Ти имаш проблем со сопругот првично. Треба отворена и добра комуникација најпрво со него, и тој да сфати како новата ситуација функционира. Што е жена,што е мајка, границите до каде се, што е почит и сл. Ако мајка му прави збрки, тој треба да знае како со неа, и да и даде до знаење до каде може да се меша и што да зборува. И мене главата ми станува пепел кога одиме кај неговите, често зборуваат од таму до таму, неповрзани работи, двајцата ми зборат во исто време за различни нешта. Нити знам кого да слушам, ни во кого да гледам. Знаат и навредливо нешто да кажат, и се држат до ставот дека тие се постари и искусни, ние сме млади и ништо не знаеме и треба да ги слушеме нив. Ама родители се на мм, и ќе издржам. Свесен е и мм за тоа. И на двајцата од едното уво влегуваат, од другото излегуваат муабетите нивни. Од негова страна никогаш се немам осетено дека ме занемарил на сметка на мајка му. Комуникацијата ни е искрена и отворена цело време. Нити живеам со нив, нити зависам од нив. Што ги гледам по 2 саати за викенд мислам дека ништо не ми е. Едноставно одбирам да ги почитувам заради маж ми. А причини имам еден куп да не се појавам воопшто таму. Е сега, ние и свадба, и живеалиште и се' сами си плаќавме. Да немавме, немаше да правиме свадба. Или ако имавме за помал стан, помал ќе купевме. Баш заради тоа што не сакам некој да ми шефува, или да прави да се осеќам должна за било што. Колку имаме-толку, ама од нас да е. Чиста сметка - долга љубов. Што сакаат нека мислат, нека кажат и направат. Не можат никако да ми влијаат. На крајот од денот знам дека ја имам поддршката од сопругот за било што. И тоа е се' што ми е потребно.
Секако дека бара ,треба на маж да се посвети внимание а и мажот на жената,па да излагуваат,да шетаат,да разговараат и носат одлуки во врска со бракот двајцата како тие сакаат и мислаат без мешање на трети лица,да имаат приватност.Па деца кога ќе створат да се посветат на нив мажот и жената ,да ги одгледуваат и воспитуваат како што тие сакаат и мислат без мешање и солење памет од стариве најчесто родителите на мажот, оти тие нивното го поминале одгледале деца сега нека си шетаат и нека си го гледаат својот живот не да даваат "добронамерни" совети кои никој не им ги побарал ни пак сака да ги слуша.Сите одиме на работа па кога ќе се вратиме сакаме мир и одмор а не секој ден- секој втор ден или секој викенд да мора да се оди кај родителите на мажот оти греота се, од женава родителите се непостоечки.Треба осет и компромис во се кој за жал го немаат во премногу случаи родителите на мажот.И секако за секој маж кој решил да се жени на прво место му жената и детето,па потоа останатите,се одделил формирал свое семејство.Ако не може без мама нека не се жени.
Има он почит пошо му се родители ама лошото е што не се става на твое место. Едно е таа да стакала да биде од околу и да ти биде подршка како веке искусна мајка да не речам додека тебе ти е ново и сега минуваш низ тоа чувство се учиш ги гледаш промените на себе и наместо да е подршка ти коментира на се. Искрено да сум на твое место само би и вратила ,,добро,, пошо на таква провокација да не кажам со тој еден збор ке и срушиш цел универзум на кавги. Знаеш за нивните синови никоја не е доволно и да не појде да ја види магично ке се разболи или ке почне да филува приказни дека ке умре.
И после кога ќе се роди детето корени ќе пуштат да неможеш воздух да земеш,нека идат ама нека ги оставаат родителите со новороденчето да земаат воздух не секој ден над мајката висат и тропаат само глупости, нормално нема да ги сака снаата и ќе и пречат .Што не и рече ,па ете твоите штом чинат гради роди си или посвој си едно и дои си го,а мене остај ме на мир уште во вц што не те носам,секој ден ми досадувате над глава.Не им ќути возврати им малце да си го знаат местото.Не те почитуваат не ги почитувај,кулирај си нека се лутат нивни проблем тебе ич да не ти е гајле,ти си имаш попаметни обврски од тоа да мислиш дали се лутат и дали се тажни.Живеј си го животот а нив само игнор стави ги.
Јас поинаку се поставив и му реков се да си реши и емотивно и се да балансира оти јас неможам да се борам со родители од негова страна. Додека не почнало на тој степен нашево иако оди натаму од старт. Прво може е глупаво на збор нештово ама сакав стаклена флаша да фрлам со канта и таа почна да ми вика ,,не таму не фрламе тоа,, и си прекутив, потоа дома кај него дојдов не ме поздрави и седна да му се жали како јас муабет не и правам. Што е до мене седнав да разговарам со него ми рече во моментов несакам драми и несакам да сум на средина и ми смени тема. Се случи да сум таму и да вели не и е Арно после саат време зема да прави физички ствари по дома и тој беше околу неа цело време да не се повреди. Јас повеке нема да дискутирам и престанав да одам кај него за секој случај и ве молам споделете мислење
Нема смисла да им се спушта на ниво плус чекаат тие на провокација да врати поарнп едно добро за да нема да врати, инаку таа пак ке замара со приказни без контекст вака само ,,добро,, и понастрана за свој мир не е да им молчи повеке е за мир. Немаш потреба за некои што не ти се на ниво да се замара плус ако не врати на провокација ги прави полошо да се чувствуваат
Во случај да ја вреѓаат или да се упорни за нешто да видат дека може да им врати и не е безгласна буква ниту желботека што ќе им исполнува желби.Некои луѓе како свекорот и свекрвата на членкава за жал немаат осет и култура. Не ја почитуваат нека не ги почитува,ја вреѓаат нека им врати ако му се мајка и татко на мажот ајде да нека ја газат.Се си има своја граница.Јас сум да се игнорираат ама ако претераат нема ќутење,имаше на претходниве страници ќе плачел свекорот ако му рекле нешто се жалеше една членка,нека плачат, нека тагуваат,нека се лутат што сакаат и знаат нека праваат ама да ја оставаат на мир членката. Јасно и гласно ќе му кажеш и не попуштај држи се до реченото.Не си должна да ги трпиш. Решение е само мажот да ги седне и да им објасни убаво да не се мешаат и да не го пикат носето каде што не им е место т.е во неговиот брак.Жената да ги игнорира само иначе џабе таа да им зборува туку мажот да им објасни на убав начин дека во бракот нема место за трети лица.Хаха за греота бебето(мајка му) да не се повреди па го пазел маж ти,земете ја и в кревет да не и е страв на вечер сама да спие.
На Балкан кај нас во брак за жал си ги носиме и мајките што се вика кога се мажиш се земаш и со свекрвата. Па мора надзор тие се знаат деца толкави имаат одгледано. Со роднина зборев за нештово ми рече што да им правам тешка е староста и си прекутувам и велам јас да сум на твое место нема да ми е сеедно на толку години брак со мажоти и вели тешки глупости што нема смисла
Ти нажалост немаш проблем со мајка му, имаш со маж ти. А тоа што имаш проблем лично неа ќе и кажеш, не ти чинат градите, какви се такви се само тие ги имам, не ти чини млекото, ќе рече вагата на крајот, бебето ќе се роди со мана, како ќе се роди такво ќе си го сакаме, вреѓа твои, отсечно ќе и речеш дека не е културно да се зборува така за луѓе кои не се присутни, уште повеќе па да се вреѓа... Не си ги биј битките преку сопругот. Додека молчиш така ќе биде а брзо па и сопругот ќе те избегнува бидејќи ќе му досади да слуша само од твоја страна ѕвоцање зошто реално он не ја знае нејзината страна. Карактерно не можеш да ги смениш, дали викаат, се смеат, тоа се луѓе кои со децении така функционирале сега тебе ако ти смета тоа не можеш да го смениш ама вреѓање не им дозволувај и сечи во корен. Да ти кажам мојата свекрва и јас како функционираме, затоа имаме секогаш лице една до друга да седнеме и муабет да направиме. Порано сум знаела да му кажам на мм што кажала, направила ама сега лично нејзе и враќам, и кажувам. Ја гледам во лукот дека не и е сеедно, ама гледам и дека следниот пат сменила нешто. Тоа е до жената, ако она е да речеме современа и реална жена, ама нема да направиш ништо ако му речеш на маж ти. Стрикно за мене, не може свекрва ми да прежали царски што родив, мислиш она легна на нож, првиот пат мисли дека приватно ради тоа отидов, вториов во државна се увери дека едноставно нема друг начин. Кога првиот пат ми рече преќутев и се навредив и му реков на мм, следниот пат и реков дека најважно е што донесов здраво, право дете дома не дали и од која дупка излегло, јас мајка ќе му бидам секако. Почна со Ама јас не мислев за тебе само, се повеќе младите... Не ме интересираат младите, другите, комшиките, јас за себе си зборам, и одговорив. Што се однесува до помагање ним а не тебе ќе бидеш концизна и нема да збориш Ете кај мајка ти место дома, ќе му речеш Имаме и дома обврски, дај да ги завршиме после оди кај мајка ти. Биди директна, Денес имаме работа дома, пример да исчистиме, да испазариме, да фрлиме ѓубре, да однесеме дете на лекар, планирај си ги обврските. Не знам колку години имаш ама од муабетиве што ги правиш очигледно ми е дека си млада и се вреѓаш лесно, избувнуваш и они си зеле за право да си играат мајтап. Не дозволувај да ти ги видат слабостите. Оди на гости и седи си ко гостинка и ако гледаш дека не те вклучуваат во муабетот стани си и оди си со детето, ако те прашаат зошто кажи им, епа вие не ми прифаќате ниеден муабет, за мајтап ме имате, нема потреба да седам тука, ама без драми, без викање, со насмевка и гордост, да видат дека не си несозреано детиште кое не знае да се исконтролира.
Јас одсекогаш сум за да се има респект и почит од двете страни, џабе е ако ти почитуваш и пазиш а ако другата страна не и чини ништо. Сепак и јас се согласувам со @AngelOfArh ,проблемот ти е со мажот а не со мајка му. Еве јас живеам со свекрва скоро 4 години, не е се мед и млеко нормално, секој си сака интима и она и ние ,ама јас ако имам некаков проблем со свекрвата никогаш не му спомнувам на мажот ама тотално ништо. Се симнувам долу кај неа ,седнувам и и кажувам што и како ми пречи,зошто така ми кажала, дали нешто сум ја повредила итн. Мојот маж појма нема за овие муабети и сметам дека не треба да го замарам. Ако јас имам проблем со свекрвата, јас сама го решавам,без навреда без кавги, смирено со разговор.И така се договоривме од самиот почеток , дека што и да имаме ќе си кажуваме за да не дојде до недоразбирање. И да ви кажам еве јас сум скоро0 25 години а свекрва ми 70, па нормално дека има различни сфаќања за многу работи, повозрасна жена, ама едноставно си замолчувам и никому ништо . Јас не очекувам од свекрвата да има исто размислување како моето, 50 години сме разлика, и сеа да земам да замерувам .Се знае и граница ама јас тука кај тебе не видов нешто за да се паѓа во несвест и да си правиш безпотребни стресови и кавги во бракот.Градите не ти чинеле е арно де , јас би и се насмеала а не да се лутам , мене свектва коа ќе ми каже нешто што не се согласувам со тоа јас само и одговарам Аха во ред,тоа е само твое мислење. И толку . Со кавги,расправии и зборење цело време мајкати е таква ,онаква само ќе му ствараш одбивност.
Во право си, мажот е секогаш на средина и нормално страна не може да бира, вака најдобро со неа директно решавање на проблем и крај. Тој нема да се расправа со мајка му за никој да биде ко ,,на средина сум,, ако и рече на мајка му таа ке е ко кој те одгледа итн.
Така е. Сепак не станува збор за не знам какви големи проблеми кои не можат да се решат на начинот кој го кажа. Само со муабет лично. Според мене не се во ред советите од членките погоре: игнорирај, избриши ги од животот, не оди таму, не прави муабет и слично. Дајте малку бидете реални и покажете општа култура, кога веќе старите немаат. Не може да ти биде убаво и да ти цвета бракот на една страна, додека другата страна (корените) се распаѓаат. Па сите имаме родители и не е возможно да ни сметаат само родителите од страната на сопругот, а нашите се супер. Добронамерен совет е само разговор со свекрвата, кога вие две ке се разберете на едно нормално средно ниво, кога и сопругот ке го види тоа дека вие две се разбирате и сте во ок односи, верувам дека и тој ке се опушти и ке ти се посвети повеќе. Пример во мојот случај е така. Мм беше буквално тука за се за неговата мајка, со моето доаѓање, мојот однос со неа, тој се повлече и се посвети со цело срце, душа и време на нас. На нашата заедница. Ама знае дека и мајка му не е целосно избришана, тука е , почитувана е, ислушана е и сл. Сепак е мајка. Со водење инает ништо не се прави. Пробај разговарај со неа на коректен начин, најдете заеднички јазик без да го ставате него во средина. Ако и тоа не помогне, тогаш дистанцирај се.
Имаше една членка погоре што свекрва и и го земувала детето од града,му давала на 2 м каши, не и го давала на мајката,лравела разор во фамилијата. Е за такви свекрви ако не бива со разговор тогаш стварно ги бришам. За дете се работи. Ама за вакви работи треба само да се насмееш и да не се замараш .
Тоа е веке иживување. Моиве така се оставија плус додека живееше баба ми со нас стално и вракаше на мајка ми во смисла ако носи шорц летно време демек ти си жена на доктор нема што да се облакаш така со син ми. Мислам и ден денес ја збори ,а моиве повеке од деценија се разделени и почна по мене да има грубост дека сум ја потсекала на мајка ми и слично ме понижуваше пред сите и намалив контакт. Што значи некогаш е психички нештото до другите ако се постари од нас
Сите вие што советувате дека еден искрен разговор со свекрва ке реши некоја ситуација не сте имале свекрва како мојата и како на 90% од членките што тука пишуваат. Нека се најде таа некоја на свекрва ми само да ја праша “што ти е?” Па да види каков огин излага од некој. Нема тука нормален одговое на такво прашање, туку одма е со дрсање “што да ми е? Што? Каква сум, а? Што сакаш да кажеш?” Еве повелете и разберете се со таков човек. Така да, кога давате совет не поаѓајте секогаш од вас, зашто не сите имаме разбрани свекрви како вашите. И среќни сте што не знаете за тоа како е да се има во близина човек со ваков карактер.
Така е. Јас еднаш на мојата и реков и тоа со мирно не се расправав дека ме навреди тогаш рече нешто за мајками и мене ми беше криво. Се подналутив и женава ме праша што ки е, и кажав. Кога почна да драми, па да вика дрска сум била безобразна, лажеше дека не рекла така плачеше, изкезе од дома па му звонеше на мм не ја сакал му плачеше. Драми. Како ќе се разбереш со убаво
Тоа им е пристап на внимание и лажењето да е честа појава. Мој совет имај си дистанца и подалеку од тоа monster in law.