А ТИ КАКО НЕ МОЖЕ ДА СФАТИШ ДЕКА ТОА Е МАНИПУЛАЦИЈА ОД НЕЈЗИНА СТРАНА? СИТЕ КОИ ПОДЛЕГНУВААТ НА МАНИПУЛАЦИИТЕ ОД СВЕКРВАТА ДЕКА ЌЕ УМРЕЛЕ АКО СЕ ОТСЕЛЕЛЕ НЕКА ГО ПРОЧИТААТ ОВА!!!!! БРАВО ДЕВОЈЧЕ!!!!
Навистина не можам да сфатам како може некој во 2024 година да мисли дека мајката на сопругот ќе умрела ако се отселеле. Е па нека умре ако и се умира само заради тоа. Каков манипулатор.
Тоа ти се забегани личности ама ги фаќаат со тоа синовите. И затоа многу останале во заедница. Јас не сакам да седам во заедница и со сите петни сили ќе се трудам да искочам од тука! Што сака нека биде трпелива сум ќе почекам уште малку да си увиди сопругот се што треба јас и ќе му укажувам ама друго е и он кога ќе си увиди
Ами снаата ќе рече и она ќе умре ако не одат и ќе бидат 2:1. И мајка ѝ на снаата ако се вклучи, 3:1 и они ќе се у право.
Ти кога ќе сфатиш дека проблем имаш со сопругот, а не свекрвата? Таа може колку сака да зборува и да умира, ако сопругот твој реши да си заминете, би го направиле тоа.
Аха мисли си така. Без разлика што титула има свекрва или баба. Зависи и што човек е. Еве другарка ми со мајка и има огромни проблеми. Иако не живеат во заедница. Толку скандали и прави. Демек паѓа во несвест, умира и сл. Цел живот богами не знам како да ја опишам женава ама мене отсекогаш организмов неможеше да ми ја поднесе. Порано другарка ми кога шеташе со нас таа нон стопи ѕвонеше на телефон и било досадно сама а таа како можела да се шета со нас. Љубомореше на нас. Викаше ти другарките ги сакаш повеќе од мене Сама ги растеше децата и посесивна околу нив. И многу терсене жена. Со сите наоколу се кара со неа никој не може да излезе на крај. Сега на другарка ми околу сфатовите проблеми и прави. Абе да не ти даде господ ваков родител.
Менталитетот ни е крив. Оти не тераат да имаме деца, као тоа е најголемата цел во животот шо тррба да ја постигнеме, а воедно и од тогаш да престанеме да живееме за нас и да почнеме да живееме за нив. И кога децата ќе пораснат и ќе одлетат, ете ти осамени генерации на стари шо појма немаат шо да прават во животот и незнаат на кај тераат. Споулавуват од осаменост и неисполнетост.
Вака свеки со ред солзи, ред мрсули проба да се упика кај синчето, ама виде не виде, си легна на брашното. Ама синко треба да е маж, а не тодлерче.
Уште и свекорот ако рече дека ќе умре шо напраифме. Или он автоматски умрел кога дошла снаата. За која снашка се работи?
Да, ама не е исто, он ќе умре од среќа за разлика од свекрвата. Наместо и она да е среќна што ќе си оди снашката. Не ги разбирам стариве денес
Ауу тешки муабети, да не генерализираме. Зезањево премина граница дури и невкусно е, ќе се сложиме. На светов не постојат два исти карактери, ниту две исти свекрви, ниту две исти снаи. Самите си го креираме животот. Ако правиме грешки и прифаќаме нечие негативно однесување и манипулирање, самите сме си криви. Секој е доволно разумен за да увиди што му го труе животот и доволно силен за да се избори. Секој треба да си го пронајде својот пат, колку и да е трнлив. Кога бирате маж, запознајте го карактерно. И лажете ако кажете дека во брак се променил. Тој бил таков пред брак, само не сте го запознале, сте избрзале да не останете немажени. И семејството можете да го запознаете од неколку видувања, тоа се особини кои ги издаваат сите. А понатаму, од тој избор, зависат сите предизвици во животот. Ако на снаата не и одговара што свекрвата му рекла на синот "синко не се селете ќе умрам без тебе" и ако синот ја послуша и наместо да прави планови со сопругата и своите деца тој останува кај мајка му, никој не ти е крив снашке-ти си го направила изборот. Само што, ако тој што си го одбрала нема да те одбере тебе туку мајка си, не е човек со кој си требала да стапиш во брак, бидејќи не си го запознала доволно пред брак. Не треба тој да бира помеѓу мајка-сопруга, туку да се оди по природниот пат на работите. Детето расте, се осамостојува, добива крилја и полетува. Ако не се осамостои, тој маж утре ќе ја прави истата грешка со своите деца.