Во 21 век срамота е уште вака да се размислува за женското дете. Машкото и женското имаат исти права во тој дом. Тоа треба да се почитува.
Уште ли го има ова ? Ако си машко тогаш само на тебе следува. Ние сме брат и сестра,и одам кога ќе посакам и со снаата си седам и помагам ако можам, таа мене ми помага ако може, децата се гледаат заедно ако,некој од нас двете има работа,делби нема. Куќата е на мајка ми и татко ми ,брат ми сега си прават сопствена куќа ,па таа куќа можам да кажам дека Е на брат ми и не можам кога ќе ми прдне да се тупосам и да дремам. А кај мајка ми и татко ми одам често, си поседувам колку ми душа сака ,си пиеме кафенце,им помагам ако треба нешто,им пазарувам итн.
Не се мешам во дискусијава, ниту дојдов за да кажам мислење, само ова ми забоде очи. Како не е мој дом таму каде што ми е мажот, децата, каде што вложувам? Ако им плаќам кирија на свекор ми и свекрва ми пак нема да биде мој дом? Ако си роден во некоја куќа не значи дека имаш неприкосновени права на секој дел од таа куќа и доживотно.
Ако плаќаш кирија, имаш право да поставуваш твои правила, во спротивно тоа не е твој дом и немаш права. И да, во куќата која си се родил имаш неприкосновени права, кои можат да бидат ограничени од страна на сопствениците, во овој случај родителите.
Се откажав и јас од пишување и докажување не можеш да се разбереш џабе е. Многу тргнал светот во погрешна насока, многу гледаат американски филмови и сакаат таков живот да живеат. Треба да се подели еднакво не викам не се што имаш да се поддели еднакво на брат и сестра ама ако имаш една куќа и братот се стега со родителите у куќата ем ги чува ем ги трпи за се ем само им служи ( да не си му у кожа на братот) ти тоа да се заколеш за да го земеш ? Тоа ви е ваш грев. Ама коа веќее живеете како Америка тогаш треба родителите да ве избркаат од дома на 18 години и да си се снаоѓате како знаете и умеете
Мојот дом секогаш ќе биде дом и на моите деца. Кога сакаат нека си дојдат и на колку време сакаат. А тоа ако им пречи на снаата или на зетот, можам само патиката во газ да им ја набијам на нив. Дојденец во мојот дом, нема да кажува дали, кога и колку време смее да дојде мое дете тука.
Ете објасни ми ја твојата логика зошто навистина нема смисла ова што го пишуваш. ПО КОЈА ЛОГИКА БРАТОТ МОЖЕ ДА ЈА НАСЛЕДИ КУЌАТА И СЕ СМЕТА ЗА НЕГОВА, А СЕСТРАТА ТРЕБА ДА СЕ ИСЕЛИ, ПА УШТЕ И ТОА НЕ БИЛО НЕЈЗИН ДОМ? ШТО АКО СЕСТРАТА Е НЕМАЖЕНА НА ПРИМЕР? ТАА ДА НЕ ТРРБА ДА СЕ ИСЕЛИ? Ако на снаата и сметаат вакви работи, патот под нозе и нека командува кај што е нејзино.
Абе слободно нека оди кај мајка и и таму да дава наредби. А во куќата на мајка ми и татко ми само ОНИ може да ми кажат да не одам. 21 век уште со заостанати размислувања. Мажената жена не треба да мрдне кај мајка и татко,има дома домаќинлукот да си тера,срамота е . абе ај
И после се чудат зошто не се сакани од свекорот и свекрвата. Ама луѓето пак фер се, да сум јас на нивно место од куќата ќе ги исфрлам.
Тешко на снаата со тебе Ај со свекорот ќе и биде супер. Најдобро е одделно да живеат. За да нема после внуците твои цел ден се тука.
По твојава логика, и маж ти чим се женел, тоа дом веќе не е негов. А чим не е негов не е ни твој. Ако сакал негов да биде, не требал да се жене.
Извини. Ама ако си отидеш, и немаш денар фрлено у тој дом, не моеш после ред да ставаш. Знам такви особи, се дрзнува да збори шо смее шо не смее да се фрли. А не живее таму со години.
Тоа е до тебе. Не сум мажена и не живем со моите, апсолутно мојата дома е каде што е моето катче, ама и кај моите кога сакам и колку сакам можам да одам. И одам кога сакам, преспивам кога сакам, утре дете да имам сигурно ќе сакаат да го чуваат и ќе го носам кај нив. Тоа што тебе ти смета е маж ти, не золвата. Золвата си има секое право, а маж ти што не си ги наредил работите, до него е. Не се мажеше со золва ти, па таа да ти мисли дали ти е таман како живееш и кои се твоите сфаќања и ставови за животот.
Денарот не е битен. Кога и законот за наследство не разликува машко и женско дете, тогаш и луѓето не треба да разликуваат. За ред си ставаат родителите и они си одредуваат што можат нивните деца да прават во домот. Зетот и снаата не можат да одредат таму.
Па и не е, на родителите нивни е. Дур се живи и/или не им препишат, добра волја (или добра манипулација) е што доаѓаат/живеат децата им.
Biten e. Mene licno mi smeta. Da se preselam sea kaj decko mi, i sestra mu da mi kazuva so smeam so ne smeam da kupuvam?? A denar nema vlozeno. Toa taka ne moze. dom e kaj so si so maz ti. Kaj majka tatko mozeme da ideme koa sakame, ama ne znaci deka moze da se mesame i da odlucuvame. Koga idete kaj vasite vikate ,,idam kaj moite” ili ,,idam doma”? Ako vikate ,,idam doma” so vikate koga odite u VASIOT dom so mazot? Odam kaj maz mi doma? nema logika. Tocno deka domot na nasite e i nash, ama ne znaci deka mozeme da praime sho sakame i koga sakame. Ja eden/edna ne znam so se iselil od doma, i da se drzne da kaze sho kako.