1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.248
    Пол:
    Женски
    Ама не ти ни треба муабет со неа да направиш ,едноставно игнор.Клуч на врата и блок на мобилен .Нека тропка како улава на врата,ќе ја баци и ќе си оди :nod:
     
    На *Amethyst* и Осе им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.713
    Допаѓања:
    266.243
    Сопругот зошто не ја пријави неа во полиција? Забрана за доближување за почеток.

    Луѓе, темава е за свекрви, ама подеднакво важи за свекрви, мајки, татковци, браќа и сестри и свои родени деца да се.
    Никој нема право вака да се однесува со вас и со секого имате право да прекинете тотално однос, значи да немате НИКАКОВ контакт. Најтешко е со роднини, разбирам, ама не може некој да се изживува со мене, а јас да го трпам оти ама мајка ми е, пример.
    И обратно да е, дете возрасно да ве малтретира, нема потреба да го трпите тоа.
     
    На MeowMeow, Luna91, Feminka22 и 12 други им се допаѓа ова.
  3. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    2.933
    Ако нема црно на бело дека ви позајмила пари, може да се слика. :D
     
    На *Amethyst* и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  4. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.248
    Пол:
    Женски
    Јас не враќам пари ,може да сонува .Свадба на син и е таа нејзините гости си ги частила ајде сиктер .Спасот е само клучот на врата и блок на социјални мрежи,мобилен итн. Дојде ли уште еднаш да се дере не отварај врата и јави се на близок комшија пријател да пријави галама ,па тогаш ќе изнакажеш се и нека и опнат забрана!
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.414
    Допаѓања:
    2.689
    Пол:
    Женски
    Ако имаш подршка од сопругот стави точка. Многу жени тука и немаат 100 посто вака подршка кога станува збор за свекрва.
     
    На Rozevata, PinkStar, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Поклоните требало да и ги однесат :rofl:
     
    На Luna91 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. PinkStar

    PinkStar Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2024
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Сум размислувала и за тоа, ама треба да си таков. Со сила не ми оди баш... Некогаш можеш да изигнорираш, некогаш ете шо викаш на шала да свртиш, ама во повеќето ситуации богами се исклучуваш и без расправија не може да помине.
     
    На Antebellum и Осе им се допаѓа ова.
  8. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Без разлика дали си 20г, 30г,40г,50г твојата токсична мајка не може да те третира како возрасна личност која донесува одлуки. Ќе те понижува и дегредира. Ќе те третира како малумна. Ако ти имаш поише дипломи од неа.

    Превземено од #Кербер на фб.
     
    На Feminka22, LiquidLuna, Mumoftwo30 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. PinkStar

    PinkStar Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2024
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Да, де. Не те остава да пораснеш. И сака да зависиш од неа. Да те има под контрола.
     
    На Feminka22, Mumoftwo30 и Осе им се допаѓа ова.
  10. Wolfie Girl

    Wolfie Girl Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2024
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    379
    Пол:
    Женски
    Со сила секако неможе да ви ги земе парите,а вие нема да и ги вратите и завршена работа.Ги барала нека си ги бара вие ќутите си.Кога изигравала организатор на вашата свадба и си викала неа кој и одговарал тогаш нема враќање пари.После свадба нема тапани.
     
  11. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    2.850
    Пол:
    Женски
    Шо вика мт на ова, уште сака да живее со неа? Зошто не прекинете контакт ама под итно, сменете број на моб, нека не ви досадува, ако ви се појави на врата викнете полиција вие, да се држи подалеку од вас.
    Ни пари да и враќате ни ништо, таа си ги покани гостите како сега парите ги бара, дали е како шо треба?
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ivicka_1993

    Ivicka_1993 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2024
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    290
    Пол:
    Женски
    Прашај ја свекрва ти, кога последен пат била на психиратар.
    Ако не била воопшто,време и е да го посети.
    Добро бе и јас сум мајка на машко дете и неможам да ги сватам другите зошто не ги пуштаат синовите да ОДЛЕТААТ од нив?
     
    На Luna91, Mumoftwo30 и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  13. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    2.850
    Пол:
    Женски
    Еј ако идат од полиција може да ја соберат и мојава8-|
     
    На Adidas888, Mumoftwo30, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Ivicka_1993

    Ivicka_1993 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2024
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    290
    Пол:
    Женски
    Да не идат два пати :D
     
    На Lisandra му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Girl239

    Girl239 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2022
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    250
    Пол:
    Женски
    Мие не живееме со неа ама она е таква што секако може да ти прави проблеми ако не е по нејзино сака да го има мм под контрола нејзина од секогаш била таква ама кога се кара со мм или доаѓа на врата може да го извади мм од контрола да и вика и после измислува дека ја тепал
     
    На Lisandra му/ѝ се допаѓа ова.
  16. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.248
    Пол:
    Женски
    Ама штом не живеете заедно,многу е поедноставен начинот за да се пресече .Заклучи врата ,блокирај секаде нивни контакти, ни маж ти нека не и крева и збори . Што сака нека е ,дали мајка,баба,свекрва ,вие сте веќе фамилија и не треба да ги дозволувате тие работи да ве манипулира и омаловажува. Ќе ве бара ,ќе тропка на врата ќе види дека не обрнувате внимание и едноставно игнорирајте ,ќе си легне на брашно кад тад. Ако не , 192 и нека и опнат една забрана.
     
    На Luna91, *Amethyst*, Lisandra и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.136
    Допаѓања:
    2.755
    Пол:
    Женски
    Луѓе, не живее со вас тоа е голем плус. Кога ќе дојде на врата бидете заклучени и не отварајте. Исто како да не сте дома. Не кревајте на телефон и точка. Нема решение друго. И ве молам, не потпаѓајте на нејзино влијание.

    Имам доживеано хорор со ваков дедо, фактички свекор на мајками. Живеевме во иста куќа бидеќи татко ми беше под психичка тортура од мал, и никогаш не се нафати да си оди од куќата.
    Знам ќе речете криви се и они, и јас тоа го мислам, но дедо ми беше еден од овие што сакаат све да е под нивна контрола. Ќе не најдеше каде и да сме. Тетка ми мажена на другиот крај од градот успеа да ја излуди до степен што се самоуби. Исто така им идеше пред врата и секако им викаше. Да, е тоа е гнаса од човек. Сакаше се да е под негова контрола, идеше и на докторите им даваше мито да и препишуваат апчиња што он мисли дека се добри за неа. Ама тоа оти го дозволиле сите околу него. Јас немав избор, дете. Знаете ли како е да растеш во таков хаос? Јас и брат ми знаеме. Затоа ве молам сечете, бркајте ги. Тие луѓе се зло, покрај се што му правеше на татко ми, тој пак го гледаше и хранеше до крај. И погодете што? Пред да почини бараше куќата да ја даде на државата. Арно ама му побараа потпис од 3 доктори дека е психички стабилен и нормално кој ќе му даде, сите го научија. Почина пред 2 години, на денот кога си земавме со малиот молитва за 40 дена. Секако дека не појдов на погреб, и ден денес не сум отишла на гроб кај него.
     
    На MeowMeow, Luna91, SummerGirl и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Herbie

    Herbie Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2024
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите. Вака јас сакам да прекинам контакт со свекрвата и свекорот, од кога сме земени со мм почит спрема мене немаат, јас ако кажам нешто не се ни есапи тоа како канта да затропала.

    Имам бебенце 7 месеци, и контактот ми е сведен на минимум ама и на тоа наоѓа начини да се меша и не почитува ниедна граница. Бевме пред некој ден кај нив и си изнакупила глупости за бебево шо си мислела тааа дека треба, искрено не сум неблагодарна ама женава не е нормално то шо го прај е љубоморна пошто ако јас му купам на детето мое коментира како "мало било.. Не знаел, не разбирал" се прај помајка од мене. Ко ќе појдиме го зема бебево и мајкино та мајкино, јас вријам во себе. И ќе ме праша ова му даваш пример, ќе речам не мал е сеуште, ааа јас на мажот ти од тогаш му давав демек. После бебево е 7 месеци не знае само да седи, е требало да го остам само за да се учи, не можам да разберам како да го оставам кога ќе падни. После досадна е и нападна со то нешто да му дај, како моево дете да е циркузант и се нешто треба да прај за незе или да му пика в уста. Прво се запна компири печени да му даела со триста зачини на нив, реков не и не разбира ама малце, пак и реков не па мм и подвикна па ги остај. После прелив да му дала, не реков мн е благ, ама малце пак не и реков и џабе реков не пак му даде. Не можам луѓе искрено, ова не е се, та си има други глупости навреди за мене за брат ми за мајками, па ги негираше после ме правеше на будала се колнеше во син и дека не било така. Мм знае дека јас не ја можам, и не би одела искрено одам заради детево оти само нема шанси тие да го гледаат пошто си пијат алкохол. Не знам шо е исправно, знам дека му се родители и дека ги сака ама јас не можам поќе да ги толерирам пошто се ептен, ја претеруваат. Не живееме заедно, ама пак најдува начини во 1 саат да ме извади од такт. Имам кажано на мм дека ми смета, ми смета мешање, ми смета отварање на мои работи забадње нос во се и мешање за детето пак најмногу. Вели ќе ги среди ама ништо не прави и останувам пак на цедило, и се нервирам секој ден пошто знам дека ќе ми речи да одиме а не сакам веќе и ми се слошува ко ќе треба кај нив да одам. Совет ве молам, не сум личност шо сака да се расправа и не пререкувам, порано кога ме имаше навредено за мајка ми нешто зборуваше и реков и се негираше и направи драма па плачеше па му звонеше на мм како не ја сакал и др глупости.
     
    Последна измена: 23 август 2024
    На mama11 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.248
    Пол:
    Женски
    Јас се извинувам но само мене ли не ми е сфатливо како може вие како мајки да дозволувате бабите да ставаат ред во ваш дом и да прават што сакаат со вашето дете.
    На се можам да премолчам и замижам ама кога се работи за дете ,па и да му дава преливи,каши на 2/3 месеци и да ме турка за она да го бања ,смирува и рани ,е тоа никако не може. Јас се разбирам , почитување кон повозрасни ,премолчување за да нема расправии ,ама овие работи се веќе надвор од контрола.
    Па и мажите ќе ве терат да одите кај свекор/свекрва. Ако мене не ме сакаат и ме навредуваат и понижуваат ,што ќе бара тој таму ? Како може тој да ги брани и да му е жал дека му се родители кога неговата сопруга е понижена од нив милион пати ..јас еве не знам ама моите да кажат нешто против сопругот или да го навредуваат и понижуваат не ми е гајле дали ми се родители или не,ставам крај.
    За мене ќерката и сопругот се најбитни.
    Па и кога живеете посебно едноставно пресечи. И маж ти треба да е со тебе и поддршка!
     
    На Annora, 1209, Luna91 и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    За давање преливи и каши ќе го направат додека си во тоалет ,не да викаш не да урлаш утре пак ќе чека да ти се примоча да простиш за да му тупне.
    За бањање мене лично ми беше страв да не ја повредиме малата влечејќи ја. А верувам и не многу мајки тука.
    А за ова со мажите и контактов ни јас не сфаќам баш и на мм сум му рекла 10 % од ова шо ми го прави/збори мајка ти да ти го направи тебе мајка ми нема да ја погледнам не само шо ти ќе нема потреба да имаш контакт со неа туку и мојот ќе го прекинам а ти шо превземаш.
    ,,не се замарај со неа прај како ти одговара" само што викаш. И ќути. Јас три пати ќе се разведев од неа ама размислив дека после ќе треба без мене да биде ќерка ми со нив (неа). Дека одделено ќе живееме ,дали ќе се снајдам итн...
    Исто и за бањање шо викаш ако мажите речат ,,јас и жена ми ќе си го избањаме може да си излезеш " мислам дека друга песна ќе се пее...
     
    На Anyshka и tinkerbell22 им се допаѓа ова.