Ма не треба ни да помисли на нервоза а не па да се нервира, ќе губи живци за некој си што нема друга работа,а има дете за гледање.
Јас не знам каквинсе тие луѓе со кои живеете, свекрва ми да ми каже како да трошиме и што да правиме абе се ненормално и од каде толку големо право си земаат да коментираат вакво нешто. Гледај си се маж ти и детето нека ви е убаво остај ја нека кажува што сака
Јас до сега сум разбрала дека подобро е ако некој е разбран да си разбран и ти, ама ако некој ти шета по живци оправдано е да вратиш дупло.После кога ќе видат луѓето со кој си имаат работа нема ни да им текне да поставуваат такви глупави прашања и да даваат такви идеи.
Јас и молчам затоа шо не сакам кавги, и цело време шо и да каже и викам Да да така е,во право си за да не ја слушам и да не се нервирам .. Ама веќе преку глава , таман помислив добро е веќе не си го пика носот секаде оппп еве ти ја она со нова идеја.
Она ќе си ја штедела пензијата "за нас" за во иднина, а јас па ќе неможам на ќерќа ми да и купам ништо боже сачувај ...се мислам од каде ваква хрсброст?? Ако толерирам некои работи не значи дека треба на глава да ми се качи
Не молчи гледаш дека на глава ти се качува, фино лепо враќај.Не мора директно со кавги, само саркастично и обавезно на крај голема насмевка
Е ваков е советот, нема што ти да му кажуваш на маж ти, туку кога сте решиле сите тројца да живеете во заедница и живеете во таков облик ќе си седнете сите тројца и сите ќе си се изјасните како гледате и размислувате на тема заеднички финансии. Како што ја советував и претходната членка фер е колку членови сте на толку дела и да се делат трошоците, да нема мојата пензија/ плата се штеди без да се знае точно во иднина што ќе се случи со заштедата. Во денешно време да се остава било кој без денар во џеб, независно дали си ти, сопругот или таа е мн. неповолна ситуација, затоа се поделено подеднакво и сите мирни и раат. Мн. е лошо мешање во финансии, ама најфер е ферска поделба на трошоци. Ако старите решиле да не бараат ништо за возврат тоа е на нивна добра волја, сепак животот во фамилија од типот на заедница бара фер поделба и на одговорности и на финансии. Затоа и кај другата членка беа сите тие совети дека кога се договориле тие ќе работат дополнителни работи, а таа ќе чува дете, поточно кога така си ги поделиле одговорностите, а за возврат младите да плаќаат за се, фер е да им биде испочитуван договорот, а не да се сведе на терање инает, лутење и пререкување.
Шо не и одговори секој посебно да си троши е најдобро, ти твоето НИЕ нашето, мора да се постави граница од тоа дека вие сте едно таа е друго. Шо прави таа твоја свекрва по дома, чува дете, ви дала спрат од куќа, плаќа сметки? За вас нешто плаќа? Се на се упорно се мава со глата во ѕид дека вие сте во брак и со неа, каква опуштеност и наметливост, од каде доаѓа ова, зошто не се постават границите? Да му кажеш на сопругот и тоа убаво да му нагласиш женава ни навлегува во животот премногу, тој нека се расправа, не мора ти ако не сакаш. Ако ни тој не сака па мора да покажеш заби. Се залепила ко магнет за вас. Ти твоите пари ќе си ги цениш нема шо неа да и плаќаш, таа ако сака на малото да му купи нешто нека купи. Се на се сака да се наметни вие да ја издржувате оти трошоците и се поголеми од пензијата и како шо ќе има покачувања, на вас да биди поголемиот терет од колку пари шо ќе видите од неа. Кажи и не ќути, ние за нас работиме за да имаме и за детево, повеќе не се наметнувај.
Прв пат ова го слушам. Да си се почастат моите што го поминале убавото време со мене? Значи треба да и платам на мајка ми што ќе го помине времето со мене?
Мене воопшто не ми претставува проблем ние да си паќаме сметки, да си пазаруваме се што треба за дома и за нас ,никогаш не сме ја делеле од ништо , јас готвам за сите, перам,пеглам,чистам и кај неа долу и кај нас на спрат, двор средувам ...е сега мојата плата не е којзнае колку голема бидејки дкоро се вработив сум на минималец, зошто да ја штеди пензијата...се штеди кога имаш пари а не кога немаш... мм и јас ис таваме секој месец на книшка на ќерка ми пари ,но мене не ми е верно дека тие пари ќе ги штеди за нас.
Од многу толерирање таква храброст. Не знам зошто воопшто размислуваш на тоа што ти го кажала, не може и готово. Она ќе штедела, за вас ќе биле, ахам важи. Нема што таа да ви кажува за ваши пари. ваши плати, ако сакате ќе си штедите, не ви треба таа за да ви "заштеди". Ако се отвори повторно темата ќе кажеш дека не ти одговара и тоа е тоа.
Ќе те удостојам со одговор, а после сами прајте си филмови и сами одговарајте си. Да беше обратно, да се уседиш кај некој со недели со цело семејство и притоа да не се понудиш да купуваш за јадење и на крај да почастиш нешто, во ред ли ќе биде? Мене би ми било глупо, за тебе не знам.
Се е во ред доколку понекогаш ќе зготвиш за сите или повеќе си направила па да и однесиш, некогаш да фатиш нешто да и помогнеш долу со правосмукалка, пример, дворот да се средува еднаш вие еднаш таа, освен во случаи да не може, дали е болна нешто па не може да си зготви или исчисти... Зошто се вие правите? А од пензијата нејзина нека си плаќа сметки, дрва, за јадење за неа. Еве и да не стига нешто ќе помогнете и вие, за еден човек колку треба.. Мора да се делите или ако не одговара одговорностите да се поделат за сите, ова го велам освен да не може и е болна, па ти од срце да и помогнеш, цел терет да е на тебе не е во ред. А треба да ти смета се да е на тебе, граници мора да поставиш ако не сакаш после во се да ти се меша, оти неа врата и е широко отворена. Таа за ваши пари дури се осмелува математика да прави, и се уклучува секаде со вас и на одмор. Тргни од дома, од таму прво стави ги границите, ќе видеш дали ќе се осмели во се да се меша после.
Како прво никаде не преспивам ни една вечер, не да се тупнам некому со недели, таква сум, не можам да спијам некаде каде што има гужви. Ти беше таа што ги бранеше золвите дека одат кај своите родители, не им се тупнувале на родителите. Ти беше таа која ја нападна членката на која свекорот и направил лом во нејзин дом, па биле родители на мажот и морала да ги трпи, значи кога се работи за снаата се тупнувала кај свекрвата,, ама кога се работи за свекор и свекрва не се тупнувале во нејзин дом, тие се родителите на мажот. Ти беше таа што кажа дека родителите не се должни да им дадат ништо на децата и да чуваат внуци, ама затоа децата се должни да им помагаат и да ги дочуваат. Навистина си контрадикторна. Одлучи се дали некој е должен или не. Затоа што пишуваше дека никој не е должен, а сега демек треба да им се помогне, а свекрвата што не сакала да чува внуче не била должна, па и снаата што е должна да и ги плаќа сите сметки, штом живеат во заедница треба сите да си плаќаат. Јас да сум како членката со тие пари ќе платам жена за чување дете, а не свекрвата да ме уценува, и нема да ги плаќам сите сметки, нека плаќа и свекрвата, а не сте се научиле снаата се турнале, има да ќути и да плаќа сметки. Па даде пример кога се живее во заедница не можат да не плаќаат сметки, а свекрвата е таа што не плаќа, не снаата. А да беше обратно, снаата да направеше лом во куќата на свекрвата (на свекорот нејзин де)? И тогаш снаата виновна зошто им се тупнале, ама свекорот и свекрвата не се тупнале, па родители се, ќе плачеле, што е важно што снаата се нервира.
Само да се напаѓа тука,друго ништо . Еве мајка ми коа се омажила со татко ми биле во заедница во еден стан со свекор и свекрва, золвите секој ден биле таму по цели денови а мама со две бебиња ,леунка ..така 5 години живееле..буквално немале никаков мир а золвите никаков осет. Еве и брат ми се ожени си има бебенце,па што ако ми се родители , мене ми е срам така да се тупнам и да седам по цел ден кај моите и снаата и брат ми ...секој си сака приватност,одмор,мир. Си знам по себе
А ако не е мажена золвата, да земе да се убие ако не, за бате и снашка мир да имаат. Или како? Стварно, ако не е мажена, што тогаш?
Жеништава тука избегнуваат да се стаат у позиција на золвата, ете ко што сама рече, да не е мажена, да нема посебно станче од мама и тате, да нема можност сама да си обезбеди, туку да е принудена да биде дел од заедницата на пример. Живот е све бива, најубаво да не се праат јаки многу и поише разбирање да имаат. Дури видиш ниту добредојдени се дома кај бате, пошо снаата одма лае дека дошла да им се тупне. Има секакви случаеви, има безосетни и едни и други но разбирање бе, ебано разбирање и компромис е се што се бара и помалку лаење. Не е толку сложено ако се сака мислам, ама не се сака. Да се инаетат им е најбитно. На сите.
Али како се запнавте за париве женава што кажа дека оставала кај мајка и D Па шо ако остава, мајка и е неа ако не и дава на кого да дава?И мене мајка ми не ми бара, па јас цели кеси пазарам и носам, па што мајка ми е, на кого да давам на свекрва ми хахахаха? Но тоа не е репер дека треба да се даваат пари на свекрва, затоа не се живее во заедница, треба постојано компромиси да се прават, во спротивно кавги. Како и да е држете си до себе, пресудете кај треба да се балансира, кај треба застанете цврсто и така. Реков што реков ајде сега пукајте