Тука сум ем за сеир ем некад и ја прашувам анонимно, или има нешо шо ми треба. Ама вакви кога ќе видам ми се повраќа.
Ама како може некој, ќе си дозволам да речам, да е толку одлепен?? Ја иам некоја замисла, дека после ставање прстен, почиња нов живот. Значи на жената мажот ѝ е Но1, на мажот жената. Кај сакаат ќе живеат, шо сакаат ќе праат. Не моеш да си до волку покварен. Да не зборам шо е грев да лажеш дека си болен. Синот не се зима со жена за да одговара на неговите, и обратно. Не знам кога ќе сфатат?
Трола бабата, се гледа од авион. Плус прашува јавно дали да се преправам дека сум болна за да не одат. Која и да е, ќе има барем два грама мозок дека постот и тајниот план ќе стигнат до Драганче и Драгица. А и претходните постови и се каша попара. Па вели дека е од Пехчево, а жени од Пехчево велат дека неа никој не ја знае таму .
Јас кога викам дека старите ги однел ветерот вие НЕ! Оваа сега тешко дека ќе и се јават снаата и синот на телефон,а не па да останат таму да живеат. Некогаш сами си ги комплицираме работите,после кукаме на одлуките
И јас имав таква замисла ( и сеуште мислам дека е правилно ) откога ќе решат да се земат младите више ствараат свое ново семејство нов живот претходното семејство не се заборава нормално ама на прво место се жената(мажот), децата. За живеење идеално е сите посебно да живеат ама еве мене ме излажаа требаше кат да ни остават ама еве неколку години како сум тука и деца и се они никако да го остават катот само за нас. Е затоа сеа има премногу караници и на крај ќе барам начин ќе копам и со нокти ќе најдам да си отидам.
Така е, ама тука многу почесто ќе прочиташ дека снаата е таа која им "се тупнала" в куќи и затоа нема право да се жали ако и чепкаат по гаќи и дека ако сака мир нека оди под кирија. А тоа што свекрвите сакаат да ги имаат синовите цел живот за скут врзани никој не го спомнува. Концептот спрат за синот е всушност шифра за грижа за родителите на стари години. Кој кому прави услуга во овој случај еве не знам...
Во гаќи никој не треба да ви се пика, нити на глава да ви се качува. За мир во куќа, е тоа богами си треба посебно. Едно е некултура на луѓе, а друго е да сакаш само твое да си тераш и за други да не мислиш. Па како сакате сфатете си го ова.
Тоа кој знае кој стои зад тој профил на бабата и си трола. Никој не е луд до толку јавно да напише нешто такво. Ете во друг пост пишала дека синот бил припадник во геј заедницата, се приметува дека е тролање.
Којзнае, истата баба беше пишала дека има 2 сина и ќерка. Е колку е вистина незнам. Ако и бабите до толку забегаа по интернетов, шо останува за нас другите
дај бе линк од групава, еден куп излегуваат со воа име ама ваа група со ваа слика не. Може да ме имаат некогаш изблокирано ич не ќутам јас по групиве
Bi ti pratila ama mi e strav da ne mi go dae profilot. I mene od edna ZDM me imaat bloknato a nikad nemav pisano.. Ovaa e
Офф топик, колку вакви групи има? Мене ми дава две, ама пишано се' со големи букви. Изгледа од тука ме имаат блокнато.