Го дискутирав тоа,среќа па на моја страна е и и има кажано да не се меша за јадење,работиме двајцата и да навистина немаме време со готвење многу многу на храна и повеќе сме на било што да се изеде ама уште неа да ја трпам да ми збори како морам да јадам здрава и готвена храна,кога да ја готвам кога доаѓам уморна од работа и сама живеам,освен ако мајка ми не е слободна па да ни зготви нешто
Речено му е се само менува тема бидејки и тој има пробано и ке му се налути. Му реков да и скрати на финансии ама нејзе и купува сестраи се ново и ми рече ке се нафател месециве да најде работа. Таа одбива се да работи и дури мене не ми збори и мојов ми вели немала доверба во секој и му реков за муабет од тип на како си што праиш не ти треба доверба само култура.
Е аман жити мене на нас другите кој ни готви? Готвам од вечер за следниот ден. Во право е жената, треба да јадеш зготвено а не суво, за твое добро збори.
Она нека си јаде готвено слободно, нема зошто да се меша во јадењето на другите. Или нека им готви ако толку им бери гајле.
Еее баш така,јас не викам дека не готвам воопшто или дека готово бремена сум и се одкажувам од готвење,но вие што сте поминале низ овој период многу добро знаете како е да се дојде уморен од работа а плус дупло истрошеност да имате поради бременост,ако толку се секира што јадам нека готви секој ден па нека ме понуди некогаш да јадам а не уште одкако сме во брак со маж ми никогаш не нема покането на вечера,дури и моите кога не канат бидејќи го знае татко ми дека е повеќе по скари и пред да бидам бремена и сега ми наоѓала теми за зборење кога тргнувам накај моите не ти е убаво тоа што нон стоп те викаат на скара не е здрава
Леле не ми се верува што читам, мене ми се дигна притисокот. Неам друг совет за тебе освен сами сте си криви ама искрено. Знаеејки ја каква е сте дозволиле да се меша и да ви “помага” најпметно би било да се оддалечите. Си си ги уништила првите месеци со детето како мајка, а настрана тоа што од страв од неа му наштетуваш на детето. Јас да сум на твое место ќе ја ишамарам како не знам што, а на маж ти клоца у газ оти не знае да застане од кај жена му и детето, не е крива жената која очигледно е улава, вие сте криви што сте дозволиле.
Не се глупости и маж ти не те ниту почитува ниту сака, ако те почитува ќе сфати дека мајка му ти го прави животот пекол, ако те сака ќе го покаже тоа така што ќе те одбере тебе место нив и нема да дозволи да се нервираш за ништо. Советот ти е да разговараш со маж ти ако планира да се смени супер, ако не планира, да се разведеш, а ако не сакаш да се разведеш, совет ти е да се помириш со ситуацијата оти нема да се смени.
Лелееее пак ме наврати да прочитам...пак ми се спои притиосокот. Значи стварно коа се работи за дете можам да направам свашта. Абе ми дошла на ГОСТИ, ќе ми дава команди шо и како со МОЕТО дете да правам. Не бе ,а и не коментирам веќе не давам совети на вакви мислења ко членката погоре, мајка си веќе,треба да си свесна шо е во ред а што не за здравјето на твоето дете а и за тебе лично.
Па така де, дошла во моја куќа, ќе мис е прави мајка на мое дете, да кријам каши оти да не му дава, ќе ја исфрлам надвор бе, нема да и се молам да не му дава. Они ги гледаат како деца оти сами дозволуваат да ги гледаат како деца оти не знаат да кажат не и да стојат на тоа. Мене можат да ми прават што сакаат и мое е дали ќе преќутам, ама на дете мое од 2м да му дава каши и јас да траам е богами ќе се запрашам дали и со мене се е во ред, а не само со неа. А многу ми е чудно што не можеле да кажат не оти ќе се налутеле, како з мало дете да збориме кога ќе му кажеш не и ќе има тантрум, па нека се лутат бе, нивен проблем. Како некаде што некој ми кажа дека свекрвата не дозволувала да се шетаат со бебе ноќно време да не секнело млекото и јас бев целата??? И викам што ако излезете да не би забрани, заклучи што? Мајка ми не ми ставала забрани за искачање свекрвата сега на 33год ќе ми каже не може да излегуваш, кога сум возрасна особа со свој дом, пари, ставови и дете. Мислам смешно е од што е трагично. И ми рекоа како па ќе се налути ќе ми се кара и јас бев шокирана, викам ќе ти се кара, а ти дете си па страв ти е или што. Значи стварно не разбирам. И да ако дозволи е да дојдеме во ваква ситуација самк сме криви. Инаку и јас со царски бев сама со мм во странство без помош и тој работеше, и еден куп други мајки, мајка до мене со царски сама гледаше дете уште во болница оти помалото немало на кој да го остават, ако таа може зошто јас да не можам. Убаво е да имаш помош ама ваква помош, богами не фала, на газ ќе се влечам да завршам што треба ама нема да дозволам ваква тортура и некој да ми ги уништи најубавите мигови со детето. Да ми го трга од цицка??? Има да фатам и нејзината цицка да и ја откорнам, леле се наапав жими се.
Па затоа што сум поминала знам, никој никогаш не ми готвел, сама си готвам. Еве сега и за деца и за нас, јас јадам посебна храна, деца посебна, маж посебна. Не знам што е чудно и толку тешко. И трудна готвев и втор ден дома ос породување готвев за Бадник. И не и е ништо лош советот дека е поздраво готвено, едино тоа имаш ли пари да ти купи маж ти, демек еден човек многу ќе касне ако му понудиш да седне. Мојата свекрва кај мене е гостинка, јас кај неа исто, една вода ако станам да си земам, и кафе и со кафе и јадење и кревање, се е на таа кај која е домаќинлукот во моментот, нема друго.
Убаво што си готвела ,ама некој ако не може или има напорна работа ,нема потреба од набивање на нос ,и знаеме дека е здраво.Си има свекрва доволно и е тоа замарање.Ете ти си херој жена ,на втор ден од леунство си готвиш блазе тебе.Јас не готвам секој ден, зашто толку можам и не можам повеќе во моментов и сум супер мајка и сопруга.Нека проба да ме разубеди некој дека грешам ,ќе незнае кај е врата кај е прозор.Мразам домаќинлук,бидејќи и сопруг имам ,па нели и негов е домот ако некој не може?Тоа за баба ми важело,кај мене не поминуват такви магли и литии.
Ок, ама женава не и рекла којзнае што, да јаде здрава храна. Уствари забораив дека не беше ин да се биде домаќинка, сори.
Пробајте полека да и ги прекинувате финансиите за самата да биде приморана да си најде работа.Не и давајте пари и кутете си, а ако ви побара нека и рече маж ти оти му ја намалиле многу платата дека не може месециве да ја финансира,оти се думате и вие како ќе споите крај со крај.Кога демек ќе му ја накачат платата ќе и даде тогаш а тоа нема да се случи никогаш.И секој месец викајте леле колку е скапо како ќе поминеме,мора да ги планираме парите,за ништо не стасуваат платите.Ако не му се допаѓа на маж ти платата твоја настрана и само за сметки или храна давај,нека плаќа малце и тој не да ја рани мајка му која е здрава и права ама и голема мрза ,сака да седи и да си ги јаде парите од синот и снаата.Сите трошоци по пола да се делат и платете ги по пола, другите пари на страна да ги тргнеш а тој нека ги троши на мајка му,после и 5 денари да ти побара да не му даваш,нека се вработи мајка му па нека му даде пари,твоите на страна да стојат да си имаш пари заштеда при рака во секој момент .Ако не сте одделени речи му на маж ти да се одделите и ќирија да плаќаш да не ти е мака за парите барем нема да ја трпиш свекрва ти.И во колиба да седите поарно наместо да трпите ваков џабелебар.Да не се налутила а вие не се лутите што седи по цел ден и ви ги јаде парите,во секој немала доверба ама која е таа па да неможете кај секој да работи, некоја ВИП личност да не е или некој што е позната личност или баран па не смее да се движи наоколу без придружба.Сака шефица да биде да не и виси над глава газда,да си крка туѓи пари и да си седи.Отворено кажи му го ова дека вака не може,ако ви рече во оган да скокнете оти ќе се налути ако не скокнете маж ти ќе се фрли во оган за ќеифот од мајка му.Грев е да им ги јадеш парите на млади луѓе кои почнале да ствараат нов живот,ако неможеш да помогнеш не одмагај.Ќе се лутела шефицата па што сака таа да ја стават претседателка на државава па на убаво место да била,а оние кои работат каква било работа продавачка,келнерка,чистачка,готвачка тие не сакаат на убаво работно место да се ,иако мораат да работат за да спечалаат за леб.Од чесна работа нема страм.Вашава многу голема госпоѓа.
Ние не живееме заедно бидејки сме од различен град, а јас несакам во здрава нога трн да си ставам и тој демек сака да живее со мене, но кога и кажа на мајка му го почна и требало сега не знам што за куката дека треба одредени документи итн. Се водела како невработена и само во некоја фабрика имало место, а во мегувреме имаше многу понуди во продавница за шминка, да чува деца и сето и одби се. И на одмор ја пушти да стекне мотивација ама пак по старо. Него му спомнав рече таа само добро ни мислела да сум се преселела ке помагала и една колешка ми кажа многу јака поговорка ,,портите од пеколот се поплочени со добри намери". Периодов нема да одам кај него оти неможам на криво да ме гледа и да ме поздравува со пола уста сепак.
Zeni nervozna sum nema do kade aj ve molam za sovet so svekrvata e problemot sto jas i sin i ne vredime a kerkite i se see na ovoj svet, ako napravam nesto ne vredi ne e ubavo kerkai 100 pati poloso od mojto da e za nea ke bide najubavo. Problekot e i co druga rabota na zolvata deteto celo vreme mi go prakja ona si odmara doma go prakja kaj nas aj sto go prakja pa i sami si otvaraat sekade se cuvstvuvaat kako doma da se kako nikoj da nema se e nivno vo nasata kuka maz mi koa ke i rece da si go pribere doma taa se luti i odma na svekrvata se zali i doma nie se raspravame. Pa ne e eden den nrmozam da gi izdrzuvam jas za pojadok,rucek i vecra i jas imam dete nikade ne e otislo kako tetka pa nishto i mu nema dadeno a nejzinoto sekoj den tuka. Plus svekrvata nema ni penzija ni nishto maz mi i dava i na nea a taa samo gi frla za na toa dete pametot aj ve molam za sovet vekje mi e preku glava od see delam od moeto dete za sekojden da davam na nejzinoto
Што е битно што мисли свекрвата ти? Што се докажувате и на кого? Само тоа се чудам......не вредиш за некој што го издржувате вие....препрашај се кој не вреди. За детето на золва ти: не маж ти и ти можеш да и кажеш да си го прибере, куќата е ваша, а кога се тука ќе им речеш дека не дозволуваш да фаќаат секаде. Не знам како ви се поставени работите и каков ви односот, ама не ми е јасно како дозволувате вака да ви се качуваат на глава и да дозволите да го видат тоа дека се нервирате од нив. Кажи и на свекрва ти нека оди кај ќерка и да го чува таму детето. Мора да кажете вие што имате, не само да стоите на страна, нека биде и кавга, така ќе научат.
Ohhh lele znaesh li deka sekoj den e kavgata ne e toa bebe pa da go cuva 8 gofini r i si ima baba tamu, plus se raspravame sekoj den maz mi pred niv ke se dere i pred niv i mu vika i na nego odi si ono kako na drvo da mu zboruvash si kjuti i si sedi shom maz mi ke si otide ednash vikase fala bogu i koa mu se razvikav pa sverkvata koja si ti fa mu se deresh pa ono e dete sto razbira, lom se pravime i taa pqk sekoj den gi vika samo maz mi so bolest se polni se dere vika oni pak si fovagaat pak se ponasaat vo ista kuka sme ama nie na eden sprat taa na drug ama se dere vika tropa ke dojde posabajlecki vo niedno vreme i tropa lupa po vratite, ajde toa pa i moeto dete kaoo go gleda nisto ne saka ni da mu dade duri saka i od moeto dete igrackite da si gi zeme za doma vika mamo moze li da si ja zemam ovaa za doma nevispitani nikakvi do bezkraj jas ne pokazuvam tolku ama umiram vo sebe od nervoza.
Dodeka ne mu otvorish ke vika eden saat i bebeto mi go budi sekoj den ne se razbiraat od zbor kolku sakash im zbori oni se vo pravo i gotovo sam jas i maz mi ne vredime, svekrvata vika samo vie dete imate drugite nemaat.