1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.447
    Допаѓања:
    4.932
    Пол:
    Женски
    Како тоа свекрвата дозволила некој да седи кај неа? :?:
    Куќата ако скроз сама ја направила свекрвата, или станот го купила или во краен случај наследила од нејзините е друго.
    Еве кај нас, куќата ја наследиле од нивниот свекор, татко на свекорот. Моиве свекор и свекрва купиле, само мебел, 30+ години, една шајка плус не заковале, не пак нешто друго.
    Спрат и сите реновирања ги направил мажот ми пред да се земеме и од кога сме во брак. И после да рече свекрвата нејзина била куќата.
    Во моментот кога гледавме за настрана, свекорите беа скоро без примања, што на наш грб ќе значеше кирија/кредит за нас, сметки за нас, храна за нас. Плус надополнување за трошоците од свекорите, за друга куќа нели, оти тие си замислиле дека се стари и не им се работи, а во моментот беа неполни 60 години. Е тоа не можевме финансиски да го издржиме.
    Можноста тие да заглават во кредити за нели да си живеат, ни беше преголем ризик, а се работи за луѓе кои мислат од денес за денес. Не за утре, не за по 5 години да има. Ако има денес 1кг месо пример, ќе си го изедат цело, па макар и за утре да би имале само леб и сол.

    Години унапред си се со пензии, не баш минимални, веќе ни им пазарам, ни ништо, ако по моја желба направам повеќе ручек, може да ги повикам, ако не никому ништо. За чување дете ми се нашле, не дека не. Кога не може да оди во градинка ја чуваат, по нивна желба ја земаат еден час порано, да не останува последна додека јас стасам.

    Сметките сите беа на наш грб, полека кога веќе и тие се со примања ги делиме, си плаќаат дел. Е кај нас колку маж што не сакаше да ги остави со минимални примања или без можност да плаќаат сметки и храна, толку јас не бев подготвена да се соочам со фактот да плаќам туѓи кредити што знам дека потрошувачки или брзи ќе заглавеа.

    @UNA MUNA , дали имате опција во различни денови/часови да работите? Да се ротирате со сопругот?
    Во краен случај и уцена нека е во прашање. Пример, мажот да и речи на мајка му, Ок Уна ќе остане дома, да чува дете ама од август не плаќаме тоа и тоа. Да си плаќате сами, немаме услов без втората работа и слично.
     
    На *Amethyst*, Erika.greeneyes, Anyshka и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.145
    Допаѓања:
    17.556
    Јас се кладам дека свекрвава болна ќе легне ако решат да си идат. Ќе биде и жртва бидејќи ги оставаат со минимална пензија...
    И во ред е нешто да покријат, ама да плаќаат буквално се дома , не е во ред. Деца и се тоа .Со нив ли ќе прави математики како и е исплатливо?
    Инаку на местото на членката, јас не би седела таму. Подобро под кирија, исто пари ќе троши ама ќе има мир....
     
    На Angella7, *Amethyst*, Erika.greeneyes и 8 други им се допаѓа ова.
  3. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    835
    Допаѓања:
    4.775
    Пол:
    Женски
    И као дојде снаава и ги спаси од мизерија. Претходно како живееле? Стварно се претерува на темава.
    Ако не чуваат деца зошто не чуваат, ако чуваат не ги чуваат како што треба.
    Ако се мешаат зошто се мешаат, ако не се мешаат, незаинтересирани се, не знаат да прашаат како сум.
    Значи испаѓа снаиве да им дојдат во домот, со синот ништо да не плаќаат, секој за себе, да им чуваат деца според строги правила и да се 24 часа достапни. Јас не велам дека има секакви свекрви, т.е луѓе, ама некои малку и зајдуваат од желби.
     
    На Anne Boleyn му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.447
    Допаѓања:
    4.932
    Пол:
    Женски
    Ни снаата ќе ги спаси, ни ако не се тие децата од снаата ќе останат непораснати. Ама сме во такво општество што имаш
    - зошто сме правеле спрат, за синот да бега настрана
    - и оставаме куќа на снаата и синот должни се да не гледаат на старост
    - слободни се свекорите, мора да чуваат дете итн.

    Погоре само примери, ама сигурна сум дека и на членката свекрвата при прва ситуација ќе биде таа што ќе речи дека кога не и е добро, снаата мора да ја гледа.
     
    На Anyshka, Luna91, H.VAGA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    835
    Допаѓања:
    4.775
    Пол:
    Женски
    Ако зборуваш за мене, на никој ништо не му должам. Ниту сум должела. Второ и да рече, кај мене има процедури за да дојде да ја гледам. Секако сум на чисто.
    Но и претходно имам кажано, ако треба, немам против. Затоа што немам вол земено за маж, туку самиот тој ќе си ги гледа своите родители. Така што, не е проблем свекрвата да очекува снаата да се грижи, туку синовите волови што си ги земаат за мажи и дозволуваат жена им да трчкара за нешто што они треба да го прават.
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  6. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.493
    Допаѓања:
    38.980
    Пол:
    Женски
    Не е во ред синот и снаата да ги плаќаат сите сметки исто како што не е во ред свекрвата да мрче и да не сака да го чува детето додека родителите работата втора работа за да ѝ ги платат сметките на бабата. Ич не е во ред.
     
    На Martka, *Amethyst*, Anyshka и 4 други им се допаѓа ова.
  7. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    835
    Допаѓања:
    4.775
    Пол:
    Женски
    Како тогаш треба да изгледа живот во заедница според тебе?
    Ти да си свекрва утреден, доаѓаат двајцата да живеат со вас, да не сакаат ни сметка да платат, да ти наметнат деца да чуваш, сеедно ќе ти биде?
     
  8. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.493
    Допаѓања:
    38.980
    Пол:
    Женски
    Како мислиш доаѓаат двајца да живеат со вас кога веќе синот живеел со нив? И каде тоа јас напишав дека не треба они да плаќат сметки? Можеби и тоа плаќање на сметки е наметнато на синот и снаата исто како и чувањето на детето. Значи убаво ѝ е кога рмбат две работи за да ѝ плаќаат сметки, а за возврат мрче што го чува детето. Епа нема така
     
    На Erika.greeneyes, Anyshka, Gosh и 4 други им се допаѓа ова.
  9. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    835
    Допаѓања:
    4.775
    Пол:
    Женски
    А убаво им е што не плаќаат кирија, ама мрчат за плаќање на сметки. Може и така да гледаме нели.
    Јас и кога одам на поседок кај моите, оставам пари. Воедно купувам за јадење.
    Никој не ми бара, но никој не е ни должен да ме третира како бебе.
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. UNA MUNA

    UNA MUNA Активен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2023
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    77
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам најмнооогу на сите,ама ке го послушам советот и одиме со сопругот со уцена. Само ке се надоврзам на муабетот. Ми дозволила да живеам во куќата? Дозволила најпрвин на син и (единец) со неговото семејство. Дозволила да,ама ја реновиравме од корен куќата. Од оваа гледна точка,досега ке исплатевме стан.Така што тоа дозволила ми е апсурд.Пред да се реновира и те како можеше да каже немојте моја е куќата,ама секој сака ново нели :) Не ти помага никој со детето,ама немаш ни две домакинства да водиш претпоставувам па стигнува плата ( До душа ретко на кој стигнува на денешницава)
    Јас ако не работам 2 работи никако неможам да одвојам 600 евра за пелети на едниот и уште толку на другиот спрат,ниту можам да си дозволам 3000 струја на едниот и уште толку на другиот. И вода и интернет и данок за кука и храна.
    Тоа ми беше мене проблемот,никаде не реков дека е лоша, туку дека се е со молење плачење и сл.
    Напротив,не е лоша,добро користи ситуација :)
    Дали можам да се отселам за да живееме сами?! Секако дека да.
    Ама ако сега напишам дека ги оставив, ним утре пак ке им треба финансиска помош поради малата пензија.Една е толку е и тоа ми е јасно. Нема да бидам нечовек? Бидејки сопругот и е син,тој пак ке ги гледа бидејки се му родители и тоа е во ред.
    Ама не е во ред некој се да подмирува,жртвува слободно време и време поминато со дете, првин за мое нормално а потоа и за нивно добро,и да ме уценува.
     
    На butterfly6223, flower30, *Amethyst* и 12 други им се допаѓа ова.
  11. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.493
    Допаѓања:
    38.980
    Пол:
    Женски
    Ама они така се договориле и тоа е.

    Прв пат слушам некој да плаќа на родителите што седе кај нив на гости неколку дена. Дури и не ми е реално.

    Утре кога децата ќе ми дојдат на гости и да ми дадат пари како да плаќат во хотел а не дома, ќе им кажам ако ме понижуват така да не ми доаѓат воопшто
     
    На fashion-addict, butterfly6223, flower30 и 13 други им се допаѓа ова.
  12. UNA MUNA

    UNA MUNA Активен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2023
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    77
    Пол:
    Женски
    @ArabellaStarfall
    Како плакаш кај родители? И многу ме интересира длаи утре ќе очекуваш твоите деца да плакаат кај тебе дома оти нели не е нивна куќата,ако се растени таму?!
    Не мрчиме за плакање на сметки туку ги плакаме, ама затоа ни требаат дополнитени приходи. Се лутиме што не може се да е подмирено,се да е купено,а ние да не работиме. Е тоа не е во ред.
     
    На flower30, Erika.greeneyes, Anyshka и 5 други им се допаѓа ова.
  13. anuska_dzuli

    anuska_dzuli Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2024
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Женски
    Јас кога ја оставам ќерка ми кај мајка ми секое утро носам храна,млеко,овошје,зеленчук,пелена бидејки ја гледа од 8 до 4 , и тие понекогаш купуваат млеко,овошје ,зеленчук ...но така да оставам пари кога седам кај нив нема шанса да ми дозволат
     
    На Anyshka, Gosh, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    835
    Допаѓања:
    4.775
    Пол:
    Женски
    Не им плаќам, помагам за трошоците. Пак ќе ти кажам, никој не ми бара, мене ми е глупаво да дојдам без ништо и да чекам они да ме хранат. На сите парите ни се броени. И тие кога ќе дојдат, купуваат храна. Што има лошо во тоа финансиски да си помагаме?
     
  15. UNA MUNA

    UNA MUNA Активен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2023
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    77
    Пол:
    Женски
    Па така бе девојко. СИ помагаме убаво си напишала. Ама кај нас е во ред да помагаме,да не речам СЕ ПЛАКАМЕ, а не е во ред помошта да е обострана :)
     
    На flower30, *Amethyst*, Anyshka и 6 други им се допаѓа ова.
  16. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.493
    Допаѓања:
    38.980
    Пол:
    Женски
    Ти рече оставаш пари. Еве погоре тоа го пиша. Оставаш пари вооедно и храна купуваш. Ако одам на подолг период секако дека ќе купувам храна, ама пари да оставам како во хотел ... Мислам, немам коментар. Јас да направам така ќе ме испудат. Едно е да им помогнеш финансиски, а друго е да им плаќаш што седеш како што пиша.

    Па нели никој не е должен никому да помага. Како сега вака?
     
    На flower30, Erika.greeneyes, Anyshka и 7 други им се допаѓа ова.
  17. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.493
    Допаѓања:
    38.980
    Пол:
    Женски
    Ама тоа е друго. Нормално дека за детето сѐ ќе однесеш што треба. Сум носела и јас. Нема зошто они да мислат што треба, што не да се даде на детето
     
    На flower30, jacqueline.s, Anyshka и 5 други им се допаѓа ова.
  18. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    835
    Допаѓања:
    4.775
    Пол:
    Женски
    Не си прави филмови. Моја работа е што правам со моите пари, ако сакам и секој ден ќе им пуштам. Не им плаќам дневница, туку да си се почастат нешто, за убавото време поминато со нас.
     
  19. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.493
    Допаѓања:
    38.980
    Пол:
    Женски
    А сега го сврте филмот,м?
     
    На fashion-addict, flower30, Erika.greeneyes и 6 други им се допаѓа ова.
  20. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    835
    Допаѓања:
    4.775
    Пол:
    Женски
    Зошто тогаш не си купивте стан?