Спојлер Уште ова чудо што ме снашло, не можам да поверувам. Се случува веќе цела недела, ве молам за помош. (Не сум мажена официјално, но си жевеам kaj дечко ми веќе години и заедно придонесуваме во куќата со парите. Од никогаш не сум имала некој раат со свекрва ми, во се се меша, многу му наредува на дечко ми, а и на маж и. Таа не е вработена.) Се скарав со дечко ми за нешто меѓу нас, онака првпат посериозно и таа без воопшто да биде свесна зошто се скаравме, ме избрка од дома и (да, да, ме избрка) и ми рече дека нема јас да се карам со синот, има да слушам што ќе ми речат. И јас заминав пред негови очи, тој пола збор не рече. Потоа ми се јави и ми рече колку ме сака, ама мајка му била тврдоглава и дека требало да и се извинам (а, нема за што нејзе да и се извинувам) во лице за таа да ми простела и да се вратам назад. Ако не сум се извинела, ќе сме раскинеле. Разговараме цела недела, му кажувам дека не и се извинувам, и да не и потпаѓа како мало дете, но тој не можел да излезе на крај со неа. Во меѓувреме да е работата потрагична викнала некоја пријателка со ќерка и од Австралија, спремна мома за мажење за да ја бендиса мојов. Ама тој не ја ни погледнал. Не знам што да правам, овој дечково е слабак невиден, престана и на мобилен да ми крева, а во врска сме веќе 9 години !!! (Моите се во : но комент фаза) А кога ќе видиш, можеби и услуга ти направила... Сериозна сум. Немате деца, не сте во официјален брак, прекинувањето на врската со него (иако сте живееле заедно) ќе биде најлесно и најбезболно. И остави ги тие 9 години, сте биле заедно додека ви било ОК, а ако веќе се случуваат вакви глупости, подобро работата да зварши после 9 отколку после 19 години + со деца и сл... Секако дека ти најдобро ќе си процениш, ама мене од напишаново дечково твој ИЧ не ми се допаѓа и не знам зошто би брзала да му се вратиш. Прво, те избркале од куќата на најпонижувачки начин (и употребувам множина затоа што не била само мајка му, таа те избркала, а тој ја поддржал). Второ, тој како да е четврто одделение, па ако не му дозволи мама „не може да си игра со тебе“ Типичен маж-немаж кој дозволува мама да му ги бие битките. Трето, за да не раскинете те уценува ТИ да ѝ се извиниш на мајка му? На истата таа што те избркала?! А бе ај... И на крај, и да се извиниш и да се вратиш, што те чека? Наведната глава цел живот за да не му текне на некој пак да те избрка? Да се тресеш да не ја налутиш „мама“ ако случајно нешто се замериш со синчето? Ти се допаѓа таква иднина? Сериозно, погледни од друг агол, можеби услуга ти направиле, ќе ги благословуваш еден ден што на време ти ги отвориле очите. И веројатно се јадеш во себе затоа што го сакаш, ама вреди ли да го сакаш?! Дали тој навистина е твојот најдобар избор на кого можеш да се потпреш во животот? Хмммм...
Таа и маж и се караат нон стоп, ама никому ништо. Ние прв пат се искаравме за нешто посериозно (поточно за свадба, дали ќе правиме, како...) и сега мојот муабет не и одговараше нејзе, и сака да биде по кажаното од синот (поточно по нејзино зошто таа му наредува). Тој ја слуша и и потклекнува за се, зшто таа е дијабетичар, па ако не е по нејзино сме и го *кренале* шекерот, така да дечко ми го мандара лево-десно како мало дете. Тој сака да е со мене, прави муабет со неа, ама така му наредила и нему. Женава сака само да ме испонижи. Ама после 9 год. да си игра вака? Засрамота. Ми доаѓа да ја плунам в лице, а не да и се извинам. Иначе имаше големо почитување кон нас, особено пред мајка ми, но мајка ми почина пред 2 месеци и таа нагло почна да е безобрзана и дрска со мене. Демек сега и се може да ми наредува и сл. А, мајка ми додека беше жива никогаш не се мешаше во врската и нејзе и велеше: на децата да не им се мешаме, само да им помогнуваме ако можеме.
Мислам уште не сте стапиле во брак а веќе покажува ле свекре синдром од 2 степен, натаму не сакам ни да замислам што те чека, уште повеќе тоа што дечко ти нема свое јас и не те брани кога треба. Мислам нели е банално својот недостиг од карактер да го правда со нејзиниот дијабетис. Се е ок и се си има свој начин, ама треба рамнотежа, а не просто да застане на нејзина страна, и што е решил со тоа?
Велиш имала почитување кон вас додека била жива мајка ти?-Не верувам,бидејќи ако имала почитување ќе те почитувала повеќе сега,кога си поранлива. Според ова што го кажуваш таа не заслужува да ја погледнеш во очи,а посебно тој момакот кој глуми лудило. Идиоти на квадрат.
Ако мајка му нема слух и основна човечка емпатија дека си загубила родител и ти е тешко , но тој баш сега ли нашол да уценува и да води војни Не е тука да те подржи и во најлошиот период , и бара од тебе да се понижиш ... Што говори за него како партнер ? Знам дека ти е тешко не би знаела што совет да ти дадам , освен да не го бараш и да оставиш да течат работите, не знаеме каква е вашата врска , може ќе се смени ако му значиш , може не Биди силна , не си згрешила ништо вака да ти враќа
Silver истото и јас го мислам,дека можеби ти направиле услуга од целата ситуација за да ги видиш во најдобро светло. Муабетот личи како на дете кое бара дозвола од мама,дали да си игра со омилената играчка. Не го барај сега ти воопшто,во овие моменти ти заслужуваш мир и подршка,а не некакви психопатски испади на некој друг,кој сака да си ги лечи своите фрустрации. Значи стварно се нервирам од вакви постапки од блиски личности,кои и по 9 години заеднички живот не знаат да ги препознаат емоциите и чувствата на својот партнер.
Во друга тема го пишав и ова: Спојлер Поводот е и моето прашање: Дечко ми (со кој живееме заедно) беше на еднодневен семинар во соседниот крај, каде и оди почесто, работаат нешто на терен. Истиот ден утрото мене ме згази кола и завршив в болница на 3-4 саати, ми даваа инфузија и ми ги санираа гребаниците. За среќа немав нешто посериозно. Уште од болница му кажав на маж ми, и тој ми рече само: добро здравје, чао. Пријателка ме донесе дома и цел ден лежев в кревет, в соба, сама. Касно вечерта дојде мојов, не ме ни погледна како сум, не ме ни праша, само рече: те гледам добро си, не е страшно. Се истушира и си легна. Можно ли е да си во врска со некој, за кој веруваш дека те сака, а тој после вакво нешто да не дотрча до тебе, да не се засекира??? 9 години сме заедно. Не можев да го препознаам. Многу ме разочара и мојот однос се олади кон него веќе неколку недели оттогаш. Се прашувам дали воопшто ме сака? Човек од на пат да беше, повеќе ќе се засекираше. И јас тоа го велам, наместо да имаат повеќе грижа што поминуваме низ тежок период, тие сега најдоа да си ги покажуваат роговите. А, него не можам да го препознаам. Навистина прав потрчко е на мајка му, ама сите граници на човечност ги премина.
Silver тешка состојба навистина, посебно затоа што пред само некој месец си изгубила родител. Ненормална работа да немаш разбирање за некој што само што загубил родител и да му ги правиш моментите уште потешки. Госпоѓата нема да се промени, напротив ќе зема поголем замав ако сега и покажеш слабост. Дечко ти е мамина маза, демек мама е болна, да не и прави притисок. Но јас мислам дека тука може да се влијае бар донекаде, не на неа туку на него. Се разбира ако си решена да се бориш за врската, тогаш него обработи го. Со кого живееш сега, мислам кај татко ти со кого си? колкав е просторот? Биди малку сега паметна. Овие денови не го барај на телефон. А на следното јавување и муабетот дека ти треба да и се извиниш, постави и ти барање. Кажи дека ти е тешко, ти треба време малку да легнат работите, ама дека неможеш без него бла бла, ама не си во состојба сега да се враќаш таму, замоли го предложи му он да дојде кај тебе, речи бар за некое време, дур се смират страстите, а пак да сте заедно, сврти ја ситуацијата во твоја корист. На твој терен друг ќе биде муабетот или некаде да се сместите под кирија ако немаш место кај тебе. Мама да види дека може и да биде истуркана настрана ако многу многу прета. Јас вака би постапила, се разбира доколку сметам дека врската вреди да се бориш за неа. Зошто ако отидеш назад, ќе биде леси се врача кучи, со наведната глава, а госпоѓата ќе се дува ко паун, скрати и ги крилцата дури е време.
Tе избркала жената,тоа не е за занемарување,ти си си знаеш најдобро што како но има добри глумци и машки и женски во врска мислиш најубаво ти е а кога гледаш после оп се вртат работите за 360 степени,има многу примери но главната точка е тука кај дечко ти кој дозволил мама да го уценува со болеста.Aбе нема изговор,тој требало машки да застане и да и каже ако не те прифаќа да си одите сами да си живеете,ама вака и он е крив колку и мајка му,а да не спомнувам што те избркала после смртта на мајка ти,крајно подло и нечовечки .Aко не те поддржува маминиот син батали го,и радувај се што пред да се земете ти го покажале лицето а не да трпиш како да си од улица и тебе те пораснале и те чувале и сакале,не си должна да ги трпиш комплексите и фрустрациите на неговата мамичка,и крајно глупаво се замешала кога сте се карале,значи ова на балканот со комплексите крајот му го нема ќе се натпреварува свекрвата со снаата,аман бе .Tи душо не се измачувај,и никако да не се извинуваш на мајка му,ти кажувам и јас слично доживеав бившиот ми беше мамин син и успеа да ме раздели од негони ја уништи врската но највиновен беше тој и секако не му простив.Tака да,колку и да боли и да ти е тешко,животот продолжува ти си сега повредена си изгубила родител не се замарај и не се смирувај со него од такви машки аир нема,но ако ти премногу го сакаш и мислиш да се жртвуваш,и тоа е во ред ,но такво нешто никоја не би простила.
Ааааууу силвер извини вака тие луѓе се или животни?Како бе така ти дете мало ли си па ќе те брка, а тој твојот да ќути да не реагира а згора на тоа и бара извинување????Ти си изгубила родител периодот ти е таков што ти треба подршка а не вакви глупости.Не знам што совет да ти дадам ти си знаеш најубаво како ти е и каква ти е врската вреди ли да се трудиш понатаму..Навистина ми е многу психопатски, просто и заостанато ова со бркањево.Немој во никој случај да и се извинуваш на госпожата напротив они треба да ти се извинат и да им биде малку страм да те погледнат.Размисли утре треба да живееш со тој човек, а знаеме сите тешко е да излезеш на крај со мамино синче а додека го оправаш ти можеби ќе помине време и ке излезат уште милион кавги бидејки очигледно многу му влијае мамичка.А за годините да точно 9 години не се малку но тоа не е мерило за по секоја цена да останеш со него и да трпиш тортура.
Госпоѓата свекрва да не ја има фатено паника дека ќе сакате да се земете? Можеби до сега те нема сметано за званична снаа, па сега се паничи и и е страв дека син и ќе е повеќе на твоја страна? Мој совет ти е да не се враќаш таму додека и дечко ти и мајка му не ти се извинат. Тие ти имаат погрешено а не ти на нив па ти да се извинуваш. Ако имате можност најдобро би било да не живеете заедно со свекрвата. Ако не го придобиеш на своја страна и продолжи да ја слуша мајка му најдобро би било да го оставиш да си живее сам со мајка му. Ти си млада и ќе имаш уште многу прилики, да имаш деца па да се двоумиш а вака ни си во брак ни пак имаш обврски. Ако си самостојна и не зависиш од него ич да не се секираш.
Божеее какви луѓе газат по земјава . И јас ја изгубив мајка ми и точно знам како ти е. Наместо овој период да ти го направат полесен, те бркаат од дома. цццццц. Ти си таа што треба да бара извинување а не свекрва ти ( па уште и стројник изиграва ). Доколку сега кога ти е најтешко овие луѓе не ти дале поддршка, никогаш во животот нема ни да ја добиеш.
Не попуштај ама почекај, верувам дека работите ќе си дојдат на свое место. Па и дечко ти нема да може туку така да се откаже од тебе после 9 години, работава не е плукни залепи. Остани си горда и враќање таму само како венчана сопруга (доколку навистина немате друг избор) Знаеш него сега му ја напуниле главата демек види како ти вика, која е она така да ти зборува и слично ама љубовта ќе излезе на површина наскоро зошто срцето мама неможе да ја слуша долго време. Најважно е ти да останеш цврста зошто сега се одлучува и прашањето брак и понатамошната хармонија во вашата двојка. Ај со лесно овие неколку дена.
Читајќи го твојот пост,ќе ти кажам што заклучив: 1. Нема сомнение дека е мамино синче, и не само сега,да знаеш цел живот ќе ја слуша и цел живот ќе биде под нејзино влијание 2. Не те одбранил и чекал мајка му да ти ја покажи вратата Е ајде биди искрена, ако некој од твоите го избркаше дечко ти, ти така ќе гледаше?? Оттука извлечи го одговорот сама 3.Бара да и се извиниш така? Треба да бара од мајка му да се извини, а тебе може да ти речи ако сакаш да поразговараш со неа, зошто таа те избрка, не ти неа 4. И донесла потенцијална снајка па дури од Австралија ??! Сигурна си дека дечко ти не знаел ништо за тоа дека таа постои и дека има голема можност да ги запознаат?? Преку ноќ ја најде мајка му? ( Не дека сакам да ти посадам сомнеж, ама од една неодамнешна ситуација, читај лично искуство) ќе ти кажам дека тие работи не се случуваат преку ноќ 5. И сега велиш не крева на мобилен?? И покрај тоа што знае дека си загубила родител и тебе ти е потребна поддршка а не дополнителен стрес?? Ќе ти речам, обрни внимание на точка 4 И да, одлуката дали ќе му се вратиш, или ќе продолжиш сама е само твоја. Лесно е да ти кажеме остави го, или врати му се.. Ти си знаеш најдобро. Ти посакувам што побрзо да ја решиш ситуацијата.
Silver.E Прво прими сочуство за мајка ти. А за таа змијата и нејзината марионета ич да не ти е гајле Тој што си е мамин син таков ке си остане ццел живот,убаво ти кажа една од девојките погоре,они двајца само ти направиле услуга,зошто после со деца во брак ке ти било потешко да го прифатиш тоа.. Викаш со една мала караница т.е малку поголема таа те избркала од дома,а тек кога ке бидете во брак па проблемите ке бидат уште поголеми и каквите исто така,и што ке прави свекрвата ке те брка ли од дома на секоја ваша кавга? Ти си во потполна предност пред нив,ич не им се замарај. А и тој токмакот(мт) колку и да ти бил лут и да сте се скарале не требало така да стои со скрстени раце и да гледа како пред очи му се распаѓа нешто што сте го граделе целиии 9 години. Остави го сега нема си ужива со мајка му,а ти во меѓувреме среди се смени нешто,дотерај се и почни си со излегување со шетање со другарки. Ако се јави ееее тогаш ти ке му ги кажеш правилата Само храбро ја имаш нашата поддршка
Нормално дека нема да ти биде лесно да ги прекинеш сите врски со дечкоти после 9 години но кај што небива небива. Како тоа уште небидена снаа те бркат од дома. Потполно с есложувам со феминката кај што ти рече дека ти направиле услога , но само дали си ја сватила. Ако тој навистина те сака нема да дозволи никој ништо да ти рече. Девојче рабуди се навреме да не ти биде касно подоцна. Многу феминки раскажаа за мамините мази и видовме какви се краевите. Еден ден таа и детето ке ти го земе и ке те избрка а на дечко ти ке му бара нова жена свести се навреме еј
Спојлер Silver драга, читам и не можам да поверувам, каде оди светов, страшно. Во твојава ситуација очигледно накај Австралија се упатиле. Работава е јасна како ден. Ти си им чинела додека си чинела, ама сега се нашле некои ојлевци- дојлевци да и посолат памет на жената (за бољи живот на синчето), и она си вика еј супер и така уште не е озаконета работава , да ја потсредиме, па после 9 години доброќа од нејзина страна, сега и текна да се меша во ваши недоразбирања, па уште да ги завршува со твое бркање од куќата ??? добра глумица нема што! А дотичниов твој со став „извини се или не ти се јавувам“ фраерче,абе земи чукни си ја пиперницата малку. А одма после твоево заминување, наоѓа време и начин да го запознава со мадам од Австралија браво немам зборови, подобро смислено сценарио амин.И он таков каков што ни го претстави мамин син (за една жена тоа е најлоша варијанта на партнер), да речеме и дека не ја погледнал, ама не се секирај тука е МАМА, за да ги среди тие работи. Дечково само ако вистински му стало до тебе и ако навистина те сака, ќе прескокне и преку мама и преку Австралија, и ќе те моли да му се вратиш, а не вака со уцени и нејавување. Знаеш, колку и да нејкам да кажам, ама Австралија е доста привлечна за некои луѓе, па и целава понуда, па човекот сега можеби навистина е во недоумица, па нејќе да прави муабет. Ако е така, убаво ти кажаа и претходно , заблагодари им се што ти направиле услуга. Го молам Господ мојава претпоставка и гледиште на работиве да искочи погрешна, па да си заврштите заедно среќни, само внимавај , овојпат треба да поставиш поистенчени критериуми и услови, за твое добро Инаку, го болдирав ова од постот на „ааааа“, бидејќи и во моето опкружување неодамна имаше слична ситуација. Имено после добри 4 години врска, луѓето раскинаа, за цурата после само 2 месеци се вери со АВСТРАЛИЈАНЕЦ, за кој нејзините претходно подолго време и солеле памет Поздрав, ти посакувам решавање на проблемов со среќен крај. Одлуката е само твоја, бидејќи ти си знаеш најдобро
Карањето околу нас беше дали да правиме свадба. Јас (поради мајка ми + големите трошоци кои ги имавме) не сакам свадба и не ни можам да замислам свадба, само мајка ми ми доаѓа во очи. А, тој сака свадба (поточно мајка му сака, и тоа права свадба). Јас му велам да се договориме за нешто помало, само најблиските 10-15 мина, колку да одбележиме бидејќи претходно си планиравме наесен да правиме свадба. Спојлер (Официјално не сме верени, ама си имаме дадено збор и прстени, само меѓу нас, не знам кој како го сфаќа ова) И денеска разговаравме, ми вели дека сум му пренапорна, да го оставам да се излади, му требало мир (а, разбрав дека цел ден бил по кафичи, нели е државен празник). А, јас 3-4 дена пијам седативи, не знам ни кај сум, ни што сум, се ми се сруши на глава, едноставно се осеќам како во некоја провалија.