1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Ако на брат ти му треба мир, дали ти му правиш уствари немир?
     
    На SummerGirl и Adidas888 им се допаѓа ова.
  2. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.136
    Допаѓања:
    2.755
    Пол:
    Женски
    А што е тогаш залагање за живеење насамо. Кога во заедница толку многу се сака, дајте живејте си комплет сите браќа, сестри, мајки, татковци. И не, не е само братот неодделен од сукњата на мама, и ќерките не се за жалање штом може секој ден кај мама да се иде.
     
    На Miss666, Cka и Anyshka им се допаѓа ова.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.005
    Допаѓања:
    124.096
    Пол:
    Женски
    Кругот се врти, ама не како што золвомразачите сакаат. :D
    Една жена зборуваше слично како госпоѓиве овде, па со маж ѝ ја видоа вратата пошо свекорот не можеше веќе да толерира надворешна дојденица да кажува дали и колку смее ќерка му да седи во неговиот дом. Друга исто мрчеше за золвата, ама се деси да добие снаа со ист став како нејзиниот. И тогаш ја здоболе пошо виде како е и престана да зборува, па ѝ беше простено. :rofl:
     
    На Трагедијаупмм, ArabellaStarfall, Mumoftwo30 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.152
    Допаѓања:
    21.031
    Пол:
    Женски
    Ама чудно е шо досега неам видено брат да се жали од истиов проблем туку секогаш снаата е таа на која и пречи золвата, која го буцка маж и за да има караници дома. :D
     
    На Mnik, winnie02, CameliaMiller и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.136
    Допаѓања:
    2.755
    Пол:
    Женски
    Видете вака, да не се сфатиме погрешно. Живееме на посебен спрат со посебен влез, со золвата сме г’з и гаќи, или таа е тука или јас кај неа (можеби јас и сметам на нејзината свекрва) Со снаата бев исто додека живееа во мк, сега од странција се слушаме минимум 2 пати на ден. Релација сестри и браќа ми се слаба точка, сакам да се прогледува низ прсти ама и да се има човечност меѓусебно. Ако треба и јас би се жртвувала за нешто само да се има мир и да не се караат брат и сестра. Секако не е секој совршен па така и ние, но замислете живееме предобро, се со осет.
     
    На *Amethyst* и Anyshka им се допаѓа ова.
  6. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.005
    Допаѓања:
    124.096
    Пол:
    Женски
    И јас.
    Можеби има, ама генерално се посвесни дали мрчењето ќе има последици.
     
    На SummerGirl и Adidas888 им се допаѓа ова.
  7. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.647
    Допаѓања:
    33.952
    Пол:
    Женски
    Како некои членки мажите што имаат браќа не ги поднесувале деверите, а критикуваат зошто не сме ги поднесувале золвите?
    Како деверите сметаат, а золвите не?
    Па и деверите се во свој дом.
    Имаше членки што се жалеа од деверите што живееле одделно како доаѓале нон стоп на гости кај родителите, и децата правеле лом, нормално кај баба и дедо си се, ама снаава се спремале и чистела.
    Зошто тогаш не критикувавте, или само кога се работи за золвите критикувате затоа што сте и вие золви?
    Па јас не сум ја поднесувала свекрва ми, золва ми, дрн дрн, а некои членки своите родители не си ги поднесуваат, па си земаат за право да критикуваат.
    Во странција свекрва и не смее да дојде на гости, па таа си земала за право да критикува.
    Нели секој да си гледа во свој двор, па вие што гледате во туѓи дворови?
    Што ви е гајле ако некоја не поднесува свекрва или золва, тоа е наш/нивен проблем, што додавате во секоја манџа вегета?
    Ајде сега ќе лажам дека свекрва ми ја сакам како мајка за да бидете задоволни, може само да се почитува ако заслужила.
     
  8. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.774
    Допаѓања:
    9.924
    Пол:
    Женски
    А што ако братот и снаата ги финансираат старите? Што правиме во тој случај?
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. NCIS

    NCIS Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2019
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    144
    Sebicni emocionalni manipulatori,polosi starci od takvi nema,epten treba da e covek jak karakter za da potpagja pod takva manipulacija
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  10. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.123
    Допаѓања:
    20.275
    Пол:
    Женски
    Живот во е заедница се знае дека е хаотичен. Девер ми живее со мајка му, во друг град. Ние два три пати годишно одиме со преспивање, никогаш не им сметало. И тие идат кај нас на гости. Таман работа ако не оди мажот ми родителите да ги види оти на брат му или снаата им сметало. И да со нозете во вис сум тие два три дена оти и тие кај мене се со нозете во вис, нит им се мешам во кујна ниту да ми се мешаат. И секогаш куќата е отворена за нас, дури и не молат почесто да одиме, онака за дружба. Ако имаш спрат свој значи дада/бате ќе си иди кај неговите на другиот спрат, ако е се во едно, јеби га… се знае што значи заедница, затоа или крени си спрат, или оди во свое.
    Мене заедница ме нервира и не би можела ни месец да издржам, ама ако немам избор, ќе се помирам и ќе стегнам заби, и ваљда ќе ми биде мотивација и цел да се преселам. Комшивката еве ја, си живее под кирија со фамилијата и мирна глава. Ако треба куќи ќе чистам дополнително и за рата од кредит или кирија ќе заработам оти не можам со мајка/свекрва. Сакам мир. Во моментот кога се мажите во повеќедетна фамилија и живеете во заедница со истата, треба да знаете дека ќе биде хаотично за сите. Не велам дека снаата се тупнува и дека треба да страда, ама во таков хаос сите страдаат и баш ниеден нема приватност или мир, е сега дали тоа се истрпува зависи од личноста. Золвата ќе иде на гости, деверот ќе иде на гости, може тука ќе живеат уште, и никој нема право да му рече ништо на другиот, вклучувајќи ја и снаата. Ни снаата треба да смета ни браќа/сестри.

    Е сега и ние кога одиме не се тупнуваме со месеци/недели кај нив, ни тие кај нас. Ден два, три максимум. По неколку месеци пак и така.
     
    Последна измена: 2 август 2024
    На MeowMeow, senza.parole, Mumoftwo30 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.136
    Допаѓања:
    2.755
    Пол:
    Женски
    Секој исто зборува ама на различен начин, само за инат да се тера. Тука не зборуваме за други градови и држави, замисли и јас се тупнав кај брат ми 10 дена во друга држава, единствено што платив беа картите, услуга all inclusive и снаата ми се налути зошто толку малку седев и тоа со маж и дете. Јас можев комотно да им бидам товар цел месец, ама нели, осет имам. Замисли снаа ми си ја сака золвата:D
    Јас цело зборувам за осет и разбирање, и не тоа да е само од золвата, и од брат, снаа свекрва, мајка … Ама, имаш луѓе без осет и инаети, па што ако брат ми имал дел кај родителите, ќе идам и ќе седам денови и денови тамо а они ќе се стегаат во 3 соби, од кои едната ќе стое заклучена:fubar:
    Со вакви работи се нарушуваат односите. Кога зе земавме со мм првата година беше корона доба и замисли золва ми, ми ја отстапи детската и спиеше во дневна. Знаеш кога јас ќе се лутам зошто иде золва ми? Никад. Бидеќи она беше човек со мене, а да ми направеше и проблем на маката, као не ја давам детската со спомени ти да спиеш, немаше да сакам да ја погледам сега.
    Ете поради ова ние живееме и си помагаме, не водиме војни. И замислете и кај нас е тоа, куќата оди кај братот. Ама со слога се бидува, утре не дај боже золвата да се разведе, јас ќе и ја отстапам мојата спална иако детската со спомени не ја изедов, ене ја доле уште стои.
     
    На butterfly6223, hello-kitty.90, *Amethyst* и 7 други им се допаѓа ова.
  12. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    Темава стана за препукување, нема совет , нема решение.
    Маж е крив, разведи се , купи си свое. Толку од совети.
     
    На Ena05, Animini, *Amethyst* и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.152
    Допаѓања:
    21.031
    Пол:
    Женски
    Па фала бого.
    Моите деца кога ќе пораснат и ќе сакат да створат семејство, нека си најдат свое живеалиште.
    Ама пример да дадам, син ми да остане со мене и да донесе снаа, и она да кажува дали ќерка ми да иде кај мене или не, тоа нече мочи. Моја куќа, моја правила. Ако не и чини, надвор.

    Затоа, секој во свое живеалиште. Па нека си идат тука на поседок кога сакаат.
     
    На MeowMeow, CameliaMiller, 1209 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.117
    Допаѓања:
    7.774
    Пол:
    Женски
    Истово го зборам и јас, и моите. (highfive)
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.154
    Допаѓања:
    17.622
    Леле попара сте ја направиле темава. Тоа е кога ќе се соберат куп жени на едно место.(facepalm)
    Моите се сами, значи не живее со нив брат или сестра, па одам со осет. Повеќе од викенд не седам, иако се во друг град. Прво одат на работа и се изморени, а ние кога одиме нормално не можат да одморат. Второ не сакам да им рушам ред и приватност.
    Ви се чудам кога ве читам колку сакаме ќе седиме, а осет малку прво за родителите, еве не мора за снаата и братот.
    Детство за детство, сега сте возрасни, па пораснете. На што личи тоа клепни се со недели друг да ти мисли за јадење, да ти се потресува? Многу незрело.
    Еве братот од х причини живее со родителите. Штом може тој да седи и јас ќе одам кога сакам(facepalm)
    На што личи тоа? Мислите на братот или снаата мн им е мерак да живеат во заедница. Ама ете некогаш просто се приморани. Еве читаме во темава најчесто и младите ги покриваат трошоците дома, реновираат, трчаат со старите по лекари и сл. Уште и сестрата да се клепне 2 недели. Извинете ама 2 недели е клепнување и без осет без оглед на тоа дали се работи за кај родителите.
    Ко ќе видиш братот и снаата се секогаш е,баната страна. Врти сучи секако се криви.
     
    На butterfly6223, flower30, *Amethyst* и 12 други им се допаѓа ова.
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.053
    Допаѓања:
    48.989
    Пол:
    Женски
    Temava e mn komplicirana
    I opsto toa delenje imot i koj so treba da prai.
    Ja sekad sum i maskoto i zenskoto da se iselat od doma. E sea ako imas sprat neso ke si podelis ferski.
    Obvrski kon roditelite imaat i sinot i kerkata. Bezrazlika koj zivee so niv. Roditel e roditel. Oni kao ni dzvonat koa ke si zamineme od doma.
    Toa so se dava poise na edniot nego na drot, ili edniot bara preku leb pogaca. Si e problem na samite lugje i koj kako e vospitan.
     
    На Lisandra, Mumoftwo30 и Anyshka им се допаѓа ова.
  17. mama11

    mama11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2024
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    228
    Пол:
    Женски
    Золвата кога ќе се омажела имала свој дом а она у заеднца, а за снаата кога ќе се омажи во заедница пупу неважи тоа е на золва и куќа ?
    Дали да се смееш дали да плачеш. Значи золвата има две куќи а снаата ни една :)
     
    На ♡ Cinderella ♡, Just.do.it, mKdevojce и 6 други им се допаѓа ова.
  18. mama11

    mama11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2024
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    228
    Пол:
    Женски
    Убаво ви пиша една членка погоре чим седите по цели денови кај мајка и татко и мислите дека е во ред тоа вие не сте созреани и не сте спремни за семејство да си водите. Точка
     
    На ♡ Cinderella ♡, moonlight-girl.55, FreeToGo и 10 други им се допаѓа ова.
  19. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    А тој што седи и живее по цели денови кај мајка му и татко му е созреан и спремен за семејство:D:D:D:D Или обратното важи само за сестрата. Барем кога давате аргументи, да имаа некаква смисла.
     
    На MeowMeow, CameliaMiller, Mumoftwo30 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. mama11

    mama11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2024
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    228
    Пол:
    Женски
    Па еве во моја ситуација е што мислам ќе умрат ако си отидеме и сами тоа си го кажуваат зошто маж ми е аргат во фамилијата. Така да ние сме приморани тука да седиме :) Верувам и во многу други семејства е истата ситуација
    Едит:
    Одма би се отселила нека дојде золвата нека си живее тука мене најубаво ќе ми биде

    И уште еднаш да се дополнам золвата може да иде во заедница тогаш одговара зетот да ја има куќата ( а неговата сестра да си иде пд таму) ама од страната на золвата ако брат и и снаата живеат у куќата кај родителите е тогаш ЧЕ СЕ КОЉАТ.
     
    На *Amethyst*, Lisandra и Anyshka им се допаѓа ова.