Јас му викам дека не сакам да се мешам ,а тој плаче цело време,собира во него.. не знае што да направи. Не е избувлив тип и ми вика дека вакво нешто не очекувал и не знае како да се носи со ова. Буквално е во шок и не прави ништо
Убаво си направила,воопшто да не се мешаш, оти можеш да испаднеш на крај крива за се што ќе и речат (ако и речат )маж ти и золва ти во смисла снаа ми ги натера.
Па, односите се заладени многу. Нема секојдневно ѕврцкање и доаѓање. Формален разговор. А од моја страна игнорирање. Сега за сега. Целосно исклучување од нашите животи очигледно е невозможно... Така да, јас се правам дека ниту слушам, ниту гледам, ко да не постои. И сум отсечна. Па ќе видиме.
Возможно е душо и тоа како . Колку и да мислиш дека не се нервираш и игнорираш ,длабоко во тебе тоа се собира се таложи . На толку лошотии што ти направила не е за примање дома,бар по мене. Ама штом не ти смета ,тогаш терај си така .Само игнор!
Сега за сега вака ќе терам, затоа што за жал не се прашувам само јас. Колку и да му пречи и на сопругот, мајка му е и затоа не може скроз да ја оттргне. Всушност, заради татко му попушта бидејќи тој е колатерална штета. Тој не е како неа, пред нас ја брани, ама насамо лом се прави со неа заради нас... Да не беше тој мислам дека уште на почетокот ќе ставевме крај на односот со неа.
Ќе се гледаш два пати три пати годишно, колку да се речи по еден час некако ќе се истрпи и дома, толку. Ќе си најдуваш рачки за да не одиш. Еве цело лето не сум појдена. Да одам само да се нервирам? Па здравјето ќе си го гледам, немам појќе толеранција. Не ја можам. Не почитува, прај глупости само, имам дадено шанси милион, си ќутам на се, не можам да се карам и расправам...До мене е шо сум мека ама си собирам и после дома ми е тешко. Не можиш да сведиш минимален контакт?
Не можам повеќе од ова. Види, премногу сме им дозволиле, секој божји ден доаѓаа откако се породив. Ајде, постари се, искуство демек, радости за внучето, јас со рана од царски рез, сакала неќела морав да прифатам помош. Ама наша грешка, кажувај се', колку испило млеко, на колку саати, спиело или не, плачело или не итн... И сега, преку ноќ не можеш наеднаш да прекинеш скроз со контакт. Го минимизиравме колку толку. А свекор ми е буквално заљубен во внучето и не може да издржи да не ја види, премногу и' се радува, а г-ѓата се шверцува покрај него. Од секој ден идење, сега доаѓаат два пати неделно. И тоа на кратко, дури и кафе некогаш не пијат. Ќе видиме понатака дали ќе остане вака или ќе прекинеме скроз. Битно, по старо нема да биде.
Zdravo devojki me interesira na temava kako se snaogjate so iskustva? Mene ne bi mi se meshalo no neodamna so mojov imav diskusija da zhiveeme zaedno i mu rekov deka nesakam ni so moi ni negovi roditeli da delime mesto sekako imame shansa za toa. Dali e pravilno i iskustva spodelete. Ps. Majkata od idniot mazh nema nekoja bliskost so mene I izbegava muabet da mi pravi
Најправилно. Еве, ние живееме посебно, но свекрвата се меша и создава проблеми, немир, нервози поради што настануваат кавги. А замисли кога би живееле заедно, па до тепање ќе дојде, по вести ќе не има. Твој дом, твои правила.
Gledajki po baba mi iskreno dobra e majka i baba ama svekrva... Toa mi beshe nokjna mora i gledajki se od strana si zakovav deka so roditeli na partner ni toj so moi nikogash nema da ostavam da zhivee. Na 50 godishen sin na majka oti e so zhena mu pa kade da bide toj ima familija nea ja saka i pochituva kako roditel ama deteto ne ti e zemeno samo si ima svoja familija sozdadeno
Iskreno bi ti zdosadilo bi si zaminala ne deka nema razumno reshenie ama so tugjite problemi nemozhesh da izlezesh na kraj tie kako vardachi ,,se znaat'' osobeno tie shto sinchinjata na 30 god im se ushte vo nivna glava deca i normalno kje te tera da si mu majka mesto zhena shto e sosema nepravilno ne go posvoi se omazhi za nego. Jas od mojava nemozham da se pozhalam na poseriozno samo ima chudno odnesuvanje bidejki e mojov vo drug grad i stalno koga odam izmisluva ne i e dobro pa zema vnimanie mu bara i kazha i sedna na strana ne zbori ni so mene ni so nego kako treba. Neznam shto da pravam ne mi e seedno roditel od iden mazh
Гледај што е најдобро за тебе и твојот партнер. Сите други ќе се снајдат. Никој не им е крив што не ги оставаат децата да пораснат во мажи и што не можат да се помират со споредна улога бидејќи пред тоа биле главна улога во животите на своите синови. Тоа според мене е емоционална незрелост и себичност. И тоа не е проблем на снаите, но за жал тие ги трпат последиците од ова. Сега можеби се двоумиш што да правиш, но по некое време ќе сфатиш дека најдобра одлука би била одделно да живеете.
Posekako deka site denes sakame da zhiveeme odeleno sekako ako se ima prostor za neshtono, sekoj par saka sam da raste i vospituva deca plus da nemaat niz doma bezpotrebni nervni drami ako nekoj saka vnimanie ili seto. Znaete starive mislat deka tie rastele deca i znaat mnogu podobro od novive majki koi im e novo kjejf sega da si rastat dechina spored svoi standardi. Kaj mene neznam kako kje se naredat kockite ama majkata od mazhot e nevrabotena a jas nesakam da izdrzhuvame sposoben choek zdrav prav mislam kje zvuchi neshtovo drsko i losho ama ako sakame da izdrzhuvame neshto kje napraime dete ili kje vdomime milenik i nego mu go rekov neshtoto i toj se dvoumi ama ne bi izdrzhala iskreno so takov napor da mu odi pola finansii na drigo mesto, a so majkata ne bi zhiveela bidejki taa vekje si ima nekoj red i seto i stvari shto mi smetaat i nemam pravo i se mesham po doma i sakam nekade nastrana.
Baba mi primer e choek shto site ne saka osven snaite od sinovi. Pred nekoj den i se obrati na strina mi deka vo kandzi i go zela sinot a taa pusta i deca izgleda i go mazi pazi i domakjinka znachi nema zhenana neshto da si rechesh ne prai se e i toa mi e nekakov strav vo idnina da nema gluposti oti stvarno se praime eden za drug
Абе, што и да правиш, што и да одлучиш ако некој сака да ти најде маана ќе бара влакно во јајце и секако за нешто ќе бидеш крива и проблеми ќе има. Такво ни е поднебјето, таков е менталниот склоп кај народов овде и тоа е тоа.
Jas da bev svekrva i da sin mi beshe ozhenet jas kje se osekjav kako neshto da imam sveto stvoreno shto kje go pushtam da si bide srekjen so izbranichkata, toj si bira toj si zhivee ama nekoi majki mislat deka nivnite sinchinja se mnogu dobri za nekoi i neznam kakvi ochekuvanja imaat. Mene da mi e lichno pa jas kje si brkam sloboden zhivot tie da si se srekjni da me imaat kako pozitivec i kje si gledam mazhot i da isteram kolku mozham maks od zhivotot bez da me pamtat po losho. Utre den taa snaa kje e majka na moi vnuci potomcite kje se od nea i kje si dobijat uloga na rodoteli nema shto da se mesham kako postara i ,,poiskusna,, Znam daleku odletav ama globaliziram kako go razmisluvam neshtovo na logichen i pravilen nachin
Ве молам за совет. Контактот ми е сведен на минимум, и на мм му кажав дека јас нема да одам повеќе со него кај неговите но тој не сфаќа сериозно и по некој ден пак прашува да одиме. Правевме свадба пред некое време, трчав како будала додека мм ним им помагаше јас трчав со 7 месечно бебе да средувам работи. На денот на свадбата јас бев кај мајками тој кај нив, додека јас одев сама на фризер тој ја носеше мајкаму, во меѓувреме земал што му порачувале и сам си го кажува ова без тронка осет дека мене ме остава сама со неговото дете да прам шо можам и не можам а тој си се губи. Преку глава ми е искрено. На свадбата роднина негов сакал да пее, музиката не дозволува дури не дадеме ние амин го прашуваа него и дозволи. Човекот зеде да пее си ги поздравуваше неговите роднини, а јас седев надвор и никој не дојде да не побара. До мене ли е? Премногу значење придавам на глупости? Дали се ова глупости? Ве молам за совет пошто веќе се прашувам да не нешто не е во ред со мене. Има и др работи ама ова накратко.