1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    2.850
    Пол:
    Женски
    Мора да ја однесете на доктор, сакала или не ќе и помогне, ќе му пишат лекарства, вака и вас ве вознемирува на вечер, зборни со мт.да видиш шо мисли.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.519
    Допаѓања:
    7.863
    Пол:
    Женски
    Тотално небитно кои се и чиви се! Земи детето и оди во парк, таму има други мајки. Денес муабет со една, утре со друга, ќе почете да си ширите круг и ем времето ќе ви помине на сите, ем децата прошетани и смирени. За во парк не ти треба ниту пари да трошиш се од дома можеш да си земеш. Не се будали да седиш дома да ја чекаш свекрва ти на гости. Не се плаши за пари, колку имаш толку, некој период повеќе некој помалку, штом имаш кров над глава не е страшно. Важно е да почнеш да шеташ за свекрва ти да нема кога да ти се тупне по дома.
     
    На Puffy2019, Осе, Camille84 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.249
    Пол:
    Женски
    Јас од дома да бегам,од сопствен дом за да не ми се тупне свекрвата??? :nod:
    Ќе шетам кога јас сакам ,сакам мир во сопствен дом некогаш и не ми се шета ќе си седам на тераса со бебуш и ќе си уживкаме. Треба во страв да живеам од таква непрокопцана?
    Само клучот и бришењето му е мајката. Избриш на такви личности психопати .
     
    На flower30, Malesia, Luna91 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. PinkStar

    PinkStar Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2024
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Фала ви на сите. Свесна сум дека ќе биде или џа или бу. Да се прашував само јас одамна ќе расчистев со неа. Кога престанавме да контактираме два месеци пред да забременам, му отиде на маж ми со свекор ми на работа, тој бубачка, не сака пред колеги расправии. Тие глумеа, тој ја прифати играта. И оп, се смирија. Јас заради него попуштив тогаш, но џабе. Проблемот е што тој не може да го прекине контактот во целост. И не може да им каже да не доаѓаат. Срце не му дава. А не сакам да го одвојам од нив, бидејќи јас пораснав без мајка и татко. Баба ми ме исчува. А она опасна е, пак ќе најде начин да се протне. Единствен спас од неа е да избегаме од државава. Друго решение не гледам.
     
    На Malesia, Осе и Antebellum им се допаѓа ова.
  5. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.519
    Допаѓања:
    7.863
    Пол:
    Женски
    Тоа не е бегање од дома, туку ќе ем таа ќе си прошета како физичка активност после пораѓај, ем нејзе мозокот ќе и се одмори како ментален мир, ем детето прошетано, најадено и смирено.

    Жал ми е за мајка ти, оваа затоа те притиска знае кај те боли душата. Кога бев мала мајка ми не носеше во парк или на кеј, ќе постелеше кебенце и ние денот така си го поминувавме. Најубави спомени од детство! Имаш дете, надвор времето е убаво и ништо друго не ти треба. Нема што да бегаш од државата, ќе и кажеш дека границата е помината и нема повеќе да се дружите. Твојот мир е пред се. Толку.
    Не си виновна за ништо, само не си ставај грижа на себе.
     
    На Malesia, Puffy2019, Осе и 3 други им се допаѓа ова.
  6. PinkStar

    PinkStar Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2024
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Бебето сега има полни 3 месеци, а таа почна со кашичките кога имаше 2 месеци.
     
  7. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.249
    Пол:
    Женски
    Јасно, и убаво е пешачење ,дружење со мајки ,муабет ,релаксација и за нејзе и за бебуш .
    Ама муабетот ми беше дека има дено кога едноставно сакам дома да си седам на тераса или во двор да си пуштам музика и да си уживаме со бебуш ,а треба да бегам за да не дојде свекрва.Епа не!
     
    На Malesia, Gosh и Antebellum им се допаѓа ова.
  8. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    3.784
    Пол:
    Женски
    Двете дали сте нормални? Ти како мајка како лавица ќе се бориш да не и дава каша на 2 месеца.
    Колку сака нека е наметлива. Воа ти е причина плус да и речеш иди у пм и не се враќај веќе.
    Не знам шо да ти кажам друго, ти си знаеш како ти е во кожата.
     
    На 1209, ALISA0000, Malesia и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    2.850
    Пол:
    Женски
    Спас ќе ви биди само кажување отворено дека не сакаш секој ден гости, сакаш да се одмориш, вие ќе ја викните ко ќе сте слободни и така. Не мора да и ќутиш, кажи и дека немаш време за гости, како сака нека свати.
    Не смее да дава кашички то не е нејзина работа, како ти ќе одлучиш за детето така ќе биди, не е тоа нејзино бебе, зошто и дозволуваш, не мора ни да и се објаснуваш, ќе и кажеш јас знам како шо треба за мое дете.
     
    На Camille84, PinkStar, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.249
    Пол:
    Женски
    Ова премногу меко.На таа треба само дрско и некултурно исто како неа!
     
    На Gosh, PinkStar, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Rozevata

    Rozevata Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2024
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Како беше она, у животу људе треба само мршакати... мрш. мрш, мрш.
    Богами и треба!
     
    На Осе, Anyshka, PinkStar и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.616
    Допаѓања:
    173.853
    Пол:
    Женски
    Нема сопругот што да не сака @PinkStar Со вакви личности само дистанца. Клуч на врата и нема отварање. На телефон нема кревање. На работа ако му отидат ќе си голтне гордост и може комотно да ги прати дома.
    Бебе од 2 месеца кашички? Ти тоа како родител не смееш да го дозволиш. Тоа бебе нема развиен желудник за храна. Знаеш колку компликации здравствени може да има во иднина?
    Решението е поедноставно од што си мислите. Клуч на врата и нема одговарање на повици. Толку.
     
    На 1209, Luna91, Gosh и 9 други им се допаѓа ова.
  13. PinkStar

    PinkStar Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2024
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Сама бев со нив кога почна со кашичките. И кажав со убаво неколку пати да престане. Не ме есапи. Пак прави по свое. И на крај ја сокрив кашичката. На што ми се нафрли свекор ми (нејзиниот адвокат), бидејќи она нема храброст да се соочи. А јас нејзе и се нафрлив. Од тој момент престана со кашичките, затоа што на барање на маж ми доаѓаат само да ја видат внуката и чао пријатно. Ама ова е привремено и ќе биде вака додека она не смисли нешто.
     
    На LUCI 99 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  14. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    2.850
    Пол:
    Женски
    Еве ако не сака да се расправа има и културен начин да избрка некој.
    Или преку сопругот некако да се постават граници.
     
    На Осе, PinkStar и Antebellum им се допаѓа ова.
  15. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Види, ја имам дома. Одредено време немавме баш никаков муабет зошто ме нападна мене, очекуваше дека мм ќе го сврти против мене (какви сељачки глупости трпам), ама мм и' покажа кај и' е местото, па плачеше, па не знам што и пак со разговор и глумење се "смиривме", зошто виде жената дека така не и' успева, па ај сега смени тактика. Ама џабе и е се'. Привидно сме ок, мм повеќе нели, зборам за нешто што треба и мора, син и е, ама јас ич ич ич не можам да ја гледам и не сакам.
    Мора некои граници да се има. И нејзе и поставивме јасни граници, па ај да видиме. Знам дека ќе проба да се врати на старо, ама затоа јас сум аждаја што и' го "смени" синот.
    Мораш некакви граници колку толку да поставиш. Да не се лажеме, сите имаме потреба од помош, поготово деца кога ќе почнат во градинка, па настинки, па распусти, све разбирам и сите кога тогаш мора да ги оставиме децата со некој што не го сакаме, ама ќе гледаш да е што помалку и пократко. Деца растат, после полесно ќе ни е.
    Друга работа, ти и да отидеш во најдалечната земја, ќе ти се тропне колку што може да седи. Нема бегање, дур се живи. После полесно ќе е.:rofl::rofl::rofl:
     
    На Zumbulche, *Amethyst*, Осе и 4 други им се допаѓа ова.
  16. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.249
    Пол:
    Женски
    Нит треба нит мора!!!
    Кога ќе и кажам Мрш и повеќе да не си поминала од оваа улица а камоли да ти текне на врата да тропнеш ! Клуч на врата и блокирај и број на телефон.
     
    На Zumbulche, Осе и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  17. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.388
    Допаѓања:
    59.814
    Пол:
    Женски
    Убаво ти вика @Yowannty. Клуч на врата. Блокирај и го телефонот и кога ќе те праша зошто не си достапна, ќе и кажеш дека ти е исклучен кога спиеш или спие детето за да не се разбуди.

    Ќе пољуби врата неколку пати, ќе и стане јасно колку е саат.

    Исто ако случајно те начека, количката под тебе и "еее на излегување не начека". А со сопругот ќе зборнеш за да не одите вие кај нив. Кога ќе сакаат да дојдат нема да сте тука и готово.
     
    На LiquidLuna и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  18. PinkStar

    PinkStar Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2024
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Сопругот им кажа дека веќе јас и бебето не стапнуваме кај нив, а он како сака. Тој одлучи без мене да не оди затоа што ние сме едно. Но, маж ми не може да им забрани да доаѓаат да го гледаат внучето. И сега за сега е вака. Многу ми значеше поддршка од сите и кураж да бидам похрабра.
     
    На *Amethyst*, Mumoftwo30, KateKane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.519
    Допаѓања:
    7.863
    Пол:
    Женски
    Ма ти си супер, штом си го уклучила мозокот за црвен аларм значи си супер. Не се плаши дека ќе останеш сама. Знам дека ти е тешко бидејќи мајка ти е почината и посакуваш сите работи да се поинакви, ама животот е срање што не можеме да го контролираме. Тоа со мајка ти е стварно неизмерна болка, ова со свекрва ти е спротивно, ич да не те замара. Накриви капата и терај во животот со крената глава. Ти си му мајка на тоа дете и никој и ништо не ти може понатаму во животот.

    Не е твоја вина таа што е шлакната. Си има маж нека си ја трпи.
     
    На boo3, Осе, PinkStar и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.388
    Допаѓања:
    59.814
    Пол:
    Женски

    Може, зошто да не може. Кога она може каша да му бута на детето а тоа нема систем да ја разгради таа храна зошто да не може. И тоа баш така треба да и каже, дека со тоа што го направила му наштетила на бебето.

    Или ќе се научи да постапува како што треба или нема да го гледа. А ако те уценува за пари кажи и дека и онака не си планирала за пари да и земаш.

    Со финансии нема некој од твое семејство што може да ти помогне?
     
    На 1209, *Amethyst*, Mumoftwo30 и 4 други им се допаѓа ова.