1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. deasmamas

    deasmamas Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2024
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    187
    Ви се восхитувам на трпението. Јас на твое место, пошто сум petty like that, ќе купам камера скриена, ќе ја ставам дома и ќе ја документирам секоја посета од неа со видео и аудио. Подло, ама спушти се на нејзино ниво и закани се дека ќе ги објавиш видеата да ја гледа цела држава. Ваљда срам има, пошто пред публика е едно, на само друго? Крај краева, за непосакувани гости има полиција :)
     
    На riba79, Elliana, Feminka22 и 13 други им се допаѓа ова.
  2. PinkStar

    PinkStar Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2024
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Насамо очи во очи е посуптилна, ама затоа преку телефон се чувствува најјака. Јас пред 3 години токму тоа го направив. Ми се јави додека бев на работа специјално за да ме навредува, па го заврши разговарот со "не му кажувај на син ми". Тогаш имав од постарите телефони што имаа опција да се снима разговор. Сега, кај новиве ја укинаа таа опција. Го снимив разговорот и му го пуштив на маж ми. Три пати го преслушувавме за да "откриеме" еден куп лаги кои во моментот на разговорот од шок не можев да ги сфатам. Токму маж ми ги препозна и тогаш сфативме што прави и со какви методи се служи.
     
    На Mumoftwo30, *Amethyst*, Antebellum и 2 други им се допаѓа ова.
  3. deasmamas

    deasmamas Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2024
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    187
    Сега е уште полесно да се снима разговори. Постојат мал милион апликации, не сум ги користела ама сигурна има некоја членка што може да ти препорача некоја..
    Виртуелни гушки, и ако си за, ај на кафе!
     
    На eliesaab, Antebellum и PinkStar им се допаѓа ова.
  4. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    2.850
    Пол:
    Женски
    Мојата мимики користи мисли дека ја снимам, ќе зборни нешто но сака да навреди, но се прави одоколу како демек за друго зборува ако ме разбираш, мојава е далеку полоша и да не пишам какви работи има правено, нема да ти се верува.
    @deasmamas кај има такви камери?
     
    На Antebellum и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  5. deasmamas

    deasmamas Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2024
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    187
    Точно не памтам, но имаше тема за чување на деца и членки што плаќале за истото, па за мир на паметот оставале камера. Знам дека пишуваа имало некои како рамка од слика, не ме фаќај за збор ама да чепнеш по Google сигурно ќе најдеш каква ти одговара.
     
    На Трагедијаупмм, Anyshka и Lisandra им се допаѓа ова.
  6. PinkStar

    PinkStar Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2024
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Не знаев дека има апликации. Ако знае некој, супер, нека сподели. Фала ви ептен за советите и поддршката.
     
    На deasmamas му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Wolfie Girl

    Wolfie Girl Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2024
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    379
    Пол:
    Женски
    Единствено решение ти е да се преправаш дека не си дома таа нека ѕвони на врата или на телефон ти не отварај ниту пак кревај на телефон ,ако му се јави на маж ти или отиде на работа кај него нека и рече дека не знаел кај сте а ако пред неа ти се јави речи ваму сум и толку,ама да сте договорени,и да ве фати на дело оти лажете правете се како ништо да не било таа нека си кажува,качете си се во кола и терајте шетајте таа сама со себе нека си зборува,сама си кажала сама си се слушнала,па нека се нервира и полудува,крај краева речете и да не доаѓа и толку дека ви пречи.Ако оди на работа кај маж ти нека се прави мж ти начукнат не нека и рече не сме ти рекле ние такво нешто,нека ја прави при очи будала како што ве прави таа вас,и да праша некој од колегите нека им рече маж ти таква си е периодов слуша од по други комшивки дека им викале така па да не сме и рекле и ние така си мисли нека им рече и пред нив нека се прави како ништо да не било.Ај го разбирам маж ти родители му се ама не се трпи твојава свекрва,со вакви како неа и тоа како се прекинува контакт.Па нели гледа маж ти како ве малтретира мајка му,живот немаш од неа,ама мајката од мажот е во прашање па со нив никако не смее да се прекине контакт,што и да прават ќе се трпат оти жал му е на мажот за родителите,жена му нека трпи.Полека и на дипломатски начин бркајте ја,психички ќе се оболите од ваков болесник,болест е оваа нејзиново.Иначе, и тоа како може мајката да забрани на баба и дедо да го гледаат внучето,оти тоа дете го родила мајката која старите ја газат и не ја почитуваат како мајка на тоа дете,не им е гајле што мисли мајката си тераат по свое,го пикат носот кај што не им е местото ,се мешаат во врска со детето и неговото одгледување,се мешаат во бракот.Затоа може и тоа како да се забрани гледање на дете од страна на баба и дедо ако влијаат лошо на мајката и ја навредуваат и газат.А мажот ако е маж ќе се однесува како маж и ќе си ја штити жената.Да им се плукнам на такви мажи што неможат без мама ни миг ако треба и во кревет ќе ја земаат ,оти таа е мама а без мама не може ништо,а жената ќе си ќути и трпи оти таа жена им е на некое трето четврто место,ама затоа мама е на прво место во нивниот живот.
     
    Последна измена: 22 август 2024
    На deasmamas, *Amethyst*, Трагедијаупмм и 2 други им се допаѓа ова.
  8. PinkStar

    PinkStar Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2024
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Он има стравопочит. Така е воспитан. Сметам дека почит треба да се има (обострано, нормално), но страв не. А она така се поставила, и тој никако да го искорени тоа. Затоа се проблемите. Свесен е, постојано има расправии со неа, се нервира повеќе и од мене. И кажа дека јас сум му на прво место, но таа не го сфаќа сериозно. Го навредува дека не мисли со своја глава и дека јас го учам така да зборува. Одбива да прифати дека нејзиниот син не е веќе нејзино бебенце, туку возрасен, независен и самостоен човек. Бидејќи ја губи контролата врз него вината мене ми ја префрла.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Wolfie Girl

    Wolfie Girl Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2024
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    379
    Пол:
    Женски
    Штом гледа каква е работата редно е да прифати дека за доброто на сите треба да стави крај на глупостите од мајка му.Прво на дипломатски начин а потоа и во лице да и каже.Ќе се плаши како да не,ни јаде ни каса мајка му ако навредува ќе и каже да не доаѓа веќе и точка.Намерно го праваат тоа некои мајка за да не се осамостои синот и да го направат нивна играчка ,како што сака да си игра со него мајка му,а жената нека трпи де од љубов кон мажот ,де дека му се родители на мажот па жал му е да им рече да не идат.Ако е единец па уште полошо ќе го манипулира со тоа.Овој проблем може да го реши само маж ти а ако сте му на прво место ти и детето ќе и рече в лице нема страв и страм тука доволно сте трпеле .
     
    На *Amethyst*, Gosh, Трагедијаупмм и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. PinkStar

    PinkStar Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2024
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Што дека и кажа во последната расправија, тој вика на неа, а таа "ај сине стај кафе". Мува не ја лази. Ќе потрае ден, два. И после глуми, се преправа како ништо да не се случило. Мислам дека е до толку безобразна, што и да и' рече мрш од тука, оди си, таа ќе остане да си седи. Само за да издоминира повторно. Е затоа сум загрижена за нас двајцата. Затоа што имаме работа со патолошки случај.
     
    Последна измена: 22 август 2024
    На *Amethyst* и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  11. butterfly_91

    butterfly_91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2020
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    673
    Пол:
    Женски
    Стварно бе не сваќам....Ваквиве случки , не се однос снаа свекрва ,туку навистина болни луѓе што си зимаат право за изживување.Мојава свекрва ,оваа, неколку други...Они се болни бе луѓе.Болни...Саможивници што не им е гајле за никој.Имам син ,утре да се изживувам и да му го растурам бракот на син ми да патат сите и ја да бидам среќна.Овие се демони ,не луѓе.
    @PinkStar договори се со маж ти и стојте заедно на тоа.Не попуштај ни милиметар.Не му спомнувај нон стоп за неа.Она намерно провоцира и праи срања да се замразите еден со друг.Оти реално вакви изживувања нормален човек не може да трпи.Мој совет за вакво створење е помалку дебатирања ,повеќе дела.Клучот на врата.Се дере во ваш дом ,фино културно покажи кај е вратата.И слободно потенцирај и баба си треба да знаеш.Најбитно не дозволувај да ти ја отруе душата.На ваков човек исто му се фаќа дали си добар или лош.Се додека добива внимание она е битна.Само кратко и јасно.Без емоции.Не можеш да ја смениш, ама можеш да и го ограничиш влијанието.Само не докажувај уште повеќе сила и слобода си зима.Гушки и бакнежи до бебушот и тебе.
     
    На Skyler81, fashion-addict, deasmamas и 5 други им се допаѓа ова.
  12. PinkStar

    PinkStar Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2024
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам. Се согласувам скроз.
     
  13. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.515
    Допаѓања:
    7.856
    Пол:
    Женски
    Има опција за Voice recorder, а ако не можеш да се снајдеш имаш и апликации за снимање на гласот. :angel:
    Она што е најважно да не го забораваш: сеедно што е виртуелна помош, не си сама. :l:
     
    На PinkStar му/ѝ се допаѓа ова.
  14. PinkStar

    PinkStar Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2024
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Фала ти! ❤️. И на сите останати! Без разлика што е виртуелна, значи подеднакво како и било каква друга помош.
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.515
    Допаѓања:
    7.856
    Пол:
    Женски
    Има и поевтини ако се прошеташ убаво низ продавниците ко Техномаркет, Нептун, Сетек, камери во Продавница - Анхоч (anhoch.com)

    Еве линк за апликации за снимање на свекрви, која апликација ви одговара:

    mobile phone voice recorder app - Google Search

    П.С. види фотос и повежбајте си за да не ве фати некоја неспремна.
    upload_2024-8-22_9-3-35.png
     
    На deasmamas и PinkStar им се допаѓа ова.
  16. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.248
    Пол:
    Женски
    Да би можела би дошла да те изгушкам и да те украдам од дома , ма не би дозволила пристап до твоја близина и до бебуш! Маж ти требало одма да пресече,значи одма! Он е повеќе крив,требало да и го покаже местото уште од самиот почеток а со тоа што и простувате затоа што е "Мајка" само и давате залет уште повеќе да ве гази и да омалуважува.
     
    На PinkStar му/ѝ се допаѓа ова.
  17. PinkStar

    PinkStar Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2024
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Да, грешка е што трпевме 3 години наместо веднаш да пресечеме. Сега ни се мава од глава тоа. Поука нека биде за сите што читаат и што имаат сличен проблем.
     
    На eliesaab, Rozevata, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  18. deasmamas

    deasmamas Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2024
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    187
    Имав другарка што раскина долга врска точно ради ваква мајка на дечкото. Тие ќе излезат, таа му викаше девојката ти е побитна, не ме сакаш, па со закани за самоубиство ако ја одтават. Не можеа на одмор да идат бидејќи таа сакаше сама со синчето да оди и уште мал милион ситници. Сегс знам што ја чекало и дека правилната одлука ја донела. Ти посакувам се да се заврши среќно и во ваша корист. Не дозволувај некој да си игра со твојата психа кога најмногу му требаш на твоето детенце. Бидејќи немаш друга поддршка, тоа треба да биде маж ти, се надевам ќе пресечете.
     
    На eliesaab, Rozevata, *Amethyst* и 4 други им се допаѓа ова.
  19. PinkStar

    PinkStar Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2024
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    И многу бракови се распаѓаат заради свекрви. Најлошо е да си жртва на манипулатор. Борба ќе има без разлика дали ќе пресечеме или не... Ама барем не сум сама во борбата.
     
    На eliesaab, Rozevata, Miss666 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.123
    Допаѓања:
    20.272
    Пол:
    Женски
    Паметна другарка, браво. Многу од случаите гледаат, ама си мислат ко ќе се во брак ќе се сменат работите. Не не, уште во врска да се се пресече... две-три така, па ќе сфати дека мамин син не може да дотурка далеку во животот.
     
    На Skyler81, Rozevata, Gosh и 5 други им се допаѓа ова.