1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.819
    Допаѓања:
    131.585
    Не ви е државата крива што живеете со свекрви.
     
    На Tinaaa, Fenix05, Калатеа и 16 други им се допаѓа ова.
  2. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.123
    Допаѓања:
    20.272
    Пол:
    Женски
    Пола од случаите е заради што старите им приумираат ако синот реши да се отсели. Одма притисоци креваат, плачат, срце ги стега… или кратко кажано, заради емоционално уценување.
     
    На Tatii10943, Stars⭐, Anyshka и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.809
    Допаѓања:
    13.384
    Абе сега еве знам неколку брачни парови што одат на одмор секоја година на море, а живеат во ист влез со свекрва. Но важно кукаат дека се немало пари да се тргнат настрана.
     
    На Amore123, SummerGirl и katalina им се допаѓа ова.
  4. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.154
    Допаѓања:
    17.622
    Нема поврзаност одењето на море со осамостојувањето.
    Еве 1000 евра нека е одморот, треба да не одат 50 години за да заштедат за свое.

    Еве и јас одев и одам секоја година на море, па успеав да си направам свое и да се тргнам од заедница. И додека бевме со свекрва ми, сигурно некој коментирал- види ги одат на море и седат во заедница, ама секој со план си е во глава што другите не го знаат...
    Инаку и јас сум за тоа да се запне и да се стекне нешто свое, наместо да се кука во каква држава живееме.
    Јас и мм тргнавме од нула, уставри од минус. Ама со упорност и многу работа, успеавме да си овозможиме наш кров над глава и нормален живот на нашите деца.
    Штом можевме ние, секој може.
    Ама повеќето не сакаат да се тргнат од комфорт зона и да се помачат. Од небо не паѓа.
     
    На Skorpija25, winnie02, Marsi* и 8 други им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.713
    Допаѓања:
    266.244
    Ама од каде знаеш ти за сите колку придонесуваат? Како знаете за други луѓе, други семејства, други животи? Од каде се наоѓате повикани на Ојле и Дојле да им оправате семејни проблеми, ако воопшто имаат проблем?

    Решението е јасно ако не ви чинат односите во тој дом, та золва, та девер или не знам кој. Не живејте таму, нема да превоспитате возрасни луѓе. Ај сега и кажи ми "кој нејќе во свое", оти многу нејќат, а многу и' паѓаат на манипулацијата "за кого куќа правевме". За себе ја правеле, децата не им ја побарале, за своите мисли и замисли. А ако мажот потпаѓа под тоа лигавење, јебига, до него е, не е до нив.
     
    На Tatii10943, nena2010, Lavender13 и 9 други им се допаѓа ова.
  6. anuska_dzuli

    anuska_dzuli Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2024
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Женски
    Не кукаме воопшто ,мм е сам нема ни браќа ни сестра,имаме куќа на 3 спрата ,свекрвата е сама на првиот ние сме на другите два (кои што си ги уредивме сами од се до се,и внатре и надвор со фасада со нов покрив итн) сами јас и мм без помош од никој. Единствено имаме ист влез со свекрвата и тоа не ми пречи , сето тоа јас што го правам јас своеволно и носам и нејзе ручек и своеволно и перам алишта и и ги носам долу ,има проблем со срце и со астма па не се оптеретува мн . А јас не можам се што сме направиле со наш труд и мм што не беше тука беше да печали за да си направиме и сега да оставам се. И да ,имам стан од моите ,но не сакам да одам таму , толку труд вложивме во оваа куќа и разделени бевме со сопругот за да си направиме свое да не сме во две соби долу. Кукање е да седеш со скрстени раце и да чекаш на мама и тато .
     
    Последна измена: 3 август 2024
    На Mic18, Anyshka, mama11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Девојче како за 2 дена го среди маж ти ич не ми е јасно. До вчера се нервираше не сте мрднале на само, сега ти е топ. Не биле проблеми ова твоиве? А нели на 2 спрата беше свеки, како сега вие сте на два? Каша попара направи.
    Многу осуди имаш за некој со толку проблеми (не конретно во ова мислење).
     
  8. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.154
    Допаѓања:
    17.622
    Епа сами сте дозволиле.
    Еве и јас сум на посебен спрат што од нула го изградивме со мм. Но со посебен влез и клуч на врата. Свекрва ми се најавува кога сака да дојде кај нас, исто и јас. Она си е домаќинка кај неа, јас кај мене. Еднаш во месецот може да и однесам колачи или сл, но не ми паѓа на памет да готвам за сите и да перам.
    Јас мм не сакам да го научам да чека од мене ,не свекрва ми. Замисли нигде не шета со нас. Од ко сум во брак со мм никогаш не сме биле заедно на шопинг, одмор, кога се породив не дојде по мене во болница и сл. Си се знае дека она , ни мајка ми не ми се најблиско семејство. Тоа се мм и децата. Нив ги сакаме најмн на свет , но си го знаат местото.
    Ете ти сакајќи да направиш добро, си ја изгубила приватноста и мирот дома. Кога веќе сте решиле така да живеете, сте требале од старт да се поставите како две домаќинства. Вака и 10 спрата да изградите таму џабе е. Свекрва ти пак ќе има слобода да го пика носот сегде.
    Не вреди да губиш здравје таму без разлика колку сте вложиле, ама вие си знаете...
     
    На Amore123, Anyshka, Annora и 7 други им се допаѓа ова.
  9. anuska_dzuli

    anuska_dzuli Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2024
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Женски
    Не зборуваме за тоа , и баш врати се на моите мислења каде е свеки на два спрата хаха , сама жена на два спрата .Кај виде дека осудувам и зборувам конкретно за некоја членка ???
     
    На Anyshka и juliajnv99 им се допаѓа ова.
  10. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    На ова мислев.
    Осудуваш општо, како некои правила да постојат која што да прави, а ти на море без свеки не си мрднала.
     
    На CameliaMiller, Трагедијаупмм и Erika.greeneyes им се допаѓа ова.
  11. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    7.695
    Пол:
    Женски
    На темава има многу членови што си направиле профил во скоро време, и си ги лајкуваат мислењата меѓу себе. Кој стои позади профилите, мене ми изгледаат како дупли профили да се.
     
    На Selena01, eliesaab, Feniksgirl и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.152
    Допаѓања:
    21.027
    Пол:
    Женски
    Не само шо си лајкнуваат сами туку и иста пудра користат :rofl:.
     
    На Tatii10943, eliesaab, Mnik и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.727
    Допаѓања:
    177.647
    Шо зборите ле?:o
    Јас мислев на темава само еден човек си пишува од различни профили...толку е веќе...нит проблемите, од свекрвите не се бесконечни :D
     
    На tanjaaa, SummerGirl, *Amethyst* и 3 други им се допаѓа ова.
  14. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    1.894
    Пол:
    Женски
    Омилена тема ми е жими се, како ја читам.. Посебно последниве денови. Имам се немам. Маж ми ме сака, во друга тема, пари не ми дава. Детектив да не може крај да им најде. Офф сум лил бит. Ама морав..
    @Adidas888 шо е со пудриве?
    Fill me in
     
    На eliesaab, CameliaMiller и Luna91 им се допаѓа ова.
  15. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.184
    Допаѓања:
    12.514
    Пол:
    Женски
    А ако е банирана од главниот како сеа ќе си лајкува?

    Ах животот не е фер ;(

    Има и други секако, резерви мора да има али не е ист филингот, не е тоа тоа, џабе
     
    На SummerGirl, LiquidLuna, Mumoftwo30 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.152
    Допаѓања:
    21.027
    Пол:
    Женски
    Па иста пудра користат, така си имат пишано во шминките :rofl:
    Сакам да кажам дека дупли профил е.
    Неко меџу нама, није наш.
     
    На eliesaab и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  17. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    1.894
    Пол:
    Женски
    И се поздравуваат. И симнуваат слики од нет.
     
    На eliesaab, Mrs. right и Adidas888 им се допаѓа ова.
  18. anuska_dzuli

    anuska_dzuli Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2024
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Женски
    Ова за мене и @Anyshka , неам толку слободно,време да пишам од 2 профили ама изгледа некој ина толку слободно време и ајлак па да памти кој каква пудра користи,кој кога се поздравува цц.Очајно колку омраза има за жени што воопшто не ги познавате.
    @Anyshka поздрав Анушке :D
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.713
    Допаѓања:
    266.244
    Битно не ни е досадно, ај :D
     
    На SummerGirl, LiquidLuna, ArabellaStarfall и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Tatii10943

    Tatii10943 Активен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2022
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    4
    Женски хелп.. Со дечко ми сме во сериозна врска .Арно ама вечерва за прв пат поразговаравме сериозно на тема живеалиште, он има брат што живее во странство и живее сам со неговите во куќа на 2спрата каде што сака горниот да го средува за нас. Од далеку гледано не е страшно но како се доближува моментот мене ме фаќа паника и неможам ни под разно да размислам некој да ми командува како да се однесувам, пошто сум карактер што не ќути..Кога му кажав дека не би ми било комфорно он вели дека се ќе направи да биде посредник меѓу мене и нив доколку дојде до недоразбирање, вака фини мирни луѓенца се ама кој да ги знае како се 24/7 ,не само тој 1саат што ги гледам.Прашањето ми е дали некоја од феминките има слично искуство и како до решение .
     
    На Macence2341 му/ѝ се допаѓа ова.