1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Its_me

    Its_me Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2024
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека треба да се разговара со мажот отвирено и да се има јасни граници на се, веке кога имаш жена и дете многу нормално мораш да си поред нив во се особено кога ти е потребна подршка.
     
  2. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    2.850
    Пол:
    Женски
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Herbie

    Herbie Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2024
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Оф еднаш не и рече на мама дека не треба така, јас не знам каква мајка е таа шо му го зема еден од најубавите моменти во животот на сопственото дете. Знаете кајннас на ова поднебје свадбата ја прават родителите, е сеа таа сака главна да е секаде. Јас за од мојаѕа страна не попуштив абси кажуваше желби, а не го остави син и да прави пример распоред на гости да речеме мораше таа. Јас не комуницирам со неа, ептен ако мора сега ова е пресно пошто секое одење таму јас не си поминувам убаво немам ни муабет ниту некој ме рецка ако зборувам, криво ми е оти мм не сфаќа според него не е проблем ова. Па што дека пеел роднината, па што дека мајка му правела распоред и слично неговото мислење е ова. Башка што тој си кажува се јас знам да напрам инфо диета ама тој не можр, мора да се оправда кај мама
     
  4. Its_me

    Its_me Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2024
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Ова ме потсека на баба ми и затоа со идниов маж зборе за се од напред директо бидејки нејкам мешање на мајки од двеве страни оти знаеме дека следат деца итн. Ама нема смисла и треба да се пушти од дојка на мајка му и да превеземе одговорност на сопруг и татко.
    Каков однос има свекрвата со тебе?
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Wolfie Girl

    Wolfie Girl Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2024
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    379
    Пол:
    Женски
    Кажи му дека не сакаш да комуницираш со неа ниту да одиш кај нив и дека мислење не менуваш ни под разно.За одлуки што треба да ги донесете ти и маж ти без разлика за што се работи дека ниту сакаш да се меша ,ниту те интересира што мисли или како сака да направите ниту сакаш да слушаш што ќе филозофира филозофот мама,ќе си седнете и вие двајца ќе си одлучите.Ако толку сакала мама да прави свадба па направете и нека и помине меракот.Ако толку си ја сака нека ја земе и в кревет,да им се плукнам на вакви мажи уста има јазик нема пред мама за да не се навреди кутрата а жената нека трпи и ќути.А ова со роднините сега стана актуелно почна и тие да го пикат носето кај што не им го збира од колешки,пријателки роднини се почесто слушам се караме многу со маж ми оти се меша во се тетка му,стрина му,вујна му,братучетка му ,сестра му маж ми несака да им рече ништо да не се замери ми вика ќути, а жената нека трпи без осет луѓе, во туѓо семејство терат есап како и што да се прави нека си гледаат во своето семејство што се мешаат во туѓо семејство.Да пеел нека намести микрофон во двор кај него дома и нека пее цел месец без престан ако сака а на свадба седни како човек и не пребарувај па гостин си прибери се малку плус на туѓа свадба си,да бил центар пажња умрел некој да го слуша кај што се дере,море некултурен народ,па роднина бил од мажот чудо големо и без него ќе ја направевте свадбата требало да му речете или седнувај на маса или терај заминувај,на гости си имај осет не пребарувај никој не дошол овде да те слуша тебе ако сакаш лути се нека ти стои нас тоа ич не ни е гајле ниту сме дошле да пееме кај вас на свадба ниту сакаме да пееш ти на нашата свадба,знај си го местото.Кој е он па да неможете не да му речете роднина од мажот чудо големо.
     
    Последна измена: 2 септември 2024
    На flower30, *Amethyst*, Anyshka и 2 други им се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.096
    Допаѓања:
    101.805
    Пол:
    Женски
    Ако едноставно не ги сакаш и крај, не одиш, според мене ти си имаш мака не она. Очигледно не можеш да ја поднесеш ама не кажуваш зошто, едноставно не си поминуваш убаво, а тоа не е причина. Не одиш за да се забавуваш таму, одиш за да испочитуваш, како еден вид обврска кон постарите. Не знам зошто имаш толкав револт кон неа. И што дека правела список, па она си ги знае гостите, и кај нас свекрва ми и мајка ми си правеа распоред не ќе ме замараат мене со тоа. Апсолутно непотребно да се замараш за тоа. И роднината крив што пеел, не е крив роднината, сакал да пее, сте дозволиле, зошто ти не си рекла Не може! Очекуваш да ти чита мисли сопругот. Мислам дека се лутиш беспотребно. Ти со детето си била сама, зошто тогаш отиде кај мајка ти, требало дома да седиш ќе ти помогне, вака нема смисла, ем си отишла кај мајка ти ем очекуваш да трча по тебе и детето, или маката е мајка ми што ја носел. Јас разбирам да имаш проблем со неа, ти праи кавги, ти брца во интима, ти чепка дома, те вреѓа, ама од муабетот ти со неа немаш проблем туку со мажот. Дека мажите се мамини мази се, ама па и ние треба да сфатиме дека не се дрва без корен и дека и тие имаат семејства кои пред нас им биле светост, не може едноставно да ги заборават ко што ни ние не можеме да ги заборавиме. Верувам дека и ти немаш заборавено на мајка ти кога си се омажила. Малку смири се, не се жести и обиди се да разговараш за тоа што навистина ти смета. Вака од муабетов моментално што го напиша ти немаш никаква мака со жената, ако сме искрени.
     
    На Трагедијаупмм, Hygge-girl, tinkerbell22 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Herbie

    Herbie Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2024
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Е ајде де мм кога јас ќе кажам како се чувствувам претерувам, драматизирам тензија правам. Според него морам се и сите да ги трпам.
    Не појдов, па сеа пробува да ми наметне грижа како нив им било жал многу, жал им е нема кого да малтретираат и вреѓаат. Јас знам дека и него не му е лесно, ама еднаш да застанеше да им кажеше не или да не си го пикаат носот сегде. Фала за разбирањето
     
    На Mumoftwo30 и Wolfie Girl им се допаѓа ова.
  8. Iva.T

    Iva.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    644
    Истиот став го имам како тебе. Не е наведена една конкретна ситуација зошто и смета свекрвата. По напишаното јас сфаќам дека само и смета воопшто контактот што сопругот го има со мајка му. Недоволна причина за кавги и несозреаност.
    Најдобронамерен совет е да се опуштиш, немаш причина (барем не во пишаното) за таков револт, покажи добра волја, позитива на средбите со нив - ако е просечна нормална жена ќе ти се врати со убаво х5. Верувај. Со ваков однос само го одбиваш и сопругот и неговите блиски и ставаш штит пред себе. Не сте сами на овој свет, не сме сами.. бракот не значи заедница од само маж, жена и деца. Има и нешто повеќе и подлабоко. Сите имаме некакви корени и воопшто не е здраво да се исечат истите поради стапување во брак (читај мрак).
    Извини, ама некогаш стварно неможам да ги разберам ваквите ставови. Од ништо правите проблем. Па нема да “ве сака” сопругот. Епа нема. Ке бега кај “мама”. Ке се чуди што го снашло…
     
    На AngelOfArh и nice-girl им се допаѓа ова.
  9. Iva.T

    Iva.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    644
    П.С Се надевам дека по 20 години нема да пишувате по форуми и женски домакински муабети како снаата не ви чини, како не ви го дава внучето да го видите, како ви го земала и отуѓила синот…
    Карма.
     
    На deasmamas, Трагедијаупмм и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  10. Herbie

    Herbie Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2024
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Бракот е заедница од само мажот и жената, јас не знам кој друг припаѓа во брак освен маж и жена.
     
    На Lena0903, MeowMeow, mKdevojce и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Iva.T

    Iva.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    644
    Не ме разбра.
    Да, заедница сте вие. Но тоа не е се во животот. Ако стапиш во брак не значи дека на светот од тој момент постои само мажот/жената и кругот се затвора. Тоа не е здраво, а толку е честа појава. Најчесто иницирана од жената.
    Меѓудругото па каде е “обичај” или нормално младоженецот да ја носи невестата на шминка и фризура? Па бидете независни барем тој еден ден.
     
    На Трагедијаупмм, Rozevata, tinkerbell22 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Wolfie Girl

    Wolfie Girl Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2024
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    379
    Пол:
    Женски
    Во матично потпишав дека со тебе се мажам а се со мајка ти,татко ти,роднината музичката ѕвезда и остали тетки странки така ќе му речеш,ако рече се лутат нека им стои нивен проблем, а мојата одлука е оваа што ти ја кажав и крај на приказната.Мажот и жената имаат свој живот и брак,нивна работа е што ќе праваат и тука нема место за трети лица,ако не сега и в кревет земете ја да не и фали синот,да не биде сама и тажна.Посесивни мајки ,се чудиме зошто има толкав голем број разводи епа од вакви родители и роднини што се мешаат кај што не им е местото,имаат живот дека си го живеат и нека не терат туѓи есапи.Епа не ги сака снаата оти го пикат носето секаде,нека не се мешаат и ќе оди снаата да ги види па нема да бидат тажни и да им е жал туку ќе бидат весели.
    Ама баш сите кавги помеѓу мажот и жената се од мешање на родителите од мажот.Па што се тие крал и кралица оти го створиле мажот,а ти немаш родители или после брак мажот и фамилијата на мажот само постојат за жената таа нема родители.
     
    На *Amethyst*, Herbie и Anyshka им се допаѓа ова.
  13. Its_me

    Its_me Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2024
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
     
  14. Wolfie Girl

    Wolfie Girl Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2024
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    379
    Пол:
    Женски
    Не претерувам ако сум ти жена не те земав за да ги трпам мајка ти и татко ти ,ако ми се свиѓаа толку со нив ќе се венчав во матично,моите ти прават вака не епа нека не ми прават ни твоите речи му.Намерно мајките им прават така на машкиве деца не ги осамостојуваат и ги манипулираат со солзи и дека се тажни за мажите да потпаднат под нивно влијание.За мене таквите мажи не се мажи,наполнил 20-30 години и мама па мама што се женел ако неможе без мама.Не му викаш да ги отпише туку да им рече да не се мешаат каде што не и е местото кратко и јасно.
     
    На Трагедијаупмм, *Amethyst* и Anyshka им се допаѓа ова.
  15. Its_me

    Its_me Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2024
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Зашто тоа го прават не ми е јасно имав сличен случај и стално ако му зборнам ми менува тема
     
  16. Herbie

    Herbie Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2024
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Не јас нигде не реков дека не треба да се комуницира. Поентата е цело време некој да те буцка тебе и вреѓа и фамилија ти вреѓа чат пат, и кога ти кажиш дека ти смета не си во право драма правиш "пошто таа си е таква". Па таа негира, лаже дека не рекла така те прави будала буквално. Јас кога одам кај нив ми е хорор прво затоа што муабет кормален не можиш да направиш, или се смеат како луди или се вреска, јас во сликата не ппстојам за нив само по потреба, ако јас кажам мислење не чини, ако направам нешто пак не чини ако купам нешто и тоа не чини. Не може само еден да чини а сите други не, или се некој неа ја навредил или не ја разбира другите се сите злобни таа е жртвата. Сите сме некакви ама бираме да се контролираме и да не ги вреѓаме и повредуваме другите луѓе без разлика кој. Не беше проблем шо ја однел на фризура, проблем беше шо мене ме оставаше сама да трчам со бебе мало а си седеше кај мајка му со саати, а кога дојде ред нив можеше да им помага. За нив е секогаш достапен а за нас дома со резерва. Да знам до него е, ама и до нив е тие не го оставаат да дише раат, мора се да знаат што се случува.
    Свадба правев невеста бев еднаш не ме погледна муабет не ми направи госпожата забегуваше од мене цел ден. Ниту ми се јавила да ме праша како сум ниту ја интересира. А искрено ни јас не ја барам, ја избегавав претходно искрено оти ја претеруваше.
     
    Последна измена: 3 септември 2024
    На MeowMeow, *Amethyst* и Anyshka им се допаѓа ова.
  17. Wolfie Girl

    Wolfie Girl Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2024
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    379
    Пол:
    Женски
    Оти мора синот т.е снаата да ги гледа бидејќи се родители на мажот,а жената не смее да му писне на мажот ако се мешаат родителите негови ,оти тие не се мешаат туку ги учат младиве како треба да праваат дека незнаат млади се уште,па родителите на мажот знаат се.Мора да ги сака,да прави се за нивната среќа и да им оди по кејф така што ќе им исполнува желби и наредби оти го створиле мажот иначе немало да најде таа маж благодарение на нив што го створиле нашла.Живеат во нивното време каде што зборот на свекорот и свекрвата е свето нешто.За празник мора да се слави со родителите на мажот оти жената не сака да си е раат за празници или да ги слави со родителите нејзини,туку да слави со свекор и свекрва,да живее со нив или да ги трпи секој ден да идат оти само нив им недостига детето на родителите од жената не им недостига ќерка им,да им чисти,да им оди по кејот за да збеснуваат стариве.Ете затоа и овде единствено решение е мажот да им писне убаво и на родителите и на роднини што се мешаат кај што не треба.Никој не вика да се отпишаат родителите на мажот, ама да си го знаат местото,а во брак нема место за трети лица туку само мажот, жената и децата другите се на второ-трето место.
     
    Последна измена: 3 септември 2024
    На *Amethyst* и Anyshka им се допаѓа ова.
  18. Iva.T

    Iva.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    644
     
  19. Its_me

    Its_me Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2024
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Имаш семејство кое те створило и семејство кое го имаш ти створено и тоа што ти го праиш има предност секогаш оти повеке посветеност бара.
     
    На Wolfie Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Herbie

    Herbie Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2024
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Женава кога бев бремена ми праеше стресови со прикаски за абортуси, после пред да се порпдам со приказни дека на ехото за срце не се гледало се, таа знаела некоја што имала внука со вродена срцева маана која иакп била гледана на ехо не ја виделе. Кога се породив ми висеше над цицка со извинение и ми коментираше како не ми чинеле градите. Ова е само дел
    Нормална комуникација секој би имал зошто да не. Почитта со почит се враќа. Не ме навреди ништо. Искрено имам грижа на совест за сето ова дека нема да одам и слично ама милион пати сум кажала дека ми смета и не превзел ништо. Ако нрго не му е гајле и мисли дека можам да толерирам се, после си велам и мене ми е гајле ако биле "тажни". Како што јас не сакам и не дозволувам моите, па и роднино да се мешаат не треба ни тој. А тој само да испадне добар со сите им ќути, мисли дека ваљда поќе ќе го сакаат.
     
    На macmacuf, *Amethyst*, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.