1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    2.850
    Пол:
    Женски
    Да провериш шо апчиња пие, како ги пие, да не ги меша, да не зема многу или терапијата не и одговара, прашајте на психијатар шо да правите во оваа состојба како шо е.
     
    На Antebellum, Anaroz1 и Осе им се допаѓа ова.
  2. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Благодарам на сите за мислењата,ми го потврдивте тоа од кое шо стравував. Не заради негата, ќе го поминам јас и тоа но знам колку подмолни се болестиве и ми е страв пред се за безбедноста на детево а и како ќе му се објасни целава оваа состојба.
    Таа е жена шо се знае ,не и се докажува ни проста работа као не знам сеа шо пример да дадам.
    Не сака да отиде на ушно иако е свесна дека не слуша добро бидејќи ќе и даделе слушен апарат... рачунајте сеа какво мислење има за психијатар.
    Внукава и рекла дека баба на другарка исто имала проблем и била на лекар и смениле терапија и додале уште нешто и сеа е добра. Свеки и одговорила ама јас не сум за на психијатар вујкоти и вујнати носете ги они се караат :x
    Мислев и со сила да ја носам ама и нема да признае ништо... (lalala)
    Сеа ќе биде на одмор откако ќе се врати ќе видиме ,мора решение да се најде веќе и мене ми влијае на психа.
    @Lisandra освен за дијабет колку шо знам не пие друго... сеа можно е и да не знам за други бидејќи сама си иде по лекари.
     
  3. Rozevata

    Rozevata Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2024
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    601
    Пол:
    Женски

    Сухот е уште симптом на деменција. Леле како да раскажуваш за баба ми истото прво халуцинации па намален слух, ја носевме на ушно и дадоа апаратче ама после испадна дека имало премногу врска деменцијата.

    Се надевам што побрзо ќе ја однесете за да живнете и вие и она да се смири.
     
    На Осе и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  4. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Она обратно почна ,првин слухот па халуцинации...
     
  5. PinkStar

    PinkStar Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2024
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Здраво, јас сум нова на форумов. Би сакала совет, мислење од поискусни од мене, како да се справам со свекрва - нарцис, манипулатор. Се едуцирав многу на тема нарциси, манипулатори, пробано е на секакви начини, но џабе. Лаже, измислува случки, изобличува реални настани за да убедува во нешто или за да понижи, навреди. Тоа го прави кога е сама дома за да нема сведоци. Константно игра двојна игра, пред сите глуми добротвор, а всушност е тежок манипулатор. Среќа што не живееме заедно, и што сопругот е свесен за ова. Всушност, тој ми ги отвори очите. Тој ги знае нејзините методи, и заедно се бориме против неа. Нему му ѕвони на работа намерно затоа што знае дека пред колеги не може да се кара, го навредува него или мене и му спушта. После се прави како ништо да не се случило. Обвинува како јас сум го направила папучар, јас сум го одвоила од неа, тој на мајка си заборавил, само на мене мислел. А ние всушност, еднаш или два пати им се јавуваме на неговите. Редовно правиме "иди ми, дојди ми". Кај нас биле пречекани, нагостени и испратени ко кралеви, за празници добивале најскапи поклони, тука сме биле кога и да им затребала помош. Но, ништо не се цени. Се меша во нашиот брак, сака во целост да воспостави контрола, што јадеме, што пиеме, дали готвам, како готвам, кога доаѓа изигрува санитарен инспектор. Го анализира маж ми, дали има подочници, дали ослабел или се здебелил и индиректно, во завиена форма посочува како јас сум крива за било што од тоа. Се меша во уредување, какви украси ставам во станот, стај го ова, тргни го тоа. Сама се кани на ручек со наредувачки тон, а после измислува како со свекор ми го видела мојот ручек кај некои готови јадења во Веро. (Тој негираше, нормално). Постојано ме понижува, ме навредува, се служи со лажни закани кон мене и маж ми за да сее страв. Ми го исмејува изгледот со лаги, "овој/оној вака или така рече за тебе..." Сопругот го лажеше како за малку ќе му дале отказ од работа, па она -"спасителот" го спречила тоа бидејќи се знае со неговиот директор, за да и' биде покорен. Отпосле тој дозна дека такво нешто немало. Лаги, лаги, манипулации, закани цели 3 години. Трпевме и од култура и почит, но и за да избегнеме караници. Чашата се прелеа кога почна да буричка по нашата интима, зошто уште немаме дете, како јас сум веројатно "кривецот" и зошто не сме и' кажале дека сме правеле проверки итн... Тогаш и' спискав на телефон, и ја направив од свиња подоле. Два месеци не контактиравме, после тоа попуштив и работите малку се смирија. Но, сега борбата стана потешка бидејќи имаме 3 месечно бебе и историјата се повторува. Се однесува како таа да му е мајка. За ништо не ме консултира и прашува, од моја страна помош немам бидејќи мајка ми е почината, па морав на неа да се потпрам бидејќи имав трауматично породување, бев ранлива, под хормони, и ми требаше помош и поддршка. За помагање, помагаше, но со двојни аршини. Од една страна ми носи ручеци, шејкови од цвекло за повеќе млеко да имам, пеглаше алишта, финансиски помогна бидејќи баш тогаш бевме во криза, ми позајмуваше нејзина облека бидејќи се поправив многу и ништо не ме собираше. НО, од друга страна, суптилно ми го тргна детето од гради. "Не ти чини млекото, гледаш неќе да цица, немаш доволно млеко, од силиконските брадавици ќе и' се направи белег над устата, не ме оставаше да ја надојам, ми висеше над глава и ми носеше шише Аптамил иако знаеше дека имам млеко. Ми ја граба од раце и кога плаче и кога не плаче. Ако плаче кај неа, не ми ја дава, се прави не ме слуша ако и речам дај ми ја да ја смирам. За ништо не ме прашува, ниту ме консултира, си прави по свое, се замислува експерт бидејќи работела како дадилка последниве две три години, и мисли дека знае се' иако јас сум медицинско лице. Мене ме множи со нула. Се тепа да ја бања. Два месеци не можеме да си го избањаме детето со сопругот од неа. Намерно со свекор ми доаѓаат од сабајле кога сум сама за да ја бањаат. Јас без присуство на маж ми, не можам да се расправам. Цело време ја анализира, наоѓа маани, изигрува "доктор", "инспектор", "експерт"... По телефон сто пати се јавува да исконтролира, и со триста прашања отчет да добие. Ситуацијата ескалираше кога на 2 месеци донесе фино лепо кашички демек да и' ја мачка цуцлата за да се смири кога плаче, а всушност правеше проба на вкусови. Додека ја храни и' зборува "ајде, баба уште малце и готово, баба ќе ми те храни и ќе ми ти прави кашички". Значи сака да ја има и неа под контрола, на некој начин да ја оттргне од мене. Јас тука излегов од контрола, партали се направивме и јас и маж ми со неа, а таа мртва ладна. Јас викам на неа, таа чаша вода ми бара, сопругот вика на неа, таа кафе му бара, буквално се спрдачи со нас. И се понаша ко ништо да не се случило. Пак тера по свое. Јас веќе не знам како да постапувам, што да правам. Страв ми е дека нервно ќе попуштам, дека физички ќе ми се одрази ова. Имам бебе на кое му требам. Не умеам перфидно и подмолно како неа, искрена сум, мразам лаги и неправди, а и импулсивна сум. И мојот сопруг е ист. Ве молам за совет. Извинете што развлеков ептен.
     
    На Camille84, tanjita и Rozevata им се допаѓа ова.
  6. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    3.780
    Пол:
    Женски
    Ау жено.
    Дистанцираја ја, не и кревај, ко ќе дое на врата рече ќе излегувам со такви некои фори.
    Не знам , мене ми падна тешко што прочитав се ова. Ако си од Велес ел да те гушнам да ти олесни.
     
    На strelec231992, Martka, LiquidLuna и 6 други им се допаѓа ова.
  7. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.574
    Допаѓања:
    39.511
    Пол:
    Женски
    Не знам со кој акл некој би прифатил помош од таква особа покрај сите глупости направени. Некогаш и сами сме си криви. Последна да е, не ја молам за помош ни па би прифатила нејзина помош
     
    На 1209, strelec231992, Elliana и 10 други им се допаѓа ова.
  8. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.248
    Пол:
    Женски
    Лелее мајкаа,јас вријам од нервоза не ни сакав да дочитам ми се спои притисокот.
    Да ми го зема детето од гради????? Не не , дефинитивно ќе ја искубам за коса баш како што ми вриеа хормоните после пораѓај. Марш од моја куќа/стан. Клуч на врата! Забрана дефинитивно за неа!
    Па уште и ќе бараш помош од неа ?? Мајкаа здравјето ќе ти отиде пресобери се те молам ,свести се на време. Маж ти шо спие??? Тој треба тука да рипне и да пресече.Леле ама се изнервирав ,оддамна се немам така изреволтирано за туѓа ситуација.
     
    На 1209, strelec231992, mama11 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Rozevata

    Rozevata Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2024
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    601
    Пол:
    Женски
    Чувај си го здравјето и детето. Под итно дистанца. Се вознемирив само од што прочитав. Толку негативна енергија и злоба во еден човек... ужас.

    Бегајте што подалеку... вака се доаѓа до несакани болести, нервози.
     
    На strelec231992, Martka, Camille84 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    3.780
    Пол:
    Женски
    Исто, ама не сме сите карактери исто.
    Ако немаат брат/сестра за помош сиг ќе се наслониш на таков човек.
     
    На Camille84 и PinkStar им се допаѓа ова.
  11. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Оф оф, златна не живееш со нив, така фино лепо нема да отвориш врата кога ќе идат. Помош? Ич не ти треба помош. Верувај се' можеш сама дур да дојде маж ти од работа. Чим јас живеам над нејзе, а скоро па за ништо не сум ја побарала еве веќе 5 години, може секоја. Е сега, не викам дека помош не е добредојдена од било која страна, ама ваква помош? 5 дена небањата ќе седам и не ми треба. Свекрва ми е слична со исклучок на навредите. Има нешто во главите нивни, кога ќе се роди внуче дека они треба да се главни, ние дворски шутови, ама зависи на кого ќе наидат. Или ќе си лоша снаа или многу "добра". Јас одбрав да сум лоша.
    Не може тебе некој да ти дојде дома и да одлучи да ти бања дете. Нема да и дозволиш и ќе и покажеш врата ако треба. Со извинење на исклучоци, ама прави кучки се.
     
    На Zumbulche, Erika.greeneyes, Puffy2019 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.574
    Допаѓања:
    39.511
    Пол:
    Женски
    Никогаш не би се наслонила на таков човек. Леб и сол ќе јадам, дома хаос ќе ми биде, ќе бидам ненаспана ама таков човек нема да ми треба во тој момент
     
    На strelec231992, simoncelicius, Luna91 и 7 други им се допаѓа ова.
  13. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    3.780
    Пол:
    Женски
    Па кажа жената дека он реагирал она на удрено се правела викала дај ми кафе/вода и сл.
    Не ги става на газот , сега е моќна имаат потреба од неа.
    Таков човек толку е не го управаш.
     
    На Camille84 и PinkStar им се допаѓа ова.
  14. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.248
    Пол:
    Женски
    Какво насолнување бре, ова на се личи само на човечност не! Најгнасно да ми е на свет,и нема да се бањам,со дете ќе седам цел ден, леб и сол ќе јадам ама таква не е ни за во куќа ни за помош . Не знам во револт што би можела да направам ауу ептен се изнервирав.
     
    На simoncelicius, PinkStar, Anyshka и 2 други им се допаѓа ова.
  15. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    3.780
    Пол:
    Женски
    Уште еден момент од целава приказна не ја посочивме. На 2 месечно или 3 м. бебе му донела кашички за вкусови да проба и мачка цуцла со тоа?
    Знае ли таа баба да ја прашаш што му прави на бебето со тоа.
    Тука можеш комотно да ја измаршираш и ич око да не ти трепне.
     
    На Camille84 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.248
    Пол:
    Женски
    Не не ,не ми требаше ова да го прочитам .
    Мајка те молам уште со време стави клуч на врата и крај! Таква не е ни за жалење дека е мајка ни за почитување нити достојна за да се караш со неа.Со таква нема разбер и ѕвезди да и симнеш ,џаба!
    Јас како шо бев пореметена после пораѓај се плашеа да ми влезат во соба . Да не ме вознемират додека дојам ,додека ја бањаме со мм .Во иста куќа сме замисли и ќе ми се јават на телефон дали спие ќерка за да ја ѕирнат ,ако одмараме не идат. Луѓе со свест. А таква ко твојава вештерка извини на израз подалеку од вас! Ма каква и тешкотија да имам , таква не примам дома ! Ќе ви го растури и бракот!
     
    Последна измена: 21 август 2024
    На strelec231992, Gosh, Camille84 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.515
    Допаѓања:
    7.859
    Пол:
    Женски
    ЖЕНО, БРЕ!!! Никој не може детето да ти го земе, твоите очи никогаш нема исто да го гледаат како нејзините и тоа дете си знае. Има мајки што ќе ги остават децата во дом, па децата после години пак ќе си ги побараат. Мајка никогаш и за ништо на светот не се заборава!
    Сега си во хаос заради хормоните. Истуширај се, земи ја количката, натовари што треба за бебушот и шетај го детето по молови, паркови, на кеј, седни некаде нека гледа како играат другите дечиња... Дома да не си се прибрала!!! Не се будали со мозокот да се расправаш со некој будалетинка таму што не знае кај тера у пензионерскиот живот. Уживај сега во животот, бебушот брзо ќе порасне и ќе ти недостига овој период. Не се замарај за ручекот воопшто нема да бидеш недомаќинка и да купуваш. Штом не живеете заедно заклучи врата и не и отварај кога ќе дојде и не и кревај слушалка кога ќе ѕвони, излезени сте биле и не си видела телефон - крај, нема што да се дообјаснуваш после со никого. Верувај ми дека си супер мајка, само треба да научиш дека не треба да се замараш со луѓето.

    П.С. и да го храниш детето со АД, пак ќе бидеш супер мајка. На детето му треба да го гушнеш, да го бацнеш, да му се насмееш... Ич не се замарај со глупости!!!
     
    На Martka, winnie02, Malesia и 6 други им се допаѓа ова.
  18. PinkStar

    PinkStar Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2024
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Премногу е наметлива. Намерно помага и кога не треба, само за да го искористи тоа во своја корист ако и' се спротивставиме. Кога бев бремена во 4ти месец купи 90% од целата бебешка облека. Мислевме од мерак, но не. За да може да пререкува, како да не била она детето ќе било голо и босо. Замислете?!
    Јас во последната расправија бев многу груба со неа и се' што ми лежеше на душа во лице и плеснав. Џабе. Пак се однесува ко ништо да не било. На одење уште на благо не кани дома. Не знам што да правам... Родители му се на маж ми, тешко му е многу... Не се трпи ова.
     
    На Malesia и Camille84 им се допаѓа ова.
  19. Rozevata

    Rozevata Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2024
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    601
    Пол:
    Женски

    Мислам после 10 одговори можеш да процениш дека треба да се одалечиш.
    Кога нешто не чини, не чини.. Без секого се може во животот ако е штетник. :)
    Имаш среќа што не ви е дома. Јас многу лесно ќе направам да исчезне. Нека оди сопругот и нека ги посетува од време на време, дома не ви треба тоа зло. Домот е свето нешто бре, нема никој да дозволам да ми штети..
     
    На Осе, *Amethyst* и PinkStar им се допаѓа ова.
  20. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.248
    Пол:
    Женски
    Ќе го седнеш маж ти и ќе му кажеш уште еднаш да не се осуди да дојде мајка му ,да и каже што подалеку од вас нит да ви се јавува нит да ве бара . Така да прави свекрва ми маж ми коа ќе рипне,па веќе има фамилија има дете има жена, таква ја бришам па шо сака нека биде !
    Ќе и ги фрлам сите руби у фаца и клуч на врата! Мрш
     
    На Malesia, *Amethyst*, Anyshka и 2 други им се допаѓа ова.