Епа тогаш нема шо да се жалиш од золвите. Таа е и нивна куќа. Си дошле кај мајка и татко и ќе си седат колку сакаат.
Затоа и велам до човекот е, не е до тоа дали е родител или дете. Јасно ми е мене со што се соочуваат тие што се на страна, пола фамилија ми е во странство. Не реков ништо лошо. Сум давала и на мајка и на свекрва кога немале, а сум можела. А и двете се исти, кога се во таква ситуација се срамат да побараат. Сум купувала, и ќеси сум полнела и еве не се изедов. Се додека е взаемно и се додека едната страна не почне да ја искористува другата, нормално е.
Само сакав да споделам мое мислење дека не е во ред мажена жена со деца со куќа ,добро средени финансииски да оди и да користи од брат и снаа и по цел ден да седи таму секок божји ден
Грешка си. Куќата кај шо живеат старите е и на братот и на сестрата. И братот и сестрата можат кога сакаат да отидат на поседок. А шо ако живееше во таа куќа сестрата со зетот? Хм? Тогаш братот не смее да иде кај родителите оти ќе и зема од ручекот на сестра му.
Хмм , епа зошто се омажила тогаш? Ако сака да си е кај мама к тато? Јас не викам да не оди , ама не е вкусно да одиш и да сметаш. Еве и јас сум золва и јас иам потреба да одам кај мама и да седам цел месец да одморам од се живо и диво ,ама како така ќе се тупнам и тато носи мама меси ..
Мене вратата кај мајка ми секогаш ми е отворена па макар и кај брат ми ,јас општо зборувам за некои золви што седат шо цели денови и го молзат братот мајката и таткото , а да знаеш ги има такви.
Ахам, да. Било то некада давно. Сега куќата се дели и на братот и на сестрата. Ако на снаата не и чини, нека се пакува и нека си оди.
Еве кај нас не се дели куќата. Куќата си е на брат ми а станот е мој.. а да ја имале само куќата мајка ми и татко ми јас не би сакала дел . Си имам јас своја, брат ми ќе ја прави ,ќе реновира за на мене да има. Нашите родители во ништо не не делат ,ама ете јас сум таква , за една соба да се карам со брат не.
Добро тоа, ама ете шо ќе праеше да немаш стан, куќата цела на брат ти ја оставиле, маж ти те избрка од дома, и одиш кај брат ти. Е таму излегува оти снаа ти не те сака, си мисли оти нејзино е тоа и те брка. Пак ќе ги сакаш?
Не бе кај родителите кога оделе на поседок им оставале пари, им било незгодно, а од снаата и братот што плаќале сметки и купувале храна не им е. И сега знам што следува- ако не им чини нека се одделат. Епа ќе си ќути и трпи, снаа е, штом се тупнала. Многу се паметува тука и брцаат во туѓиот џеб, а никој не знае со каков проблем се соочува некој.
Ама ањушке, чим одиш во туѓа куќа, треба да се навикнеш и на нивните правила. Нема они магично да ја отпишат нивната ќерка за на снаата поубаво да и биде.
И кога одат родителите на мажот во нивен сопствен дом треба да се прилагодат, плус на гости, а не да кршат по дома. Или така може, дошле кај синот?