Сфатив дека свекрвата и тропа, а детево ако не му се каже ке си тера по свое. Дете толку разбира ако има совесен родител је му објасни дека има бебе и мора мирно да биде
Им сметало дека две чоколада купувале, па ако немам пари ќе купам едно ќе го поделам, кај смеј бе за леб да се зборува дека купувале грев е. Да викаш на дете мало оди си е тоа тие за полиција.
Не не заебанцијата настрана ама стварно се претерува А да е дете од брат и или сестра и ? Ке крекат ли вака за чоколадото? Не спорам има лоши свекрви ама има и катил снаи Оно има лоши и добри луѓе шо ке ти се накапе
И јас ја разбрав дека детето и се качувало горе и се дерело и тропало. Да беше така, има право да му каже да си оди. Ама на неа и пречи детето шо уопште доаѓа во куќата, не и е за парите. Епа тоа неможе да го спречи, таа куќа не е нејзина па да кажува кој ќе иде а кој не. Ако не ти чини сестро, пакувај се и оди си.
Да ама на посебен спрат живеат. Неможе детено на два спрата на урла додека и женава има бебе. Родителите на тоа дете треба да му обезбедат градинка, секако ке си доага кај баба му ама не е во ред и бебево и е внуче треба да има простор. Детето плус не живее со ниво само е на гости, а на гости се знае до кај се границите. Си има право не е нејзино дете да има толкава слобода и сепак треба да се јави на родителите од детето и кажа свекрвата нема пензија што претпоставувам тие ја издржуваат.
Па затоа кажав, може да оди и да разговара со бабата и со мајката на детето околу урлањето. Ама неможе да го избрка детето од тамо.
Детето кај бабата може да си оди кога сака. Јас цели распусти имам поминувано кај баба ми, брачеда ми ( детето на брат од мајка ми) кај мене. Храната ја делевме. Татко ми секое сабајле и за мене и за неа, а дете од страна на мајка ми бурек за мене, бурек за неа. Јас кај баба ми урлав, викав играв со други деца таа бебе на горен спрат си спиеше и на вујна ми друго внуче идеше спиеше кај баба ми за да си играме повеќе деца. Да живееме во една соба ајде не е во ред ама вака имаш свој спрат ( на свекрва ти) прави што сакаш. Ќе ги нараснев алиштата ќе и ги дадеа моите неа, а камоли да земеше вујна ми леб да крие од мене на 7 годишна возраст. Хаос.
Ами тогаш кој ќе рани бабата? И од кои пари ќе троши за ќерката и внучето? Добра е снаата за да дава пари во куќата ама да има глас во истата тоа никако не смее.
Ами зошто досега не ја дала? А што ако синот има повеќе вложено во неа отколку таа самата? А што ако не е и нејзина? Штом нема пензија значи не работела а со тоа може да се претпостави колку има нејзини пари таму вложено. Ако ќерката има право на користење на куќата тогаш исто толку има право да придонесува во одржување на истата и да ја издржува бабата. Убаво ми е мене кога идам кај мајка, да се одморам и испружам нозе, да седнам во двор да пијам кафе и по дете да ми трчкаат ама кога се гради и доградува, кога се менуваат дотраени апарати, кога се плаќаат сметки за струја, вода и сл. никој не ми побарал да дадам. Е затоа кога одам таму, се осеќам како дома, да, ама не како порано, знам да почитувам граници и нечија приватност и мир.
Треба секој да се чувствува како дома кога ќе се омажи ама никој нема право да брка никој од никаде ниту да се дере. Кој век сме? Значи бабата се зела со дедото изградиле куќа, створиле семејството, дедото починува и куќата останува на бабата, потоа на нејзините деца после поделба. Ова што золвата има свое живеалиште е супер и свесна дека денес е по динамичен живот, а ова што го пушта детето кај нејзината мајка дали на чување или играње да мени околина има потполно право. Членката може да се затвори горе и да не го гледа. Јас децата од улица ги берам кај мене во двор и кеф ми е, а камоли род. И да доколку имаат финансии зошто да не помагаат? Вујко ми има му помага на баба ми секој месец, лекарствата кои ги користи се прескапи . Зарем за леб и лек правите проблеми?
Па не знам за тебе ама јас не мислам дека брат ми и снаата се должни дете да ми чуваат. И тие имаат обврски на работа, дома, деца и проблеми. Зошто би ми вршеле бесплатна бејбиситинг услуга? Не е фер јас дома да се одмарам и да пијам кафе на раат а снаата да трча по моето дете и да мисли дали е најадено и стокмено. Ако знам дека мајка ми не е способна да се грижи за него, тогаш нема по секоја цена секој ден да и го оставам од утро до мрак. Ок е да се дружат братучедите и да се поминува време кај баба и дедо ама не е океј нечиј мир да биде нарушен за сметка на нечиј раат. За се треба да има граници. Ако го оставам кај мајка ми, не го оставам на должност и одговорност на брат ми и жена му. Дали тие ќе му купат чоколадо или не, тоа е лично нивна и слободна воља а не должност. Не можам и не сакам да очекувам секој ден да делат 50/50 меѓу нивните деца и моето. Која е логиката? Јас сум мајка на тоа дете, јас сум должна да го згрижам и нахранам а не некој друг.
Секако дека не би требало брат ти и снаа ти да ти гледаат дете, нема логика затоа членката која го поттикна разговорот има сопствен спрат каде што детето од золва и не се качува. Зарем кога ќе одиш ти кај мајка ти нема да сака мајка ти да го почасти со нешто внучето? Да го крие лебот од него треба? Брат ти да си купува чоколадо само за неговото твоето нека гледа. Немој другарке скраја да е така де ствараат комплекси. Збораме за чоколадо Агроплод 20 денари.
Јас разбрав дека детето е цело време горе на спратот. Брат ми може ама и не мора да му купува се што купува и на неговите, посебно ако по цел ден и секој ден детето е таму. Мајка ми може да го почасти колку сака (ама малку незгодно е со парите што и ги дава брат ми да купува се за детето и плус дома мене да ми праќа ....) Колку треба да си неправеден родител од едното да земаш да полниш корпи за другото дете.. ама знам, го има тоа кај нас .
Има, има... се има кај нас, само човечност не. Иначе... брат ти може и тебе да ти дава пари, замисли си. Пошо брат, за арно, за лошо Ама.. како што реков, незамисливо е ова кај нас. Ама затоа нормално е да се ситничари за дете, да се крие храна од него, итн....
Кажа членката дека оди горе тропа и го буди детето. Јас знам кога одев кај баба ми и дедо ми се знаеш, кај вујна ми и вујко ми во соба не влегував се знае основна култура, плус имаа бебе и кога спиеше малата јас и брат ми седевме мирни така не имаа васпитани. Дете е дете ама култура е првата мајка на знаење што се стекнува од мали ноте.
Брат брата не рани тешко тој што го нема. Вујко ми и ја плати цела операција на мајка ми и со саати седеа со неа додека ние децата бевме кај баба ми сите заедно ни едно не одделено. Камоли да земеше во тие моменти да се гледа кое дете колку јади, зошто со мои пари е купено чоколадо и леб за другото дете.. Мене ова никако не ми е јасно.
Што да очекуваш од себичната мајка на детето. Како прво око не и трепнува што братот и снаата ја издржуваат мајка а таа не се чувствува должна да помогне на било кој начин. Па згора на се, без осет ја користи мајка и за да и го гледа детето по цел ден. А мајка и пак го "препушта" на вујната. И детето би било помирно да имало кој да го воспита ама немало кој мајка му да ја воспита.
Ај врати се и прочитај ги првите постови на членката па после продолжи со дискусија. Ама не со мене, јас кажав што имам да кажам.
Немам потреба. И посакувам се најдобро само детето е дете без разлика чие е, а сите дечиња на светот се наша должност