Таа беше трпелива и му даде година дена да среди ситуација, но си остана на своето. Беше свесна дека при брак и деца ситуацијата ќе биде х10 полоша. Ете сега со мама нека гради семејство
Тука кога членки се жалат од фамилијата на дечкото, знаеш што им викаат? Абе сега сте во врска, не се замарајте со глупости, после во брак ќе видиш проблеми. Па баш оти голем дел не се замараат во врска, имаат проблеми во брак де.
Има дете 1 година со мм сме у супер односи за се е на моја страна ее проблем имам јас со мајка му на мм ептен е проблематична жена проблеми правеше уште кога не бевме во брак ама сега е бетер она може да е 1недела супер ама наеднаш и текнува и почнуваат проблеми ако нешто не е по нејзино одма закани навредливи зборови може и полиција да викне и да го накрви мм дека ја тепа пред некое време бевме дома со мм и дете дека живиме сами ние она не живи со нас и се јавува на телефон на мм мора одма да дојдеш да ми работиш дома нешто а он имаше словоден ден и бевме договори заедно да го поминеме ако нека иде ама ова беше за џабе а не дека и треба нешто и мм и рече неможем сега она одма почна да се кара на телфон пораке па и текна дека ние правеве свадба сега брзо и почна да бара пари што ги дала на свабдва за гостите она што ги викнала буквално само за тоа даде пари и сега ги бара ако не ќе било лошо ова она после може да се смири и како ништо да не било да се понаша ама за некое време пак може да е исто јас му кажав на мм до сега трпев ама више несакам контакт со неа он ме подржува ама она пак може да направи проблем некој
А да пробате со сарказам и иронија? Игнор кога се можи ,а сарказам и иронија кога се мора да имате контакт ? Пример : блокната на телефон и доаѓа дома заклучена си или излезена ,ѕвони кај мт тој и вика и јас цело сабајле не можам да ја добијам ,да не ми избегала бе ? Или добро важи така треба ај сеа оди ти јас ќе и дадам Знам дека е претешко ова ама со кавги само се нервираш...
Истите совети како и на претходната членка.Такви само избриш и блок. Штом те поддржува сопругот нема што да се секираш, има полиција ако се осуди нешто!
Пред некое време на мојте им дојде дома им се дереше ги навредуваше за свадбава и крштевка правевеме и роденден она пред свадбата приблеми изнаправи на сите поруки на таа кума што ние ке биде лошо свадбава ќе ја претворела во крвава и само закани карања прави и на врата ни доаѓа и се кара со сопругот он некогап излага од контрола со неа ќе и се развика и она вика полиција демек ја тепал
Значи дефинитивно жената е за лечење,нема што тука . Фино лепо ќе си викнете полиција па да одредат дали има некој душевен проблем и што понатака.Овие се закани не е шала . Поставете и камера на еден ден само , и со снимки викни полиција .
Точно, документирај ја секоја случка во една тетратка, со датум и час. Викнете полиција при следна закана. Можете да побарате забрана за доближување.
За двете важи со сопрузите, @Girl239 и @PinkStar, мора да ги исфрлите свекрвите од животот или лошо ви се пишува. Нула контакт, апсолутна нула. Овие не треба да се меѓу луѓе, а не да изложувате деца и бебиња на социопати. Бидете возрасни и кажете им дека вие завршивте со нив. Ќе се обидуваат да ве испровоцираат, да ви се наметнат пак ама ќе си останете на своето. Колку што знам не постои третман за лечење на вакви луѓе. А да се собере докази е океј ако дојде до полиција.
Да го мислев тоа за забрана Сега месец немам контами со неа ама она е непредвидлива може наеднаш да направи проблеми ги замара и моите некогаш пробавме со добро со неа ајде она како сака ама така само полошо испадна затоа сега немам никаков контакт а и мм ја избегнува дома смо исклучиле ѕвоно на врата само ради неа со дерење и карање ќе го заплаши и детево а тек е 1година
Земи врати и се што дала пари и речеи и фала шо ми се најде веќе немаш потреба. Се гледаме за викенд ( или некој датум лупни) и така ќе и дадеш до знаење да не иде индиректно. Или јас сум за директно. Фала за парите те молам не иди.
На таква не и се отвара врата,а не па да ја слушам како се дере .Тоа е веќе вербално семејно насилство .Можеш со доказите да побараш од полицијата забрана за приближување и така мирна глава цел живот.
Лекот е камера со аудио и видео, ќе ставиш и знак дека се снима за да го гледа знакот и нема да доаѓа, ќе се плаши. Тоа не значи дека по улици нема да трча по вас, ама дома ќе сте раат. Дури и не мораш да ги уклучи, само стави го знакот и покажи со прстот за да знае.
А твоите зошто и ќутат? Неможе на пример татко ти да и стане и да и рече дека ако не се изгуби во моментот ќе и ги искрши забите? Не се добро раздрмани и затоа се такви. Да ми иде дома и да ми прави проблеми и да ми го растура мирот? Е нема да може богами, стварно ќе ја зачукам па да има навистина зашто да вика полиција. И трпението има крај. Како они што прават зло и лажат така вие прајте им на само и после обратно викајте дека е.
@Girl239 супер што сте пробале со добро зошто сега знаеш дека не функционира. Сега нека ти пораснат рогови и биди лошата. А на твоите треба да им е уште полесно да ја откачат. Колку што и давате моќ толку ќе има.
Треба да има посебен дом за такви свекрви, затвори ги у еден подрум и нека се испотепаат која е полоша .
Моите не и ќутат татко ми и он исто буквални ја избришал нема контанкт со неа ни он ни мајка ми она се пика моите до тој степен се изнервираја со нес што мене ми зборат кај најде со него да бидеш како јас да сум крива што она е таква а и мм е супер мајка му што е таква не е ни он крив и он трпел од неа многу сега смо сами ама она упорно со проблеми е сега паре 1000 евра да и враќамо зошто платила гости за свабадва нејзини и ни купила нешто а она не помогнала ни 10 ден за нешто никогаш ништо не сум ни посакала од неа зошто знам дека после е вака ова се случува више од кога смо со мм заедно
Проблем е што се недијагностицирани . Да добијат дијагноза одма ќе се решиме шо како вака не знаеш дали намерно прави или до болест е
Пред една недела истото проблеми закани а дега више 3 дена му ѕвони на мм како ништо да не е он ја игнорира проблем е што со неа неможеш ни моабет да направиш она е во право и тоа е друго незнае ништо