1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.937
    Допаѓања:
    12.103
    Пол:
    Женски
    @Anyshka брат му најверојатно ќе средува.
     
  2. Rozevata

    Rozevata Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2024
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    603
    Пол:
    Женски
    Јас сфатив дека брат му живее во странство, а он (дечко и) живее сам со неговите и решил да го средува спратот за нив двајца. Не дека братот ќе реновира:?:
     
    На Adidas888, Tatii10943 и Anyshka им се допаѓа ова.
  3. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.643
    Допаѓања:
    33.932
    Пол:
    Женски
    И јас така сфатив.
     
    На Rozevata му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Здраво ,долго ме немаше но имам една ситуација за која шо немам со кој да си прозборам а ми требаат повеќе мислења.
    Не знам дали е и баш за оваа тема но посоодветна не најдов.
    Отприлика профилот на свекрва ми го знаете по тоа шо сум пишувала тука.
    Сега имаме друга мака... почна да халуцинира на некој начин ама само две работи -ќерка ми дека плаче и ние дека се караме. Ова трае од декември негде... скоро секој дент т.е ноќ.
    Имавме да ние еден период на кавги ама тоа беше пред година и пол башка шо 80% од тие кавги беа ради неа. И тогаш никако не реагираше а сега секој ден сме се карале чак и во социјално сака да не пријави а такво нешто нема...
    Не сака да иде на лекар ,не сака да разговара со никој.
    На золва ми девојчето намерно спиеше кај нас за да видиме како ќе се однесува,ние не знаевме дека ќе дојде така се договорија за да нели ,,се скараме како по обичај да не биде знаеме дека е тука и се пазиме" и станала сред ноќ гледала во една точка па почнала да плаче. Внукава и рекла што ти е.. како што ми е слушаш детето плаче они викаат.
    Бабо ништо не слушам легни си...
    Не не на таа страна не се слуша можеби :wasntme: а во иста соба се... демек на оваа страна тој ѕид граничи со дневната и се слуша а ѕидот од другата страна со улица и не може да се слушне :rofl:
     
    На Macence2341 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Macence2341

    Macence2341 Активен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2024
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    103
    Пол:
    Женски
    Да ја убедат золвата и мажот ти да ја однесат во болница,жената или намерно го прави тоа или полудува.Зборни со мажот ти убедиго никој не е должен да го трпи тоа.Нека ја прегледаат стручни лица.Иначе не се расправајте ради неа или тоа и е финта или стварно е болна.Во секој случај е болна.Ке се среди се :)
     
    На Осе, Rozevata и Tatii10943 им се допаѓа ова.
  6. Tatii10943

    Tatii10943 Активен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2022
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    4
    Моја грешка , сакав да потенцирам дека има брат кој што не живее тука и си има семејство таму. Ова е дополнителен фактор за мојов да сака да остане дома.Инаку сам сака да си го средува спратот
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Rozevata

    Rozevata Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2024
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    603
    Пол:
    Женски

    На баба ми вака и почна деменцијата ама во рапидна фаза, истиве симптоми. Будна беше по цели ноќи и и се слушаа гласови и се навраќаше што викаш на кавги и случки од животот иако повеќе не се релевантни.

    Мој совет е доколку не почне со медикаменти на време, нема да биде ич на арно.
    Баба ми имаше и грешна дијагноза и грешни лекови и тоа се претвори во еден општ хаос дур ја средиме со прегледи доктори поминаа 3-4 месеци деменцијата ескалираше.
     
    На LiquidLuna и Осе им се допаѓа ова.
  8. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.249
    Пол:
    Женски
    Не живее со нив но сигурна си дека во иднина нема да бара дел од куќа/спрат?
    Можеби сега е таму но не знаеш што може да се случи утре и да се врати со фамилијата и децата. Јас лично не би.
     
    Последна измена: 20 август 2024
    На Elliana, lost123, eliesaab и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.643
    Допаѓања:
    33.932
    Пол:
    Женски
    Мора да ја однесете на доктор, ете маж ти и золва ти, нема "не сакам".
    Може да е деменција или па да не имала некој удар.
    Вака чисто зборува?
    Зошто има и помали удари каде што само јазикот им се здрвува и не зборат чисто.
    Така татко ми беше, едвај го разбиравме што зборува, вака не му беше ништо укочено освен што едвај се движеше.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.004
    Допаѓања:
    124.072
    Пол:
    Женски
    Брат му можеби ќе си бара дел од куќата, можеби нешто ќе го натера да се врати. Што за вас ќе ги отежни работите.
    Подобро држи се до твоето дека сакаш посебно живеење. Ако дечко ти те сака, ќе мора да прифати.
     
    На Tatii10943, *Amethyst* и Macence2341 им се допаѓа ова.
  11. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    3.785
    Пол:
    Женски
    И јас сум карактер што ниту трпи ниту ќути, живеам на горниот спрат. Они се доле. Има решение ако се разбрани луѓе.
    За среќа кај нас се разбрани, не дека тече мед и млеко ама имам мир што мене ми е најважно. На старт сите се обидуваат колку и да се фини пред да дојдеш, ама затоа тука се сече. Постави граници одма ако се решиш. Јас не сум човек што се замара многу во комбинација со нив по разбрани најдовме златна средина и функционираме одлично.
    Да одлучуваа они уште ќе бевме заедно.
    Ама пак ќе речам треба да имаш сопруг кој те сака и разбрани луѓе.
     
    На forumce, eliesaab, Tatii10943 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Никако не сака ,луда сме ја правеле она не била луда. Сите зборевме јас додуше после една случка (една ноќ одев во тоалет (абе стискам до сабајле за да не ја разбудам со вратите до таму дојдена сум ама таа вечер не можев) и она ме сретна во ходник ми вика вие пак се карате не можам да спијам ако немаш жал за мене барем детето жали го ќути ми вика ,викам дојди види спијат. Ми вика а не којзнае шо ќе ми направите :o и ја повлеков за рака веќе од целиот тој притисок. Ме избутка и се затвори во соба кај неа) не и ни зборам веќе. Ама не прифаќа никако ,не знам дали може да отидам јас да опишам симптоми да ми дадат терапија ама па ни јаде ни пие од мене нема како да и ја дадам...
    Од ова се плашам искрено од една страна од друга викам па ако веќе е до деменција нека убрза да и се утврди дијагноза 8 м веќе трае ова ,јас психички ќе попуштам... ;(

    Мене ми е чудно шо освен ова друг ајде да речам видлив проблем нема... а навистина не знам како се развива болества...
    Пиши ми нешто повеќе околу симптомите ако не ти е проблем ,може и во лп.
    Не ,вака се е ок.
    Трча да не речам...збори се правилно.
    Се шета ,пазари..
     
    На Rozevata и Anyshka им се допаѓа ова.
  13. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.643
    Допаѓања:
    33.932
    Пол:
    Женски
    Па халуцинира.
    А со золва ти да разговарате да проба таа да ја однесе.
     
    На Rozevata му/ѝ се допаѓа ова.
  14. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.774
    Допаѓања:
    9.924
    Пол:
    Женски
    Женава очигледно има дијагноза и сметам дека треба тоа да го прифатиш и да почнеш да ја гледаш со др очи. Не се сеќавам да сум те читала низ темава и не знам низ што имаш минувано, верувам дека ни најмалку не ти било лесно.
    Ама сега, со оваа ситуација, почни да ја гледаш од др агол. Жената не е добра и не и зимај за зло веќе што прави оти очигледно не е свесна.
    Ова од искуство ти го кажувам.
    Баба ми ја фати деменција кога беше кај тетка ми во Цх, тетка ми само се жалеше дека баба ми намерно и правела работи а уствари жената веќе беше во поодмината деменција. И тогаш а и сега сметам дека нема право право да се лути на таков човек.
    Бог да чува, ама не знаеме што нѐ чека на старост.
     
    На CameliaMiller, 1209, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.184
    Допаѓања:
    12.512
    Пол:
    Женски
    @Осе

    Значи морате на лекар да ја носите, ќе речеш како на сила ама морате. На алцхајмер или деменција, некој вид делува ова. Не е нормално секако она да халуцинира, жената страшен проблем си има, воопшто не е наивно ова. И како болеста прогресира уште потешко и неа ама и на вас дома. И јас си имам искуство со баба ми..
    На душман да не посакаш такво нешто. Нејзиното се одолговлекуваше, полека, 2-3 год, дури еден период и као да „закрепна“ но пак после некое време продолжија уште полоши симптоми. Идат до тој степен да не ги препознаваат своите најблиски, а на крај се знае нели што.

    Ти викаш подвижна е сеуште, нормално оди и збори и се понаша, заборава ли често?

    Зашто знаат и опасни да бидат, посебно лошо е ако се подвижни и имаат уште сила, а не се контролираат што праат пошо не се свесни па не дај Боже може и разни бељи да напраи..

    Да иде да ја прегледаат, ќе инсистирате. Терапија нешо колку да ги ублажи симптомите али ако е деменција нема лек за жал. Си напредува болеста, не прашува.

    Ви посакувам мноооооогу трпение, ништо друго. :|
    Ќе се снаоѓате некако, ќе барате решение некое, ќе мора.
     
    На 1209, *Amethyst* и Осе им се допаѓа ова.
  16. Puffy2019

    Puffy2019 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    733
    Пол:
    Женски
    Од мое искуство, би ти кажала одете што подалеку. Ние живееме 10 км едни од други па глава на можам да кренам. Секој втор ден (понекогаш и секој ден) ѕвонат за да дојдат или за да одиме, сакала свекрвата да го гледа малиот (се опседна со него). Не ги интересира дали имаме гости, дали имаме обврски, дали едноставно некој ден сакаме ТАКА да си бидеме сами дома, и не можам да замислам што би се случувало да би биле во иста куќа, би полудела уште првата година познавајќи ги какви се. И гледај, иако сме во своја куќа, принудена сум секој ден да барам занимација да не сме дома за да им го ограничам доаѓањето, затоа што маж ми не сака директно да им каже дека замараат. Кој знае, можеби родителите на дечко ти се посвесни и поразумни, ама не можеш да знаеш, особено кога ќе дојде ПРВО внуче се менуваат многу, така што јас те советувам да си вложувате на страна во свое.
     
    На Zumbulche, wendy2, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со се шти кажа.
     
    На Puffy2019 и Anyshka им се допаѓа ова.
  18. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.117
    Допаѓања:
    7.765
    Пол:
    Женски
    Многу ме интересира што се случи со свекрва ти? :)
     
    На bbutersweet и tinkerbell22 им се допаѓа ова.
  19. Anaroz1

    Anaroz1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    1.796
    Допаѓања:
    4.580
    секогаш, ама баш секогаш би избрала живот на страна, во друг пост прочитав дека имате финансиски можности, чим имате тргнете си се на страна. јас немав, останав трудна и дојдов демек привремено, додека да купиме стан, во меѓувреме становите отидоа во плафон, ни стана невозможно да си дозволиме и искрено многу ми е криво шо дозволив маж ми некако да ме измафта. немам проблеми со свекор ми и свекрва ми, ама пак не знам како да објаснам, доаѓаш во туѓа куќа и некако на тебе останува да се прилагодиш на нив, чист пример ја сакам да ставиме ограда, свекор ми ми вика ние живееме 20 години без ограда, шо ќе ни е сега? не е биг диал, ама ете такви коментари има за се нешо, сакаш во двор трева да насадиш, они не сакаат и така :D
     
    На *Amethyst*, Malesia, Rozevata и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Wolfie Girl

    Wolfie Girl Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2024
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    379
    Пол:
    Женски
    Седни и разговарај со мажот ти како знае и незнае да ја носи на лекар,по пишаното женава има некоја болест,не сакам ни да помислам што може да прави понатаму ако е болна од деменција или алцхајмер.Денес рекла утре ќе и текне да ве пријави во социјално,полиција дека го малтретирате на пример детето или не се грижите за него што не е точно,па ќе си имате проблеми со службите.Што поскоро да ја однесе на лекар маж ти или најдобро да збори со матичниот лекар или психијатар и да му ја објасни убаво ситуацијата т.е да му го каже и оваа што го напиша ти тука и да бара совет како да постапи.
     
    На Rozevata, Mumoftwo30 и Осе им се допаѓа ова.