Те цитирам само за болдот. Мајка ми во секоја ситуација на пример ќе најде нешто да ме исплаши или да катастрофализира, ама од најмала работа до голема. Јас под стрес полагам испит многу тежок, ѝ кажувам дека не сум сигурна дека добро знам едни вежби, ама баш сум вознемирена бидејќи нели, сакам да сум посигурна во себе. Таа ми вика - а може ете баш тоа ќе бидат прашањата, да ги објасниш вежбите. Значи не да ме смири, на пример, знам дека учеше, ќе биде ок, и да не знаеш нешто не е страшно, па и да паднеш де на испит не е страшно. Ама нема способност да ме смири, бетер ме вади од памет И во други ситуации, живеам под кирија и не знам, каснеше издавачот со новиот договор скоро месец, мајка ми ми вика може не сака да ти го продолжи. Или не знам, се погоди 2 дена со истечена регистрација да ми биде колата, никаде не одев, празник беше, ама ЗАМИСЛИ ако ме застане БАШ ТОГАШ полиција (каде, кога не возам?) и ме казни. И верувај за секоја можна ситуација прво ѝ паѓа некаква катастрофа на памет, само што на овие години веќе го знам тоа и не дозволувам да ми влијае. Цел живот е таква, баш поради нејзините такви некои сфаќања јас сум многу анксиозна личност и гледам да не размислувам како неа, колку можам. Само сфати си дека ти не треба да дозволуваш да те плаши нечив муабет, само муабет е. Не го прави мајка ми тоа со намера да ме плаши мене или да ме повреди, туку затоа што самата така размислува - катастрофализира. Не е ок тоа однесување прво за неа, но возрасни луѓе не можеме да менуваме, можеме себе. Едноставно нека не те допира, ми требаше искуство во животот за да видам дека катастрофализирањето само ми отежнува, ако треба нешто да оди по ѓаволите ќе оди секако, се секирала јас или не. Не паднав на испитот, положив со 9ка, договорот за станот беше обновен, не ме казнија тие 2 дена, итн итн итн. Не си ставај на срце и нека не те плаши кога некој ти зборува вака, во себе своите стравови само ги проектираат, одбери да не слушаш
Золвата може да доаѓа кај родителите кога сака и колку сака, зошто тоа е и нејзин дом исто како и на нејзиниот брат. Тоа што се омажила не значи дека завршува нејзиното право да доаѓа дома кога сака. Ако не сакаш ти да доаѓа твојата золва, не живеј во заедница.
Малку да си ставите прст на главите и да размислите, ова вашето више е себичњак а не е нормално како што си мислите во вашите глави. Чим е нејзина куќа не требала да се мажи и да си створи семејство, зошто каде ти е семејството таму ти е домот. Јас куќата на мајка ми не ја сметам повеќе за моја јас кога ќе отидам таму а одам 1 во неделата почитувајќи го нејзиниот мир (иако немам брат и снаа нели дополнителни луѓе на кој треба да им почитуваш мир) не се осеќам како мое да е, не ми забранил никој туку свое си го чувствувам тоа мое катче што сум си го направила со сопругот. Јас не се бунам да доаѓа нека доаѓа нормално родители брат да си види внуци и јас сакам да ги видам внуците и мене ми се внуци ама треба да се има граница. Вие претерувате и не е нормално тоа што го зборите во психологијата има еден термин за тоа нарцисоидна личност. Кој е како золва и свекрва се е нивно и да купи братот (синот ) стан и тоа ќе е нивно и таму можат што салаат да прават нели? едит Да не испадне снаава само се жали и маж ми веќе се нервира иако си ги сака премногу сестра и внуци ама и самиот вика дека е претерано бидејќи буквално секој ден се тука. И сите работи што се прават мора да запрат и да се занимаав внуците значи и ако имаш нешто договрено да сработиш си испланирал времето ако дојде мора дкма да седиш ако не седиш одма лутење карање ќе има
Колку глупости изнапиша, не си свесна. Прво, тоа што золвата се омажила, нејзиното право да си доаѓа дома не престанува. Зошто тоа е и нејзин дом исто како нејзиниот брат. Колку тој има право на тој дом, толку има и таа. Ако ти не сакаш таа да си доаѓа дома, иди живеј посебно со твојот маж, зошто тоа не е твој дом, ТИ после мажењето се пресели во туѓ дом. Ти стави си прст на глава. Ако ти не си го сметаш тоа за твој дом, тука многу девојки си го сметаат. По која логика синот може да го смета тоа за негов дом, а ќерката не? И полека со термини од психологија, не се расфрлај така лесно, кога и не ги ни разбираш.
Очигледно ти си золва. Прашај ги твоите родители зошто не го пуштаат брат ти да си иде од куќата и што се му зборат за да не си иде и ако е жалослив брат ти за греота ќе си остане во таа куќа како и кај повеќето што се случува истово. Немојте за се да ги кривите браќата коа не сте им во нивна кожа да не смее да си отиде оф куќата на родителите иначе ќе умрат а и плус да нема мир од никого во куќата ем на родителите да им рмба за се ем и сестра му да доаѓа како кралица да наредува и навредува и се меша за се кај што не и е работа секој божји ден
Најискрено не знам како може да не си ја сметаш куќата од родителите, каде цел живот си растена за своја. Јас и ден денес дома ќе одам си викам, маж ми стално ме зеза ова ти е дома веќе. Цел живот го имам поминато во таа куќа, кога и да одам спомени ме топат, Никогаш не можам да се гледам како гостин таму.
ХАХАХАХАХА ниту сум золва, ниту имам брат. И да, со вакви глупости дека родителите ќе умреле ако братот ќе заминел, само нивна манипулација е. Очигледно имаш проблеми со тоа што золвата твоја доаѓа, ама тоа е нејзино право. Ако ти смета, треба ти да си заминеш зошто тоа НЕ е твоја куќа.
Не знам откога се омажив не можам да спијам таму си знам моето место е покрај маж ми во моето катче што си го средив, не кај мајка ми. Одам таму и помагам и средувам ама никогаш не сум можела повеќе од 2, 3 саати да седам....
Znam znam deka e ironicno. Ama jas bev seriozna. Tie filmovi na tv samo. Kaj mene doma osven ja i maz mi, NE SMEE da se mesa nekoj. Ende Ja mrdnata sum. Ako mi se mesas doma moze i da te izbrkam
Немам проблем што доаѓа нека доаѓа туку во нормални граници на што личи да доаѓа секој ден на целодневна и често да останува тука на спиење?
Не знам, имам и јас катче со маж ми, и тоа се од нула сами си го створивме, ама тоа секогаш ќе ми биде дом, утре кога ќе почине мајка ми, бидејќи татко ми е веќе починат, пак на нас останува тоа. Пак ќе е нешто мое,
Еве јас сум една од тие, иако родителите ми се сами. Одам со осет, да не им изреметам мир. Работат, растрчани натака навака ,уште јас им фалам со децава клепната секој ден. Они нема да ми кажат ништо, но јас имам осет. Никогаш не сум отишла ненајавена, зошто секој си е со план. Сакале да признаете или не, тој дом повеќе не е ваш и не сте повеќе деца....
Која си ти да кажуваш дали личи нешто, за личност која си доаѓа во СВОЈОТ дом? Веќе не знаеш што пишуваш.
А чив е? Јас не живеам таму ама го сметам за мој дом засекогаш. Утре пак мајка ми на мене ќе ми го препише, на мене и сестра ми и брат ми. Нормално дека не одам секој ден имам и јас мој живот ама не се сметам за гостин кај мајка ми. Исто ко маж ми што не се смета за гостин кај мајка му.
Домот на родителите е домот на децата. Децата од раѓање се таму. Пораснати таму. И имаат право секој ден да преспиваат и да седат таму колку сакаат. И имаат право на наследување дел од тој дом. Тие права не престануваат со стапување во брак. Единствено родителите можат да им постават некакви ограничувања. Зетот и снаата не можат, тие се дојдени од надвор. Тие дојдени од надвор се гости и при преголемо занесување, сопственикот на домот може да донесе одлука да ги избрка. Тие дојдени од надвор треба да имаат осет, не тие кои од раѓање се таму. Кој/а сака да команда кој/а кога да му/ѝ доаѓа, тоа може да го прави само во домот во кој израснал и кој ќе го наследи од неговите родители, ќе го изгради од темел или ќе го купи од некого.