Сето тоа го свативме, но ти не мораш во секој пост да кажуваш каква е таа. Ти гледај да бидеш подобра од неа. Таа може и да е најлоша но што и да прави се празни зборови на кои не треба да обрнуваш внимание. Спојлер А што се случи со дедото што го чуваше него сега кој го чува
Добро знам јас што треба и што не треба но и покрај се слушам само критики но пак ке ви речам НЕ БАРАМ НИКОЈ ДА МЕ СОСЛУША ДА МЕ РАЗБЕРЕ ИЛИ СОВЕТИ СИ ЈА КАЖУВАМ САМО МАКАТА НА ФОРУМОВ ЗА ДА МИ ОЛЕСНИ А НА КОЈ НЕ МУ СЕ ДОПАГА НЕКА СЕ ВОЗДРЖИ И НЕКА НЕ ВРАКА НА МОЈОТ ПОСТ
Да знаеш не би живеела како што живееш, и немаше да се жалиш. Но не ми одговори Што се случи со дедото што ти го чуваше? Кој сега го чува?
За жал за дедото кој го чував бидејки неможам покрај с еда с егрижам за него плакаме дом за старци и таму го гледат. Искрено не ти пожелувам иста судбина како некоја од нас што имаме ваква мака но ако ја имаш тогаШ вели ваква нема да сум јас. И јас така велев кога др имаа маки ама кога ке осетиш на своја кожа ке видиш дали е исто
А пред ти да дојдеш во куќата кој се има грижено за него ?? Или тогаш свекор ти се грижел или пак жена му уште била жива ??
Епа ако веќе знаеш што треба и што не треба не барај совети овде.Ти уствари цело време си ја кажуваш маката си се олеснуваш овде и не знам дали приметуваш во твоите постови цело време та едно те исто се вртиш во круг.Значи ти ги исчитав сите мислења феминките ти дале многу корисни совети а ти на секое едно само реплицираш.Ти пишале еден совет еее вака не друг совет ее така не епа стварно не знам како да ти помогнеме.Ми делуваш како ти да си опседната со свекрва ти..Имаш патолошка бременост а висиш на фемина и пишуваш реферати за свеки па ти психички сама ке се истоштиш со ова..Премини во труднички муабети и релксирај се таму имаш поубава ствар во животот од свекрва ти.Поздрав
За тоа дали некој се грижел или не незнам но занм дека кога дојдов уште чуваше крави и Свињи.Потоа од мал удар престана да се занимава со животни и некој за него мора да с е грижи дур можев му правев јадење и го перев му чистев. Како што напоменав по смртта на жена му на дедото свекор ми готвел и ги вршел домашните обврски но кога дојдов како снаа го одменив сега свекор ми е на работа вози афтобус а јас бидејки несмеам да работам строго забрането ми е друго решение немавме. жал ни беше што на 92 години во дом го даваме ама друго решение немавме немаше кој да се грижи з анего бидејки веке и е неподвижен мора некој да го подига памперс да му става а сигурно јас нема да го правам тоа сепак јас имам 20 години а тој 92 како прво незгодно му е нему,
trudnicka барем ти олеснува ли на душата кога си го кажеш гневот ради свекрва ти на форумот? Јас од оваа страна на екранот што осеќам е само уште поголема нервоза која си ја ствараш непотребно, врз онаа што веќе си ја имаш. Уште повеќе се вртиш во круг и постојано мислиш на тоа, и кога имаш пола саат барем да здивнеш од свекрвата, ти и кога не е до тебе, наместо да одмараш и да му збориш на бебето во стомакот, дозволуваш да те нервира. Тоа што вака се пукаш 24/7 ради свекрвата е многу пати понездраво за твоето бебе отколку бркање манџа за четворица наместо за двајца. Очигледно дека форумов нема да ја смени свекрвата. Нема да ја смениш ни ти. Има жени што сакаат да ги сменат мажите си, мажи кои ги сакаат, и пак не успеваат па ти ли ќе смениш ќут на жена која не те ни сака до неа. Нема. Едино што можеш да смениш е, колку ќе се нервираш за работите на кои немаш влијание, или се ла ви, спротивно колку ќе се сконцентрираш на работите за кои имаш контрола да нешто направиш. Ништо да не земеш како совет од темава, верувај, ова ти е најголемата лекција.
Драга феминке со тоашто јас постојано сум на форумов онлине не знчи дека секогаш сум до компјутерот плус лежам а лап топот ми еврз мене на малата масичка и така ви одговарам.Не ми беше проблем да зготвам за 5 члена дур смеев ама сега кога сме поделени едвај и за нас 2ца правам бидејки несмееам.Еднаш кажав ма 100 пати кажав со тоа што си ја кажувам маката ми олеснува на некој начин има каде да ја споделам а тоа што некој не ме сватил ме критикува не ми е ни од корист ни па ми ствара нервоза . доволно ми е што мака споделувам со другите феминки. Исто така не барам разбирање совети и сл .
Ај нека си стои советот, може некоја друга ќе сака да го земе. Дневник би било добра идеја мислам. Пак јас, со совет Бегам, бегам, ќе се пратам на темата вицови
Тебе едниствена занимација во животот ти е да си на фемина. Те прашав не ми одговори. Имаш ли ти пријатели ? роднини?? Или си буквално сама? Имаш или со кого да се дружиш или само време губиш за да ја напаѓаш свекрвата која е мрзлива? Инаку да, ти верувам човекот имал 92 години ти си тука 2 години и си го гледала од негови 90 години и сега ти неможеш па е во дома. А предходно во 90 години чувал животни.
феминки вемолам за разбирање на оваа порака не барав досега да ме разберете за проблемот нити ке ви барам. Само ве молам кога веке не сакате да разговареате за мојот проблем разговарајте за на другите проблемот а мојот игнорирајте го. Значи јас ви велам црно вие бело е. Јас велам си ја кажувам маката само не сакам совети и разбирање вие упорно рециплирате па не рециплирајте. БЛАГОДАРАМ на оние кој ова ке го разберат
Одамна ги следам постовите на trudnicka и тоа како и рециплирате . Едно нешто неможам да разберам ја критикувате девојката на секој можен начин. Барате од неа да зготвела да вклучела машина за алишта и да го чека мажи да ги спростри надвое . Мислам невозможни сте феминки. Како една мајка би го ставила животот на детето на ризик , исто и нејзиниот е во прашање кога има комплицирана бременост? Значи треба да си мајка која ема чуства кон детето , не го сака детето или не и е грижа што може да биде . Јас ова вака го сваќам. TRUDNICKA Животот на детето ти е побитен од се како што сватив од постовите, секако дека нема да работиш и да ризикуваш чувај се како што ти рекол докторот. Еве еден совет „Тоа што овде ни кажуваш за твојата мака може е олеснување за тебе , но кога гледаш дека овде разбирање може да има само оној кој го искусил тоа немој јавно да им се обраќаш за проблемот едноставно кој те разбрал з амаката ке ти пишува и во лп како што некој феминки го прават тоа одамна„ .
Jas koga bev trudna ako nemashe koj da mi gi iznese alishtata da gi pruzam si gi nosev nadvor na etapi, vo edno pomalo lavorce po nekoe alishtence I pomala tezina nosev I si pruzav. Moze se shetav nekolku pati od nadvor do kupatilo ama taka se snaogjav. Eve eden sovet I od mene t.e iskustvo konkretno za pruzanje alishta. P.S. I jas bev so patoloshka bremenost.
Нека се отвори нова тема специјализирана за да трудничка си ја олеснува душата, нека се вика „Свекрвата на трудничка“ и кој ја сожалува, сочувствува, сфаќа или сака да пишува сценарио за некоја нова индиска серија, нека ја следи таму. Мислам дека овдека више напнавте. Јазот меѓу снаа и свекрва постоел и секогаш ќе постои. Од една страна, кај свекрвите се јавува посесивна патолошка љубомора зашто сметаат дека ниту една жена не може повеќе да го сака и да го чува синот повеќе од неа, а снаата е таа што и станува конкуренција, а снаите опсесивно пуштаат канџи и ги употребуваат и кога треба и кога не треба. Ова со трудничка е чиста опсесија. Се наоѓа најверојатно во таква средина, каде уште не слушнале дека Тито починал и главна тема за разговор е домашниот прљав веш. Луѓето на Месечина отидоа, а некој не може или не сака, а повеќе ми личи на ова второто, сам на себе да си помогне. Станува збор за крајно лабилен карактер. Познавам икс личности, со потажни и понесреќни животни ситуации, кои без разлика што потекнуваат од алкохоличарско семејство или пак воопшто немаат родители, успеале да се изборат самите за себе, да застанат на цврсти нозе и да изградат сопствено семејство за восхит. И свекрвата нема да живее 100 години. А баш ме интересира, кога ќе одлепрша свекрвата на некое облаче да свири харфа, тогаш трудничка со што ќе си ја олеснува душата на форумов, со нејзината снаа?
Оваа тема постои за споделување на проблеми и советување, изнаоѓање решение, а за кажување на маката без никој да ти се меша постои друга тема - „Испукај се“ во „Кафе муабети“. Не можеш ти да смениш начин на функционирање на форумот. И аман со таа патолошка бременост. Секоја 2 (дури мислам дека е помалку од секоја втора) бременост во Македонија е таква последниве години од шо многу здраво живеат овие генерации па гледам бремени жени на работа, на пазар натоварени со кеси на топлово па не цивкаат по улица и не припаѓаат. Вака што се расправаш со сите што не ти викаат „ох ох кутра напатена душичке/ме расплака/истепај ја/лоша е/ стаи и`рицино у јадење нека пушти корења в нужникот“ уште повеќе му штетиш на бебето. Прашај го тој истиот доктор што ти рекол дека треба да лежиш сеа aко мене не ми веруваш. Да не зборам шо толку саати у денот се зрачиш на лаптоп колку е тоа корисно. Самата си ствараш нервози и тоа му штети нему и не дај Боже да му биде нешто или се роди хиперактивно немој да се лутиш ако свекрва ти ти каже дека ти си крива затоа што би била. Абе релаксирај се, не гаи толку омраза во себе. Викала некогаш, викала, сега од мт не може да ти каже а богами и ти и` враќаш на нејзино (некогаш дури и пониско) ниво, ја понижуваш, доживеала простачки син и` да и` се обраќа пред снаа. Зарем не и` е тоа доволна одмазда за шо и да ти направила? Нека те смирува тој факт. Вака психички повеќе му штетиш на твоето тело отколку да поработеше некоја лесна работа, коа си будала, праи си сама на себе лошо, ама греота за детето и за твојата грижа што толку го пазиш што не стануваш од кревет што не би имала никаква корист ако вака психички го оптеретуваш и правиш дисбаланс во телото во кое тоа живее.
Вистина Трудничка,ама многу напна со таа твоја патолошка бременост. Да не треба некој и медал да ти даде затоа што си бремена. Навистина не ве разбирам,ем се брзате да се мажите од 18 години,ем свесни останувате бремени и потоа очекувате дека некој е должен да ви аплаудира на вашата ситуација оти еве сте останале бремени. И не може да ме убеди никој дека ти со твоите 18-19 години имаш повеќе животно искуство од свекрвати која има преку 50 години.
Брееее све снаи во темава, го чекам само моментот коа некоја ифрит љута свекрва ќе се избаци да си ја празни душата