1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.246
    Пол:
    Женски
    Па јас како шо сум луда и нервна стварно би ја искубила ко кокошка.
     
  2. Angella7

    Angella7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    3.278
    Пол:
    Женски
    Не така, мајка му е. Нека си прави што си сака :angel:
    Море кое кубење, боксовите до просерување, да ми извините.
     
    На macmacuf, Zumbulche, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Wolfie Girl

    Wolfie Girl Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2024
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    379
    Пол:
    Женски
    Ајде да преќутам иако не сакам ама некогаш поради мажот ќе преќутам,ама да ми вреѓа родител е тогаш од гомно подоле ќе ја направам,мајка му од маж ми била чудо големо ,а кога ја вреѓа мајката на снаата тогаш убаво било.Иначе таа си е мајка од мажот и се и се може мислиш некоја светска кралица е.Со навредата за мене е избришана трајно после ќе се гледаме 2 пати годишно дури ни толку ако може да се избегне ќе биде супер, ако не му се свиѓа на мажот в матично и нека си се венча со мама.Каков маж е тој што нема почит кон жената,па таа жена мајка му што ја вреѓала ја родила жена му,и не неможе да ги почитува снаата свекорот и свекрвата ако и зетот не ги почитува родителите на жената,ниту пак ако свекорот и свекрвата ги вреѓаат мајката и таткото на снаата нормално снаата нема да сака да ги види пред очи .Како што на мажот не му е убаво и го боли да слуша лошо да збори жена му за мајка му и татко му така и на жената и е,или после мажење жената нема веќе семејство,само мажот има.
    Епа тоа е за манипулирање кога ќе ја види мајка му оти плаче мажот и ќе ќути,тие се лажни солзи за изигравање жртва.Иако во ситуацијава маж ти требало да изреагира оти те навредила мајка му и да и рече ти си ја навредила мајка и, жена ми ја боли оти и е мајка,жена ми не ве навредува ни тебе ни тато уште ви ќути и ве трпи дури филозофирате затоа џабе ти се и солзи и зборови кога крива си,не си дете мало туку жена возрасна наместо да се мешаш во бракот и да навредуваш гледај си го животот твој,овде овој муабет завршува плачи до утре ако сакаш.Запнале мама пак мама утре кога ќе умре мама со кој ќе го живеат животот со жената што ја вреѓале и понижувале а таа жена ќе го сака и почитува мажот што мама му била на прво место во животот,вреѓај ја жената и нејзините родители и после како ништо да не било мислиш со устав е обврзана жената да трпи.Колку построг и поладен си толку поубаво ќе ти биде со блиски и далечни роднини јас тоа го сфатив и таква и сум, не сум мажена сеуште ама уште на почеток ќе се постават јасни граници ,а мажот пред брак ќе го седнам и ќе му кажам ако ти се допаѓа арно ако не ништо од бракот, или ако не биде вака куферот и си идам па венчај се со мајка ти и живејте среќно до крајот на животот.
     
    На butterfly_91, Gosh, Orchidea и 2 други им се допаѓа ова.
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.996
    Допаѓања:
    35.941
    Пол:
    Женски
    Ако не се разберат со добро, ќе пробате со лошо. Ако и така не се разберат, се знае што треба да направите. Прекинувате контакт. А мажот ако сака и на раце нека стои. На мене доцна ми дојде памет. Затоа контакти со неа само по потреба.
     
    На *Amethyst*, Gosh, tinkerbell22 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    2.850
    Пол:
    Женски
    Ама мажот мрчи нешто, мајка му била оставена на страна ко последна да била, само ја бара...
     
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.996
    Допаѓања:
    35.941
    Пол:
    Женски
    И мојот така збореше, ама му одржав лекција. Сега мамичка е тргната настрана. Свекрвите не сфаќаат дека се небитни.
     
    На *Amethyst* и Anyshka им се допаѓа ова.
  7. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    2.850
    Пол:
    Женски
    Остај не можи да се разбериме, оди на карта ама за твоите роднини имаш време за моите немаш, а не е до мене туку до неа, одиме и само проблеми, само нешто да се тресне да се каже, да те изнервира, да се искара и мм и со неа ова нон стоп и после ние да се докараме дома, оти не испровоцирале со нешто.
    Последно за мајка ми и замерувам шо она сака толку многу да појди да ја види и да зборни, нејзе се нешто и смета. Со никој не живеј, само со мачките си прај муабет надвор.
     
  8. Wolfie Girl

    Wolfie Girl Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2024
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    379
    Пол:
    Женски
    А што треба да правиш за неговите роднини ти прашај го да видиме што ќе рече?Ти речи му за тебе ме зеде или за роднините твои,јас колку што знам в матично потпишав оти со тебе само се мажам и атер тоа ќе ги почитувам твоите ама не сум должна да им се посветуваш на неговите ако имаш време ќе појдеш ако не никому ништо. Се почесто слушам мајката,таткото ,золва, девери ама сега па и роднините на мажот(тетки,стрини,вујна,братучетки),значи гратис со мајката,таткото,золва и девер и некои роднини кои дома неможат или не им е дозволено да се мешаат во бракот на синот или ќерката па се мешаат кај внукот оти тој си ќути и трае ,жал и срам му е да им рече да не се замерат после,а снаата таа е туѓа и бидејќи роднини се едни а жени 1000000 има ќе си прават како сакаат внукот нив ќе ги слуша и сака,осет да се немало.Јас еве свесна сум дека кога ќе стапам во брак маж ми нема да ги сака може мајка ми и татко ми ама може и треба да ги почитува и секако не очекувам да е бебиситер на моите да ги гледа,мази,тинтра,да им исполнува желби.Се знае се венчаме и си формираме свое семејство , а се друго е на второ трето место,до 17 часот на работа секој ден кога ќе се вратам сакам да јадам и одморам сакам мир,за викенд да прошетам сакам не да ме труе мајка му или татко му од маж ми,да излезам навечер сакам за викенд,не ќе дремам кај моите или неговите,кога ќе имам време ќе отидам на кафе,еве јад не сум мажена ама во различен град живеам и месец дена не сум појдена кај мајка ми и татко ми ,па сега што треба да праваат да плачат а?Едноставно мир да се нема, родителите на мажот да биле центар пажња,како имаат колку време им се чудам ама и упорност никако да се откажат,им се чудам и восхитувам на упорноста.Ќе му писнеш кога ќе отидеме кај моите ти вика вака и вака мајка ми,се караме после не,се меша мајка ми кај што не и е местото не,и на крај краева јас можам само да ги почитувам оти мене не ми се родители ама ај поради тебе ќе ги почитувам,а ти ако толку ја сакам мама да ве венчам па земи си ја в кревет и живејте среќно до крајот на животот и никој никогаш нема да ве раздели цел живот за рака ќе си се држите.Нема ни закон ни устав кај што пишува оти мора да одам кај нив,ако толку сакаш оди ете ти го патот јас не мрдам.Што си мислат маживе јас незнам утре ќе умре мама тие треба да живеат со некого иде болест,старост ама пак и сам не се живее животот друго е кога ќе имаш животен сопатник ,да е во добро и лошо со тебе ама се е џабе ако нема почит помеѓу партнерите и меѓусебно разбирање.Мажите нека сфатат веќе во брак нема место за трети лица посебно не за МАМА.
     
    Последна измена: 4 септември 2024
    На violetblue, jungle, Lisandra и 2 други им се допаѓа ова.
  9. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.123
    Допаѓања:
    20.272
    Пол:
    Женски
    Кога зборате за мајкин син... :rofl::rofl::rofl: абе тукашните свекрви да ти биле злато...
    upload_2024-9-4_11-56-28.png

    За тие што не разбираат англиски: Зетот фатен како мајка му го дои на денот на неговата свадба :puke:
     
    На Skyler81, Mumoftwo30, *Amethyst* и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Its_me

    Its_me Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2024
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Јас сама си се фрлам во оган, таков ми е партерот ама се надевам цело време дека ке биде поарно. Сам живее со мајка му ама многу го фака на емоции ако проба да и каже нешто. Мислам сакаме заедно да живееме ама жената нејке да работи, а он ја издржува. Би се нафатиле вие така?
     
  11. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.774
    Допаѓања:
    9.923
    Пол:
    Женски
    Лично не, и сличен случај имам. Оваа мојата не работи, ама не од што нема работа туку не сака. Свекор ми нема проблем со тоа да ја издржува, дури и дава поддршка да седи дома, зашто да работела кај лоши газди.
    Арно ама, кај и да е ке треба г***т да си го испоти оти ке останат на негова плата само во странција :lol:
     
  12. Its_me

    Its_me Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2024
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Поради истото е буквално само нема маж во случајов. Да те прашам како се имаш поставено околу тоа?
    Ние уште немаме почнато да живееме ама многу не демотивира од една страна се најдобро ни посакува, а од друга страна на убава вест реагира со негативен став
     
    На Lisandra му/ѝ се допаѓа ова.
  13. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.774
    Допаѓања:
    9.923
    Пол:
    Женски
    Искрено се немам поставено никако по ова прашање. Мм е тој што цело време му врши притисок на татко му дека мајка му треба да работи (плус и матичната истото и го кажа, оти дома ако седи и во депресија ке паднала). Проблем е свекор ми што он и се плаши (оти оваа е агресивна) и не знае како да и каже работи.
    Е сега, ко ке дојде време за делба сакала нејќела ке мора.
    Според мене на свекрва ти треба да и се намали финансиската помош и да и се укаже оти треба да работи, можете и суптилно да и кажувате дека некаде се бара работа.
    Јас искрено не би сакала да издржувам работоспособен човек, имав таков бивши и од него тој тип на луѓе ми се згадија.
     
    На Antebellum и Its_me им се допаѓа ова.
  14. Its_me

    Its_me Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2024
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Овај кога ке и спомнеше да најде работа факаше на емоција и после два дана од седење ке и стане од никаде неарно и после два дена варосува дома што нема друго да прави или нешто физички и вели демек и домакинлукот е работа неплатена, а сите работиме и дома и на работа и дел од вас и деца имаат па пак. Јас му реков на мојов може груба бев ама да сакав да издржувам нешто ке си родам дете или ке земем миленик ама на мој трошок некој да се дотерува и да си прави што сака нема.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Stars⭐

    Stars⭐ Нов член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2024
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Супер,значи имаш современа свекрва,не заостаната како мојата :⁠-⁠)
    Јас и да ги отворам картите,прво трча кај мажот и ( свекорот) се пренесува уште да му рече дека сум добила.
    Потоа од А до Ш се ќе каже на мажот ми.
    Спомнав наназад што имам проблем со неа,исто како членката погоре ми се мешаше во се.
    Јас со нејзе никогаш не сум се скарала ама и не се поднесуваме баш....
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.152
    Допаѓања:
    7.684
    Пол:
    Женски
    Вака можеш да се договориш со зрела и разбрана особа. Не со некоја што не игра фер плеј ко мојава.
    И ние вака се договоривме, дури таа гордо збореше зошто да го замараме Х да се нервира. Ќе си кажеме директно меѓу нас. Ама тоа и беше само маска. Таа се што имаше си криеше, јас за нешто што ќе и кажев со убаво таа одма кај мм се жалеше и се правеше жртва да го сврти мм против мене. Нормално не и успеа. Ама ваму едно позади грб друго. Многу манипулации користеше и лаги.
     
    На *Amethyst*, Anyshka и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  17. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    2.850
    Пол:
    Женски
    Она може само чека некој неубави вести да и кажеш за да не се чуствува осамено од својата несреќа. Е најлошо е со такви луѓе ти мислат демек добро но не се радуваат на твојата среќа. Само игнорирај и не очекувај од луѓе без емоции да ти даваат аплаус за тоа шо го имаш постигнато, не мораш ни да му кажуваш остави ги нека тонат.
     
    На *Amethyst* и Its_me им се допаѓа ова.
  18. Wolfie Girl

    Wolfie Girl Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2024
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    379
    Пол:
    Женски
    За живеење со свекрва во никој случај не би се нафатила, туку да сме одделно во свој стан дали на кредит,дали од заштеди купен сеедно, да си бидам во мое што се вика за да можам да си правам како сакам.Станот да е пола на мене пола на него пишан и секако платен по пола.Пред да стапам во брак ќе го седнам мажот и ќе му кажам дека јас не сум хуманитарна организација па да ги издржувам неговите прави и здрави блиски и далечни роднини нека си работат и ќе си имаат ,ниту пак тој ќе е задолжен да издржува мои роднини.Да се живее одделно и секако секој ден да не ми идат свекор и свекрва ниту ние да одиме секој ден,колку ќе одиме кај неговите толку кај моите оти и јас имам родители не сум најдена на улица.За празници дома да си бидеме па на втор -трет ден да појдеме на гости кај моите или неговите ама под еднакво да е одењето ако за Божиќ појдеме кај моите за Велигден кај неговите.Пари ако се способни т.е здрави и прави родителите не давам ниту тој сакам да дава на моите оти не е фер јас да тргам да печалам тој да си ги рани здравите и прави родители, ниту за останати подалечни роднини.Парите што ќе се заштедат ќе се трошат за наши потреби шетање,одмори,купување недвижност,кола,заштеди во банка итн.Мајка му и татко му нека си работат секако по цел ден дома ќе седат бадијала вака и занимација и пари ќе имаат.И тоа дека такви финти со плачење не ми поминуваат,или по наше ќе тераме или со мама венчај се, ако плаче јас ќе си одам ти тешија бриши и ги солзите на мама ќе му речам.Никој не е должен да трпи никого.Па не сака да работи си нашла златна кокошка и си ужива,маж ти треба да и ги прекине сите финансии и да не попушта месец,два,три кога ќе види оти нема пари ќе мора да се вработи,ама тој да не и попушта, тек допрва ќе имате трошоци помислил на тоа маж ти?
    Леб и сол ќе јадам ама со свекрва не живеам и во колиба и во колиба ама без свекор,свекрва,золва,девет.Да си имам мир сакам.
     
    На Gosh, Puffy2019, violetblue и 3 други им се допаѓа ова.
  19. emal21

    emal21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    218
    Пол:
    Женски
    Да се придружам и јас на жалбите кон свекривте,бремена сум и имам моменти кога никој неможам да смислам,ниту нешто на сила да јадам,а и матичната ми има кажано јади си се што си јадела и до сега не ни повеќе ни нешто да зимаш плус зошто така требало,е мојава кога ќе запне за нешто дека морам да го купам тоа и да го јадам и јас и објаснувам дека не ми се јаде тоа ама она е со тој став мора,притоа ниту еднаш не изразила желба да каже чекај од моите пари јас да ви купам нешто благо или солено туку ако ги фатам на јадење кога ќе отидам на гости таква е леле имаш ли пари во тебе да отиде маж ти да ти купи од ова што јадеме ние(facepalm)(facepalm)(facepalm)
     
  20. Wolfie Girl

    Wolfie Girl Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2024
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    379
    Пол:
    Женски
    Ќе го седнеш маж ти и ќе му речеш да и објасни дека не сакате да ви се меша во тоа што и како да јадеш,оти имате трошоци и не се луксузирате со пари ако таа сака тоа и тоа да јадеш нека ти купи со нејзини пари па ти одлучиш дали ќе го јадеш или не.Не оди кај нив штом така ти прави кажи му и на маж ти оти не одиш и дека ни во иднина не сакаш да одиш.
     
    На *Amethyst*, Anyshka и emal21 им се допаѓа ова.