Ааа ќерка и јас не ја пуштам, и тоа до 25 не ја пуштам. После ќе ја мажеме за богата арапина и збогум сиромаштијо
И јас го имам истиот став, НО. Немој да си толку гласна по тоа прашање, зошто животот и универзумот се така зезнати, ќе ти сместат да поживееш со снаа барем некое време. Ќе речеш една Луна ми кажа... Не сакај ама по дискретно
Абе да. Јас многу гласно реков нема да живеам со свекрва во животов, и поживеав со неа, ко ми беше на гости,2 пати по 3 недели.. Сега можда ќе поживеам уште некад, али поверојатно не. Тоа е целата тајна на мојата љубов со свекрвата. Супер ни е односот, се гледаме 3 дена годишно.
А по доколку дојде до развод, а во куќата од сопругот ништо немаш вложено, шо добиваш ти и за кај си ако не можеш да се вратиш кај мајка ти..
@mama11 Убаво те праша членката. Ако мажот се ожени, по твојата логика значи тоа не е веќе негов дом. Или дека машко, па останува неговото право, а женските небитни?
А коа синот ќе се ожени? И тогаш ли не е негов дом? Не знам колку сте свесни и какви родители и свекор и свекрва имате, ама и они одвај чекаат да им дојдете на гости, и внуците да ги видат. Барем нашите со мерак не чекаат.
И ова не е секогаш точно.Јас знам два случаеви каде синовите ги избркаа а снаите останаа таму со децата.И во двата случаи повод беа други жени.
Одите во крајни граници и погоре имам пишувано дека децата не смеат да се делат дека треба се на еднакви делови да се дели, тука кај што сум јас имаат и за двете деца се по пола да им поделат никој да не се лути. Јас не сум таква личност да љубоморам повеќе ми е мило сите да се средат со живеење и да бидат среќни. Второ ние тука останавме зошто маж ми беше манипулиран и сеуште е ама мислам дека почна да се свестува веќе. Ние не сакаме тука да живееме со нив ама приморан е човекот зошто цел бизнис он им го води, физичкиот дел и затоа толку колнења има да не си иде и така натаму зошто научени се некој друг да им е аргат. Трето мене не ми смета золвата да доаѓа нека доаѓа колку сака ама не може мене, маж ми и децата да не приморуваат да седиме со нив зошто ако искочиме ќе има караници ем од стари ем од неа, тоа не се поднесува. Кога седиш со неа само нешто наоѓа да се пречка како она коа била тука и чистела на мајка и сум требала и јас да и слугувам или други работи сеа што не ми текнуваат во моментов. Ако недај боже се разведе јас прва ќе земам ќе и ја дадам и спалнава ако треба што ја имам да биде сместена, а знам и прва ќе бидам што ќе зборам на старите да и купат стан некој нешто бидејќи имаат пари да си биде обезбедена за живеење. Но сеа пак ќе кажам уште нешто зошто синот да е обештетен зошто синот мора да живее тука а на ќерката на страна ќе и направат се? Коа за едниот прават нешто треба и за другиот во некои фамилии да у право сте многу се обештетени жените ама тука во оваа кај што сум ја е синот. Зошто кога имаат пари не направат на страна куќи и за ќерката и за синот? Ама не они за синот направиле (куќа од старите е не направиле они ништо) и синот плус доправувал на горен спрат ...... И доста зборам ваљда ќе сфатите веќе.
Ама за ова покрај основниот виновник - мажот, и те како се виновни старите. Се кажува бе, имаат уста за свашта да дрндаат, што не кажат - сакаме свој мир, ако можеме ќе ви помогнеме, ама да си живеете посебно? Ама не, трт, каде сине, за кого куќава? За на жена му ѕрцките да ѝ ги вадат, за тоа.
Ако имаш син, барем гледаш како да не го воспитуваш. Не можам да си поверувам дека возрасни мажи вака се однесуваат, како што ги пишувате по темава. Можам свашта лошо за бившиот да напишам, ама конкретно за односот со неговите, не чекал јас да изреагирам на некоја глупост, сам реагирал пред мене и ги решавал тие работи. Не дека луѓето нешто ми згрешиле, ама пред да дојде до таква ситуација, решавал. Што е ова возрасни мажи, на мама ѝ ќутат како мали дечиња. Сето што ги учите ќерките, учете ги и синовите, за утре ден да немате вакви перипетии по дома.
Имам и уште сега му ја мислам и гледам да стекнам да му направам нешто на страна додека можам, да го одусудувам на ваков живот не сакам. Повеќе се почитуваат луѓето кога се на страна не во заедница. Така е јас не го правдам маж ми зошто и он е крив од една страна ама од друга страна и родителите се виновни за повеќето работи. Маж ми се додека им се покорува вака ќе биде.
Па виновни се, никој не кажа дека не се виновни. Ама они се веќе стари и неможеш да ги смениш. Затоа треба маж и да се свесте, да не потпаѓа веќе на манипулации и да си се иселат. Па нека умираат старите колку сакаат.
Прв виновник е маж ти, се друго е споредно, ако тој пресече, џабе се размислувањата на неговите. Ама очигледно убаво му е вака да живее. Кога на мозокот не му даваш занимација, тој ти ствара секирација!
Здравје ќе бидам золва, а попатно и имам золва. Плус живеам во иста куќа со свекорите, а одам т.е можам да одам во куќата на моите кога сакам. Золвата прво е добредојдена, никој не рекол да не доаѓа. Дали ми е убаво кога доаѓа, Не, од едноставна причина баш дека ова било куќата во која живеела си зема за право да влегува секаде, да префаќа се и сешто. Од врата е со коментар, леле ѕвончето сте го промениле. Леле, часовникот зошто ви е на ѕидот лево, а не десно. Столиците од мајка ми беа поубави, овие што сте ги купиле светли, вакви, такви. Како за инает буквално. Ние на работа, таа вика потопло беше во вашата спална, таму си легнавме детево да преспие. Ок, нормално нема да оставам дете да мрзне, макар што и цела куќа ја топлиме ама еве за неколку дена ако е покомотна мојата спална и нека ја користат. Битно нешто што е приватност треба да се почитува. И со цимери да сте седеле, сигурно не сте фаќале во плакарот на цимерите. Е сега јас еве. Како што пишав никој ни ми рекол не доаѓај кај мајка ми, или не оставај дете, или не знам што. Едвај не чекаат да одиме. Ама, едно големо ама, од кога не сум таму, си функционираат скроз поразлично. На пример јас веќе не сум толку слободна да земам се без прашање, ни храна, ни да отворам по плакари, ни по сите соби да се шетам. Татко ми работи на смени и тешка работа така да знам дека сака да одмори повеќе, а со моето дете таму, не може. Мене лично ми е скроз неодговорно тој си дошол од трета смена и сака да одмори, јас да однесам дете да трча и вреска таму. Па тој повторно, да оди ненаспан и неодморен на работа. Исто и кога би имала снаа таму. Ако од Х причини брат ми и снаата одлучиле во истата куќа да седат, скроз ми е нормално да ги прашам дали се слободни и им одговара да дојдам. Посебно во нивниот дел (веќе има посебен).