1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.343
    Допаѓања:
    6.777
    Пол:
    Женски
    Се нема друг аргумент, баби и жаби
     
    На Amore123, Anyshka, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.610
    Да имаш своја куќа значи ако ти се задеси некоја несреќа, развод, насилство, пожар, доаѓаш од странство или шо ти ја знам, да имаш мир дека секогаш имаш каде да се вратиш, дека имаш кров на глава.

    А не при своја куќа каде семејство си основала, да идеш да дремеш со недели и месеци кај твоите дома, па уште полошо ако и брат ти или сестра ти живеат тамо, па уште и ако имаат свое семејство.

    Ќе речеш се има некои обврски по дома, па децата си бараат стабилност, бракот исто. Време со мажот да си поминуваш, семејство да си играте. Али не, по цели денови со мама и тате, на готово све. И после оди си дома на раат, коа и овие ќе ти се качат на глава.

    Али ок, само вие луѓе сте, кур ви е двор ви е. На золвата ако не и чини увек може кај мајка и да се врати, де. Исто ко и вие шо праите.
     
    На Em4e711, butterfly6223, flower30 и 18 други им се допаѓа ова.
  3. anuska_dzuli

    anuska_dzuli Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2024
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Женски
    Абе не си барај беља ,трн во око ќе им бидеш :D
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. anuska_dzuli

    anuska_dzuli Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2024
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Женски
    Kaj тате и бате е најубаво . Ти не разбираш уште у 15ти век си .
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.812
    Допаѓања:
    13.389
    Немаш попаметна работа? На секоја минута коментираш на темава.
    И која е поентата на тие стари постови со тоа што имам "дозвола" да одам кај мајка ми? М?
     
    Последна измена: 1 август 2024
    На Alex08, Adidas888 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  6. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.835
    Пол:
    Женски
    Која мизерија. Значи јас треба да се мажам за да имам дом. Значи дом не ми е домот во кој сум пораснала, значи дом не ми е дом кој сум го купила или го изнајмувам?!
     
    На nextredstyle, SummerGirl и Adidas888 им се допаѓа ова.
  7. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.812
    Допаѓања:
    13.389
    Бате не го создал тоа. Најубаво ми е во куќата на родителите исто како што ми е во својот дом. И? Имаш проблем? Криво ти е?
     
    На nextredstyle и Adidas888 им се допаѓа ова.
  8. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    2.761
    Пол:
    Женски
    Куќа или соба не заштитуваат, ако ви се нарушени односите со вашите браќа џабе ќе ви е куќата и собата заклучена внатре, нема таа да ве спаси од психопати. Со нормален човек и да не е ништо на твое име ќе те прибери и ќе имаш поддршка за не дај боже.

    Нели се залагате за да не се живее во заедница? Што сте се запнале толку да делите имот со брат/сестра?

    И едно многу битно прашање, во случај на развод или малтретирање од свекрва, повторно ќе живеете во заедница? Па нели сам е поубаво?
     
    На *Amethyst*, lale22 и eliesaab им се допаѓа ова.
  9. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.970
    Допаѓања:
    12.222
    Пол:
    Женски
    Двојни стандарди. Секаде е слога дури не дојде апла до делење. И цели фамилии се растураат оти стално секогаш имало изроди што се трулеж во заедница.

    Секогаш жената ко жена во едно општество ќе остане незаштитена - подоцна од нејзините, порано од тие „блиски“ другарки. Жена на жена - волк. Ако има подобар живот - зошто го има, ако ѝ е лош - зошто ѝ е лош.
     
    На Bebetoo му/ѝ се допаѓа ова.
  10. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    Со иронија пишав.
    По мене лудост е со денови да седиш некаде.
    Моите сами живеат одам на неколку саати, а децата често преспиваат( еднаш во месец , ноќ, два)
    Кај свекрва ми , живее деверот со семејството исто одиме на гости неколку саати, децата исто преспиваат и таму. Баба ги чува не стрина.
    Дома ми е кај што ми е семејството. Неможам се да оставам и 3 дена гостинка некаде, а тие на неколку километри од мене.
    Океј е, живеење во различни градови, држави , во ред да се седи со денови.

    Инаку кажа и погоре една членка , џабе куќи и соби ако имаш проблеми, ако брат ти е човек и ништо да немаш ќе те заштити, ќе ти помогне. А ако е некоја будала, џабе соба, ѕидови не се јадат.
     
    На 1209, Annora, mama11 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    5.309
    Пол:
    Женски
    Ако си имаш своја куќа, стан и семејство, не знам која е таа што седи со недели и месеци, а да живеат во иста држава, уште помалку град. Ама за гости одење не знам што е проблем. Да се гледаат на јавна површина ли, за да не пречат на бато и снајка. Кога живееш во заедница, интима не можеш да имаш. Не е крива сестрата, што братот останал во родната куќа. Ако си сакаат интима, може и тие како сестрата да си имаат сопствено живеалиште.

    Да имам брат и да ми прави незгодно што одам кај моите, очи нема да сакам да му видам. Колку што он има право, толку имам и јас. На сметка на пример јас што сум се одвоила треба да бидам казнета само нечив раат да не расипам. Логика ми нема, родната куќа на сестрата да биде поголем дом на снаата. Во ред, станува и нејзин дом, но никогаш нема да престане да биде и дом на сестрата. Не знам како на вас не ви ненормално ова што се пишува. Прашањето е што во 21 век, братот уште седи кај мајка му, а не оди да заработи за свое заедно со снаата. Така нема ничива интима да биде уништена, ничив однос, нема да се колат снаи и свекрви, а на сестрата нема да и паѓа незгодно да оди кај нејзините родители.
     
  12. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    2.761
    Пол:
    Женски
    Види вака, секој што има можност би седел настрана, да не замислуваме дека живееме во бајка и сите се способни са направат свое. Живееме во држава каде што не може секој да си го дозволи тоа. Еве можеби привремено е тоа да живеат заедно. Доволно проблем на глава си имаат што се во заедница, па уште и јас на сопствениот брат да му отежнувам? Па утре ако сум во тешко, како да ми помогне кога јас него сум му одмогнала?
    Никој не кажа дека не смее да стапне сестрата во куќата на родителите, ама се со осет. Верувај дека има и такви што оставаат деца со недели или пак ќе идат секој викенд на спиење.
     
    На Luna91, *Amethyst*, Anyshka и 2 други им се допаѓа ова.
  13. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    5.309
    Пол:
    Женски
    Родителиве на двајцата каде се, уствари највозрасните? Aко они сакаат да чуваат внуци со недели, кој е братот да каже не. Да се потсетиме, таа куќа е на родителите, ниту на братот, ниту на сестрата. Па, ако го знаеме тоа, тогаш родителите може слободно да одлучуваат кој да им доаѓа, кој да им спие.

    Како си му одмогнала на брат ти, со тоа што одиш да си ги видиш родителите, а они своите внуци. Како бе така се потценувате и се чувствувате помалце доследни на местото каде што сте израснале. Да имаш осет, нема да одиш во спална кај што спијат двајцата. Ама делот кој што припаѓа на родителите, јас како сестра, што сакам ќе правам. Ако на некој треба незгодно да му биде, тоа е братот, што јас како сестра сум се тргнала на страна, а тој останал да живее со нив.

    Нормално, сега мојот дом е каде што е моето формирано семејство, ама домот на моите родители секогаш ќе го чувствувам за мој.
     
    На MeowMeow, CameliaMiller, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.812
    Допаѓања:
    13.389
    А зошто децата да не спијат со недели бе? Ако родителите на ќерката не викаат НЕ, поради братот да не ги пуштам на спиење? Аха важи. Братот и снајка нека се тргнат на страна, а не да живеат во собата од детството, а јас да одам со осет.
     
    На Mumoftwo30, nextredstyle и Adidas888 им се допаѓа ова.
  15. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    Едно е одење на гости а друго висење деноноќно кај родителите.
    Која нормална жена , со работа и деца од 24 ч во денот може да одвои 5 часа секој втор ден да е кај мајка и?
    Дома ќе ми е хаос ама јас ќе си крстам нозе кај мама, децата ќе прават хаос мама ќе чисти, ручек кај мама, значи дома нема замарање, абее милина .
     
    На *Amethyst*, Anyshka, Gosh и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    3.566
    Пол:
    Женски
    Арно па ви се седи така калабалак на едно место, со братот и снајка и нивните деца, плус вашите и вашиот сопруг.
    Јас да сум, ќе полудам, у реду је ден, два ама се преку неколку дена ми е многу. Поштуем приватност и сакам свој ред, свое место не да чекам ред за туширање. Нормално дека бато и мама и тато нема да ти речат иди ќерко, ама осет малку, дојди, види, поседи и замини. Како ви се седи по две недели ја не знам. Да имам две недели, Грчка ја гледам, не дома на куп собрани, на гравчиња да гледаме.
     
    На Tatii10943, flower30, mama11 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    5.309
    Пол:
    Женски
    Не е прашање некоја дали е нормална или ненормална. Туку факт е дека не постои таква личност, со деца, со работа да има можност секој ден да оди кај родителите на поседок. Али пак, не е тоа работа на братот да се мршти, па и снаата, има кој на имотен лист што е запишан да каже дали треба или не треба така. А бате ако му пречи, може и помош од пријател да повика да му ги спакува куферите и да си најде рај и мир во нешто свое.
     
    На CameliaMiller, SummerGirl и Adidas888 им се допаѓа ова.
  18. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    2.761
    Пол:
    Женски
    Со разбирање и осет се живее, а не со завидување. Епа утре кога ќе и здотежне на сестрата нема право да бара помош од братот, нека се снајде и она. Нека стегне г’з и нека спечали, па нека се разведе (ако во меѓувреме не ја убие психопатот, или свекрвата да ја доведе до лудило)
    О боже господе.
    Па тој штом живее тука и вложува и плаќа сметки, купува храна и слично. Денес младите повеќе имаат вложено во куќите од вашите родители, ама од инат може до утре да ја тупеме.
     
    На Tinaaa, Luna91, Anyshka и 2 други им се допаѓа ова.
  19. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    5.309
    Пол:
    Женски
    Искрено и здоболе последната реченица. Си живеела во таа детска соба, си градела спомени, си викала друштво, си ги полнела плакарите со свои облеки, си учела, си доаѓала начукана од град, си плачела, си била среќна, си се излежавала и не си знаела што со себе, си лепела постери од познати личности, си ја чувствувала како свое мало магично место каде го наоѓаш спокојот. За утре ден брат ти да се мурти и новодојдена снајка да паѓа у транс како сестрава нема осет. А да се праша и снаата, дали би и било сеедно што пак нејзината снаа би имала поголема слобода и пристап кон тие спомени од неа, ќе видам дали ќе и биде сеедно.
     
  20. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    5.309
    Пол:
    Женски
    Па не мора да бара помош од братот де, ќе си бара од родителите:D Тие на папир што се власници на кучата.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.