznata " vrodi so plod. Mojot slucaj kako onaa srpskata " Dur ne poludis, niko te ne svaca ozbilno "
Опсесивна? Таа е опсесивна што сака сите вници да ја сакаат.Толку ме има повредено што како што кажа една членка погоре,ми има створено одбивност. Да бев опсесивна немаше да ја оставам на свекорот,внуците,јатрви ,золви да ја чуваат. Единствено таа ми смета.Кога беше бебе,доѓа и ми вика: Бебето не ти е избањато и зима го бања.Сакаше таа мајка да му се прави за да ја сака. Маж ми ја вика за да ја чува,јас избегнував колку толку досега ама сега ме иритира тоа што ќе ја чува на подолго,затоа не можам да се контролирам од стрес.