Не ти да МУ направиш, мислам поима немам колку деца имаш, не е смислата да МУ направиш. Туку оспособи го да биде своја личност, паметен, разбран, да си почитува жена итн. Ако се паметни и вредни сами ќе си створат, ти ако можеш и колку можеш ќе им помагаш. Од домашни обврски до разговор со жена му, тоа се учи од мали нозе. Ова пипањево секаде е друга категорија, кој сака нека е, ни золва, ни снаа, ни мајка, ни вујна е во ред така да се однесува.
Нормално дека не е, ако веќе си има основано нов дом со жена му. Таму кај што не живееш повеќе не е твој дом. Таму друг си функционира, финансира и има свој ред. Моите и неговите се радуваат кога им идат внуците мн нормална работа, но тоа не значи дека треба да го користам тоа и душата да им ја извадам. За се треба мера. Секој ден да одиш и нив им се нарушува редот, а богами и мирот. Не се врти светот околу вас и вашите деца. И вашите родители имаат свој живот.
За се треба мера, ама на нашите родители годините не им одат назад, им одат напред. Така да, ако се има услови и не се смета на никој, јас сум што повеќе моменти да се поминуваат заедно. Да не жалиме после за нешто што не се враќа, од многу 'осовремено' живеење и размислување.
Нормално дека треба да се поминува време заедно и да се создаваат спомени, тука се согласуваме. Зборувам за секој ден одење кај мама и тато. Јас не ни имам време секој ден да одам... Ако не ај да не се склопуваме бракови. Да си седиме сите по дома да не испуштиме некој момент со родителите . Никаде не пишав дека не треба да се поминува време со родителите, но да не се лажеме, секој ден и нив им е напорно, макар биле и своите внуци. Многу се држат за таа девиза да поминуваме време заедно и секој ден одат на готов ручек сите комплет, или остај децата дека им е мерак и акај секој ден ко тинејџери. Не е во ред ...
Да можам, би одела и секој ден. Да ги ѕирнам, чисто да има кој да им ја отвори вратата, не да седам со саати. Знам баба ми како викаше - синко, само погледнувам низ прозорот, сите сте во градов, а никој нема со денови. Ем и дедо ми беше жив, не беше сама.
Вистина е комплексно и треба да се согледаат двете страни. Да живееја моите во заедница со снаа, пак ќе си доаѓав кај нив кога сакам. Ќе си чепкав во нивни простор. Во спалната сигурно во гаќи немаше да и пребарувам, ама заедничкиот дел, ќе се однесував како да сум дома. Јас разбирам дека таа би сакала интима, ама интима и заедница се сосема спротивни нешта. И таа би требало да знае дека сепак таа доаѓа во нечив дом и треба да се прилагоди према другите, а не обратно. Обратно може да добие почит и толеранција, ама газење на јајца само затоа што решиле да живеат со моите, не и никогаш. Нека си живеат сите посебно, раатот секој ќе си го најде. Спротивно, ем сакаш да не се стиснеш за кредит или кирија, ем золвата да се однесува како странец во нејзин дом. Се доаѓа со цена, тоа е таа што треба да се плати.
Жена на жена - ВОЛК! И добро вака, вие золви (ни сум золва, ниту имам золва, да не речете од искуство имам нешто против вас ) ама вака кога ве читам за ВАШИТЕ ДОМОВИ, нема да ви е стресно и на вас на сета таа гужва уште вие да се тупнувате 3-4ца? Не знам, мене би ми било. Да нема кај да се разминам што се вели, 10 души во 3 соби, ама само и само да сум таму кога јас сакам и колку сакам, за друга некоја да ја плаќа цената оти дошла во тој ваш дом...ко некој од улица да иде, ама ај. Не дека не би одела, ама во такви услови секако поредуцирано и пократко. Ама јас не мислам дека некоја има некаква цена за плаќање оти брат ми ја довел и во НЕГОВИОТ дом...
Епа затоа кога синот ќе си донесе снаа во НЕГОВИОТ дом, и ќерката си носи (дома)зет во НЕЈЗИНИОТ дом и ете, сите еднакви. И волкот сит и овците на број. Едит И дм ме носи кај него дома и утре да се земеме да, тоа е негова дома ама не е САМО негова дома. Значи не може сам да носи одлуки. Тоа е проблемот.
Па и вие носите сами одлуки кога викате ќе одам колку сакам и кога сакам. Не за џабе сум рекла безброј пати, ич не жалам што немам ни брат, ни сестра. Оти во денешно време, во најголем број од случаите ги имаш исто како да ги немаш. Вака барем знам дека немам. Ни да ми помага, а уште помалку да ми одмага (како повеќето).
Ако братот и снаата се отселат, по природата на нештата, нема гужви да се ствараат нели? Ќе си се гужваме само кај родителите, ама ако им пречи па тоа на нив, жити родителите. Брат ти ја донел и во неговиот дом. Значи компромис. Колку што е на него, толку е и на сестрата. Ако може он да квачи 24-7 кај нив, што па сестрата да не? Која е разликата? Оваа да иде поредуцирано, овој се понаша ко глава на куќа, која патем не е ни негова.
Како што поминува време мислев модерниве свекрви ќе се сменат, ама тешко. 1000 векови да поминат ништо нема да се смени. И немојте со тоа " нивна куќа е, што сакаат ќе прават". Епа нека прават, ама нека не кукаат по младите зошто заминале, да се вратат.. Зошто бараат младите да се вратат, ете им куќа нека седат сами.
Немав време се да прочитам, нешто нешто што разлистав. Па вие бре жени изгледа немате никаков однос со снаата (жената на брат ви). Па затоа така пишувате. Ај со свекрвите ќе речам генерацискиот јаз е во прашање. А снаите за што ви се криви? За имотот или за што? Нели мислите дека за тој дел се криви родителите и братот, снаата е најмалку крива. Еве јас сум золва и снаа ми ја сакам како родена сестра. Ништо не кријам од неа. Супер однос имаме, и идам кај моите кога сакам. Си имам и своја соба таму исто како брат ми. Ја сметам за член на семејството и поради тоа сметам дека и нејзин дом е тоа. И доста со тоа снаата кажувала правила, може да се прилагоди ако свекрвата вака сакала мебелот да и стои или сакала таква машина за алишта да купи. Ама богами има право да се буни ако некој и пика нос и префаќа по фиоки у нејзините гаќи и градник. Само прости луѓе не почитуваат приватност и интима. Без разлика што не си сопственик и дома гости кога ќе ти дојдат со спиење па не им пипаш по куферот и пред влегување во соба тропаш на врата. Ова се основни работи што се учат од мали нозе а не станот бил на свекорите па им се можело.
А тебе гостите дома ти мијат тањири, пеглаат, пуштаат перална, плаќаат сметки, и спијат со години кај тебе? Кај се видело некој што со години живее таму да биде гостин. Гостин си ако одиш некаде на час два или на неколку дена. За работни обврски и за финансирање низ дома не се гости тогаш а?
А што снаата има вложено во домот за да не биде сметана како гостин и притоа таа да кажувала правила нови? Ако сака да команда, нека си купи свое. Секој на своето е најубаво. Зошто во тој дом золвата израснала и таа има исто толку право колку нејзиниот брат. Значи може да доаѓа во било кое време кога ќе и текне и може да остане колку време ќе посака, зошто тоа и е дома!
Ај молимте прочитај две мислења погоре. Зошто многу мразам кога се надоврзувате без врска. Никаде не пишав да кажува нови правила и да команди И ете пак се дуплирам ... И за золвата погрешно ме цитираш пишав погоре дека и јас сум золва и одам кај моите кога сакам и баш со снаа ми сме во супер односи и ја сакам како родена сестра. Но за разлика од многу вас тука јас ја сметам и како член на семејството.
Не беее пуста Македонштина Се таа па таа Напните газ напрајте куќа купите стан и ке немате проблеми Проблемите се коа се пикате по 3 4 генерации у една куќа Неретко дедо татко живеат заедно и внукот се жене и он таму Алооо брее осет треба да имате да се тргнете не да чекате да ви речат мама и тато Кај вие жена ви па и децата гратис одат И немало разбирачка Е нема
Како некој што има изгубено родител, се би дала да го вратам времето и секој момент да го поминам со него. Да ја искористам секоја секунда да направам спомени. Пак ќе кажам нашите одвај чекаат да им дојдеме, не знам за вашите. Тоа не значи дека ние сме 24/7 кај нив.