Тоа никад нема да е нејзин дом. Ако не дај боже дојде до развод, одма ќе ја избркат од тамо. Снаата е само ќираџија кај свекорите. Како сакате сфатете си го ова. Ама разведена сум и знам.
Тоа точно. Друго е свое, ама не може и до толку да е туѓо, сепак си дошла тука да живееш, по синот, треба да се почитува и снаата
Нејзин дом? Утре сабајле, тоа е дом на моите родители, и ќе одам додека се живи, па и после тоа! Нејзин дом кога ќе си купи со нејзини пари, како што и јас сум си купила.
Ама ТОА НЕ Е НЕЈЗИН ДОМ. За да командува нека купи нејзино и нека си кажува свои правила. Во туѓа куќа ред не се става.
Абе не реков НЕЈЗИН, туку И нејзин, значи тука живее па тоа е и нејзин дом. Па оди никој не те запре, нормално е тоа, сите не влечи домот од родителите кај што сме пораснале, ама не е веќе истиот дом како што си живеела, сега веќе си имаш свој сопствен дом, со сопругот.
И таа нека си има, нека си купи де, да види дали е лесно, а не на готово, па уште и да ми кажува дали смеам да доаѓам.... Среќа шо немам вакви проблеми у животот..
Кажи колку дрско изгледа некоја дојдена да ми кажува мене во мојот дом кој јас го имам купено. Нека си се подзамислат снаите и нека си купат нивно, па нека кажуваат. И да им дојде некој во нивниот дом, да команда, па да видат како е.
Епа затоа не се влегува во брак неспремен и не снајден. Пред брак и двете страни треба да работат, да заштедат колку толку, да разговараат шо како, дали ќе си купат свое или ќе одат под ќирија, па дури после брак.
Јас неможам да замислам да делам кров со друга жена . Да ми преместува работи по дома, да ми менува завеси и теписони, да ми преместува мебелот.... Ма ќе ја убијам
Eeeee, ама тогаш други ќе им се криви. Ние сите живееме посебно, никој со никого, јас си одам кај моите често, а и доста не бараат и сами да отидеме. Нема сила што ќе ме запре да не одам кај моите родители, никогаш. А за дрско итоа како личи дрско, да ми кажува некоја си нејзин дом било тоа сеа, ако де и мој беше.
Како прво таа "некоја" не е некоја, туку жена што ја одбрал син ти. Второ ова ми личи како што викаат сегашниве снаи уствари сите се плачат од свекрвите, па као демек јас кога ќе бидам свекрва нема шанси така, а уствари кога ќе дојде тоа време заборавила дека некогаш била снаа хаха
А колку би било убаво да се најде заеднички јазик, не значи дека ќе живеете заедно, ама па и олку несакање ...
Е па за да нема такви работи уште пред брак се кажува да не се живее заедно. Нема што снаата да команда во куќа купена од друг. Замисли сеа кај тебе доаѓа друга и ти кажува кога може твојата сестра да дојде и кога не. Небулози....
За какво несакање збориш ти? Незнам шо е лошо да не сакаш некој да ти чепка по дома? Јас си иам мој вкус и така сакам да ми биде дома. Оти ова е МОЈ дом. Затоа здравје, син ми кога ќе порасне, ќе му кажам дека ако сака да се жени, тогаш треба свој дом да си створат со жена му.
Па ќе си е убиела хаххах Поубаво од тоа здравје, ниту свекрва сака да живее со невеста, ниту пак невеста со свекрва.
Па ако има да си плати кирија, сметки, и знае да намачка леб, нека се жени Јас ќерка не пуштам да се мажи пред 23, не може