Значи ако братот и снаата се одделно, во посебен дом, ги почитуваме, им почитуваме приватност, се јавуваме дали да одиме или не. Ако се во ист дом со родителите, им се качуваме на глава и си правиме што сакаме оти и наш дом е тоа? Еве откако сте заминале од домот на родителите, и нели одите често, секој ден, имате право што сакате да правите, дали сте се понудиле да платите некоја сметка, да наполните фрижидер, доколку нешто е расипано да купите ново? Оти нели секое право доаѓа со обврска. Не само имам право да си седам кај мајка колку сакам. Го пишувам општо ова. Во домот во кој што сум моментално нели во ист објект со родителите на мажот и сметки плаќам и храна купувам ама пошто сум снаа, може само како фигура да сум таму. А золвата бидејќи и нејзина куќата, да доаѓа кога сака, да јаде пие, користи се мое/наше. Исто и јас кај мајка ми, де. Нека оди снаата од јутра, до сутра на работа, јас кај мајка си сум. Што има врска што сакам ќе си правам. На крај на денот, веќе и пишав откако сум замината јас не се чувствувам така слободно во домот на моите. Ни да си легнам, ни со денови да седам, ни дете да оставам, да му нарушува ред и да ги вознемирува цели денови и ноќи. И покрај тоа што немам снаа и никој не ми забранил да си седам и одам кога сакам.
Јас никаде не прочитав дека некоја од нас оди кај родителите се тупнува и седи 24 саати,додека дете лумпува ,мајката се излежава а снаата прибира по нас.Снаата најголема жртва,греота. И да ,кога одам кај родителите се случува ако сум направила нешто дома ,сум замесила или благо па носам, зимници им носам, коа одам на пазар пазарувам понекогаш и нешто за нив ,иако они тие работи воопшто не ги сакаат ама ете таква сум. Со цел мерак не чекаат да одиме со ќерка и со маж ми . А брат ми сега си прават нова куќа,веке е при крај па за таму нормално дека нема да одам кога ќе ми текне,почитувам ред и правила исто како што моите сакаам да се почитуваат.Ама додека живеев со свекрва на исти спрат воопшто не си земав за право да кажувам кој да доаѓа а кој не.Ако не ти одговара седи си кај мајка или направи си свое и никој нема да ти доаѓа. И да,снаата кога доаѓа кај мене ,воопшто не ја гледам како гостинка .Ќе дојде па има толку слобода што сама си прави кафе во кујна , ако иам нешто работа она ја причувува ќерка или јас внукот,без да пишуваме во тефтеро кој колку помогнал и да се такмичиме. Па слободно може и по фриждер да ми бара,голем килипур. Па се ви смета,после не ве сакале браќа/сестри.Епа како?
@tinkerbell22 , никогаш не сум рекла золвата или било кој да не доаѓа. Тоа што мојата золва се однесува како што се однесува е ради нејзин карактер и ради фактот што брат и на пример не знае да постави одредени граници посебно за нашиот простор. Инаку да и јас кај моите се случува да испазарам, да платам некој трошок, кога носам дете на чување, да оставам се што е за детето потребно, ради тоа што сметам дека тие екстра трошоци околу моето дете, ќе им се проблем на моите. Не рекле ништо ама кутија памперси или 1-2 кутии Ад млеко и не се малку. Не е проблем едно сокче пример да купат ама другиот трошок околу дете и те како е голем. Инаку да, од коментарите погоре сфаќам (може сум грешка) дека нели куќата на родителите е наша, одиме кога сакаме, седиме колку сакаме и правиме што сакаме. Ретко кој, при работа и сопствен дом има време за тоа, таа е реалноста ама пак може и има некој што и со денови останува кај родителите или секој ден оди, било на ручек и/или вечера.
Јас кога ја оставав ќерка ми на чување од пон до петок од 8-4 секоја недела носев месо,овошје,зеленчук,пакет пелена,крем,влажни и ред други работи.
Ама сте себични, не ми се верува. Вие кога ќе основате ваше семејство и ќе си обезбедите сопствен дом, домот на вашите родители не може да ви е на располагање кога ќе посакате и тоа е common sense. Треба осет да се има луѓе, иако ви се родители и сакаат да ве видат, сигурна сум дека не им е сеедно ако сте секој божји ден таму. Секој си сака мир и приватност. Дали треба слободно да се шетате во сите соби и да отворате насекаде? Дефинитивно не, барем според мене. И сега на ова додадете и брат и снаа таму. Сериозно за сопствен брат не ви е гајле? Нека си обезбедат, ако не, нека трпат? Не треба да понудите поддршка и да имате осет? Наместо да одите таму кога ќе ви текне оти ви се може и да им се шетате по соби оти некогаш тоа било ваш дом. Значи ако на некој му е тешко, и тоа на најблискиот, направи му го уште потешко, наместо да му олесниш и да имаш разбирање тој период. Епа затоа после имате нарушени односи со најблиските. На таков безобразен однос не ме чуди да не сакаат да ве видат.
Ако ова важи и за синот, се согласувам. Ама не важи. Така да филозофиите ви паѓаат во вода Ако он донел снаа и деца таму без да ме праша никој мене, и јас ќе си донесам зет и деца. Двајцата кога ќе сме еднакви, тогаш и јас ќе имам почит. А кога се двајца браќа тогаш магично никој не руши мир, за сите има место.
Така де, паметно размислување. Што сум јас помалку од брат ми пример? Исто сме кај моите родители, кај нив сме како дома и јас и брат ми. Ама си живееме сите посебно/одделно, не може тука да пишуваат како им е себично да одиме кај нашите ние како ќерки, а синовите цел дом да го имаат зафатено со жена му и децата, не може! Кога ќе си купите лично ваше, ќе имате право што сакате да си праите, а не во иста куќа живеете 5 генерации, па уште и ништо немате таму вложено а сакате по ваше да биде, така нема драги мои.
Можеме до утре да се убедуваме ама не може да ми рече некоја дека утре снаата ќе ѝ е помила од родената ќерка. Што е до мене ок е и оставање спрат и помагање да се осамостојат АМА за сите да дадат исто. Ако немаш, не давај ич тогаш и крај. Кога ќе помислам, арно што мојава будуќа не е некоја што трпи, иако е фина, кога треба има така дигнат карактер, па не ни продава причи дека сите треба да живееме заедно на купче. И многу почитувам такви луѓе.
Па снаите одат на готово во куќата на свекорите па си даваат за право и команди да вршат кој да иде кој не , се им смета,па има случаи кај што ја бркаат свеквата од куќата.Пази,од нејзината куќа. Хахах Ниедна снаа не ја жалам,освен шо имаше пишано една членка дека посебно живеат со свекрва а пак таа оди и и се меша во домот. Ако си направиш свое кој има право да дојде кај тебе кога ќе му текне? Клуч на врата и седи сам. Ама кај свекорите да даваш команди, не. Ќе се прилагодиш на условите во кој што живееш,сепак сите знаеме каде одиме нели? Не се мажиме на брак на невиџено.
Ќерката сметала бе, и тоа во куќата на нејзините родители . А снаата не смета Не верувам дека на некоја жена помила ќе и биде снаата од ќерката ама ај .
Не сум мажена но често ја читам темава за да знам што ќе ме снајде во иднина. Читам дека повеќето живеат со свекрвите и свекорите. Од лично искуство, тоа што долги години живеевме со баба ми и дедо ми(додека не починаа), што ја имам гледано мајка ми колку и беше тешко (обврски околу тоа дома цело време да чисти, да пазари за сите, да готви, да им тера ќеифови, нула приватност, без слобода итн.), јас дефинитивно решив дека буквално никогаш нема да живеам со моите или родителите на сопругот. Тоа му го имам кажано и на дечко ми и многу ми е мило што дели исто мислење со мене. Имаме можност да живееме сами во стан, а да не биде курчашки, имаме и да бираме во кој (и двајцата имаме стан наследство од родителите).
Па нели и ти живееш во куќа на свекорите? Темава се претвори во имотни правни односи, кој има повеќе право во куќата на родителите. Родителите додека се живи ако сакаат и на комшијата ќе ја препишат, после нивната смрт децата се наследници. Ама пред тоа на кого сакаат ќе препишат, може и само на ќерката, и после нивната смрт нема што синот да бара дел кога родителите така решиле Ако е дом и на ќерката бидејќи таму израснала, зошто ќерката таму не направи ручек, не измие садови, не исчисти, не плаќа сметки, не полни фрижидер, не купи нешто ако се расипе? Или тогаш е гостинка? Епа снаата штом е гостинка така и треба да се однесува. Гостинка бе... А што ако снаата вложила таму повеќе? Што ако снаата и синот само плаќаат сметки, полнат фрижидер? Има такви случаи, каде свекрвата не работела, синот и снаата ја издржувале. Или така може? Синот и снаата да се отселат, свекрвата ќе трпи за леб. Мене така глупо би ми било, си кажувам за мене, мајка ми да не работи, снаата и братот да полнат фрижидер, да плаќаат сметки и уште јас фалам. Нека доаѓа кога сака, ама и нека и помогне на мајка. Братот и снаата повеќе вложиле во таа куќа отколку самите родители, таа куќа останала од нивните свекори и не се чепнала со години. Ама убаво им е кога синот и снаата ќе реновираат и направат се од корен. Пс: ќерката седи на кревет што го купиле братот и снаата , користи мебел од братот и снаата, ако веќе гледаме на тоа. Значи треба да стои ако дојде. Така гледате на работите. Ааа па и паркетот/ламинатот е од братот и снаата. Ако веќе ситничарите до толку. Мое па мое...
Ќе ситничариме бе, не е проблем Куќата гласи на свекорот и свекрвата, така да, они кој сакаат тој може да дојде. А мебелот, ламинатот и курнизите снаата може да си ги земе и да се отсели . За не дај боже, золвата да дојде и да згазне на нив Кој ја терал на снаата да вложува во туѓа куќа.
Точно дека живеам во куќа почната од свекорите,довршена од сопругот поточно од нас.Живееме посебни спратови, ама јас никогаш не сум кажувала дали да доаѓаат внуците или пријателки на свекрвата. Секој ден има гости кај неа долу,а и додека бевме на исти спрат секој ден и беа внуците на гости по цел ден па збор не кажав,немам право! Замисли ќе дојдат внуците ,ќе јадат ,ќе извалкаат чинии и 10 чаши и јас миев садови и готвев и спремав палачинки и други благи работи бидејки гледам децата се радуваат, среќни се. Старомодна снаа, треба секој да си ги измие садовите,и гости коа ке дојдат. Горе кај мене има посебна врата,ако нејкам да ми идат гости ке се заклучам и крај ,ама за кај свекрва да се правам шеф ,не ми е сфатливо. Свекрвата некогаш со пријателки седи до 12/1 вечерта во двор,со внуци,треба да ги избркам? Тоа само мое ли е ? И мене ми идат гости кои јас ги сакам и канам,и неа исто,па не живееме во времето на Хитлер. Господе боже.
А братот и снаата ако ја реновирале цела куќа? Епа ете затоа братот и снаата иако вложиле таму многу, спратовите и куќите останаа празни, отстапиле спрат за ќерката да дојде. Слободно нека оди и нека си ужива без да и смета на снаата. Кога нешто имаме поважно од имот, тоа ни е најмал проблем.
Додека живеев со бившиот маж во еден стан, заедно со татко му, таму идеа и братот и сестрата на бившиот, заедно со нивните фамилии. Ми пречеа некогаш, не викам не, али ниеднаш не се осудив да кажам да не идат или да се пожалам. Оти тоа не беше мој стан.
Кај мене моите имаат се купено, ниту јас, ниту брат ми немаме ништо вложено, кога седам таму се средувам и помагам на моите, како дома исто. Има многу што седат во куќа на свекорот, и ништо немаат вложено, ни еден стол немаат купено, ама пак сакаат да се прават паметни и да наредуваат кој да доаѓа кој не.
Никој не ги терал да ја реновираат цела а да не е на нивно име. И ќерката има право таму се додека куќата е на име на старите.
За ќерката кога ќе дадат исто спрат, може. Не знам кој од муабетот дека треба и за синот и за ќерката исто да дадеш, не ви е јасен.
Епа тоа е кај нас цел проблем,реновираат,кредити подигаат, куќа дигат на 3 спрата па после куќата била на братот препишана. Кој к* реновираш во чужди дом. Прво разрешете што е и чие е ,тапијата во рака и после реновирај и шефувај.