1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Приморани пошто ќе приумрат. Гледам сите приумираат децата кога напуштаат роден дом.
    Како тие остануваат живи, мистерија.
     
    На MeowMeow, CameliaMiller, anuska_dzuli и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.154
    Допаѓања:
    17.622
    За жал тоа е тоа нездраво родителство застапено на Балканов. Јас знам случаи каде родителите му викаат на синот -Ако се исселите ние ќе умреме. За тоа ли те исчувавме да нема чаша вода кој да ни подаде?
    Е тоа е клучот на повеќето проблеми. Егоисти од родители.
     
    На butterfly6223, MeowMeow, _Vera_ и 12 други им се допаѓа ова.
  3. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Шо има снаата со умирачката и пренамагањето на двајцава?
    Колку сака нека сум заљубена во некој, во заедница не живеам. А мажот ако сака нека седи во иста куќа цел живот. Тогаш јас ќе се размислам што човек имам покрај мене.
     
    На CameliaMiller, anuska_dzuli, Just.do.it и 4 други им се допаѓа ова.
  4. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    Уште поголем проблем се парите. Квадрат стан кај што живеам е 1000е
    Секоја што има стамбен кредит знае како е , и што услови треба.
    А да се реновира спрат е друго.

    Нема секоја можност оп се мажам стамбен зимаме и готово. Треба и да се мисли за враќање.
     
    На *Amethyst*, anuska_dzuli и Anyshka им се допаѓа ова.
  5. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.154
    Допаѓања:
    17.622
    Тоа дефинитивно. За тоа се разговара и пред брак , да видиме дали имаме иста замисла за иднината.
    Најчесто се лажат снаиве дека е привремено и ко ќе се фатат на мамката останаа цел живот во заедница .
    Се сложувам дека финансиите се проблем, но кога се има љубов и исти приоритети, се може да се постигне. Се друго се изговори.
     
    На CameliaMiller, mama11, *Amethyst* и 5 други им се допаѓа ова.
  6. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Ние што сме земале, не мислиме на враќање, на заебанција ги земаме.
    Како реновирање на спрат е друго. Баш една членка напиша дека исти пари било. Епа при исти пари да се пикам во заедница, што би ми бил изговорот?!
     
    На CameliaMiller, Mumoftwo30, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.163
    Пол:
    Женски
    Не сте приморани, туку на мажот ти не му се напушта комфорната зона. Зошто да се замара да зема кредити и да гради свое кога може да си седи кај мама и тато и при секоја караница да ти вика под мој кров јас кажувам како ќе биде.
    А ти губи живци и расправај се со свекрва а проблемот е кај маж ти, како и во 90 посто проблеми со свекрви.
     
    На MeowMeow, Cka, CameliaMiller и 11 други им се допаѓа ова.
  8. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    Јас пишував дека е скоро исто. Амаа ако рачунаш баш реновирање , подигнување спрат , фасади дворови и слично.
    А ако влезеш во празен спрат кај што фали мебел само , е не кошта како стан. Плус куќа и стан нема споредба.
    Ние со парите што ја купивме куќата , ќе купевме 50кв стан. Е во куќа цел живот ќе се вложува а во стан тоа ти е , толку е . Станот ќе беше нов, а на куќата и требаше реновирање.

    Никој не сака во заедница, само луд може да каже дека му е убаво.
    Живеев и знам како е, ќе трпиш , не е твое. А потоа мора толеранција, секако доколку се луѓе со малку разбирање.
     
    На *Amethyst*, mama11, Luna91 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.117
    Допаѓања:
    7.768
    Пол:
    Женски
    Раатот нема цена! За овој раат што го имаме сега, не постои тешко, кога нешто сакаш нема тешко, нема не можам и не сакам!
    4 години сме сами во наш стан, и да купен на кредит, се сами вложивме, се сами направивме, и да ви кажам дека не би го мењала за ништо на светов, боље у 55м2 со мир, раат и љубов, него у 155м2 со нервоза, стрес, и болест за некоја година.

    Нема подобра одлука за нас, животот ни се промени за 360 степени.
     
    На Zumbulche, butterfly6223, Puffy2019 и 13 други им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.054
    Допаѓања:
    66.743
    Пол:
    Женски
    Дискутирајте без навреди и со смирен тон. Нема потреба од толку острина на темата, посебно за туѓи избори што не ве ни засегаат лично.
     
    На pianogirl, SummerGirl, Erika.greeneyes и 6 други им се допаѓа ова.
  11. MorskaSirena

    MorskaSirena Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2020
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    1.898
    Пол:
    Женски
    Татко ми имал можност да земе стан што се вика џабе за без пари на времето. Знаете што му рекла баба ми? Синко ако искочиш од куќава више нема да можеш да се вратиш што и да ти се случи, нема назад нема враќање. Имале можност да добијат иселеничка виза за Шпанија, баба ми не го пуштила од причина нас кој ќе не догледа, а при тоа покрај нив имаа 4 живи здрави ќерки и зетовци ама неее синот како така да отиде кој ќе ги догледа. Е ама татко ми бил мамино синче како ќе каже мама, а мајка ми млада наивна снаа па си ќутела.
     
    На Zumbulche, Feminka22, MeowMeow и 6 други им се допаѓа ова.
  12. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.774
    Допаѓања:
    9.924
    Пол:
    Женски
    Сега ние одлучивме да си земеме стан, ама за некоја год да се иселат старите со тоа што би зеле или некој помал или под кирија да идат.
    Погодете кој се најде увреден?
     
    На Antebellum, mama11 и Anyshka им се допаѓа ова.
  13. Roxy1991

    Roxy1991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2019
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Tocno istoto e i kajmene mi vika domasnava vesterka, taka mi vikase pod moj pokriv si ke bide jas kako so ke kazam. A mojot kjuti kako abule nekoe odi posle raspravaj se. Ona bila postara taka li deteto alsitata i kaj mama dodeka maz mi bese na rabota eve ja pomina tolku vreme ne se menjaa. Tike ostanuva tike pokvareno.
     
  14. mama11

    mama11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2024
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    228
    Пол:
    Женски
    Маж ми не е таков не ми збори он така. Туку многу го притискаат од дома фала богу никој да не е во ваква ситуација не знаете што зборат и како го манипулираат и се плаши.

    Е така и овие зборови плус на се ги кажуваат и уште потешки " аа мислите под кирија ќе идете? идете више нема да не видите да не сте стапнале повеќе тука и дедо ти и баба ти ќе умрат од мака" и што ти уште не манипулаторски работи. Они зависат од него со работата и затоа има уште повеќе колнења и умирачки и не знам уште што..
     
    На MorskaSirena и Anyshka им се допаѓа ова.
  15. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.574
    Допаѓања:
    137.449
    Арабела, вака испаѓа ако ти дојдат гости од Македонија на 4- 5 дена на крај им давате фискална за трошоци( јадење, бојлер, вода, кафе) ?

    Вие живеете во различни држави, може се гледате еднаш годишно со родителите, не трошите секоја недела за ручеци , гости, кафиња и сл.
    Јас сум во различен град со моите , со 2 деца сум. На мајка ми ако и купам една тегла слатко се срами дека трошиме пари за нив. Она кога доаѓа носи на децата, ќе ми донесе благо, кафе (исто и јас) и пр. купила убав грав / ориз од некој па ми донела и мене. Ама да седи кај мене 3 дена и да плаќа што јаде ми е нон сенс.

    За тоа да се носи дете на чување кај баба и да се носи за детето е ок. Има родители со мали пензии, еве моите една пензија им оди на рата за дрва, трошоци и лекови. Да треба да ми чуваат дете би носела сок, млеко, чоколатца , овошје.


    И тоа - седиш кај свекрва ти и плаќај и, аман веќе. Секое семејство, мислам каде што има нормални луѓе, се договараат. Во случајов членката се раскостува од работа со маж и , да подмират се и за неколку саати во неделата прави драми. А да иде кај комшиката , ќе седи , ќе пие кафе и 2 саати ќе расправа криви дрини и нема да и биде ништо. Нема ни болна да е, ни да паѓа мртва...

    Со такви лицемерни особи, нема договор. Кога гледаш дека некој те полудува, даваш 100 шанси бидејќи си добар, ама после веќе не. Малку поостро или нека си платат некоја жена за тие 2 саати во ден.
    А верувам ,после па ќе има драми - како така при баба , друг да ја чува внуката дрн, дрн....
    На такви луѓе не им се погодува ништо!
     
    На H.VAGA, LiquidLuna, jacqueline.s и 8 други им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.713
    Допаѓања:
    266.244
    Јас, оти заработува многу повеќе од мене. Но, други начини на ќеиф правење и помош наоѓам :)

    Јас Арабела скроз добро ја сфатив и првото мислење, пошто ако одам кај некого неколку недели, еве јас сум во Мк, но да одам кај пријатели/роднини во странство, не би ми било ок се' да е нивен трошок, може нема пари како пари да им дадам, ама ќе испазарувам за дома и ќе платам ете некои активности, ако шетаме нели.

    Останатово, колку седеле золвите, сто пати е дискутирано - ќе си седат колку им чини на нив и на нивните родители.
    Али ок, забавно е да се дрнда цела фамилија каква е и сите да ви сметаат, секој со свој акл :)
     
    На mal.ecka, An-na, violetblue и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.809
    Допаѓања:
    13.384
    Ама па друга членка пиша, ако седеле ќерките кај родителите колку што сакаат, не требало да се мажат. А синот е подготвен за женење на туѓ грб цел живот. 8)
     
    На An-na, SummerGirl и Adidas888 им се допаѓа ова.
  18. anuska_dzuli

    anuska_dzuli Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2024
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Женски
    Каков е тој туѓ грб кога синот и снаата допринесуваат за семејството? Ако не е синот што ќе прават старите со минимална пензија ,за сметки и за лекови а за храна?
     
    На Anyshka и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  19. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.809
    Допаѓања:
    13.384
    Туѓ грб во смисла живеење со старите цел живот. И за синот е тоа оправдано, а за ќерката одма е недомаќинка. А па синовите и снаите што им помагаат на старите леле мајко. Кај ги наоѓате вакви случаи? Јас сите што ги знам така што живеат парите им се в џеб па старите помагаат.
     
    На Mnik и SummerGirl им се допаѓа ова.
  20. anuska_dzuli

    anuska_dzuli Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2024
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Женски
    Епа ако се нема можност ,каде ? И јас сум за тоа секој на своја страна , се знае маж треба да со биде настрана од неговите веќе кога има семејство,ама не се сите финансиски способни.Јасно ми е сакаш да кажеш па што тогаш се женат ,и за тоа си во право но во таква држава живееме,такви се условите..
     
    На Amore123 и Anyshka им се допаѓа ова.