Ако имаш услови и можности не чекај ни 24 сек. во таа куќа. Нормално ќе си се договориш со мажот ти. Ако сакаш да си го спасуваш бракот и твоите нерви тогаш го знаеш одговорот.
изгледа сака да каже дека и тетка и и баба и се зло! јас барем вака сфатив! сестрата на татко и, и мајката на татко и.... сега ако сум грешка нека ме поправи девојчето
иселете се важна е вашата љубов, кој колку има ќе помогне. кажи му на маш ти подобро е да идете во куќата која ја имате отколку под кирија. бар нема да плажате кирија. затоа што очигледно неговите претерале. ти држам среќа
Цеце не знам како издржуваш, навистина жал ми е. Па ти не си отишла во таа куќа за да се измачуваш, туку да си живеете убаво со сопругот. Најдобро решение е да се иселите од тука, штом имате можности. Мислам дека треба сите заедно да седнете и да разговарате. Ако на време не се реши тоа, во иднина ќе биде се полошо и полошо. Ти посакувам среќа.
Ако имате можности, иселете се. Но внимавај да не го покажете тоа на погрешен начин во стилот "Доста ми е од вас". Туку убаво седнете со картите отворени и кажете дека вие сега сте брачен пар или семејство и сакате да се осамостоите за да сами пробате како ке се снајдете. Дека ке знаете дека сте си на свое и некако ке си поставите некои правила. Најправо тоа нека изгледа како дека прашувате дали може и дали ке им смета. Затоа што старите знаат да бидат мошне проблематични и погрешно да сваќат. Но немој во почетокот да и дозволите да почуствуват како одалеченост или празнина. Сепак тоа се родители на твојот сопруг и тој неможе туку така да се одалечи. Се надевам дека помогнав.
леле кога цитам вакви проблеми се цудам како мози усте да постојат такви неизивеани луге....девојце веднас разговарај со сопругот и сели се.... инаку јас и сопругот си зивееме сами во стан, а свекор ми и свекрва ми зивеаат на 5 мин од нас во друга зграда ама тие се предобри....бидејки сум мазена далеку од моите родители тие тука ми се како мајка и татко
Очигледно на свекрва ти и смета тоа што твоите се подобро стисуирани од нив,љубоморна е на тебе.Не можам да фи сватам таквите луѓе ем немаат ем не даваат друг да им овозможи на децата да имаат поубав живот,или на родски кажано ем шуто ем боди.Вие ако можете иселете се одма зашто може да почне да го завртува сопругот против тебе и она што сака после нека ви зборува ти гледај вас да ви е убаво,вие да не се карате она што сака нека зборува.
Цеце, ги поддржувам сите досега што ти препорачаа да се исселите. Супер е што помеѓу тебе и сопругот иам разбирање и сфаќа што ти прават неговите. Така да, седни си со него, разговарајте дали сакате под кирија или сл., пресметајте си колку месечно давачки ќе имате итн. итн. Без да знаат неговите, бидејќи и не етоа нивна работа, се работи за вашиот заеднички живот и иднина и се таа што носи со себе. Откако меѓусебно ќе се договорите, пристапете им најфино и најкултурно со вашата одлука. Нормално и во разговорот со сопругот напомени му дека за вас лично е тоа решение најдобро, а не само заради гужвата во куќата и така натаму. Не прочитав дали имате деца или не, ама замисли како ќе биде пак со детето да чекаш на ред за капење. Поздрав и искрено ти посакувам мир.
Мечтаам да имам добар однос со мојата свекрва бидејки никогаш во животов не најдов свекрва и снаа што се сакаат и почитуваат а таков беше и примерот со мојата мајка и баба т.е нејзина свекрва а и со мн др фамилии што ги познавам затоа покрај се ќе се обидам да бидам добра снаа и како што велат доброто со добро се враќа па што биде нека биде сепак вистината и правдата секогаш излегуваат на виделина треба да веруваме во себе
Драга crnokosata и јас мислам така после последната случка. За мојот роденден од моите родители добив нов лап топ компјутер и после 1 месец ( а инаку останаа без коментар зошто тие на своите деца не им купуваат поклони не се замараат со тоа, а кај нас во фамилијата е подруго ) мојата свекрва ми вика што ќе ти е лап топ можеше друго да си купиш. Како прво тоа беше поклон од моите родители, како второ јас не го бирав него тие ме изненадија бидејќи стариот ми се расипа а инаку ми треба работата која ја работам ми е таква што морам да проверувам мејлови и др работи ама во ред.Битно коментарот беше во стил можеа да ти купат паметно нешто. Дало можеш да замислиш. Па да немав ништо тогаш таа ќе беше најсреќна.
Драга Tribbiani ти посакувам се најдобро и многу среќа. Сите ние сме се надевале на таков однос и сме мечтаеле ама изгледа така требало да биде да налетаме на такви луѓе. Не дека не сме биле добри, и не сме попуштале напротив сум се трудела и уште се трудам ама времето ќе покаже.
Цеце многу луѓе го имаат овој проблем како тебе.Некои останале да живеат со нив затоа што немаат каде,а други се иселиле и живеат многу среќно,а односите со свекор свекрва после иселувањето им се подобри.Има повеќе почит,љубов и разбирање.Значи на секој проблем има и решение а твојот проблем веќе има решение.Што побрзо натерај го сопругот да се иселите за да ти не почнеш психички да паѓаш и еднаш засегогаш да си го решиш проблемот,многу срека цеце и се надевам што побрзо ке се спасиш од свекрва ти позз
Ок, факт е дека свекрвите не се согласуваат од Х причини со снаиите. Ама, почитувајте ги доколку е возможно и дозволете и тие вас да ве почитуваат. Некогаш и вие ке бидете свекрви па влечете заклучоци од својата историја на проблемите со свекрвите.
Мајка му на мојот вереник си има малку посебни размислувања, по малку и застарени да речам. Пред некој ден навистина ме изнервира. Не знам зошто толку многу сака да се меша. Ние сме верени, но ова лето не планираме свадба, туку здравје другото лето. Така се договоривме со вереникот, уште малку да поуживаме има време за брак и за да живееме заедно. А и од моја страна родителите не се баш финансиски спремни. Така бевме сами во собата и таа почна да ми зборува: Јас колку што знам после веридба одма иде свадба.(и молчи чека да кажам нешто) Ајде летово да си направиме свадба. Јас и реков летово не, планираме за другото лето. И ми вика па како не, после веридба одма свадба се прави, толку да чекаме?! Епа тогаш што се веривте, што не одевте уште како дечко и девојка?! Сакаше да каже дека и смета тоа што сме се вериле сега а свадба дури наредното лето. Кога ми го рече ова ептен ме изнервира, јас само ја погледнав ( не очекував тоа да го рече и така да изреагира, арогантно со висок тон) и ништо не реков. Да беше вереникот тука немаше шанси да рече такво нешто. Бидејќи тој не им чути многу на домашните и таа многу му се плаши. И после добро, добро вие си знаете јас не се мешам. Потоа го смени муабетот и почна да ми се смешка, ама не и обрнував баш внимание. Криво ми е што не и објаснив некои работи туку премолчев. Треба на почетокот да се покажам малку построго, но ете скоро секогаш сум таква, ќе пречутам, си чувам во себе. Морам тоа да го сменам. Малку да ја научам да се плаши и од мене,а не само од син и
^^^ савана не се ставај во непријатна ситуација. единствен одговор во такви ситуации кога било кој сака да се направи паметен одговорот нека ти биде тоа е наше ние си решаваме заеднички. еве ти кажувам и јас сум врена сега ова лето правевме веридба а свадба сакаме да правиме за година дена односно со проста математика пролетта 2012. кога ќе го кажам датумов сите се зачудуваат и мојте и неговите но баш така им кажуваме навреме ќе бидете известени моментално уживаме. и никој не дозволуваме ни од моја стана ни од негова да се мешаат. веридба е едно свадба друго. треба и финансии и целосна подготовка. па што мора твојте да ја знаат неговата финансиска состојба и обратно. кога ќе си решите вие тогаш. тоа е меѓу вас двајца и уште напочеток сечи не дозволувај мешање
никогаш неможе да се биде без проблеми колку и да мислиме дека е се идеално неможе да биде судар на генерации они живееле во друго време подобро било немало на свекрва ништо да се каже нити да се порекне каква била сега оваа малдина а нај тешко е кога имате и девер и јатрва секогас она ке биде склона кон едниот колку и да си мислиме дека е се подеднакво е кога мајками ми велесе за овие работи за мене сетоа тоа беше апстрактно али сега веќе не е
Јас никогаш не сум имала поголеми проблеми со свекрвата бидејќи живеам одвоено од неа така да поретко се гледаме и кога ќе се видиме немаме време да се скараме. Но тие што живеат во заедница т.е. со свекрвата 100% ќе има проблеми и караници.
Е па јас живеам во заедница и знам како е за секоја работа што ќе земам да ја правам има е зошто ова е зошто она. Тешко се издржува...